[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.231
    Допаѓања:
    125.069
    Професијата доктор,би требало да е нешто најхумано на свет....секако би требало |( .Со чест на исклучоците(ако ги има,пошто јас не сум ги сретнала којзнае откога),оставен си сам на себе да оздравуваш како знаеш и умееш.А превентива,нешто,ова она :^)
    Браво за интернетот,нуди избор на терапии :bow:
    Значи ако не си прашаш нема да ти кажат,па приморана сум на секоја посета да си направам листа на прашања,кој верувале или не како дебилче дома си ги повторувам за да не испуштам некое случајно,иако сабајлево го испуштив најбитното :envy: ,и испадна терапијата да биде по мое,т.е. да ми каже докторов -Браво,па ти се си знаеш :^).Може бев смешна,ама друго чаре нема и не гледам.
    Можеби смена на доктор :?:
    Веќе испробано,и повторно the same story .

    Да немаше сонце надвор да ме згрее,оддамна ќе го отерав понеделников а со него и цела недела во ПМ.

    А сега имајте убав ден,одам на google search |(
     
    На kravce, green.eyes, Hipster и 13 други им се допаѓа ова.
  2. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Незнаев колку е интимно буричкањето во шкав полн со стари нешта кои немо сведочат за она што било.
     
    На Loritaa, Hopeful, tweety26 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Се што ми треба за нова година е некој д ми купи се :D
    Прееска мини срцев удар ќе добиев кога видов дека повторно почна да врне снег..Ама прекина за среќа

    Си сонувам да сум тука...
     

    Прикачени фајлови:

    На tweety26, Sara123 и vitomir им се допаѓа ова.
  4. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Не знам за вас, но јас за некој пол саат планирам да му се порадувам малку на сонцево, иако надвор е грч-студено.
    Ја сакам ваквата атмосфера, а и има нешто посебно во мирисот на воздухот кога времето е вакво... Неописливо е!
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.630
    Допаѓања:
    185.298
    Пол:
    Женски
    За чудо некое... убав понеделнички ден! :)
    Се намирисувам од воздухов.. можеби и има мала скриена вистина во новогодишната магија..кој да знае.... а колку само на сите ни е потребна... :)
    Ладно е.. шо студов штипе...боли дури... е да, надвор не се пие кафе по ова време, си се вратив дома со брзина на светлината, и заклучокот дека сонцево поштено ме измами :D
     
    На tweety26 и Sara123 им се допаѓа ова.
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Вчера тато реши да не почасти со нова елка.Сите заедно отидовме и одбравме преубава голема зелена елка ,со густи гранки и висока до таван.Денес јас решив да купам нови украси и попладне да му дадам на син ми да ја накити.Се провртев во неколку продавници и сите лампиони ми беа или премногу кич или пак многу прости.Во принцип истиве лампиони ги продаваат веќе 3-4 години.Отидов во Тинекс и што да видам.Чоколадца лампиони :o Си купив десетина кесички и решив дека оваа година нашата елка ќе биде украсена со нешто на што подоцна нема да треба да му смислувам начини како да го пакувам ,туку едноставно ќе си го изедеме :P Едвај чекам да ја накитиме.Се надевам само дека лампионите ќе ја дочекаат Новата Година и Дедо Мраз ;)
     
    На bittersweet, imelda, kravce и 21 други им се допаѓа ова.
  7. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Take me to neverland.
     
    На Lilliana, francais и Sara123 им се допаѓа ова.
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.343
    Како сладоледот се топи во лето така јас се смрзнувам сега на столицава. Не дека ми е ладно тука ама дефинитивно нешто не е ок со мене и ќе ме фаќа грип :envy: .
    Туку портокалите 3кг за 100ден живо џабе демек како бесплатно да ги даваат. Така стоејќи во ред и јас за да ми измерат и наплатат едни 2 теткици-бабички накај 60 и нешто год. (ајт сега не ме ставајте на клада, по моја проценка е ова :) ) стојат и тие позади мене и така си зборуваат. Сакаш нејќеш, ги слушаш :wasntme: . Едната и се жалеше на другата дека има премногу понуди на ФБ и дека и се ,,закачиле,, а другата и објаснуваше дека прво треба да им направи ,,АД,, и ако прифатат ќе бидат пријатели -ФРЕНД (па и со англиски зборови баратаат) :lol: .
    Буквално ваква бев :| :?: . Овие не чуваат дедовци -мажи де нивни, социјализација нешто по комшивки на каВе, внуци....
    ФБ ај што ја заразил младата генерација ама и постарата дефинитивно :D.
    Ете биднав и јас трачарка по форумот :$ ама морав да споделам затоа што сеуште не ми е јасно што се случува со ,,народот,,. Изгледа како старееме се повеќе го губиме паметот....незнам, ама дефинитивно неможам да се замислам како баба во пензија со 65-68год на интернет :rofl: , оди бре таму читај некоја книга ако те служат очите.
    Тепање на квалитетно време со неквалитетни работи :headbang:
     
