Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    Ајде сите на нозе...нов ден, нова недела, зар има поубав ден за нови почетоци???? :D ајмо на кафе сите :P
     
    На girl.23 и m2m2m2 им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Зошто бе, зошто ич не ми се станува наутро?
    [​IMG]
     
    На Bright му/ѝ се допаѓа ова.
  3. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сдк убаво е кога вака ќе ми почне денот.

    Убаво е кога ќе прочиташ e-mail со пофални зборови и барања кои ми создадоа насмевка.
    Не верував во себе (и сега понекогаш се наоѓам во моменти кога не си верувам на самата себе си ) но луѓето околу мене ме научија да си верувам или барем да пробам да си верувам по малкучку.

    Веруваат дека можам и тоа ме тера секој ден да си велам "МОЖЕШ ! "
    Пофалните зборови ме туркаат напред а критиките ме подобруваат во она што го пишувам.

    Конкурирав сега ми останува да чекам.
    И ќе чекам не ми е тешко бидејќи има луѓе околу мене што чекаат заедно со мене.
    Чекаме заедно, слатко е.

    Некако ништо друго не ме интересира гледам цел во она што го правам моментално.
    Пишувам, и се радувам ко мало дете кога на еден од мак. сајтови ќе објават мое дело.
    Цртам, и се радувам ко мало дете кога ќе добијам критика или пофалба за тоа...



    Ма ме дрма ова во мене .
    Нека дрма додека умеам да го нацртам-напишам на лист хартија .


    Убав ден.
    Убав ден.
    Убав ден.
    :hai: отидов да си запалам огинот оти смрзнав :) home alone again and I love it 8) :coffee:
     
    На Neytiri, ljubam, SexyLady и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    ... дека моментално немам пороци.
    Си реков себеси-
    -Ех, ... (тука следи вистинското ми име, не јузернејмот) , толку си станала досадна, што почнува да ми се зева долгометражно од тебе, пих, што човек ќе беше...

    Не дека отсекогаш сум била леле какво лале и не дека ова го испланирав, онака ми дојде спонтано, дури и помалку педерски ми се искрадна и вовлече во живот. А, ми фали и премногу еден одреден порок, ама засега ќе се помирам со непорочноста, за жал.

    И се сетив на една емисија на Тони Михајловски кога меѓу гостите беше и Бени. Почна Тони да ги форсира да му кажуваат што пороци имаат и бидејќи изјавија дека немаат, овој им рече како се досадни и нема смисол емисијата, нешто во тој стил. Тогаш Бени му рече и секоја му чест за тоа, зошто не си направил емисија само за себе и сопствените пороци, па сам ќе си се испрашува и одговара :D .

    Инаку Тони како јавна личност не го харесвам ич, иако сме исти хороскопски знак не ми влијае тоа ни малку да пројавам барем милиграмче симпатија кон неговиот лик и дело, инаку има нешто морничаво во насмевката. И сум приметила дека со луѓе што не ми се допаднале од старт како звучат при смеење ми се докажува дека оправдан ми бил негативниот впечаток, за целата личност, ете преку насмевка. И нема врска тоа со висината или должината на смеењето, туку некоја интуиција околу природноста или извештаченоста. Ни јас сама не се разбирам баш, ама проверено делува системов на детекција на личности преку насмевка, барем кај мене.
     
    На bittersweet, zhap4e, Divinebutterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  5. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Со 15-1 гласа се утврдува дека Грција со противењето за наш прием во нато направила прекршок на обврските согласно членот 11 став 1 од времената спогодба.

