[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Сакам кога си лупам мандарини и портокали во соба, и потоа целата мириса на нив...
    Ме опушта и расположува максимално! ^.^

    [​IMG]
     
    На The-Queen, AnaKarenina, Monna.Monna и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    СДК...некој има уште 40дена до терминот за породување, некој чека 40 дена за да оди на пат, некој чека 40 дена за повојница, некој за испит, некој си брои уште 40 дена до својата свадба или пак веридба, а можеби и роденден.Некој пости 40 дена. А јасс...јас бројам уште 40 дена до твоето враќање. I :l: my soldier boy!
    [​IMG]
     
    На K.Mari4ka, The-Queen, CIA и 12 други им се допаѓа ова.
  3. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.313
    Допаѓања:
    81.892
    Пол:
    Женски
    Сакам дома. :sweat:
    Стуткана во мојот кревет, макар со купишта книги, скрипти и моливциња за црткање - најубаво ќе ми биде. Дури и какаото со цимет го нема истиот вкус како она што си го пијам дома.
    А го накитиле плоштадот наш ко од бајка. Не можам да го дочекам крајот на неделава, не. :doh:
    И ајде ќе ве молам, кажете ми како да одолеам на глеткава !?
    [​IMG]
    Веднаш на ум ми паѓа помислата, а и сликата мајке ми, како јас и Лепи се тетеравиме по лизгавите плочки и како ми ја спушта капата до под нос, а јас мафтам како кокошка со крилјата низ воздухот за да му залепам една. :D
    Сакам дома.
    И ми текна зошто не ми е вкусно ни утринското кафе - ми ја нема чашката, сум си ја оставила дома.
    И уште сакам дома, туку одбројувам уште колку ноќи ми останаа тука за преспивање. :D
    Будала сум, знам.
    И си плачев од мака - за дома бе! Толкава магарица од речиси 20 години си кука за дома.
    Ќутете си, си ќутам и јас. Мајка ми ќе ме ремети цела година за иницинидентов. :rofl:
     
    На bittersweet, The-Queen, AnaKarenina и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    And be sure to remember this :!: :!:

    [​IMG]
     
    На crazylady, rosebush, tigerlady и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    СДК преинтуитивноста е многу убава и добра работа, зш едноставно од истата човек многу полесно ја согледува причината на проблемот, па макар и бил не толку значаен, така што нема шанси истиот да биде излажан итн.Уште подобро ако човек директно и отворено се соочува со проблемот и воопшто да не му биде тешко тоа, секако на сериозен начин, кој зрачи стравопочит.

    Благодарна сум што во животов имам луѓе, кои се луѓе во вистинска смисла на зборот :bow:
     
    На MarchelineAmaru, Serafima и tweety26 им се допаѓа ова.
  6. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Не сакам да навредам никого ама сакам да кажам...

    Гордост ми е да кажам дека завршив на државниот универзитет,дека полагав кај далеку познати професори,како по нивните успеси така и по нивната строгост.
    Учен човек,факултетлија,некој што поминал денови и месеци во читална,на предавања,над книга...е оној кој завршил на државниот ни факултет.Реалноста е таа.Денес сите други се нешто како играчка.Баш.Никнаа на секој чекор,дипломите како локуми се делат и така сите среќни и учени.

    Секоја чест што има и доста солидни студенти и на сите други факултети,ама општо земено ситуацијата е таа.
     
    На Ana.Jones, Loritaa, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Денеска ја китев елката. Таа ми е големка но чупава :rofl: . Таа ми има сребрени и сини лампиони само однапред. Лампионите за од позади сеуште не ми се купени. Утре ќе си купам уште неколку. :angel:
    Денес е специјален ден, а можеби и веќе не. Кој што сака нека каже но и јас се согласувам со Евреите. Тие не го признаваат зборот случајност. Значи според нив, нема нешта кои се случуваат по некоја случајност бидејќи за секои нешта постојат ненадминливи причини. Така денеска јас неслучајно, туку со голема причина го дишам воздухот во Ск. Дај да престанам. Молим лепо.
    Кога ќе почувствувате дека некој сака да ве весели секој божји ден, да знаете дека тој некој е Вашиот некој.
    П.С. Мислам дека ќе се вработам и тоа без никакви врски.
     