    На bittersweet, DeMelo, imelda и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Иако е ладно,надвор сонцето грее и сепак е убаво за шеткање :) Се топи снегот.САмо ставете нешто што не се лизга на нозе,пошто се е замрзнато сеуште :D Пак си направивме прошетка со Илипили,се посмеавме,дури и јадовме и се напивме двете за помалку од 100тка :o :D Пак ќе одиме таму : ) Се изнагледавме новогодишни украси,кои меѓу другото во Веро се изгор,незнам што се замислуваат,еден венец,украсен со бел и црвен стилопол 500 денари,да бе,шо викате вие ма немој да ме је**ш бре! Такви украсни ленти се 30 денари и сама ќе си направам! Дури и елка ако имаш во вор уште поубаво,ем природно,ем ефтино.Не,не се салам.ЌЕ се снајдуваме што да правиме,ние сме смртници што треба леб да јадат,нема да земам украси да јадам утре ден...
    Да не зборам па цениве за фотокопирање,колку што се страници,толку денари ќе излези да ја фотокопираш.Па ако беше така,ќе си ја купев нова! Ќе треба ко ќе одам Бг да си ја копирам,овде прескапо,ко синкир листовите златни му се или со златно мастило ќе ми печати |(
    Ај нема врска...
    Сега чајче си варам пошто зарипнав и рикам ко магарица,онака,зборам ко робот :D Баш со сестра ми се зафркавав. Ама барем си се радував овие два дена :)

    Ви посакувам убав ден и искористете го колку што можите :hug:
    Ова сум јас вчера по другарка ми :lol: [​IMG]
    А ова за да се насмеете и да ви подарам малку зимско расположение :D
    [​IMG]
     
    На bittersweet, ilipili, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.427
    Допаѓања:
    262.502
    Пол:
    Женски
    Ако си остане нешто пред пакување на елката кажи слободно, ќе дојдеме ќе помогнеме која колку може толку :P
     
    На bittersweet, DeMelo, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Ретко се уклучува на фејсбук, а уште поретко објавува, пишува и коментира.
    Вчера ме изненади, ми ставил една песна на ѕид а во порака ми пишал: Слушај го внимателно текстот!
    Си ја пуштив песната и внимателно слушав!
    Песната носеше во себе една наша приказна..
    Тој уште еднаш го направи тоа...
    По трет пат во 7 години не пронајде нас, во текст од песна.

    Повторно направи убаво да се почувствувам..
     
    На bittersweet, kravce, Mishela и 27 други им се допаѓа ова.
  12. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Леле колку сум среќна..Запознав нoва другарка во маалото (живееме 2-3 години ама незнаев дека ми е комшика) врсничка ми е и турчинка е ама ако тоа на мене не ми смета.. ;) Многу е добра ии сосема по различна од мене пр таа е по опуштена со спротивнио пол а јас се срамам и здраво да кажам, за разлика од мене таа не оди на школо а јас одам (иако не оди на школо знае да чита и да пише и ред др работи (такви адети имат де :P )) незнам..мислам дека мн ке се дружиме :) инаку ја украсивме елката т.е мама таа работа хихи ии у школо почнав да поправам оценки :D 8)
     
    На Greeen му/ѝ се допаѓа ова.
  13. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.870
    Допаѓања:
    101.820
    Пол:
    Женски
    Снег и сонце...идеално...филмска сцена...
    ...будење наутро,фрлање поглед низ прозорецот,стојам во филмски убава vintage ноќница,локните нели совршено ми се рафрлани на рамената,во рака, на која блеска убав дизајнерски прстен, се наоѓа фина порцеланска шоља со кафе или чај,а кога веќе сме кај формулата за њу ејџ фантазија,и ноктите ми се природно убави и совршено маникирани,а на лицето природно руменило и трепките совршено навиткани нагоре па кога трепкам ме удираат по челото...ама стварноста е сосема поинаква... сосема

    ...навлечени пижами,се тетеравам ни куќава ,се тресам зашто ми е студено,со лице бледо како на изгладнет вампир,а косата бушава како да сум се борела со љиљаци,си ја мијам омилената шоља за кафе зашто синоќа ме мрзеше да ја измијам,пуштам тв да ми прави друштво а таму ме бомбардираат со вести за непреодноста на Македонија...така изгледа еден мој зимски ден...

