[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден бев кај внука ми. Епа бате, за инает е женско и за инает е плукнато јас кога бев бебе. ]:)

    Се шалам, и покрај се' што доживеав и од тебе и од жт (мада искрено во споредба со тебе, таа светица беше), искрено се радувам, знам чекавте, се трудевте толку години и на крај и вие се израдувавте.

    Само еден совет. Немој да бидеш таков татко како што беше брат. Сакај ја и верувај и' на својата ќерка затоа што во спротивно, ќе наиде некој како тебе и душата ќе и' ја извади, а полошо сценарио може да биде што притоа, гледајќи те тебе, таа ќе мисли дека тоа е нормално однесување.
     
    На teddybear, Serafima, tweety26 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Ах таа аптека Згедин , демек според мајка ми најефтина , ја ставиле толку далеку ,
    па сега ќе мора да се маскирам и да одам до чаршија за да и ги купам тие магични Еуцерин креми. :D
    Јас си го сакам снегот ама не кога се топи , туку само кога врни. Му се радувам бидејќи на вакво време можеш да ги сретниш дечињата, разрипани,цели наоблечени,како бумбарчиња се ,полни со радост,љубов,среќа и тие нивни обравчиња и носиња , вцрвенети . Ухххх милина. :)
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    И околу мене се живо почна да се жали од студеново. Јас се спремам за Брајтон. Па што ако е студено, некој не острижил овци за џабе. Немам никаква работа да гонам там, така, чисто од узур ми текна, да си направам друштво на самата себе. Ќе се прошетам покрај морето, ќе си фрлам каменчиња во водата, ќе си дишам студен солен воздух, ако не ме дигне и одвее северко или додека саглам не измрзнам. Па ќе си седнам некаде на топло, ќе изедам еден фиш & чипс и ќе си дојдам, со излуфтирана глава, со црвени образи и со испукана уста.
     
    На bittersweet, Peppermint, lunicka и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Го знаете она чуството кога рано наутро ќе се протегнете, ќе погледнете низ прозорецот од вашата соба и гледате дека сонцето повторно јако грее. Топло е. Климата ја пуштате. Се туширате, натегнувате бикините, пребацувате некое проѕирно тенко фустанче, апостолките на нога и шибате на плажа.
    Плажата е сеуште празна, ги собувате апостолките, песокот се рони под вашите стапала и после некои пет минути одите се побрзо и побрзо затоа што ненормално жежи.
    Од топлината веќе сте се испотиле па трчате да се разладите во свежата морска вода. Првиот момент е секогаш шок, но потоа сфаќате дека водата е совршена. Пливате. Лежите на вода на грб. Брановите ве носат. Сонцето ви го пече челото и си велите „хм, пак ќе изгорам“. Доста ви беше и решавате да се сончате малку. Едвај излегувате од морето затоа што брановите се нешто посилни.

    Легнувате на лежалката и оставате капките да се исушат. Посегнувате по уљето за сончање и за некој миг целите мирисате на кокос. Малку ве нервира солта која се подзасушила а и песокот кој ви е залепен на стапалата, на рацете, скоро секаде каде што сте се намачкале. Па и капачето е полно со песок :swear: Сакате да ја земете книгата за читање од ташната ама нормално, претходно мора да го истресете песокот од неа. Песок песок, секаде!

    Ви станува се потопло и потопло. Ставате шешир на глава за да не изгорите. За неполни десет минути повторно ви е толку жешко што решавате пак да се бањате во морето.

    И се така.

    Јас чисто да го разбијам муабетот за снегот :D Да ви кажам, ич не би ми пречело пак да се „нервирам“ за песок и морска сол и мрсни раце од уљето за сончање. Ич ама ич! 8)
     
    На bittersweet, Bozica1980, sparklie и 26 други им се допаѓа ова.
  5. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Сум заборавила како е да си легнеш порано, да си станеш порано (позната реченицава :^) :lol: ), па уште кога ќе ти започне денот со некои вежбички, па снегче надвор (среќа што не треба да излегувам)
    и иако ја фатив книгава во тесно, јас сум исполнета со позитивна енергија... ми требаше ова, инаку како црн облак висев над луѓево околу мене.
    Уживајте во денот, без разлика дали ви годи снегов или не, само позитвини мисли му е мајката :D
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.567
    Море да знаете каков бран оптимизам ме има заплескано у фаца! Ама не зборам више за тоа,ич! Решив да сум себична! Ми прекурчи па да си зборувам за истото и после да гледам на некој друг му се случува. Епа за промена не сакам на некој друг да му се случува туку на МЕНЕ. Пошто тој некој друг не го ни планирал и оп му ја пренесувам својата КАРМИЧКА ЕНЕРГИЈА (епа ај бе кажете ми една разумна причина зошо му се дешава,а?!) на него и мене оп,ништоооо... Епа нема! Све е за мене,доста делев идеи,мисли и желби! Ха! Имајте свои добри луѓе!
    Оп,оп,чекајте ќе сурфам сега на него! Сааамо да сме живи и здрави! :!:

