[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    *
    [​IMG]
    Понекогаш, море секогаш кога си зборувам сама со себе во себе уживам.
    А, најмногу сакам на вечер пред да заспијам така завиткана во ќебенце кога си правам еден разговор со другата јас, си резмирам, си помислувам на многу работи(некогаш се чудам од каде толку работи ми се вртат низ глава(
    и на крај со некаков заклучок и план за утредента слатко си заспивам.*
     
    На Cacy, marama, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  2. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Вчера, како и секое искачање стандард.. Се спремаме идеме на латино и откачивме на рики мартин,шакира абе се убаво ама знаев дека нешто преку нос ке ми излезе ..
    Послем тоа идеме на друго место дј еден и супер исто се сретнав со едно друго друштво, другарките си отидоа. Јас кај не можев више да седам 4 саата на штикли, и ги земав на мајка ми она малку помала нога од мене, уште па се силам трпи за лепота.. И ништо играме играме, абе не престанав, буквално. И кај ке продолжуваме?! Аj Ванила, добро морам да признаам не ми се свиѓа баш местото ама ај, битно убаво друштво сме..

    Идеме таму и уште не сум влезена знам дека ке биде тапа ама ај.. Влагаме, се буткаме уште па овој еден другар се бутка во најголемата гужва, а на почеток немаше толку гужва.. ај нема врска, си играме на 2-3 песни,толку ги знам онака од некој друг ако сум ги слушнала. (инаку заборавив да напоменам дека српско имаше) и добро играме играме, јас најрасположена ко секад.. и на крај више сакав да седнам нозете не ги чуствував, и си најдов едно столче тука до шанкот и викам имало господ и си седнав и ете ти го еден ме избутка, ми вика не смееш тука да седнеш и јас викам браво за културата дечко ;) нема везе..
    Еден па ми се залепи, многу си убава многу си слатка, па многу провоцираш..и јас само му го фрлам погледот :^) што е викам? Сакаш да ти дадам број? па да ме бараш? па да се видиме? и се насмеа ко да слушнал некој јак виц и ми вика епа да ако може. викам не може имам дечко, и таман мислев го откачив еве ти го пак? А кај е дечко ти зошто не е со тебе? Викам зашто ако ми е дечко морам цело време со него да бидам? Ми вика а колку време идеш со дечко ти? Па што има врска јас само сакам да те пољубам.. ми се згади од самата помисла он да ме баци :puke: и јас само му реков не знам зошто разговарам со тебе и си отидов..

    Шлаг на вечерта, другарка ми едната у вц, другар еден повраќа во лавабото пред вц-то, јас им ги држам ташните на сите, оваа другара се мува со дечкото а јас ко ќутук седам!
    И да, спомнав дека останав сама ко будала и седев пред скалите пред гардеробата и ги чекав овие да се појават..
    И послем мноооооооооогу молење више си идевме накај дома и викам да јадам уште само и се ке биде добро, стигнуваме до вили чекање 30 минути, и викам на другарка ми викни ми палас такси ми вика ке ти викнам било кое. Викам не тоа, и се убедуваме и кај ми викна такси ми викна пред холидеј ин, јас не можев луѓе, нозете ме скинаа, па кога размислував дека треба да пешачам до холидеј ин (не дека е многу ама во тој момент ми изгледаше ко којзнае колку да има) и се качив во такси и си легнав гладна.. Браво за мене :fubar:
     
  3. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Лелејјј , ми вика мајка ми оди постели ги алиштата.
    Излегов јас така лепо фино по пиџамчиња и мислам дека коските си ги оставив таму.
    Аууу брррр, :worried: :worried:
    Зошто бе немам една викендица на Пониква со камин и еден џип и едно големо кутре што сега би ми рипкало наоколу додека јас типкам на Фемина. :D

    Боже мислам дека вилицата уште ми се тресе од студ.

    [​IMG]
     
    На kravce, eli25 и alessandraaa им се допаѓа ова.
  4. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Постои далечина помеѓу нас. Кога тој се оддалечува јас уште повеќе. Се навикнав да живеам без луѓе кои порано многу ми значеа..ама секое лошо за добро е секое збогум има причина и не сакам да ја знам таа причина за да не се разочарам уште повеќе вака барем убав спомен стои.
    Времево ме гуши,ми изнудува тешки воздишки, никогаш не сум го сакала снегот ни студенилото, а ни сега не е сменето..
     