    На MarchelineAmaru, Serafima, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  8. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Се прашувам што направив за да страдам толку,зарем толку имам згрешено па цел цвет да ми се преврти наопаку?Сита планови и соништа во еден миг да одат во вода,а јас само тонам се подлабоко и подлабоко заедно со нив.Таман ќе помислиш дека се е убаво и си е на свое место и доволна е само една секунда за сето тоа да заврши.Немам поќе сили да се борам,не можам повеќе да сум силна,се што ме тераше да сум бледнее,полека ми се губи ,ми бега од раце а јас не можам да го задржам.Тешко е кога гледате ,а не можите да направите ништо за да го спречите тоа.Сите соништа,планови,замислени моменти илузии се убиени од суровата реалност .Зошто барем еднаш и мене не ми се исполни нешто од тоа,зарем не заслужив и јас да сум среќна?Ох се молам на господ само да ми даде сили да го издржам и ова бидејќи самата не можам да ги најдам.Не знам ни како да реагирам ни што да направам,не сум присебна повеќе.Сакав сам оеднаш да ми се исполни нештото и барем еднаш да сум исполнета.Очигледно судено ми е цел живот да страдам.
     
  9. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Не мога више. Ама чек чек чек, само шо седнав да учам, нема не можам. Уживав еден месец, ги посетив сите битни и небитни ( ова битовиве сеа насекаде ќе ме прогонуваат дека не учев :tmi: ) општествени збиднувања, ги изгледав сите серии по втор пат, се излежавав,шетав, трошев и сеа коа ми дојде јајцето на газот ќе си кукам. Ооууууу хепи дееееееееееејс, зошто сте толку далеку бре! Сеа ќе се зацементирам на ова столчево и не мрдам од овде ни лево ни десно. И ќе пишам на фемина и ќе гувеам на фб. :D А сум ги распослала околу мене сите книги, скрипти,тетратки,белешки...абе не ми е лесно стварно.
    Ај да си земам патот под нозе зш то е то.
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.567
    Добро малку да смениме. Утре се надевам дека ќе се разбудам у Македонија у која Фу(и)ле ќе е крив за све,а не Бранко! А не дека не е човекот крив,ама што има врска, Љубе и во негово име кај и да ќе се извини, тесно му е на човекот,па ќе се извини шо се извинил и така.

    Леле каква поезија сакам да ви направам сега,леле не сте свесни. Ама нејќам,пошто ќе треба да лажам, како и повеќето неудоволени глупачи шо пишуваат такви твитови/статуси. Нешто топлата пенеста купка со мирис на цимет и егзотичен прав од кората на дрвце од Хималаите, па со книга у када (извинете ама... АМА! :!: Никад не сфатив како не ви е страв да влагате со книга у када,освен ако не е викенд роман! И како ви е удобно бре! Јас у када влагам сама и гола!), па нешто музика од не знам таму ти што Демјан Рајз еве да речеме,нека биде д блоурс дотр, некоја свеќа,некој копнеж, нешто може и црвено вино обавезително преовладуваат некои меланхолични чувства и некоја тронка бедна романтика. Ама не,не... НЕЕЕЕ...јас си имам каквце,грејно телце, стварно си имам заморно книгиче, упорност и желба, си имам и самоќа што ми треба очајно,но и се отимам и си го слушам Лист и ич не ми чуе! На времето,стварно сакав да длабам у вакви конвенционални исклиширани глупости, и после сфатив дека не ми ги решаваат срањата во животот,само ме фаќаат синуси од киснењето во када и друго,не е поволно за женското репродуктивно здравје! :!: И друго, сфатив дека се занесувам понесена од некоја песма на Јенесин или нешто такво. А не дека не се киснам,ама повеќе тресам клинци од студ и гледам да го изгланцам телово и да искочам,пошто колку и да е топло по дома,по дифолт ти пристудува кога си мокар зиме! :!: А друга ствар е што јас не знам да се киснам/бањам со топла вода,јас се бањам со ВРЕЛА вода и откако ќе искочам од киснењето,јас имам тремор,ми се слошува од вруќината и разликите у температура! :D
    Пф,ама јас мислев дека сите ова го сфатиле,а не само јас... Ама да бидеме реални, СЕ ЗАНЕСУВАМЕ СО ТИЕ КУПКИ. Девеес посто не фаќаат синуси или бубрези или крајници или јајници и во првите 15 минути си онака,се чувствувам среќно и релакисрано, после слушаш малце музика и после ти е досадно више... и сфаќаш дека повеќе решаваш животни проблеми дур се тушираш,него ли кога џмиеш во пуна када...И така решив да ја користам пуната када крајно ефикасно и неромантично.