    И ете,почнаа муабетите на моите од типот леле збореше на 9 месеци,со цели нечисти реченици. За елката викаше Ока,а за снегот прашуваше кој тулил ова тука,дедо тулил ова тука. Следно,очекувам цуцла да извадат... сериозно. Како бе не се роди второ дете,него да го замараат со ваквиве работи,све сама трпам. Ама не им се лутам,нека си ги,си се радуваат. Ама мислам,логично поврзувањее на нештата дека дедо ти е крив за све,по логиката наметната од баба ти,епа не може да дикутираме дека не сум била чудо од дете!!! :D
    Ама на 9 месеци да прозбориш,бога ми јака им душа,им опростувам за евоцирањево спомени,тешко им било потоа со мене цел живот!
    И све ќе беше у ред,да не го збори ова мајка ми пред клиентка на која пред некој месец ја прашав дали зборува за внучето,а она ми рече дека збори за кученцето... Па цело време **** вака,**** онака, па кога ќе ме погледнет со тоа очињата,па плаче,па се гали, па многу ме сака,многу сме поврзани. КАКО ДА НЕ МИСЛАМ ДЕКА И Е ВНУЧЕ?! Не бев јас крива... :?: :D Се си мислам дека му се обраќа со сине,што технички,прилично многу ме прави во право... треба да ја прашам...
     
    На bittersweet, Johny, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Lahaliva

    Lahaliva Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    317
    Замислете,со колку феминки се гледаме,а не ни знаеме :wasntme:
     
    На K.Mari4ka и Inna5 им се допаѓа ова.
  8. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    Љубезноста е многу важна особина, но за жал ја нема секој...
    Пред некој ден бев на пазар со мама, ладно декемвриско утро, очите полузатворени и нерасположената јас. Одиме од тезга на тезга, како и многу други... Продавачите развикуваат и ги нудат своите производи, својот труд, некои намуртени, некои смрзнати, некои пак се караат со купувачите за цените, на едните им е скапо на другите трудот не им се давва за џабе. Вообичаена слика на пазарите. Но, наеднаш мене вниманието ми го привлекува еден продавач. Млад маж на околу 30 тина години, зрачеше од позитива, харизма и љубезност. Да, иако беше рано и ладно, тој беше насмеан работејќи си ја работата. Многу поразличен од другите. И ме замисли, многу ме замисли. Како може овој млад човек да е волку харизматичен и љубезен вака рано додека овде стои и смрзнува?! И знаете што сфатив? Дека си ја сака работата. Да, само некој кој си ја сака работата може да биде толку љубезен. Каква таква, ја работи од срце, затоа што ја сака, затоа што го исполнува. Затоа мили мои работете го она што ве исполнува, бидејќи за нешто добро да направите е доволно да сакате тоа да го правите и целосно да му се посветите.

    Имајте убав ден со луѓето што ги сакате и нештата што ве исполнуваат.
     
    На Serafima, sunfemina, K.Mari4ka и 7 други им се допаѓа ова.
  9. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Неможам никако да го скротам детето во мене. Телото ми порасна, научив многу нови работи, но останав иста. И воопшто не ми е срам што сите ме гледаат дека цепам во длабочината на снегот, а не одам како другите, каде што е исчистен... Се е исто, ќе остане исто. Единствената разлика е уморот. Кога бев мала незнаев што е тоа, имав неисцрпна енергија. Ќе одморам, од инат, да неможе ништо да ме спречи во витешка борба со топки и правење огромен снешко.
     
    На MandyLane, Lov3, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    А дали вие побрзавте да заштедите некој денар, воодушевени од помислата на магарешко сирење како се топи во вашата уста? Сеуште не? Па Ѓоковиќ (многу битно е ова, го има во весник) се снабдил за цела година :!: Нова желба за Дедо Мраз, сакам магарешко сирење |( Нејќев да мрчам, жими све, така ми дојде :D
    Како и да е...си седи така кучката вчера на праг и јас, со цел памет, на четири доле идам накај нејзе и и мјаукам. И она едно пффф како да ми направи си се сврте на страна, види ти овие домашниве пак побудалуваат. Арно ама, брат ми се погоди во моментот да пушти едно маче од позади мене на тел што стварно мјаука, па ми се сврте, една фаца, накриви главата :o Кучкава сигурна сум дека во еден дел од секундата помисли дека сум мачка...можеби се преиспитуваше и дали да ме нападне :^) Ги сврте очињата лево десно, се издиша и пак ми го сврти грбот :D
    Вечер се спремаме за снешковци, со брат ми. Обично јас сум иницијатор, јас давам идеи...после се повлекувам и го оставам да ја изреализира идејата :D Добри ни се снешковците патем, оригинални :) Елката ја оставам за последната недела од Декември. Да не ми се потроши еуфоријата предвреме :wasntme: Ако стигнам уз снегов до дома денес :^)
    А што е тоа што е погрешно во мене, што не сакам да имам илјада пријатели со кои ќе глумам дека се интересирам за нивниот живот? Доволни ми се овие, не ја гледам грешката во мене...не можам со сите на тој начин да функционирам...