  5. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Почна официјално и новогодишната еуфорија за мене.
    Вчера кај другарка го гледавме Home Alone по незнам кој пат, конечно се собравме сите три на едно место, и се смеевме на истите сцени како и секогаш, и наместо да мрзнеме надвор по некој досаден кафич имавме преубаво поминато време заедно.

    Го поздравувам и вториот снег што паѓа во Скопјево (за тие што не знаат во средата накај 7 сабајле вееше, и тоа убав снег, штета што не вееше подолго.)
    Еве ви и една сликичка од ланскиот снег. :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    На Serafima, teddybear, CharmedGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Паѓа снегче.
    ^_^

    Понекогаш се прашувам кој е вистинскиот пат? Дали навистина е предодредена судбината или зависи од оите чекори. Ако е од моите чекори, како да знам каде да одам? Да не се загубам?
    Многу е чудно што едноставно се најдов на светов. Тоа е чудо! Но што понатаму? Да си го живеам чудово нели?
    Кога ќе го видам снегчево надвор, си велам, ете уште едно чудо. Кога ќе ги видам моите насмеани- ете уште едно. Кога ќе видам како мајка ми се гордее со нас-ете уште едно. Кога ќе го видам татко ми уморен од работа, како сеуште е буден и трча неуморно по нас и за нас- ете уште едно..

    Епа вреди да се живее за чудава.
    Never give up, it is such a wonderful life!

    Инаку, еве уште едно чудо ѕирка од релна. Печени копанчиња со компирче! :nod: :sun:

    Едит не ми требаше сонцево во постот, ќе ми истопи снегчето ;( :rain: Паѓај, паѓај!
     
    На Moira, kravce и Serafima им се допаѓа ова.
  7. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    На фејсбук секоја втора слика:

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Брао! Сите најјачи наркоманишта станавте одеднаш! Е сеа сте фаци! |( ;)
     
    На kravce, la-chicka, Cacy и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.616
    ... првата понуда за новогодишната вечер пристигна.
    1200 ден. и неверојатни 3 пијачки во цената.
    И ништо друго. Пардон, маса за седење. Празна.
    Де бе па ти, кој јаде за Нова година?
    :^)
    Ти мислиш дека за Нова година ќе ти се јаде?

    Да, мислам.
    Т.е. знам дека ќе ми се јаде.
    И очекувам јадење, и вкусна храна и богата трпеза, да ти нахрани и око и желудник.
    Која е таа пијачка од 400 ден. многу сакам да знам. Парите од небо ли паѓаат, како снегот што се трупа денес, само ние си знаеме како ги заработуваме крваво и со мака, а после некое распекмезено што ги цеди мама и тато без грев и жал, ќе ми се перчи како 2000 ден. било евтино?
    Марш, се уморив на темава, прекинувам со елаборат.

    На тв за време на ручекот видовме една госпожа, бајаги страшничка и мајка ми само викна - АПОТО!
    :rofl:
    Ќе се превртев од смеа, знаете од кога го немам слушнато зборов?
    Апото. Демек баба-рога ли, што ли. :D

    Е јас како Апото се накострешувам кога ќе ги слушнам новогодишните понуди.

    Фотографијата на која што е нашата Шилеа во статијата на Нова Македонија е една од најранливите, најреални фотографии кои сум ги видела во последно време. И поглeдот драга кажува се`.
    http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22354

    Откопав црно полукадифено ретро фустанче од мама што красно ќе ми се најде месецов.
    Одборјувам денови до мрсното коледе со безобразни песни. Во меѓувреме, ме мава параноја како ме земаат здраво за готово, си умислувам дека не ми се посветува доволно грижа и внимание (ненормална жена, признавам), до степен што се согласи да ме однесе на Твајлајт во Синеплекс, само да ми ја покаже таа вАнсериска љубов. :D
    Одбив, каков Твајлајт, какви бакрачи, сум го буцнала носот на прозорец и бројам снегулки.
    Ќе ви напишев на крај дека пијам топол чај со рум, ама ќе беше премногу филски и премногу идилично за да е вистинито. :D
    Со кафе се трујам, си се чешкам по нефарбаниот корен и сонувам со ококорени очи.
     
