Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Останав ваква :o откако си го прочитав името на нечии постови во Форумџики кои ја одбележаа 2011. И за среќа, во оние позитивни категории. Сосема случајно ја разгледав темата, не очекувајќи дека и јас ќе се најдам на нечија листа, со оглед на тоа дека сум дел од форумов неполни 2 месеци. Но, многу ми е мило што некому сум му оставила позитивен впечаток. Сите вие кои ме ставивте во категоријата најинтелегентна, накреативна и најосвежување, имате значаен придонес овој тмурен понеделник да ми биде прекрасен. И ви благодарам на сите.
    Јас сепак нема да се осмелам да ја направам мојата листа на Форумџики кои ја одбележаа 2011, затоа што прекратко време сум на форумов за да ги запознаам сите во вистинско светло. Има феминки кои би ги ставила во повеќе категории, ама колку што забележав - не се такви правилата на игра :) Па, уште од сега ќе почнам да собирам впечатоци, за да можам да ја напишам мојата листа за 2012 :)
    Денов ми започна убаво, па нека остане таков.
    Понеделничко освежување со капучино и плазма кекс :)
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, Doozy, Hopeful и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    гледам кои ги пишувале во најкреативни форумџики и не можам да се изначудам. не знаев дека кративност за некои значи 100 прикачени фајла и уште толку неидентификувани смајли по постовите.
    за мене е нешто друго.
    |-)
     
  3. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    32
    СДК овај да и честитам на Пирамидка,а воедно и на сите останати фемини кои на свој начин допринеле за форумот.

    Е сега и друго СДК,.....што е ова со еуфоријава за Нова Година?Па добро луге ние ги изживеавме според мене сите можни места,...ајде сега уште на базен не сме славеле...па па па...Благодарам ама не благодарам,со љубениот дома.навистина не ми се јасни,викаат дека им е здосадено дека се е клише ајде сега нов план во ново руво.Не можам а и не сакам,верувајте доста ми е.Па за таков подвиг треба и кеш,не е само ајде таму или ваму.Ако можат да си приуштат создравје нека им е,јас се откажувам...верувам најубаво ке си поминат.па и без машко друштво ,ко 18 да сме...ццц Или јас сум многу остарена или моиве мачки се подмладуваат.Ама ако среќна сум за нив.Среќен пат!!
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    СДК дека за два дена си одам дома.... колку тоа добро звучи.
    :inlove:
    По месец и половина, ако не и повеќе, повторно ќе го тркалам црвениот. Оној кој кога и да патувам, никогаш сама не ме остава.
     
    На Neytiri и Bright им се допаѓа ова.
  5. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    СДК

    Мило ми е кога од некој мој пост изнудувам насмевка на Вашето лице.
    Барем, така ми имат кажано некои.
    Сакам кога сум среќна да ја пренесувам среќата на другите, како некој електрицитет - прочиташ ли некој мој пост, заразен си, струјата се пренесува, а мило ми е што во мојов случај има жртви.
    И да ви кажам, не дека секогаш е така. Често пати сум во улога на гњаватор и мрчатор и тоа по ничија вина освен онаа на животот. Но, сепак, убаво ми е кога некој ми пише дека сум го насмеала.
    Ај лајк дет филинг.

    И колку да ви се чини постов нарцистички, верувајте, не е воопшто таков. Само сакав да кажам дека сакам кога луѓето се смеат на некоја моја сметка (во позитивна смисла де, не зборувам за исмејување).

    Е така.
    А сега... ме чека работа.
    Чао.
     
    На Doozy и blond им се допаѓа ова.
  6. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Понеделничко делничко расположение.

    Совет за оние на диета, откажете ја. Ништо не разубавува ден како прекрасно благо мафинче по сабајлечки, со чоколадо кое ти прави мустачиња и вишнички кои ти го зацрвенуваат јазикот.

    Во моето главче расте уште едно човече кое најверојатно сака да излезе надвор бидејќи не престана да ми тропа од внатре. И боли бре, и досадно е, а абер нема да се смири.

    Во секој случај, без драми и заплети, мислам дека кулминација на денов ми беше овошниот јогурт со боровинки ама стварни зрнца боровинки кои можеш да ги ловиш со лажица. Искрено и не барам повеќе. Некои денови се направени за да бидат едноставни, само за да ни покажат колку се посебни посебните денови.
     
