[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.754
    Допаѓања:
    17.717
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  2. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.557
    Допаѓања:
    289.403
    Се депилирав.

    Некаде на среде ми се идеше да оставам така како што е до пола, и да рикнам да плачам :D
    Триста мисли ми понинаа низ глава во рок од неколку секунди.

    Што ти требаше
    Сега ли најде
    Немаш друго што да правиш па се чудиш
    Зеди учи
    Зеди готви
    Зеди чисти
    :rofl: :rofl: :rofl:

    Туку мотивација на ниво, држ не дај.
    Болело не болело, за лепота трпам и патам :^)
    -------------------------------------------------------
    Не паметам кога последен пат толку несигурно сум чекорела.
    Ниво на самодоверба 0.001.
    Тоа единицата на крај атер за чизмите, ама пак снегот т.с мразон под него душа ми вади.

    Чекор по чекор, т.с чекорче по чекорче, т.с стапка по стапка и се влечам.
    Плус му дадов нова намена на чадорот. На глава дебела капа а он ми е како бастумче, и со тоа металното на врвот си копкам по мразот додека одам.
    И туку од време на време ме мава некоја мисла да пазам да не се ослободувам, оти кога слушам музика подзабегувам малку.
    Оти ако паднам, па да летнам од тротоарот, па ако ме собере некоја кола :tmi:
    Ма каква зимска идила, хорор филмови луѓе.
     
    На imelda, lunicka, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Ах бе билдерчина да можевте и тоа карактерот да го јачете во теретаните,а не само телото
    Може звучам малце хејтерски ама факт е дека ги посетуваат за да имаат по е*лест изглед и да се ложат девојките на нив...не сум ништо против тоа да работиш на своето тело..ама брате па тие пукаат од самодоверба !...секоја чест на исклучоците..
     
  4. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Јас ли сум едниствената личност која веруваше дека никогаш нема да падне на снегот?
    Го сакаВ снегот, но повеќе не! Кога ќе се раскашави цел, па кога ќе се наводенам целата, па кога ќе ми претонат чизмите. Абе шлакатарници.

    Него одев прегеска кај една другарка, и таа живее по една стрмна нагорнинка. И си праам муабет на телефонот, а оввде земјата се лизга едвај газам. И си одам јас слободно и коа се слизнав, се бркав со телефонот. Среќа што не му се изгреба екранот. Па послем фино љепо си станав како ништо да не било, и тивко смирено во себе си реков Надежта последна умира!
    :bow:
     
  5. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Мразам, мразам, мразам неодговорни луѓе. Ама има и полошо, неодговорни луѓе на кои сите други им се криви. Па добро, бре наместо да се жалиме што, кој, како, зошто, да го мрднеше газето малку, м?

    Откажав вечера со глупав изговор, ама не сум расположена за никој. Како тоа сите очекуваат се од мене, а на никој не му текнува да возврати? Секоја вага има две страни, а јас сум во состојба елегантно да скокнам од мојата, па отиде во три лепе и баланс и фињоќа и се.

    Се седнувам на столица и учам. До подобри времиња.
     
    На Elennaa, K.Mari4ka и creshicka им се допаѓа ова.
  6. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.275
    Последниве неколку години воопшто не му се радувам на снегот, ама сега официјално можам да кажам дека го мразам! Да, проклет нека е!
    Планиравме да си тргнеме порано.
    Ама во саботата цел ден гости, а во неделата да ти нема вода.
    А, мама мора да готви, за дедо сиротиот сам е, за мене, тато и бато исто сами во Скопје.
    Македонски менталитет.
    Мора да се јаде нешто зготвено инаку цревата ќе ни се испреплетат, желудникот ќе ни се расипе и којзнае што друго ќе не снајде.

    И така ние тргнуваме во девет навечер, до Удово супер патот, застануваме кај дедо, му оставаме јадење и продолжуваме накај Скопје.
    Абе само што излегуваме на автопат, измеѓу Градец и Демир Капија ете ти неколку полициски коли, светат надолу, накај Вардар, да ти излетал некој камион од патот.
    Понатаму друга сообраќајка, па влегуваме во тунелите.
    Цело време вози 50-60 тато, колата си клиза, ама јас гајле си немам.
    Сигурно на толку внимателно возење нема шанси нешто да ни се случи.
    80 во тунелите со надеж дека од другата страна на тунелите не е толку заледено, но таму да ти биде уште бетер. Право лизгалиште.
    Си продолжува човекот внимателно да вози не повеќе од 60, поминуваме застанати камион и кола кои очигледно се имаат судрено и по 200 метри од нив наеднаш тато ја губи контролата врз возилото.