    Кога бевме деца, дедо ми не однесе на новогодишна претстава. Нешто во мене се крши...можеби е време да го свртам другиот образ и да им простам. Тешко е некако, но...

    Интересно ми е како некој себеси си припишува одредени карактеристики и притоа ги сервира на целиот свет. Вака мене луѓето ме гледаат... a во отсјајот на нивните очи...

    (Дивајн ти ја потпишувам петицијата за повеќе смајлиња : D )
     
    На bittersweet, ilipili, anabel-a и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Излегуваш надвор и ....

    [​IMG]



    Убав снегот и сето тоа , ама кога треба да стигнеш до факултет :devil:
     
    На la-chicka, ozbilnazena, anabel-a и 35 други им се допаѓа ова.
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    СДК ... што сте се исплашиле од 10тина сантиметри снег?? :tmi: Ела да видите 50-60тина сантиметри па тогаш ќе ви верувам на стравот. :wasntme: Не, не дека не се исплашив и јас ама не може мене еден снег кој асоцира на чистина, да ме замрзне од страв. Кога си наметнав зимска лесна опрема, кога го загазив под нога снегот ... никој ништо не ми можеше. :muscle:
    Ама коректна борба си имавме, ни тој мене ми наштети ни јас нему ... значи фер плеј :D. Искрено убаво ми дојде движењево по снегот, се надишав чист воздух, конечно! :whew: Плус крвта после убавиот круг низ градов проциркулира убаво ... Сега ќе сум топла :wasntme: . Ви испраќам дел од мојата топлина вам. :)

    И не му се плашете на снегчето, искористете го ... ќе ве прочисти. Во секоја смисла. ;)
     
    На bittersweet, ozbilnazena, MandyLane и 8 други им се допаѓа ова.
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк тоест да прашам КОЛКУ СТУДЕНО МОЖЕ ДА БИДЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА?
     
  14. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Аман од ладново.
    Овие што тврдат дека во зима ќе се наоблечат и топло им е,ме интересира што облекуваат кога излегуваат надвор, 5 ролки и бунда?
    Што и да облече човек на -10 пак е ладно.
    Не можам од дома да излезам,самата помисла ме фрла во депресија.
    Интересен беше снегот првите два дена,доста му беше.
    Три пати се излизгав,коленото ми е како патлиџан.Луѓе кршат раце од што се лизга, ама не бе,топ е :!: :devil:
     
    На sunfemina и vitomir им се допаѓа ова.
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Ќе излезеш на снег да прошеташ, и вакво гомцуле ќе ти пријде и ќе ти го надушка животот.
    Се дружевме, му купив паштетка, а мене од возбуда мрсули ми потекоа.
    Хахахахах.
    Љубов. Мјау.
     

    Прикачени фајлови:

    На Beauchamp, anabel-a, Cacy и 17 други им се допаѓа ова.
  16. Moretti

    Moretti Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    1.051
    Може некој да ми пишува во ЛП :|
     
  17. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски

    од возбуда мрсули ми потекоа

    Не си здрава жити се :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Shelea и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  18. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    СДК дека се чудам на самата себе синоке додека пишував со дечкоми на фб сум заспала не ми се верува ај да сум чекала долго време да ми врати па додека чекам да заспијам ама ова стварно е за смеење какошто пишував сум заспала не ми се верува :rofl:
     
  19. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Денот не поминува без лизгање по снегот. Значи од толку лизагање г`зот лом ми се стори, а фармерките ми се жива вода. Сега се тресам како магаре, и студот го ублажувам со чајче. :coffee:

    Инаку зборот ми беше, дека на 20 овој месец доаѓам на гости во Скопје. И пак ќе ве посетам за зимскиот распуст. Да се пофалам и јас малку дее. :)
     
  20. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Снегот го сакаат богатите,децата будалите...и јас
    каков таков ми ја исполнува душичката со некоја неопишлива радост ! :)
     
    На Serafima, Katerinceee, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.