    На bittersweet, Shelea, kravce и 19 други им се допаѓа ова.
  9. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    сакам да кажам дека мразам зима!!
    мразам зима.
    мразам зима
    МРАЗАМ ЗИМА!!!!

    :@
     
    На Lacrimosa и sunfemina им се допаѓа ова.
  10. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Мрдната работа. 50 цм снег во моето село. Не, не ни сакам да отидам да видам какво е. |(
    Овде во Струга, си врне онака симболично, супер, само нека не го нареди. Ич нејќам зима бе, не и не. :x
    Ах леле, како би сакала да беше пролет, со мерак чекам да се запролети, и после лето да си биде. 8)
    Одам сега во кафиќ, да си се напијам едно какао, и со мерак да си фантазирам некои работи. :wasntme:
    Ах животе животе, многу брзо поминуваш сега. Кога бев помала толку бавно минуваше времето, мислев нема никогаш да пораснам. А сега стареам и стареам :(
     
    На Moira, kravce, danichap и 11 други им се допаѓа ова.
  11. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Конечно и тука да вее снег. Се радувам како крадец кога ќе види отворена врата од некоја ултра голема куќа, и како детенце кога ќе види бонбони.
    Сакам да се валкам во снегот, да се изнауживам во белините, да ги гледам кристалчињата од снегулки.
    И не дека сум некој huge fan, ама сакам снег. Ако долго време врне ќе ми прекисне, ама додека го нема го сакам.
    [​IMG]
     
    На teddybear, Cacy, CharmedGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    101.820
    Пол:
    Женски
    Колку би сакала животните проблеми да се решаваат како кога ќе ги истресеш снегулките од трепките.
    Ама не ,тие се залепиле замрзнале и не си одат.Децава болешливи не можам да ви кажам колку.И ноќна одисеја по болници,и намќорестото однесување на дежурните лекари ,на кои длабоко им се извинувам што им го нарушив сонот.Верувале или не ,не сум желна да ги гледам нивните смркнати лица ,и удирањето еден во друг,како да не работат во болница туку во бутик.И не одам ноќно време по Ургентни центри и по клиники за да барам благи колачи.Па после цел ден сум била нервозна .Е ДА ,СУМ.
    Снегов ми го заледува и паметов,и насмевката.Се плашам од временските услови,за секојдневното патување на маж ми,за густата магла која синоќа ја вкусив во вистинска смисла.Убаво е да се гледа кога снегот си вее , а твоите најмили се дома ,сите на број.А кога чекаш некој да се врати дома снегот ја губи вистинската роматика.
     
    На bittersweet, Moira, DeMelo и 24 други им се допаѓа ова.
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Ви кажав да останете на програмата, во четвртокот? :D
    Епа да. Денес им е годишнина на моите. Денес некако најпогоден ден ми е. За ручек, моето омилено јадење, полнети пиперки. Мама и за утре ќе ми чува. ^_^ А сега, изненадувањето... нарачавме торта за нив. Ќе пишува Среќна Годишнина. Планиравме да ни стават слика од нивната свадба, каде што се заедно, ама немаме собрано толку пари. :wasntme: Ама проблемот е што, и мама направи торта. И што требаше да и кажам? Не прави торта, нејќеме ние торта. Што да лажам? И мене ми годат 2 торти. :D Најинтересно беше, кога со сестра ми се каравме, која да се јави, и да нарача торта. И на двете ни е срам. Јас се извлеков, со тоа што сум помала, па она се јави. ]:) А јас само ја држев вратата некој да не влезе, и ја буцкав што да каже. И на крај, се испокаравме, како по обичај. Она сака ваква, јас онаква. Па важна работа е, бе. После ако не ни се свиѓа тората, ќе треба да ја фрлиме. Да бе, торта ќе фрлам. Не сум будала, фала Богу. Ако треба сама ќе си ја изедам. :D И сега, ни побараа домашен телефон, и адреса. Треба во секој момент да стигне. Битно, не им дозволуваме на моите, да се јават. Јас чим слушнам ѕвонење на телефон, трчам ко коњ пред магаре. (Така се викаше? :?: Не е битно.) А сестра ми, е задолжена за вратата. :!: Така да, сите што сакаат да се јават, нека се јават пред да титнат. Да знаеме дека не е тортата, да не се штрекаме. :D И доста го тупев, еве, малце од празничната атмосфера што е кај мене дома. Си играме, си пееме. 8)

    http://www.youtube.com/watch?v=Q5CGRPE9UqI[​IMG]
     
