[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    И така мојата фасада на нарцисоидно копиле која ја градев со години полека се распаѓа пред луѓето за кои и првенствено ја изградив.
    Се повеќе на виделина доаѓа мојот чувствителен,фрагилен карактер кој го криев се со цел да не ме повреди никој.
    И криво ми е. Многу ми е криво.
    Се чувствувам празно и покрај многуте пријатели со кој секојдневно сум опкружен. И боли кога си на работ на солзите,сакаш на некого нешто да му кажиш,а едноставно немаш на кого,и горделивоста не ти дава да го измачуваш некој со своите проблеми.
    Секој ден,исти лајна... Досадно и монотоно. Неиздржливо. Одсекогаш сум копнеел по промена ама сега ми треба за да се спасам себеси и здравиот разум!
     
    На LilBaby, Shelea, Doozy и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.050
    Допаѓања:
    203.845
    Пол:
    Женски
    СДК, Нова година, нови почетоци... или не? Ќе видиме.

    Како и да е, мразам снег и зима. Камо да беше август :|
     
    На Phyramide, Monna.Monna, Glossy-girl и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    165.799
    Комшијата за кучето хаска - цела ноќ квичеше,сака надвор,јас го внесов да се топли,тој сака надвор... И како да не му удриш некоја?! |(

    Само Хипстерите од МОФ можат да знаат кој е Рави Шанкар... Јас лично прв пат слушам,а они известуваат за него...
    http://www.radiomof.mk/pochina-ravi-sha ... a-legenda/
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.945
    Допаѓања:
    41.218
    Пол:
    Женски
    Охохохоххо само да видевте колкава насмевка имаше на моево лице кога видов светлина низ прозорецов, радости бев, си реков уф се стоплило временцево малку...Веднаш истрчав надвор, и таа насмевката веднаш се преврти наопаку кога ме удри еден ладен бран... Пф и пак ќе кажам дека воопшто не го сакам овој студ...Џабе и е убавинава на зимава, бело е се, кога студи џабе...
    И сакав да споделам една случка од вчера. Слушам на Тв кажуваат за чистење на патиштата, биле исчистени, АВТОПАТИТЕ проодни. :fubar: Чисто е да, ама за тие што не излегле да патуваат. Човече, релација Прилеп-Битола со автомобил 1ч. и 30 и кусурот минути.Ејјјј, :!: не треба многу офардалаци на ТВ.
    Нејсе, го заборавивме тоа, битно свечениот чин со дипломите го стасавме, ги фрливме капите се изнасликавме.
    Сакам да кажам дека убавите моменти секогаш прават да заборавиш на лошото на се што те мачи...
    Ех, камо на сите да ни се случуваат само убави работи, ако е така тогаш....можеби ќе почнам д ја засакувам зимава :?:
     
    На Serafima и tweety26 им се допаѓа ова.
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    2012 е годината на сексуалната еволуција на жените, пишува весникот "Дејли мејл".
    Односот на жените кон сексот буквално се сменил за 180 степени во последната година, велат сексолозите.
    Статистиката покажува дека 50% од жените почнале да прават стриптиз во спалната соба на своите партнери, нешто што не го правеле никогаш претходно.
     
    На MarchelineAmaru и tweety26 им се допаѓа ова.
  6. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    12.12.2012
    На овој ден пред 3 месеци започна нашата врска.
    Многу работи се случија за овие 3 месеци.
    Ми влезе под кожа мојот човек.
    :l: :l: :l: :l: :l: :) :) :) :inlove:
    И
    само
    ке
    кажам
    дека
    сум
    среќна
    што
    го
    имам
    до
    мене.
     
    На MarchelineAmaru, Monna.Monna, Divinebutterfly и 9 други им се допаѓа ова.
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Љубов, најголем подарок и најголема жртва. Колку што знае да боли, знае и да те направи среќен. Чекањето знае да биде многу споро, и нефер... зошто те заглавува во осаменост, одалечена со илјадинци километри од нив. И се' е жртва за опстанок. Како и да е, ја чувствувам нивната Љубов, од далечина, ми фалат, ме тераат да посакувам и да правам работи за да се смени се', побрзо..
     