    Прееска цитирав и избришав,ќе и пренесат другарките, не друго,безпредметно е. Не и се плашам туку мука ми е да се соочам да се изразам со нејзините зборови кои поим немаат што значат - од ЕТАБЛИРАНАТА форма на негирање на фактичката реалност во конјукција со Венера и ретроградното движење на Марс,во диспозиција на Венера и стекнато однесување од оние кои и ги набиле комплексите,па ќе испаднам абе пушти љубоморна ти е. Не сум и,поубава сум од неа у природна смисла! :D Умре циганката,ама не е погрешно да си удриш една упоредба чисто за да дадеш аргумент зошто некој треба да ќути и да не биде претенциозен идиот! :D

    И не знам што се не ви изнапишав,ама под чудни дејствија сум деновиве,јас си знам,но тоа не е важно!
     
    На MarchelineAmaru, Gordana10 и Hipster им се допаѓа ова.
  11. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    2.033
    Ужасен ден, ужасна година, марш 2012 оди си што побргу !! Едвај чекам да заврши, едвај !! Се што можеше да ми тргне наопаку, тргна и се живо ми се искомплицира !
     
    На Trnche, Loritaa, Annie.mk1 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Да одам да си легнам... па да. :emo:
     
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Парите станаа дефинитивно мерило на човечноста! Лошо!!!
     
    На eli25, MarchelineAmaru, Monna.Monna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. i...ja

    i...ja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2012
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    181
    Веќе мака ми стана од малограѓанштина-балканштина. А што е најтрагично голем дел од нив си умислиле во глава дека се европеизирани, либерални, дека почнале да рушат некакви "табуа" |( . Вода во очите немате вие таквите, освен за секс да лаете основи од животот не познавате.
     
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.565
    Допаѓања:
    12.935
    Пол:
    Женски
    Деновиве дефинитиво мислите ми се завиле во црно :| . Го мразам ова чуство, проклето мразам да се разбудам во сред ноќ (како сега ) и ми доага да врескам, а јас немам глас во себе, мразам кога ми се плаче а јас неможам солза да пуштам... Неможам да речам дека не ми е познато, али проклето грозно чуство. Како падна мразот, така мраз се појави и во мојата душа. И некој ќе ми каже дека времето не влијае на психа, како не. Абе си го сакам снегот, сакам да гледам како пага, сакам да шетам по него ама не можам против ова што ми се дешава во душата. И мене не ми е убаво ама ете...
    Јас сум човек што кога ми се појави ваква тежина во душата, кога се разбудам задишено и во паника, со некој страв во душата кој тежи, во било кое време од ноќта јас посегнувам по моите албуми, да да баш така по албумите со слики. Не дека има некоја нова слика во нив, нели сега модерно време па се ни стои во коммјутер |( , додека ги листам се смирувам, иако секојпат секоја слика одамна ми е веке по не знам кој пат помината, на секоја се задлабочувам гледајки ја и сфаќам дека времето поминато зад мене, од кое кукам постојано носело и многу убави моменти некаде заборавени. Чудни сме ние лугето, сето она кое било убаво е веќе одамна заборавено, а она кое што не плаши и не повредило стои длабоко врежано во нашата душа, срце, мисли.
    Веќе сме нов ден, се надевам дека новиот ден полека ќе ја расветли и мојата душа. Па аман те не сум во ПМС што ми се дешава од секоја кавга да правам слон, да се нервирам за секоја ситница, и не, не сум во депресија, затоа што имам волја за многу работи да правам, само ми фали подебел паричник :!: :$ :lol: .
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Јас :emo: сношти чистев снег во двор. Се вежбав. Морам да додавам активности во резимето, некои плус поени за кај можниот иден сопруг. Да знае дека одам во Канада подготвена и дека ако заглави во снег, лично ќе го откопувам таму. Башка и превоз има :!:
    [​IMG]
    ако не успееме да заштедиме за возило... :D
    Не, озбилно :) убаво ми беше. Ноќта беше некако млака, баш како за прошетки. Тивко, крцка, чист воздух продира, убавини. Не ми се влегуваше дома. Утрово поинаква приказна сепак (поздрав до мојата општина |( пу, срам да ви е). Имам нова желба сега, вакво да си имам дома
    [​IMG]
    а со вакво да одам на работа
    [​IMG]
    скромно нели :$
    Периодов ми е семејство. Топлина. Љубов. Желби, многу желби. Си земам некој внатрешен замав да ја нокаутирам реалноста и некое време да си живеам во некоја своја бајка. Стуткана во соништата и купиштата ќебиња, во љубов.
    Ах и да, сакам во чеиз 3 јамболии. Поладно е во Канада. Една за под, една за на ѕид и една за во кревет. Озбилно. Знаеле жените порано што изработуваат. Да не беа толку тешки би искористила некоја и како капут.
    И така...:) црвено сонце за почеток на ден. И топло кафе.
     