    Шета лево, мене срцето ми застана од страв. Сите молчиме.
    Завртува тато на десно со надеж да ја исконтролира и да останеме на пат, ама не.
    Се забодуваме право во ендек.
    По неколку секунди, се намалува шокот и осеќам задоцнета болка во прстот.
    Сум го пресекла од седиштето од ударот.
    За среќа сите сме добри, ама колата во дупка, нема шанси да ја извадиме.

    По еден час, не извлекуваат, пукната шофершајбна и уништен калник, но се уште во возна состојба се упатуваме од пред Неготино накај Скопје.
    Уште едно БМВ кое го влечат, комбе на брза помош надвор од патот, две чукнати коли, една регистрација без трага од возило, кола забодена во банкините ... и стигнуваме во Скопје.
    Во 5 наутро.

    Проклето нека е времово, причинител на 114 сообраќајки.
    Превртени автобуси, камиони, автомобили и повредени луѓе.
    Ужас.
    Трауми.

    Го мразам времево!!!! |( :@
     
    На lunicka, kravce, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  7. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.315
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека денес луѓево се многу расипани.. .те гушкаат, бакнуваат а те мразат :x
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.302
    Допаѓања:
    67.994
    Пол:
    Женски
    Не можам да ви опишам колку мразам студ. Мразам кога ми е ладно, па шиба едно такво ветерче мислиш ти се вовлекува под кожа и ти ги обмотува коските. И нема пуштање, колку и да се трудам да се згреам од внатре ми е ладно. Нема таква облека што може да ја облечам и да излезам надвор и да не ми е ладно. Маж ми не ме разбира. Страната од креветот кај што лежи он е топла, јас и цела ноќ спијам и не се стоплува, ќе се свртам и пак ми е камен. Камен Јано, камен душо. Дома правам преселба на народите, кај одам јас оди и печката. Да можев ќе си ја врзев на појас. Ма и на врат ќе ја носев, ко мобилните порано.
    Не и не, не можам да живеам во зима. А он па не ме разбира бре луѓе. Како може да ти е толку ладно, ми вика?! Епа, ако ти не можеш да дишиш летоска, мене ми е супер, јас цветам. Ете, толку сме обратно.
    И не знам дали сум пишала негде, ама мразам студ.
    Ајт сега, отидов да гледам тв во другата соба, заедно со печката.
     
    На Monna.Monna и UniqueCreature им се допаѓа ова.
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    СДК дека... животот е убав. :) :$
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Лошо, лошо е кога имаш дечко - мамин син. У лоша смисла на зборот, најлоша.
    Шо тој дечко, цел живот мајка му ќе си ја става на прво место, после неговата жена, деца :|
    А уште полошо е шо има девојки кои го трпат тоа, цел живот(тоа не можам никако да го сфатам, џабе, а секојдневно гледам такви будали) :tmi:

    Среќа, јас не сум во тие, по незнам кој пат, тоа се докажа и викендот. :)

    Викендот, слава кај него, веќе знаете, јас, он и неговите, вкусна храна, добро Неготинско вино и удобра попладневна дремка згужвана во него.
    Се потрудив да поштовањето и културата да ми бидат на ниво, како и секогаш, но несакајќи од другата страна, имаше мала случка, која искрено, ми даде до знаење, дека и покрај се, и покрај целиот твој напорен труд, старата пуста (лоша)навика, не се менува. Ама ако, мене мислите гајле ми е?
    Напротив, сега знам дека нема потреба од мој напор и безусловна непотребна љубезност, кој не се ни очекува.
    Убаво ми рекоа, паричките троши си ги за тебе и него, мислете ќе чекам да ми повторите по втор пат? :)
     
    На lunicka, kravce, K.Mari4ka и 5 други им се допаѓа ова.
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.754
    Допаѓања:
    17.717
  12. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.305
    Пол:
    Женски
    Сдк мразам кога знам дека некој не е среќен а јас не можам никако да помогнам..