    На bittersweet, L-enna, MarchelineAmaru и 17 други им се допаѓа ова.
  8. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Кога станав го погледнав временцево од прозор и си реков денес убаво ќе ми почне денот.
    Како не... :D Уште од сабајле мама со правосмукалката ме чека на врата и видов не видов станав и почнав да чистам. :D Како гимнастика ми дојде по сабајле тоа. :D
    Добро ај тоа,не се лутам нема зошто.Знам дека ќе биде убав денов,се разбудив смеејќи се. :wasntme:
    Идам јас да доручкувам и да си го испијам првото утринско кафенце.
    8)
     
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.886
    Допаѓања:
    102.135
    Пол:
    Женски
    Како да се преживее со чувството на недостаток на внимание,љубов.Зборовите можат да бидат потешки од ударот на чекан.
    Велат мали деца,мали проблеми,поголеми деца ОГРОМНИ проблеми...признавам дека можеби не сум дорасната за улогата на мајка.Нејсе,тоа и не е мој избор...само што едноставно навредите ти го параат срцето,и те тераат да гледаш ниско,да се чувствуваш виновен...
    ...тешко ми е боже мој,помогни ми...
     
    На NoellePage, Ana.Jones, la-chicka и 16 други им се допаѓа ова.
  10. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Станав рано наутро се облеков се спремив-и нели за да биде полесно-имав закажано на гинеколог си облеков сукњичка и нормално чизми со штикла за да изгледам убаво :) а надвор лизгаво леле мајко
    и кога требаше да ми зема примерок докторката за тестот за Хламидија-нели ја имав па се излечив па по некое време пак да проверам, мислев готово-крај-ко малине дечиња ја молев да биде нежна(од секогаш МРАЗАМ гинеколог, што се родив женско незнам) а нели како што е најнормално треба некогаш во животот да станам мајка-порагање со коњска доза на анестезија ке биде-не размислувам сега за тоа, ама некои мисли сами прелетуваат низ глава. Ми го дадоа брисот, упат, книшка и на Микробиологија сама да си го однесеш и го однесов а на Клинички лизгаво-незнам како отидов и се вратив,а еден повозрасен човек кога ме виде така преплашена ме праша дали ми треба помош и нормално го одбив :D сама можам и успеав некако. Резултатите следната недела ке бидат готови ми помогна малку една жена за да не паднам фала навистина :) :* на вракање и баш во Центар сретнав една колешка од факс, и по игра на случајноста го сретнав и Влатко Илиевски-и ако бев со малку поинаков имиџ (очила и топлинки на ушите)таа што го заменила со Пеце Наумовски била ептен будала преубав е , да го посакаш до тебе, поразговарав со еден од најпознатите визажисти во градов Лидија Перчинкова ја имам гледано уште од времето кога бев на Орифлејм дистрибутер, ако може да ми помогне за хостеса кај нив, со насмевка мислам дека само ме утеши ама ај да се обидам-после да не ми е криво.

    и ме изненади тоа што потпретседателот не ми го избришал коментарот за тоа дека хороскопскиот знак е важен ама после 25тата година е поважен подзнакот :) а по песните што ги постираше нешто му се случува во срцето, не е камен како што мислев :lol: да ме слушне некој , готова сум :| :rofl:
     
    На mims-89, anabel-a и Doozy им се допаѓа ова.
  11. Barbie.g

    Barbie.g Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    12
    Сдк неможам повеке,неможем,се ми е преку глава.Веке ми е доста од се и од секој.Искрено веке не ме боли ни за учење,ни за школо,не ме брига.Што ке правам незнам,ама вака веке неможам,веке за малку и во депрсеија ке паднам.Сите се расипани (чест на исклучоци),бетер се од животните.Само да оговараат,да те понижуваат.Е доста е веке,доста!!! :( :(
     
  12. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.770
    Полн автобус. Нема веќе место за седење.
    Стојам баш до врата. Стои и тој.