    Во филмското сценарио ,ме вози шофер,кој се грижи за колата.А не како јас денеска да сипувам пепел под тркалата за да можам да излезам на улица |( ,И кога возев како да возев пластично корито,ете така ми се лизгаше колава,која очигледно не е правена за поимот наречен снег.Се нервирам за огромната гужва кај лекарот само затоа што е понеделник.И коментарот на докторот-сите знаете дека денес е понеделник и пак сте дошле. :^) Е отсега да си бирате денови кога ќе одите на лекар,зашто лекарот може да се изнервира,и да ви даде да бирате кој сируп го сакате од брошурата за сирупи :!: Ахам,го лечам синот по мој избор :emo:

    Не знам дали периодот ми е таков,можеби е пмс,не сум погледнала во календарот,ама што и да е ме тера да експлодирам.Страшно сум нервозна.Ме нервира што изигрувам слуга на моиве дома во секој можен облик.Ме нервира што заборавив што значи да се застане пред плакар и да се биде во дилема што да се облече.И што веќе ми е смачено од миење садови и готвење.И од алишта перење и пеглање...и од се...
    Се нервирам бе многу се нервирам... :(
     
    На bittersweet, Johny, kravce и 28 други им се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Го мразам, го мразам, го мразам и го мразам снегот. :devil:
    Убав е на сликите, убав е кога го гледав ноќеска под јасник и се беше бело и заледено, и убав е кога седиш дома, во темница, надвор е бело, а дома топло, и немаш никакви обврски.

    Во минутата кога ми текна дека мајка ми ќе оди за 5 часа на работа зад седумте ридови на Свирипичино, и пола фамилија ми патува за до работа, и сестра ми сама ќе треба да се бори со мразовите, и дедо ми со речиси 70 години треба да се тетерави по мразови да испраќа и пречекува деца, ми се дигна секое можно влакно на косата. Оти никој не се мачи да го чисти, го метат со метли. Браво, браво на идејата, па што има врска дека е заледен одоздола, битно вие сметете го. И истурете му вода одозгора, побрзо да се стопел. БРАВО!

    Ме иритираат и ладните соби, грееш на три места дома и пак е смрзнувачка, дува и фучи од сите страни, кај сме ние створени за вакви студови, Македонче. Џабе ни е се, обавезно некој спие во ладно и некој гледа телевизија покриен со ќебе и седи толку наоблечен што не може раците да си ги дигне. Бегам, бегам во Скопје кај парното, за да не ги гледам дома и да не се нервирам, оти и јас ако бев годинава дома, ќе немаше греење за нив. Вака па се менуваме. И им викам дека ако треба ќе седам цело зимо во Скопјето, за да не седат во ладно, и они пак ми викаат - не, иди си кога сакаш да си дојдеш и да бидеш дома, ние ќе се снајдеме.

    И ме нервираат влажни патишта, и заледенки влезови и патчиња, и се ежам од самата помисла колку ќе бидат утре преполни автобусите и колку ќе бидам јас каллива и испрскана и никаква и плус како ќе искуцам картичка за 10 возења наеднаш. Сакам ладно, не ми смета, седев долго време во земја во која снегот врнеше цел ден, цела ноќ, цело време, и имаше по повеќе од метар снег.... ама на секој саат минеше чичкото со машина и го буткаше настрана, имаше 24 часовно парно кое не чинеше повеќе од некоја багателна сума и седев на куси ракави, па тек тогаш можев да му се восхитувам на убавината.

    Оти знаев дека никој нема да излета во ендек, нема да скрши рака или нога и ќе стаса безбедно каде што тргнал. А додека е вакво, јас сум во карантин дома и ќе се молам да не паднам и да скршам нешто па да испуштам испитна сесија, пу пу, или да не се разболе некој од спиење по ладно, па да се даваат пари за лекови и да се трча по доктори со бронхити и пневмонии...

    :@
     
    На bittersweet, Johny, Phyramide и 33 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.567
    Све цвеќиња за мирисање бре! А заборавате на цвеќиња на злото,а?! Џубриња!
     
    На Mishela, sm1zla, Katerinceee и 2 други им се допаѓа ова.
  16. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Со солзи во очите погледувам наназад. Толку е матно,што всушност,не знам како воопшто нешто гледам,но толку добро сум ја запаметила сликата што се сеќавам на секој детал.
    Секој со своите мечти,желби...сите среќни но никој задоволен. И тогаш разбрав дека ако продолжам да си играм,голема е веројатноста повторно да се повредам,тоа не промени ништо.
    Исто како некогаш,збунето се наоѓам на раскрсница. Единствено што знам е тоа дека повторно ќе ризикувам.
    Нема место како ова,ех!
    Се би дала за вечно да останам тука.
     
    На Loritaa, Umbrella22, Jagoda123 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Женска логика: Не сум љубоморна, ама не сакам да ти се доближува :P
    Па паметни сме.... :D :D :D
     
    На Loritaa, K.Mari4ka, anichka94 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Се повлекувам од форумов,се најубаво за сите :hai: :*
     
  19. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    зошто??? :o :^)
     
  20. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Еии стварно,што е работава?
    Немој така,со кој ќе се смееме после? :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.