[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Ќе пишев за светската криза моментално што владее, како таа е најголема до сега и за мојот драг професор, бившиот под гувернер Томе Неновски, ама не, не ми се пише за тоа, и нема ништо ново впрочем.
    Можеби друг пат кога ќе бидам понастроена кон разлагање на некои интересни факти што тој ни ги кажува на секое предавање...

    Дома сум од вчера, а веќе утре ќе си одам.
    Колку само се би дала за да останам дома една недела, ама да немам обврска да пишам, да куцам семинарска или да правам презенации, само да си лежам и да пијам кафе без грижа и без мислачки што и како во тековниот ден, да си седам и да си ручам и вечерам со саати, да си мезам и да си пијам домашно сокче со мама и тато, и да гледаме тв. Ееееее тоа дури за две недели.
    Следниве две недели ќе ми бидат пренапорни, почнувајќи од денес. Имам премногу обврски кои од 5ти повторно продолжуваат, но до 5ти, си зимам сама одмор.

    Утре сум на слава кај дечко ми дома.
    Можеби ќе има повеќе народ, а можеби ќе бидеме и самите ние, неговите и јас и он.
    Како и да е, јас се обидов да пренесам позитива и празничка енергија кај неговите, воедно и кај него, знам моментално колку лоша е ситуацијата кај нив дома, знам се, а не сакам, толку многу тага ме обли, кога за прв пат, пред мене се отворија и за прв пат во мојот живот пре мои очи видов како секој ден се живее како да утре ќе нема(зборам од страна на економската криза, и сиромаштијата), видов како преживуваат луѓето од другата страна на Вардар...

    Чаир, прекрасно место од аспект на зеленило и маалски муабети на клупа за постарите(муабетот на дечко ми и другар му, кој јас не го подржувам, Чаир не е прекрасно место!), но не прекрасно за неговите дома моментално, штета што никој не се обидува и никој не го подржува дечко ми, во врска со една брилијатна идеја, која моментално е сламка за извлекување од домашната криза.
    Идејата е продавање на станот во Чаир, значи зборуваме за минимум 40.000 евра, и воедно купување на куќа настрана од градот, спрат ем за неговите и брат му, ем за него, ем двор, и нонстоп во прилика на пари, би можело се нешто ново да се догради да се обнови.
    Самата идеја дојде лично од мајка ми, која слушала како наши пријатели го направиле истото.
    Сестрата на татко му на дечко ми(шпанска серија делуваше ова) но и таа истата си го примени.
    Е сега, не е мала работа да тргниш стар чаирчанец од своето легло, јас сама гледам, но уште понелесно, море, најтешко на свет е, да се крениш на ноже и свеста да ти проработи после 30 и кусур години во брак, каде истите тие години владеел доминантен патријархат!
    Ана, јас незнам он кај оди, не ни кажува, кога купува што сака сам купува мене не ме прашува, јас само ручек што ќе направам, другото кој што најде, не шетаме заедно никаде, а уште помалку па на гости да одиме..зборовите не мајка му.
    Како бе жено не ти кажува, како не шетате бар еднаш месечно заедно низ Чаир(е да, за шетање низ парковите е одлично), или бар заедно да одите на шопинг, или па пешачење на кеј, а не цело лето го гледам татко му сам со точакот, ни едн ни две, бр бр бр, на кеј!
    И она на ова ми се смее, аааа види што ни е опасна Ана, убаво кажува, а јас :x вртам глава и цнкам, жено отвори очи и мавни со рака на маса и викам, редно време нели ти е, а дечко ми па од друга страна, кого убедуваш бре срце, таа само со пензионерки се дружи не се оправа, џабе ти е муабет.
    А болно е што знам дека џабе ми е муабет, таква жена не се менува, така да, кренав раци за тоа, и се свртив кон друго - да ја подновам бре.
    Ма летото од Грција и купив ланче едно црно на све што оди, за постари жени, дезодоранс и парфем, и ако ми верувате ништо од тоа нема чепнато со месеци :tmi: Кога видовме минатата недела, со мојот се запрепастивме и ни се идеше како мало дете да ја истепаме, а таа само се смее, па јас не шетам, за вас само купувајте :| Искрено, кренав раци, и сега за утре за славата, од каде до каде се објаснив гледате :D а сакав само за утре да кажам што се решив да и носам, ама мораше да го напишам и тоа, да ја запознаете мојата (можда) идна свекрва. За утре, вино во убава дрвена кутија, бајадери и букет еден. Толку. А кога ќе ми текне дека сакав марама и капа да и купувам :tmi:

    Сега, дома, радости истурам врз новиот мобилен кој го чекав со месеци, конечно му дојде редот, ако не сега, немаше кога, искористив добра прилика.
    Со тато денес после долго време имав добар разговор, но џабе, време е само во прашање, и ќе чекаме.

    Денес почнувам со обврските, преморена сум, но немам оправдание и немам место за него, морам, сила барам во кафето и утеха во манџата на маса што ме чека.
     
    На Moira, anabel-a, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.563
    Кога дебелка (не мислам никого да навредам,чујте ја иронијата!) ќе ме застане да ме испитува за велнес работи и како се хранам и суптилно ми потпикува Хербалајф! За месец ми гарантирам уау резултати. Ја прашувам,а колку време ти работиш ова?! Пааа...6 месеци. Ај си,мхм...чао. :D
    Добро бе,кој ви е филмот БЕ БРАААТ?! Као од некоја секта се,секаде никнуваат, се радуваат, хепи се, прават ствари и нон стоп зборуваат за тоа. Протеински прашок е,не е кокаин ебаго за да сте така среќни и чудни!
    Не знам дали воопшто некој им го купувам освен они самите?! :?:
     
    На simoncelicius, JoxyTheFreak, mims-89 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Обожавам луѓе што имаат нерви да ги слушаат моите сонови. :)
    Кога јас ќе почнам да ги раскажувам соновите, сите бегаат испаничени.
    И викам сабајле на мајка ми да ти кажам што сонував.. а таа аааааа не фала, имам работа иди татко ти гњави го. :^)
    Исто така, сакам луѓе што се способни да ме ислушаат додека јас фантазирам за некои налудничави работи, нереални желби или пак филозофирам на секоја тема.
    Е затоа кога ќе најдам некој таков, не го пуштам. Ретки се таквите луѓе. ^_^

    Друго, денес ни е слава, помагам по дома и уште малку гостите ќе доаѓаат. :wasntme:
    Повелете, сите сте добредојдени.
    Отидов да ја наместам масата.

    :hai:
     
    На ceca-1, tessi, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Чудно време незнам сега дали е Чудно времево или лугево се Чудни..
    ма стварно да нема некој кој ке сака да те посусал и помогне :^) навистина Чудно :^)
     
  5. yeah

    yeah Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    64
    Вчера многу се исплашив од КРАЈ НА СВЕТОТ дури и солзи ми потекоа :'(
     
  6. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Во каменот нема ништо човечко,но во луѓето многу тоа е камено.
     
    На blaa, starbucks, Glossy-girl и 2 други им се допаѓа ова.
  7. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    И така денот е за никаде, тмурен, без врска. Зимно време се знае како е. Па решив да го искористам целиот ден во учење. И така имам ПРЕМНОГУ обврски. Овие моите дома цел ден спијат ја сама па немам што да правам и ајде ќе учам. И тако то.
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  8. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Јуху,конечно вечер ќе се изнагледам мажи,очи плакнењеее ^_^
    Не значи ако не јадам во ресторанот не смеам да го разгледувам менито :!: 8)
     