    Во овој случај можам само да се трудам да и создавам почесто насмевки на таа личност.
    И да бидам крај неа.
     
    На bittersweet, sweet-cherry, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  13. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    многу ми е жал што ни ја заклучија темата труднички муабети :(
     
  14. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно зошто луѓево се толку алчни, алчни за материјални работи?
    Вчера сум го заборавила чадорот во нашиот влез, сабаjлето ми текна и гледам ми го нема.
    Не, воопшто не се зачудив, само бев многу изреволтирана, не ми беше до чадорот, ама да се зема нешто што е туѓо? Како после некој ќе има мирен сон?
    Абе и едно пенкало да украдам нема да се чувствувам убаво, ќе имам грижа на совест, најсериозно.

    Државичката убава си ни е, ама луѓето и нивниот менталитет - :shake: .
    Ако некогаш сум била алчна и сеуште сум е за она духовното, што не одржува во живот... љубов, пријателство, слога, разбирање. Од ова никогаш доста.
     
    На sweet-cherry, lunicka, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Е па сега вака, секогаш ама СЕКОГАШ има некој од страна што сака да ти наштети, што ти завидува, и по непишано правило, се случува и во долгите врски константно. Луѓево се алергични на туѓа среќа, ама и обично голем дел од популацијава не сфаќа што има крај себе па трча по туѓо.
    Туѓото НЕ е послатко, а тоа го сфаќаат тек откако ќе ја пробаат неговата горчина.
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, tweety26, kravce и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.424
    Пол:
    Женски
    Плаќам сметки на шалтер за правни лица, feeling like a boss 8)
    Дeчко ми за зафркава дека не правно лице, туку државна институција сум, нема трте мрте :D
    Муабетов ме потсети на една анегдота, која ми ја кажуваше мајка и на моја другарка,додека работеше во адвокатска канцеларија сите и се обраќале за помош aj ти си правно лице да ми ги решиш маките :rofl:
    Нејсе, денешниов студ, небаре во Сибир се наоѓаме, ми беше јасен показател дека е време за официјално отварање на кристмас сизн, мај кристамас елка да се кити.
    Тамн се изначиситивме периодов, пак се се испорастури, цел стан со светки од лампиони, остатоци од оние светкавине конфети за на елка, абре каша попара.
    Али битно се во духот на празникот.
    Мајка ми многу снаодливо, венецот за на врата, наместо да го лепи и да се мачи да не ни падне или одлепи како лани,заковала едно од оние боцкине на за post it board и тоа зелено како венецот и на него го окачила венчево :rofl: Никогаш не би ми текнало.
    И ме фаќа стрв за еggnog, има да научам да како се прави, па што сака нека е.
    Туку иде сезона на дебелеење, мора малку да се собере ремен, барем до божиќ, па да можам да се почастам барем малку без да иам грижа на совест.
    [​IMG]
     
    На bittersweet, LilBaby, tweety26 и 10 други им се допаѓа ова.
  17. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Заминав да се лизгам по мразот ( само да пазам да не си го скршам г*зот :rofl: )
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  18. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Среќна сум, си леткам...
    Конечно тоа што сакав се случи :rofl:
     
    На kravce, Elennaa, MarchelineAmaru и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека сум многу кул, може да се каже и најкул.
    И дека сум ептен smart ass и се снаоѓам секогаш.
    Нека патат ку4ките.

    [​IMG]

    Сума сумариум, сакам да кажам дека од мака од што имам 60 страни за учење, Пајдушко вртев низ дневна и не знам веќе што да напраам.
     
    На tweety26, Elennaa, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Смачено ми е, да чекам да дојде 10 саат, за да пуштам греалка.
    Смачено ми е, да чекам да дојде 10 саат, за да уклучам бојлер.
    Смачено ми е, да чекам да дојде 10 саат, за мајка ми да пушти машина за алишта и алиштата да ми се исушат после два дена.
    Смачено ми е, да чекам да дојде недела, за да се избањам, стоплам и исперам ко човек!
    Е тоа сакам да кажам. ]:)
     
    На blaa, tweety26, Monna.Monna и 24 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.