    A го помните сите она МАКЕДОНИЈА- ГРЦИЈА 72:58

    Епа пак ги тепавме со 14 разлика! Пак 8) :lol:
     
    На LilBaby, AnaKarenina, Lov3 и 12 други им се допаѓа ова.
  6. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Ајде сеа да ве видам Грчки п**ери! Ништо не ни можите! :D :D
    [​IMG]
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Господ здравје да ти даде за напишаново. :) ;) :inlove:

    Денес е срамота да си нормален!!! :tmi:
    Треба да си ненормален за да си нормален во ова општество! :fubar:
     
  8. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Не ме држи место,леле ќе пукнам готово :( Значи кога патува некој јас сум неподносилва,а и вака кога чекам,кога касни.....дај боже се да е во ред :( ;(
     
  9. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Кога веке силно сме решени да го направиме чекорот што одамна сакаме да го направиме, ќе се појави пречка баш тогаш кога најмалку ќе ја очекуваме. Кога баш бев решена да го оставам и да продолжам со животот така како што јас сакам, ете се случи тоа што требаше да се случи. Како и да е, можеби еден ден ќе го направам тој чекор само се надевам дека нема да биде касно.

    А тоа што сакав да го кажам е дека чатот на фб не ми работи ме покажува офлајн а јас сум онлајн. Ах тоj фејсбук, ќе ме побрка. :@

    http://www.youtube.com/watch?v=pIskYMKF5JU
    А еве и еден поздрав до типчето што ми го зеде срцето и сега не сака да ми го врати. Врати ми го или ќе видиш ти. :geek:
     
  10. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    СДК дека ми годи вторава смена, и конечно ја дочекав.
    Денес сум среќна. Ете така, уште кога се разбудив почувствував некоја топлина. Фала му на Бога имам родители кои ме сакаат и се грижат за мене, имам пријатели(за среќа ги истребив оние непотребните и оние кои ме разочараа), го имам мачорот мој скоро година ипол, запознав прекрасни форумски ликови од кои многу научив и сеуште учам, и кутрињата мои размазени, пуфлести.
    Па влегувам во 2012 со сите овие прекраснотии и со насмевка, со надеж дека ќе биде нешто подобра од оваа. Максимално ќе го искористам последниот месец од оваа година и ќе пробам да го уљепшам, барем да има некој убав спомен да ми надојде кога ќе се потсетам на 2011.

    Туку, татко ми поцврст и од карпа.
    Не сака да ми додаде уште некој денар во месечната „плата“ што ми ја дава
    Ама, ќе му го стопам после срцето. Ќе му се упикам, ќе трепнам два три пати, ќе ме изгушка и ќе ме бутне врискајќи- крлеж еден и ќе ми даде пари. Така е секој месец де.
    Убаво ми е кога слушам пофални зборови од него, ако ми верувате тој е мојот херој, се угледувам на татко ми. Кога ќе ми упати дел од неговите возвишени комплименти ми кликнува во главата дека има уште некој што верува во мене. Имам конкуренција во областа на сите полиња, да, но тоа е сосема нормално. Давам се од себе, но дали е тоа доволно?
    Нека остане така, по резултатите се гледа се :)
     
    На teddybear, L-enna и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  11. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Ова уште сношти во 1 требаше да го напишам, ама ме мрзеше да го пуштам комп. Затоааааааа:

    СДК: Чувството кога на себе ќе го испробаш пилингот по рецепт на Лилит и не можеш (значи не можеш!) да прекиниш да се галиш и допираш во нозете и рацете!

    Лилит БЛАГОДАРАМ за споделениот рецепт, поубаво нешто немаТ! :*
     
    На Miss-Independent му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Писмото е напишано, само уште Дедо Мраз да го разбере. Инаку златцето мое има 4 годинки :inlove: .
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, Strumfeta93, MandyLane и 27 други им се допаѓа ова.
  13. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Мене ова ми има мирис на некое судбинско четрнаевче.
    Кај и да е, што и да е 2014 ќе се случи некој спектакл - гарант! :!: А како што гледам четрнаесчево во полза и мерак ни оди, туу да го гушнеш и бациш бе. :lol:

    Туку јас што сакав да кажам...
    Вирусот изгледа пак ме собори, пу што бутур ми е, де ништо ми е - де се’ ми е, слаб имунитет & евритинг’с посибл. |(
    Туку ај една добра страна барем денес ќе одморам од школо.