    На Doozy, beached, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.285
    СДК1 :
    Колку само мразам кога некој ќе ми рече опушти се :@

    Ти му зборуваш, објаснуваш, се трудиш да најдеш решение...
    А он/она се крие себеси и својата неспособност да конструира една реченица позади тој збор, или пак не те ни слуша, не се замара...зборуј си ти ако немаш друга работа.


    Е така поради некои некомпетенти паметњаковци го замразив тој убав збор.

    СДК2 :
    Поминаа најтешките испити :sweat:
    Треба да чекам 2 месеци за резултати но I have a good feeling :emo:
    Се радувам на повторните средби со сите другарки, прошетките низ град и се надевам скромен шопинг.
     
    На Divinebutterfly и Neytiri им се допаѓа ова.
  8. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сплотени во рачината-трганвме заедно.
    Тој гостин и јас ли покрај него?Не не иако ништо не фатив не дека не сакав, не дека не можев, не дека не требаше, не дека ....ами дека незнаев што д аправам. ..
    .Животов еее...н ........ некогаш те турка! Незнаеш каде ќе се нависнат проблеми не ќе се радуваш салам за тоа што треба ...или оној смотнако ПМС што секој месец ни прави грди фацички уште погрди мисли и нај грди постапки . Сакал несакл те контролира .
    Моиве најмили направиле триста тракатланции ми станаа уште помили .
    И многу забрав гаЉе ако некој ме препознал и ако ми тарашва по профилов . ЕТЕ така ВАКА и ОНАКА СРЕДЕн ПРСТ.
    Помина добро онака како што се надевав или си умишљавав да речам ами и д ане речам то е .
    А она што ме притиска и ми вели речи го кога ќе го ...ете си го молам Бога на кој му верувам да ми ги намести коцките д ами помогни еех како тој после и како јас со него потоа се постаро или уште подобро ху ноус.............багаж полн насмевка ради тоа што ете помагаш даваш и убаво ти е .
    Цеца подобра од кога и да е МА СТАЛНО Е!
    МАМа вредницааааааа,
    тато хумористичен ,
    бато легенда ,
    зетов ќутлив
    за мене немаше дефиниција,
    тој страмежлив ако му ако
     
    На MissSpark му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Многу ме нервираат луѓе кои работат зад грб и после триумфално те гледаат во очи и сакаат да те понижат
     
  10. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    ...денов ми почна под туш, со мирис на лаванда и еден смотан шампон! Ако заврне, ќе се стуткам под ќебе и ќе мислам дека немам обврски. Денес ќе си се посветам на уживање, доволно се изморив минатава недела. И не сакам кафеџии да ми идат за да ми се жалат како тоа студело. Мене ми е топло, и дома, и во душава.

    Жал ми е за едни луѓе, веројатно е тешко да си лицемерен :shake: |(

    Ојдов јас да ги докусурам костените што останале :angel:
    Имајте убав ден феминки, да ве заблажам да ве почестам по една баклава за вчерашната ми слава :)
    [​IMG]
     
    На Hopeful, LivingGlam, julie77 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    СДК е ваков почеток на неделата се бараше, надвор облачно но топло. Убаво е :)
    Кецовите во дневник поправени на петка и тројка :wasntme:

    Е ви посакоувам и вас ваков почеток на неделата, а сега ме чека капучино тортата доле, срамота е да не ја земам ]:)

    :*
     
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Убаво е кога уште некој ја гледа реалната страна на приказната...
    Убаво е кога не си сам со тоа размислување кое би наишло на осуда...
    Гризнати усни од кои и слеп би прочитал who's laughing now...
    Поглед полн со разочарување гледа во тие усни...
    Некој губи шанса...
    Некој е среќен поради тоа...
    Таков е животот!
    Секогаш еден губи!
     
  13. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека животот е убав. Толку!
     