    На rosebush, Moira, Libera и 9 други им се допаѓа ова.
  14. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Ми мириса на танц во снегот. И тоа вечер, на полноќ.
    Многу.

    [​IMG]
     
    На Stoimenovska, Heleny, starbucks и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Некогаш си се прашувам дали воопшто има корист од мојата култура.

    Завчера, прегладнети со дечко ми решивме да седнеме во еден таканаречен ресторан, иако според чудната веселост и неучтивоста на келнерот и скромниот број од 5 маси, мене ми личеше на биртија. Впрочем и не знам дали постои назив за такво место. Како и да е. Седнавме што седнавме, ама откако ги видовме цените се погледнавме дискретно и 10 мин. се договаравме што да правиме. Тој гласаше да му ја здувнеме, јас будала, го убедував дека било срамота, иако ним не им е срам за една плескавица да наплатат 180 ден. И на крај се договоривме тој да нарача кафе, јас помфрит, прво јас ќе јадам, тој ќе буља во мене, па после обратно :D
    Се раскомотивме колку што може во тој тесен простор, си ја оставив ташната на другиот стол, а дечко ми лап топот на столот до него кога слушнав една реченица која ме натера да се покајам што не го послушав - Дечки, ќе сакате ли да станете, да се преместите на другава маса, вие сте дојдени и онака на кафе, за луѓево да можат да се раскомотат?

    А да, да не заборавам. Врвот беше кога очекуваше да го јадам помфритот со раце, без прибор |( . И уште чув обраќање на луѓето кон соседната маса, на кои им го отстапивме местото - Ова е на сметка на куќата. Логично е, нели, бидејќи тие требало да се преместат. А ние и онака оставивме само 150 ден.

    И после се смеам на некултурата, безобзирноста и воопшто незамарањето на дечко ми за тоа што ќе каже некој друг. И не дека имаше некој корист, не дека научив некоја лекција, туку само дозволив една потполно некултурна личност да ми го уништи денот и расположението. Добро е што барем имам некој до мене што на секоја грешка нема да ми рече - Гледаш дека бев во право? Ме праша - те разочара ли келнерот? А јас само одговорив - Тој може само самиот од себе да се разочара што е толкава пропадната инвестиција. Добро е да се лажам, барем за кратко дека чесноста, љубезниот однос, добрината, ќе се ценат. Во случајов, само од некој кој ги поседува истите.

    Утешете се со мислава кога ќе наидете на нешто слично, јас не се сетив на неа кога дозволив неучтивоста да ми го сневесели лицето.
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Moira, kravce и 13 други им се допаѓа ова.
  16. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    140
    Во последно време премногу размислувам за животот и смртта, и што потоа.Се прашувам која е целта на животот кога умираш?Се мачиш цел живот за 1/3 од животот да уживаш,а тогаш си стар и воедно не можеш да го искусиш тоа на најдобар начин.
    Некој ќе речи сето тоа го правиш за да му овозможиш подобар живот на децата.Но не,јас мислам дека тоа не е живот ако ти рмбаш цел живот за децата.Зошто воопшто си живеел? Не ја гледам целта.За мене тоа не можи да биди цел и мотив за да живеам.

    Едноставно не знам зошто ,но премногу се плашам од смртта. :(
    Не го живеам тој живот што јас го сакам,ниту пак знам да ја пронајдам среќата.
    Секој ден е ист па ист,живејш колку да започни нов ден ,подобро утре.
    Но не,се повеќе и повеќе старееш,сфаќаш дека си се променил на полошо во мн работи.Почнуваат се повеќе и повеќе болести,а среќа нема никаде?!