    Поздрав и виткајте се во шал, за после да не мрчите и кукате како мене. :!:
    http://www.youtube.com/watch?v=rTwR6Ve1zLw
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК треба да одам на школо...ама ме мрзи :D
    Не дека не ми се учи но не ми се оди пешки...далеку е :?:
    [​IMG]
    Вакво нешто ни треба!
    Зошто ние немаме превоз од градот?Барем од подалеките места?
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    СДК дека прв пат пишувам на оваа тема. Ама морам да кажам на некој за да ми олекне. Многу виновно се осеќам денеска.

    Пишував пред некаде месец дена во општи здраствени проблеми дека нешто се обидува да ме фати изгледа, повуци-потегни, де ќе се разболам де нема, е не да ме фати конечно, туку од земја ми се чини ме тресна. Цел викенд си го преофкав во кревет. Ќе ја китев елката, аха ќе биде, јас не можев да станам. Па не е фер целото слободно време да го поминам во кревет и аир од слободно време да не видам. Сабајлево се будам, и притешко ми е малку ама да не ме мрзеше да се исшмркам убаво и да се исчешлам, ќе заличев на човек, ќе се жалев цел ден да видат сите каков херој сум ти јас и како треба да сум си дома, ама ќе протуркав на работа денеска. Ама не, женската доби супер идеја, дека и така ме видоа како поткашлувам во петок, така да не морам да вежбам ко за аудиција кога ќе се јавам да им речам болна сум јас, со оној глас ко демек ќе умрам за пола саат, па затоа се јавувам само со „затнат нос„ глас. Веќе ми падна криво откако колешката која мора да ме покрива се јави, па уште покриво ми падна кога ми рече не е проблем, ти одмарај и оздрави побрзо. Здравеам јас! Ја китам елката! :$
     
    На Doozy, srcekrsacka, Hiii и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Имам најдобра комшика :D царица е жената бре.Од изгорена коса способна е да ти ја направи и во свила.
    Штета,ке се селат а жената ми е како втора мајка и само таа и уште една личност ме разбираат затоа и ги сакам :hug:

    А вечерва ми почнува најнова сезона на Декстер,колку е згоден глумецот мајке ми.Само да знае што му мислам :$
     
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Многу си ја сакам баба Васка :inlove:
    :lol:
     
    На Bozica1980, crazylady и Pelikuna им се допаѓа ова.
  18. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Лицемерие, лицемерие, лицемерие... :x
    И јас наседнав :@ , срам ме било :tmi:
    Како што едно време форумов ми ја враќаше вербата во човештвото, така сега само ми ја руши и последната трунка верба и надеж дека има нешто добро во истото!
    Толку многу мразам вакви постови, а и самата пишува еден, ама конечно морав да се искажам!
     
  19. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    На Beauchamp му/ѝ се допаѓа ова.
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Штознам...
    Изгледа јас многу барам, имам поголеми очекувања од нормалните, зошто друго објаснување нема.
    И сега како да се вратиш назад и да поправиш нешто кога веќе стигнало до точка на пукање? :|

    Може не ми иде баш со љубовта, ама со проводите и ноќниот живот немам проблем.
    Уствари најмал проблем е да излезеш и убаво да си поминеш, доволен е мал мотив. И да ви кажам само колку убаво си поминувам кога се понашам како улава малолетничка, јас и уште три другарки, толку сме.
    За жал веќе одамна не функционираме во полн состав како порано, ама затоа оваа една третина што остана функционира подобро од било кога. :drunk:
    Златна младост и се е опростено.
    Освен, нели, со закон забранетите работи.

    Стварно не знам што да очекувам од денов.
    Ама од овие 20 години сфатив дека е подобро да не размислуваш многу и да не ја боцкаш судбината со игла по газот. Што биде нека биде. Работите мора во некој момент да тргнат на подобро.
    И додека ги споделувам моиве животни филозофии и се чувствувам како тибетскиот лама, мачорот ми изеде три бисквитчиња пред мои очи.
    Ќе го поштедам од воспитна, нека се порадува малку за неговите пакосни дела. Не за џабе викаат дека некогаш домашниот миленик го отсликува газдата... ]:)
     
    На Strumfeta93, LivingGlam и teddybear им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.