  14. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Aххх МЗТ злато мое ,љубов неверна..зошто ти секогаш губиш на некоја битна утакмица?
    Пак не заеба. |(

    A зборот ми беше за овие недозреаниве што навиваат...Ради нив и ти како мирен гледач,иако страствен навивач,си добиваш палка од глава.
    Толку од ФАМИЛИЈАТА Аеродром.Срамота е меѓу себе да се кршите за карти бе ало!
    Не ме сфаќајте погрешно ,си ја сакам населба.Си го сакам и МЗТ и кога победува и кога губи.
    Ама не ги сакам и не ги сфаќам 20инешто годишните магариња,што идат на утакмица само за да се испотепаат и обрукаат.Ако не со СПБојс,ондак меѓу себе.Битно е да се заврши у станица.Кооој успех еј! Пораснете! :fubar:

    За крај...тревата ја пасат само волови.Срдечен поздрав до Дуо-Трио!
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека ја подновив домашната библиотека со еден прирачник(случајно го најдов, а толку време го барав) се вика Дамата
    Домакинката
    Курвата од авторот Валентино Лауцоски-на задната корица вели"ова е книга за зени, што треба да ја прочита секој маз :lol:"
    дознав за книгава од еден флаер на саемот за зена што беше, и од тогаш не престанав да ја барам по книзариве(дури и во библиотеката Брака Миладиновци ја барав во одделот за возрасни, и библиотекарката ми рече дека ова мора да интересно нешто,навистина е , од тоа што до сега прочитав :) ) но еве како да самата книга да дојде до мене, и многу сум срекна што имам шанса да ја прочитам :$ (инаку ја најдов на плоштад за 150 денари :wasntme: )
    како што вели авторот(тоа што требаше да ве научи вашата мајка)
     
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Апсолутно сум разочарана од родителите! Што е со трендов да имаш профили на фејсбук на сопствените деца од 5 години нагоре?! Болест. Место да се научат за вистинските вредности на детсвото, да грабнат топката да затрчаат, да играат плочка и жмурка, да се прскаат преку лето со шишиња вода, да ги носат по зоолошки, да им купуваат книги, да ги научат уште мали да планинарат, тие ги седнуваат пред компјутер, им отвараат фејсбук профил, ги навелкуваат на игриците. Косата ми се дига кога ќе ме додаде мало дете! Денес си го кажав мојот став, макар и мои роднини биле нека не ме додаваат нивните дечиња ме иритира тоа.
    Туку не ги разбирам и профилите со сопствените кучиња, мачиња и замислени друграрчиња? Патетики! Ошол светов у ку*ац!
     
    На bittersweet, ines.h, snezan4e и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Знаеш како викаат: Денес и кучето може да ти стисне Лајк на ФБ :D
    Тотално се согласувам со болдираното!
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Мило ми е што и покрај неколку веќе добро познати и форумџики со цврст и висок рејтинг на форумов, одредени форумџики ме вброиле во нивните „Топ за 2011“.
    Мило ми е што сеуште постојат искрени и добродушни луѓе, на форумов.
    Мило ми е што постојат луѓе кои имаат верба во животот, имаат верба во вистинската љубов, имаат верба во вистински морални вредности.
    Мило ми е што луѓето со љубов читаат книги.
    Мило ми е кога луѓето ќе постигнат некој успех во животот, за кој макотрпно, со многу пот и дискови под мишка се бореле за да се оствари.
    Мило ми е кога гледам среќни лица.
    Мило ми е кога гледам среќни парови.



    Немојте да бидете песимисти, имајте секогаш верба и надеж дека ќе биде подобро.
    И ќе биде подобро, но кога?
     
    На Hopeful, crazylady, ljubam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    СДК дека само што си дојдов од училиште и сум мн мн уморна така да еве уште едно 5мин ќе одам да јадам
    ахх ненормално сум гладна ...ха а кога не сум била де :rofl:
    поздрав феминки :*
     
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Морам да се сложам со мислењето погоре на Љубам.

    Јас на 10 па и на 14 години не знаев што е компјутер.И не се срамам воопшто од тоа,не ми фалело ништо,сум имала вистинско детство.
    На што личи дете од 8 години кое едвај пишува да објавува статуси и да се учленува во групи кои едвај ги разбира :^) .Скоро сите мои помали братучеди имаат профил а да ги прашаш за што го користат нема да знаат да ти одговорат.Тоа е.Колку одиме понапред со технологија толку одиме и наназад.

    Не,немам ништо против Фејсбук.Напротив мислам дека е една одлична занимација и во никој случај не би сакала да го укинат.Но за деца до 14 години навистина не личи.
    Значи ужасно ме нервираат статуси од типот "Лајкни ми статус и ќе ти напишам колку те сакам со срциња" |( .А тоа претежно го пишуваат деца.Се трудам да не ги читам но не можам бе.Си велам и јас ли бев таква на таа возраст? :^) Изгледа сум била но не сум имала Фејсбук за да ја документирам секоја детска глупост која ќе ми падне на памет :) .
     
    На ljubam му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.