    Каде се всушност моите 5 мин среќа?Каде?
    Јас не сум среќна.Моите најблиски се далеку од мене,но и кога се блиску јас немам мир и спокојство со нив.Секој ден кавги,за мали ситници ,без потреба.А познавам толку семејства кои најдобро се чувствуваат во својот дом.А јас? Јас милиони пати подобро се чувствувам тука.Зарем не е тоа глупаво?

    Пријателите.
    Се уште се двоумам дали постојат тие вистинските или сум во заблуда. Се уште го памтам зборот на мајка ми која ми велеше како мала дека не постојат.Но јас потајно верував,и се уште верувам. Ја имам,но исто како да ја немам.Она чувство кога не знаеш како те гледа тебе некој и дали воопшто вреди да се трудиш за такво пријателство.
    Толку работи се променија ,се промени и таа,се променив и јас,а можеби и моето мислење за мене.Не бев фер за некој ситници,можеби затоа што не беше фер таа со мене.А секогаш искрено и кажував што ми смета.Тоа всушност не зближи.Но и раздалечи,кога виде колку се приврзав за неа.

    Дечко.
    Што е всушност тоа? :x Колку време не сум излегла со некој.Колку време чуствувам дека никој не го интересирам.Опаѓам.ја изгубив довербата во себе.

    И на крај факултетот уште преостанва како последна мотивација за живот.Но сепак доаѓам на тоа од почетокот.Зошто ми е факултет и ако господ даде добро платена работа,кога јас не сум среќна? немам никој ,буквално никој,на кој можам да се потпрам во секое време.Никој кој можи да ми пружи внимание и љубов.Дали премногу барам ? :doh:
     
    На antonina, Lov3, lunicka и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Ја накитив елката ,готово. :D Не можев да исчекам.
    И за цело време на тој свет процес на китење (добро зборов е официјално смешен),го слушав мрчењето на мама Немој те молам свеќичките да ги ставаш уште,ама те молам..Комшиите ќе помислеле сме се мрднале од умот :D Оф мори мамо ,кога ги накитија улициве пред месец дена на плус петнаес,Ивица ич уво не го болеше што цел град ги гледа,ти сеа за комшиите ќе се секираш :rofl: .

    А и конечно шоуто на Викторија Сикрет го изгледав.Само не знам зошто,дали толкав мерак имам комплекси да си набивам,не знам.Не - знам.

    Недела ко недела,ден за исполнување на недовршени обврски.Се гледаме под елката. :hai:
     
    На Hipster, bittersweet, Monna.Monna и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Имам скромна и лесна за реализирање новогодишна желба.
    Посакувам да одам на концертот на Каролина Гочева. Да, да.. Кој би рекол?
    Да ме прашаше некој пред 3-4 години, ќе речев: Ја ценам како пејачка, има прекрасен глас но на концерт не би и отишла никогаш.
    Нејзините песни никогаш не сум ги слушала толку колку што ги слушам сега.

    Која трансформација, или јас го променив вкусот или песните од последниве година-две и се пре, пре, прекрасни?!
    Ги слушам по цели денови, толку ми се убави и смирувачки што желбата од ден на ден се повеќе и повеќе ми расте.
    Молам бога да најдам карти, зошто стварно МНОГУ посакувам да отидам на нејзиниот концерт.
    Ме љубиш ли и ти и Тој Аххх.. посакувам да беа мои песни и јас да ги пеев! :$
     
    На tweety26 и marama им се допаѓа ова.
  19. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Женски
    Моментот кога одиш по улица, ти текнува нешто скокотливо и сам почнуваш да се смееш :wasntme: А другите те гледаат вака :^)
     
    На eli25, Stoimenovska, tweety26 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    877
    Пол:
    Женски
    Таман ќе си помислам дека веќе НИШТО не може да ме изненади, готово врвот е достигнат, кога ОП!
    А, кој ако не луѓето...

    Како киндер јајца се, full of surprises... especially bad surprises!

    Нејсе, ме изненади и снегот утрово :) Се пробив низ тешките јоргани, го наполнив термосот со омилената мешавина врел чај и зачекоривме двајцата фатени за раче.

    Откривавме нови предели... :)
     
    На Lov3, tweety26, Libera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.