    На PeaceLoveBasketball и rosebush им се допаѓа ова.
  9. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Не се произведува толку сладолед во лето,колку што има лижачи сега..
    бре бре лицимерие на сите страни !
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.630
    Допаѓања:
    185.293
    Пол:
    Женски
    И не.. никогаш не се научив да кажам одам на гробишта.. и никогаш и нема...
    .....така јас денеска.. како и секој божји ден.. тргнав кај него, кај мојот херој, мојот идол.. мојата бескрајна тага... тато.. да, јас одам кај татко ми, кај неговиот вечен дом..
    ми навираат солзи...крокодилски...одам во таа бесконечна тишина, мирно е... само таму можам да си ја смирам душава, да го вдишам него, да го почувствувам до мене...за кога ќе си одам дома да знам дека враќам дел од него со мене..
    Летово... беше болно.. ама барем кај него можев на раат да си пишувам.. никој не ми сметаше.. таа тишина таму... всушност е многу гласна за оние кои сакаат да слушнат, јас го слушав него, како и секогаш ме учеше каква неговата ќеркичка треба да биде, секогаш ми ја полнеше душава со спомени... најмногу од се ми фалат тие негови приказни од неговиот живот... толку многу работи останаа некажани...а така сакав да слушам...секогаш слушав...врежувам во срцево уште една лузна, голтнувам уште една грутка болка, леам уште едни солени солзи, се исправувам, го бацувам неговиот лик... и си одам..
    ...ама сеа е ладно..студот не ми дозволува да се задржам кај него доволно за да отворам нотес и да пишувам додека сум таму...сеа кај него одам само за да соберам ронка од неговата енергија која ќе ми ги разбистри мислите и ќе можам мојата тага да ја прелеам во зборови... ми фали... толку многу ми фали...
     
    На Moira, Libera, K.Mari4ka и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Боксувањето е неприроден чин. Наместо да бегаш од болката како што би направила нормална личност,ти одиш кон неа...
     
    На Hipster, karenin и pamelche им се допаѓа ова.
  12. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.754
    Допаѓања:
    17.717
    Скролајте ме ама пуна сум со нервоза и бес.

    Мој живот, мое тело. Ја шо сакам ќе правам со мене. Ако сакам ќе слабеам, ако сакам ќе станувам најдебело дете у свет. Шо ве вас гајле? Оти стварно више неможам да слушам од дома престани да јадеш како мечка си станала. Па добро бе луѓе кога има нешто за ручек зготвено само тоа гледам да јадам што помалку. Кога има овошје/зеленчук друго не јадам, а и кога земам да јадам нешто без леб одма ми се смеете „ти кога ќе ослабнеш ја ќе бидам милионер“-брат ми. Толку време леб не бев јадела, ама сега морам. Оти за доручек има маргарин и мармалад, за ручек ајвар и сирење и за вечера тост со маргарин и сирење. Да, дебелината потекнува од сиромаштијата. Зборам за тоа што дома само леб и маргарин се има да се јаде, и неможе да се јаде нешто здраво.
     
    На sweet-cherry, Monna.Monna, tweety26 и 17 други им се допаѓа ова.
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    СДК поважно е како некои работи се кажуваат, важно е што кажуваат истите.
    Ама ете побитно е што се кажува, а не како се кажува.Тоа е исто како да си купи човек чевли, а да не бидат истите ставени во кутија, туку така дадени само.
    Кога нервозата заминува, останува нејзиниот заменик лутината, па најчесто знае ршум да направи на елегантен и фин начин, ама истовремено застрашувачки, оти не секогаш лошиот начин е ефикасен.
    Затоа своето его треба малку другите луѓе да го ставаат на пауза, оти очигледно дека истата му е страшно потребна,бидејки нонстоп знае да биде заморно, поготово кога треба други луѓе да удави.
    Е сега, нешто што може да изнервира нечие его е класиката, оти го смирува, а тоа не сака да мирува, туку да е активно, па затоа слуша на пример рок музика, нали соодветна на неговиот животен ритам.
    Како не дозволив моево его ршум да направи, работава ќе беше “ после мене,потоп“ :D Размислувам кога истото не сакајки ќе се јави, ама како темпирана бомба е, којзнае кога ќе експлодира.А можеби и не треба да се јави, ама бунтува.
    Сакам да врне снег, да истура, па макар и на Обама тоа не му се допаднало.
     
    На Serafima, tweety26, ilipili и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.563
    Све,све ама патетични мажи,не... Не можам,се предавам,носете ги на крајот од светот.
    Маж со его кое плаче, се препелка, издига, па срди како мало дете... не можам. Маже кое не може да се помири со пораз, маже кое мисли дека може и ТРЕБА да ги има сите жени,а ако не му е удоволено рика, навредува, се губи... не можам.
    Братче,си имаш проблем...сериозен. Таквиот се решава кај мајка ти на која се поклонуваш 27 години... што поише да ти кажам?! Жален си...
    Те мислев за голем,паметен и умен. Те мислев за чист човек под сета таа гнасотија, те мислев за емотивен кој не знаел како поинаку да развие механизам,ама ти освен тешка идиотчина полна фрустрации и комплекси,речиси и ништо друго да не си... И сега питачиш и плачеш по играчката што не можеш да ја имаш... се проектираш врз нешто што не си. Си даваш лажни прикази за себе си и светот,а не си ни свесен колку не си ништо од тоа...