    На bittersweet, Ana.Jones, Noemi и 16 други им се допаѓа ова.
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека оптимизмот кон животот никако не ме напушта,уште и една желба да ми се исполни и се ке биде совршено. :)
    Сега видов значи некои можат да навредуваат а да не им се бришат мислењата,а за некои тоа неважи а?
    ок нема проблем,еве ви стојам на располагање само вреѓајте нема да ви вратам,ви ветувам.
     
  18. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    сдк дека им се восхитувам во последно време на оптимистите. јас се повеќе и повеќе станувам песимист, имам чувство дека паѓам, дека одам се надолу и надолу. Таман ќе речам ај добро тргна ова, ок е, позитивно е, одма од друга страна нешто црно и лошо ме мава. не можам ниту една секунда да се опуштам, цело време стегната под стрес и во последно време со се поцрни и поцрни мисли.
    Ќе тргне ли нешто кај мене на подобро?!?! ;(
     
  19. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Боже сачувај од пицајзли. Доаѓаат на гости, спијат и извидуваат што како ти е дома. Колку ти е чист тоалетот бла бла, а кога ги оставаш сами во твојот стан ти буричкаат по долната облека. Ете тоа ти е човекот. Љубопитен до срж и критикувач. Разбирам дека ги копка се но луѓето кои сметаат дека машките деца не смеат да си го чистат ВЦ се Еееејјјјјј. Тешко на оние кои си имаат работа со намќори.
     
    На Serafima и Monna.Monna им се допаѓа ова.
  20. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Купчињата лисја по улици се купчиња соништа. Ги расфрлувам некогаш. Знам, зошто еднаш од нив отползе желче со мудречки бастун.

    Ама денес има кашканици и сонце со заби од шестка до шестка. Убаво вика Гаврило - удобно ни е по дома да си мрчиме седнати или оптегнати, а некој таму надвор на минус заработува за живот.
    Жена на годината?
    И фрчат тука овакви и онакви категории, жени, девојки, пејачки, старлети и бог зна шта, но мене тоа воопшто не ми е занимливо зошто само и дава уште поискомплексирана слика на денешнава состојба во која македонската Жена е.
    Жена на годината е секоја Мајка борец, која не по своја вина мора да се прости од своето најмило, секоја Жена карпа која заработува за живот за нејзините работејќи по смрзнати подруми, субстандардни услови, мрзне дланки и шие во работилници за 30 денари саатница, продава на тезга на пазар со две јакни и ракавици за да си ги заштити и онака веќе испуканите раце! Жена не на годината, ами на векот. И не е само една. Многу се. И сите оние што стигнале до она што се, јазејќи се низ системот, станувајќи магистри, доктори на науки, што ризикувале, ризикуваат, и положбата уште им е под знак прашалник. Сите оние бабички кои во потрага по подобар живот, од село морале да дојдат во град, и што се случило? Капитализмот им ги изел нивите, им ги умрел сопрузите, децата пребегале во други земји, а тие со грст каранфили, берен чај од падините на родните села, врзопи магдонос, продаваат седнати на гајби во ќошињата покрај пазарите, продавниците....

    Жена. Во Македонија да се биде Жена со големо Ж е храброста да се остане исправена и со мудрост во очите. Оти, како што врви времето, гледам какви траги остава. На долг рок.
    Згрбавени, во стари капути, со брчки не само на лицето, ами и во здивот, го носат на грб сиот животен товар. Го гледам некогаш и во погледот на соседката.
    Во погледот на мајка ми кога загрижено со дигитронот пресметува сметки, есапи што да купи дента, или едноставно собира некои времиња во аглите на очите.
    Во погледот на професорката ми, кога со издив на натажен научник, ќе сфати дека човештвото создало многу услови, но и многу неправди.
    Во погледот на баба ми, на сликите од пред 50 години. Дедо ми во палто, со вратоврска, таа со скутина и марама. Немало време да се преслече, викаше, оти кадросувачот доаѓал еднаш годишно во Кичево.

    Жена на годината?
    Ма дај.
     
    На Ana.Jones, Doozy, Deemy и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.