[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Само што добив вакво лижавче од мојот сакан, и навистина ме израдува значи факт е дека СРЕЌАТА Е ВО МАЛИ НЕШТА а за мене среќата е тој...го сакам најмногу од се тој е посебен и едниствен за мене
     

    Прикачени фајлови:

    На K.Mari4ka и Trendafilka им се допаѓа ова.
  2. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Мозокот ми работи 300/h.. Епа секако дека нема да ме фати сон.
    Возбудена сум, а и си имам добра причина за тоа.
    (Еве, и во моментов додека го пишувам ова, окезена сум од осмица до осмица) [​IMG]
    Ехх.. Љубов, тоа ти е!
    За неколку дена неговите одат во странство и таму ќе останат цеееели два месеца.
    Јас се селам за тоа време кај него.[​IMG]

    Ако не ги сметам одморите од по 10-15 дена, ова ќе ни биде прва прилика да живееме заедно, да функционираме заедно еден подолг временски период.
    Имам безброј планови во главава и сите се од убави-поубави. [​IMG]

    И онака во годината која следи имаме доста соништа кои сакаме да ги претвориме во јаве, ова ќе ни дојде како еден добар почеток, една убава отскочна даска.
    Тест кој сигурна сум дека ќе донесе позитивни резултати!

    Сега драги мои ве напуштам и заминувам во кревет со сите свои убави мисли!
    Имајте добра ноќ!
     
    На K.Mari4ka, Doozy, Monna.Monna и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Подочњаци виснале под колена а јас си црткам и си црткам и муке си немам што олку ми тежат.....
     
  4. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.426
    Допаѓања:
    17.774
    Пол:
    Женски
    Ми треба капут,
    исто така и чизми,
    ми треба тенко џемперче,
    капа, ракавици, шал,
    ги сакам фармерките што си ги пробав од 2.800 ден.,
    сакам нови шминки и ташна,
    ми требаат доста работи
    меѓу кои се и-парите,
    тие највеќе ми требаат.
    :x :emo:
    (може да се вброи и како новогодишна желба, во случај да чита и дедо мраз фемина)
     
    На Serafima, Doozy, sparklie и 8 други им се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    доброутро:)
    e ова само мене може да ми се случи-се будам пред малку,и надвор го гледам истото момче од вчера :tmi: :D само што излегов од ординацијата на психијатарот-карма ис а бич, ај ноу :!:
    го гледам времето надвор и ми текна на песната на Ламбе-бело е се, надвор има снег :)
    и тоа како ке ги отежни моите дневни активности времево ама сепак се радувам :)

    вчера се беше некако измешано-почна рок стил па малку акустика, па пак се вративме на рок, малку поп -беше интересно, забавно и седењето на едно место стана досадно па се симнав долу по скалите-како го сторив тоа незнам и уште не ми е јасно, други пиеја а јас бев ко пијана :lol: ми паднал притисокот затоа :D и приметив еден згоден фраер до мене ама ко по обичај не му придадов некое значење ама сам се издаде кога рече оште-верувале или не беше Сашко Коцев со жена му :D
    а кога излегов надвор, смрзнувачка :worried: со храбро срце и брзи чекори стигнав до домче, се стоплив , вечерав, и на спиење :P
     
    На mims-89 и CIA им се допаѓа ова.
  6. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Не не и не, нејкам зима и точка!!
    Ма какви романтики, какво белично убаво, батали тоа. Од дома не се искача, мислам дека уште термо трењерки би носела да можам..
    Леле колку е убав снегот. Не, не е убав. Само сакам да си се замотам во едно кебе и да гледам филмови цел божји ден, милина. Ама што да се прави кога имаш обврски..
    Се избудали народов, ко првпат зима да е...
    Е мразам зима, е така да си знаете, не трпам ладно и мразам што морам да ставам 100 парчиња облека на мене..
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Да не видите со Ангел како сме се подновиле, па да ја видите неа што згодноќа е во новото руво :)
    Денеска ден полн со обврски, дедо зел пензија, па да одам да го почастам едно кафе, надвор бел прекривач и изгубени снегулки, а на маса палачинки со џем.
    Бидете поздравени и водете љубов (по можност) ова декемвриско утро.
     