    Сериозно, пострашно од хистерична жена,е хистеричен и патетичен маж...нема дискусија!
     
    На Anthem, Johny и tweety26 им се допаѓа ова.
  15. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Мора ли бе да е толку ладно, мора ли? Надвор пингвини паѓаат во несвест, за мене. Како што сум зимско пиле, и ветерче да дувне јас одма со јакната на мене, да сум живеела негде каде што по -40 па и до -70 паѓаат температурите, абе немаше од под 100 ќебиња да мрднам, еве и сега дома, топло е , ама јас пак со дебел дуксер.Ахх лето златно летоо, кај си ти сега, колку ми фалиш само јас си знам.Понекогаш сакам снег,ама сув, а не оној мокрион - шљакутарник и до комшии да отидеш свиња да се направиш.Да, сакам снег, ама :!: би одела по него, некој да ме мавне со топка незнае што ќе му се случи,децава од маало си знаат.Сега пак надвор истура, ама дожд, аман па овој проклет дожд, ем ладно, ем мокро, бфф :worried: , цел ден сум поспана, проклето време :swear: . И чизми купив, и да тоа денес во 9 саат, ако ми пропуштаат за 3.000 на кров ќе ги џитнам.Не подесувам зима, н-е п-о-д-н-е-с-у-в-а-м и точка . :@
     
  16. Primrose.x

    Primrose.x Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    91
    Безрезервно да сакаш и веруваш. Ете, некому не е доволно.
     
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.479
    Допаѓања:
    48.933
    Пол:
    Женски
    Сезона на ПЕТАРДИ И T.N.T open ! :D
     
    На karenin и Maroon5 им се допаѓа ова.
  18. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Понекогаш... потребно е малку да се дистанцирате од луѓето. Ако се грижат - ќе забележат, ако не – ќе знаете каде треба да стоите...
    Љубовта е не да простиш туку да заборавиш, не да видиш туку да разбереш, не да чуеш туку да слушаш, не да дозволиш да замине, туку да ја задржиш покрај себе.
    Никогаш не го оставај оној кого го сакаш за оној кој ти се допаѓа, бидејќи оној кој ти се допаѓа ќе те остави за онаа која ја сака.
    Најди човек кој те нарекува убава, наместо згодна.
    Кој ти се јавува, кога ќе му затвориш телефон.
    Кој останува буден, за да те гледа додека спиеш.
    Чекај го човекот кој те бакнува во чело.
    Кој сака да те покаже на сите кога си најлошо облечена.
    Кој те држи за рака пред своите пријатели.
    Чекај го оној кој постојано те потсетува колку се грижи за тебе и колку е среќен што те има.
    Чекај го човекот кој знае на своите пријатели да им каже …„таа е вистинската„.
    ...Доволна е само една лага, за сите вистини да станат сомнеж!
     
    На Loritaa, anabel-a и zhap4e им се допаѓа ова.
  19. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Среќен ти Роденден мамо! Знам дека ме гледаш од горе и сакаш да не сум тажна,но не можам да се воздржам.Се трудам да сум среќна и никој да не забележи дека има тага во моите очи,но сепак мене срцето ми се кини и не можам да ги запрам солзите.И покрај ладното време утрово кога бев на твојот гроб почувствував топлина и те почувствував до мене.Да беше жива денеска ќе го славевме твојот 63-ти роденден,но во мене си секогаш и ќе бидиш жива.Се потсетив кога на секој твој роденден со тато те носевме на ручек и те изненадувавме со торта.Тие спомени прават да ми е полесно и оваа грутка во градите да е помала..
    Сакав да е тој до мене,да го гушнам и да заборавам на се ,но и тоа го немам денес за жал.Сакам да се припијам во неговата прегратка и да се исплачам на неговото рамо бидејќи само пред него го можам тоа и сум вистинската јас,само тој ја открива мојата тага колку и да ја кријам.Тој ме сака мамичке и секогаш колку и да ми е тешко успева да направи да заборавам на се и ме прави среќна.Не се грижи ти никогаш,тој ме чува многу добро и од кога е со мене болката е многу помала бидејќи ја споделувам со него.
     