    Доаѓаме до наредната станица. Се направи гужва - почнаа да се симнуваат, да се качуваат.
    Јас и тој се прилепивме еден до друг. Телата ни беа целосно припиени. Се гледавме во очи.
    Неможев да одолеа. Преубави му беа. Сини. Па и одраз од сонцето... Ми се чини дека видов и мало оганче, она знаете како во филмовите кога некој е наљутен.
    И да бевме на друго место, да беа други околностите - ќе го залапав ! Ама вака, автобус, при толку луѓе...
    Знам дека истото го почувствува и тој. И кој знае уште колку време ќе си се гледавме да не ме турнеше една бабичка за да се симне со нејзината огромна торба.
    Ме фати и пак ме долепи до него. Бабата ми се извини, а тој слатко ми се насмевна. Му возвратив.
    А во глава - триста филмови си свртев. Веќе бевме сами, голи, ме галеше, се најде врз мене...

    Мислам дека е доволно.
    Не продолжувам понатака.

    Сакав само да кажам дека не е фер што имаше толку хемија меѓу нас, а кој знае дали некогаш пак ќе го видам.

    Синоок, успеа за 5 минутки да разбудиш во мене нешто што останатите со месеци не можеа.
    Само се надевам дека некогаш пак ќе те видам.
    Е тогаш, нема така лесно да ми побегнеш :P
     
    На owl-ribbon, bittersweet, mims-89 и 17 други им се допаѓа ова.
  13. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Секоја чест на модераторите се појави некојси е**** во темата Должина на машкоста......само што го прочитав мислењата и излегов од темата, ама ме изиритира и ај реков да му пишам нешто и од пак на темата кога не сака да ме вклучи си викам што се случи па јас има 18+ :lol: .......кога тие му ги бришеле мислењата :D ........човеков изгледа мислеше дека форумов служи за рекламирање на половиот орган........БОГ ДА ЧУВА
     
  14. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Се, се дознава на крајот на краиштата. Ова ми дојде како од господ пратено. Како да сака да ми ги отвори очите жими се. Уште неколку саати и сакам да дознаам.

    Kad je steta nek je lom.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  15. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Ме избра за да играм ракомет за школо - голманка :rofl: Оценките се на прав пат, и дај боже така да остане. Времево си минува брзо и уште малку распуст. А токму кога посакував нешто, и тоа се случи. Радости! Морам да кажам дека сум задоволна.

    Ми се допаѓаш, декември! :P
     
    На Glossy-girl и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  16. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Денес е 12.12.2012 , замисливте желба во 12:12 часот?
    СДК конечно еден ден послободен,на раат да се наспијам,да видам што има во чаршија,па да учам.
    Наредната недела ќе биде ужасна за мене!
     
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    И јас да напишам нешто за годинава која изминува...да напишам колку беше посрана,ужасна,и колку многу се надевам дека следната ќе биде барем малце подобра од оваа...порано многу го сакав овој период,па украсување на елката бла бла..сега ни елка сакам да видам,ни па имам во план да ја ставам да ми стои во соба...ни ламбички,ни лампиони или пак тезгите кога ќе ги стават (ехеее,порано секој ден минев и си купував по некоја ситница,неможам да опишам колку само ме исполнуваше кога ќе се прошетав околу нив,па лампиони загледај,па украси,па честитки...)ништо од ова не ми предизвикува возбуда како порано.Ја нема таа новогодишна,празнична еуфорија кај мене...
    Посрана,посрана,страшно посрана година!
     
    На Hipster и Adi888 им се допаѓа ова.
  18. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.266
    Пол:
    Женски
    Тактика на гости:
    -Може чаша вода?
    *Сакаш сок?
    -Може ;)
     
    На Glossy-girl, Cacy и Serafima им се допаѓа ова.
  19. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    СДК имам јаки техники за препишување. :D
     
    На K.Mari4ka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Моментот кога си четири години над границата кога официјално спаѓаш во групата на возрасни лица и сеуште те прашуваат дали си полнолетен.
    Ај да се лажам дека ми годи младоликоста. Not! |(
     
    На Cacy, Serafima и karenin им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.