    На srcekrsacka, AngelOfArh, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Не може да спиеш кога те буди ваква красна белина надвор...
    Си направив клише декор - какао, Френк Синатра, си ја вклучив греалката, си читуцкам и на прозорец си гледам како снегулкиве пишуваат уште една зима. Мераци. Кога клишето ќе ти се потврди, некако си викаш - ма, супер е!
    Слободен ден денес, после ќе се наоружам со ракавици и чудесии и ќе прошетам да дишнам малку од Скопјево.

    Мирно, крцкаво под нозе и на душа.
    Леле. Се заљубувам пак изгледа.
    Ни чадор не ми треба.

    Скопје - свршува. Бавно, во катарзични оргазми, директно на нашите глави. И убаво е бе! :rofl:

    Се радувам, ме скокотка срцето.
    Имајте убав снежен ден, и внимавајте како возите.
    [​IMG]
     
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Дали е налудничаво да се каже дека денес ми се чисти снег...со лопата :tmi:

    360степени вртење во круг со кола на подмрзната улица...not cool
     
    На lunicka и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  10. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    119
    Чудна работа е тоа со светот, како се гради и како се руши. Чудно е како некому денес собираме храброст да му признаеме дека ни го изградил светот, а веќе утре таа иста личност наоѓа начин да сруши се` што сме граделе. И тоа со еден удар, како професионалец. И тука, почнува да ни се врти логичното прашање низ глава, колку света срушила оваа личност штом погоди од прва, без да промаши? Мора да се работи за долгогодишно искуство. И како да очекуваме да се смилува на нашиот свет, кога не е ни прв ни последен? Како очекуваме да бидеме ние тие кои ќе променат некого? Зошто баш ние и дали сме навистина толку посебни како што ни кажувале по дома? Знаете, мама и тако на сите свои деца секогаш им ја кажувале истата реплика. Дека се посебни и дека се што им се случува е затоа што се посебни. Па добро мамо, тато, како и да е, ако сум јас толку посебна, тогаш зошто некој што не е посебен го сруши мојот посебен свет? Од кога непосебното го победува посебното? Или вие, мама и тато, ме лажете веќе долги години за да спиеме полесно навечер?
     
    На tweety26, zhap4e, Johny и 4 други им се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.479
    Допаѓања:
    48.933
    Пол:
    Женски
    Oтварам очи и што да видам,ПЕРДУВИ пагаат од небото.На снег се радувам повеке од мало дете.Од секогаш ми имал некоја посебна магија.Сите викаат дека е романтично да се шеташ на дожд мене ми е многу по романтична прошетката на снег.Го сакам овој период пред Нова Година.Иако е надвор ладно,мене овој месец ми е потопол и од лето.Гледам некоја милина во очите на лугето.Снегот е тој што го прави целосен крајот на годината.Го буди детето во мене.Сакам да излезам надвор со блиските и да праиме лудори.Снешко,да се маваме со топки,да лежиме во снегот се додека не се напраиме жива вода.
    Ми фали другарката од средно со која делев клупа.Секогаш кога ке паднеше снег по цели денови во школо како навиена касета ја слушав "Малечки снегулки од небо пагаат сакам да сум таму каде што се рагаат".
    http://www.youtube.com/watch?v=aQzlJRjXSGY
     
    На bittersweet, MandyLane, tweety26 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. SEKSI.BARBI

    SEKSI.BARBI Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2011
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    43
    е сега може да иде се у пм... ]:) не знам како можев да бидам толку глупава и да дозволам да стигнам до овде но нема повеќе тупенје на работите :fubar: сега одам на се или ништо...
    Или ќе бидам среќна или се може да отиде во бестрага :drunk:
     
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк многу ме нервира снегов. :devil:
    Да убаво е снег ама на планина,а во град несакам,и кој го сака ете ја Шапка,Маврово тамо нека скијат,санкаат,што сакаат нека прават.
     