    На Mrs.Bass, Loritaa, Moira и 35 други им се допаѓа ова.
  20. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.584
    Допаѓања:
    3.434
    Браво колешке, многу сме вредни ние за учење очигледно. 8)
    Само што јас обратно од тебе, учев до 7 сабајле, станав во 15. :(
    И ништо, сега пак учење денес до кај 4 саат, ваљда и 5 ќе ме најде.

    Најтрагично е што имам уште недела ипол до колоквиум, а веќе две недели секој ден учам ко будала.
    Баш ко будала. Стани, измиј се, јади, седни учи. Прај пауза, па седни учи. Гледај ТВ, па седни учи.
    Или седи до 2-3 навечер, стани насабајле во 7, оти од 8 имаш предавање, дреми ненаспан, глава по цел ден ќе те боли, па кога ќе си дојдеш спиј, стани и пак читај.

    Луѓееееееее, смачено ми е!!!
    СМАЧЕНО!

    Не можам нараат ништо да правам оти само на тоа мислам. Ме уништува, буквално ме уништува факултетов! Јас не знам на другите како им е, на овие што ги знам истото им се случува, али бе луѓе, при крај со нервите сум, ќе спобудалам. Се молам да дојде што побрзо тој клет колоквиум, да заврши и притоа да положам, оти не можам веќе таа книгата да ја гледам, ја сокинав вртејќи ја!

    Нервиве ми се при крај, имавме и доста стресна ситуација во фамилијава, 2 дена ништо не можев да научам, само се нервирам, ќе почнам на Бедоксинче секој ден да живеам, да се смирам малце!

    И да, уште малце да се надоврзам на муабетот на Micheleljubov.
    Си викам, на сето ова малтретирање, учење, пореметување на цел организам што се вика, да не можам утре - друг ден да си најдам работа по струка. Или некој/а идиотка што има врски, да ми ја земе пред нос. Ма, на тоа кога ќе ми текне, косата ми се крева, притисокот на 200 ми се качува!
    Така да, кога некој ќе ми рече дека економистите си ја ценеле дипломата и нејќеле да работат ко продавачки во Веро, во бутик, на пазар ... Јасно ми е зошто е така! Зошто ебано многу труд треба да вложиш во факултетов, прво за да поминеш, а ептен уште поголем за да имаш некој ОК просек.
    Секој треба да си го цени трудот што го вложил во своето образование и жими се, јас да не се викам така како што се викам, ако не го направам тоа.
    Би почнала од најмизерната работа што има врска со факултетов, би учела како се работи, би напредувала со тек на време, а нема да барам нешто што само ќе ми помине времето додека да дојде "вистинската" работа.
    Сега некои ќе вртат очи и ќе си викаат што знае малава, појма си нема од животот, али тоа ми е целта.
    Моите дома сите нерви, а богами и јас моите ќе ги искубам додека да го платам и завршам факсов, така да, со ронки нема да се задоволам. Свесна сум дека вредам и знам многу повеќе.

    Дечко ми вика дека јас ако некој ден дојдам до некоја функција, да имам мои подредени, матер ќе им ебам на сите. И така е, мамичето ќе им го расплачам.
    Има сите да работат како треба, а не ко пола и повеќе во државнава администрација да не знаат носот да си го избришат, а камоли таа работата што им е доделена да ја завршат.
    Ни цути државава, цути од неписмена раја насекаде вработена.

    И то. Не сум баш најарно деновиве. Живчана сум и сите ми се криви. Се читаме после 28ми, тогаш ми е последниот колоквиум. Ќе бидам повесела, ваљда дотогаш и мене ќе ме удри празничното расположение, може и студот и дождот нема да ми сметаат, ќе се радувам на нив и јас од дома, оти нема да морам во 7 да одам на факс. Се надевам, ќе течат розеви глупости од мене.
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.