    На Moretti, tweety26 и kravce им се допаѓа ова.
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.463
    Допаѓања:
    143.988
    Немам ништо против снегот, баш го сакам, ама не кога треба да излезам од градов.
    Ај денес и утре не одам којзнае колку далеку, макар што под Шара може да биде опасно, ама кај ќе го качувам Плетвар во четврток со шкодана... патешествие ќе биде, уште од сега психички се спремам.

    Лани имав една таква авантура: јануари, Охрид, сончево, прекрасно. Само што се стемни тргнав назад, и одеднаш почна да паѓа снег, ненормано многу. Пред стража застој невиден, коли излизгани, автобус попречен на патот, тие што се приближуваат не можат да закочат... па и ставање сиџири сефтосав, а целото патешествие од Охрид до Скопје беше 5 саати.

    И од тогаш страв ми е да патувам по вакво време, не сакам да патувам во зима, и можеше снегов да почека уште една недела, да си завршам работа, па после нека паѓа до март ако сака.
     
    На Serafima, tweety26, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.482
    Допаѓања:
    13.628
    Пол:
    Женски
    Ma каквo вежбање стомачни. Изрини го цел двор од снег, со наноси од скоро 15 цм, така неколку пати дневно, што убави стомачни ќе се оформат |( .
    Летенце елај си кај мене.
     
    На tweety26, Jagoda123, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.567
    Опсесивно се плашам за туѓи здравја.
    Зимава најголем страв ќе ми бидат високи притисоци.
    Уф бре! |(
     
    На Lilliana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.284
    Допаѓања:
    111.707
    Пол:
    Женски
    Кога ќе купиш се што ти треба, ќе се подновиш асално и есапот ти е и подобар од што си планирала, е тогаш ништо не може да ти скриши филм. Освен ако не го изгубиш остатокот од парите кои ти биле испланирани до 15ти, да не речам до 19ти :lol: Ама тоа е, парите се за трошење, додуша не за губење, ама тоа е. Епа нека му се на среќа на тој што ги нашол или ќе ги најде, нека ги потроши само на убавини, дека не беа којзнаеколку пари за нешто друго :D Битно јас си ги имам најубавите чизми и најубавиот аутфит за веридбата :rofl:
     
    На srcekrsacka, tweety26 и thinkerbell им се допаѓа ова.
  18. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.858
    сдкБлагодарам на сите за честитањето :) ;) .

    Инаку првиот брачен ден го поминав во кујна се убив од правење на слатко, благо, солено .Ако нека е за арно болат нозе , нека болат ...ама ви викам јас Рудолф да ме земи за асистенка :lol:
    Инаку не дека мрчам за снегот барем не сеуште :rofl: ама ме изненаде тотално, онака шлапнато подзината останав.И со мажачкава можам да замсилиам колку ќе ми фалат моите драги :!:
    Но жена си бре за давање си :) .
    Ај идам да ги исплнувам моите брачни должности да правам ручек
     
    На Bozica1980, Monna.Monna, K.Mari4ka и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    СДК....утре е 12.12.2012, според многумина најидеалниот ден во годината за стапување во брак... :)
    Би ви препорачала, утре во точно 12:12 часот да си замислите желба... :)
     

    Прикачени фајлови:

    • 2012.jpg
      2012.jpg
      Големина на фајлот:
      78,8 KB
      Прегледи:
      415
    На tea4e, tessie, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  20. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    овде падна првиот снег точно денеска на роденденов, а во декември нема паднато мнооооу долги години. има нешто посебно овој ден ви кажувам. Ви благодарам за честитките, пораките, и повелете наа чоколадна торта. :*
     
    На tweety26, Doozy, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.