[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    СДК добро утро на сите, јас денес си подранив, веќе и доручкував што не е вообичаено за мене овие денови. :)
    Некое време ме немаше да пишам, но не значи дека не ве читкав, а гледам има и што да се види и прочита. :)
    А надвор колку е само ладно, снег, а сонцето по малку се искрадува низ облаците..
    Се наближуваат празници а јас се радувам како мало дете. :D
    Чекам да стигне платичката и одма одам да си купам некои нови лампиони и новогодишни ситници, па да се фатам со украсување. Ја сакам оваа предпразнична еуфорија.
    Ви посакувам убав ден :hai:
     
  2. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Зимава доаѓа...Брр се поладно е.. Па ај си ставив и аватар со зимска цурка 8) , од weheartit е, ако некој ја има нека се јавува да ја мењам.Па и јас да си бидам во тек со празнициве, па и натака ќе ги мењам.Во пролет пак самовилка, ама сега, ее па неможам јас вечно во бајки на феминава да сум, малце реалност :D (финтава и мене како мала мама ме викаше самовилка, ама немав крилца :lol: )
     
  3. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Бакнежи, насмевки и високи потпетици

    Денес решив да им се обратам на моите дами, знаете, оние припадничките на посилниот пол. Испровоцирана од девојки кои им робуваат на комплексите од типот да му бидат достојни на дечкото (заборавајќи дека и тој треба да се труди да биде достоен за нив), од девојки кои се затвораат во соблекувалната на своето работно место и трошат време и нерви по телефон, објаснувајќи некои свои постапки наместо да си ја бркаат работата и да си прават пари, девојки кои ќе потрошат толку солзи на некого кого ни уво не го боли за нив… со еден збор, оние кои на секаков можен начин си ги побркале приоритетите во животот.
    Не смеете да изигрувате дека сте глупави, кога и научно е докажано дека нашата интелигенција е поголема од онаа на мажите. Секој човек се труди од глупав да испадне паметен, зашто со сила да се правиш глупава кога не си? Каде е она твое ЈАС, она кое никој не смее да го погази? Како е можно така лесно една девојка, која (како демек) се заљубува, да заборави на сите свои принципи?
    [​IMG]
    Да обрнеме внимание на она што ни значи, она што нè исполнува, нè прави среќни… на сите оние мали задоволства, да уживаме и да ги почувствуваме сите убавини на животот.
    Сакаме розова боја, убави нокти, плишани мечиња, подароци и цветови… И што, треба да бидеме дефинирани како плитки и површни? Не! Имаме право на возбуда и среќа, кафе муабет и оговарање, луди журки и незаборавни ноќи. Имаме право на добар филм, облека и шопинг и многу нијанси на сјаеви за усни… Шарени тетратки, убави слики и украси. Имаме право понекогаш да бидеме и себични. Имаме право на летни авантури, незаборавни дружења и патувања, искусување на љубовта повторно и повторно, макар и не била онаа вистинската.
    Еден ден ќе бидеме мајки и нема да можеме да ги ставиме своите потреби пред сè останато. Еден ден нема да ни доликува да се журкаме до зори, сите пари да ги трошиме на себе и да спиеме со своите мечиња. Има време кога ќе мора да броиме калории, сега ги заслужуваме највкусните тортички со секакви преливи. Ќе дојде време кога ќе мора да бидеме смирени и разумни, до тогаш можеме да бидеме палави и темпераментни.
    Почувствувајте ја младоста и предајте ù се целосно. Ќе бидете ли некогаш помлади од овој момент? Како жени и девојки, како идни пожртвувани мајки и хероини за своите најблиски, заслужуваме еден куп бакнежи и страст, искрени насмевки и незаборавни дружења… и секако, посакуваните модели на високи потпетици… а не купишта грижи наместо уживање во животот!

    Превземено од кафе-пауза.
     
    На Hipster, tweety26, tessi и 4 други им се допаѓа ова.
  4. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    Come on, come on Lips u can do it
    Феминки држете ми среќа се да помине во ред со физика тестот.
    :D
     
    На Miss.Ricci, kravce и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  5. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Не отварам веќе Асос !!

    добро де, до утре не отварам
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Barbie.g

    Barbie.g Активен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    12
    Прекрасен ден.
    Студено е многу,снег и многу е лизгаво но,сепак зима е прекрасно годишно време (иако според календар сеуште е есен :D ).Тоа е една од причините поради што ја сакам зимава.Па наскоро и празници... :inlove:
    Наскоро ке пристигне прекрасен викенд.Во сабота кај баба на пита :inlove: ,во недела на шопинг и китење на елката :inlove: .Малите нешто со големо значење многу ме исполнуваат. ^_^ ^_^ :hai:
     
  7. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    The awkward moment when треба да се бањаш а нема вода и притоа ќе си го искршиш тушот од нервози. :@
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    СДК дека со душа чекам да помине 31ви декември. 2012 сакам да ја паметам по тоа што прв пат официјално се вработив (пред тоа неофицијално работев) и по тоа што дипломирав. Не беше убава оваа 2012. Со душа чекам да си оди. Ми зеде тројца од фамилија и еден другар. Заминаа засекогаш. Плус, имав толку многу финансиски кризи, бетер од Грција. Едвај се извадив од калта. До половина бев заглибена. Сега само стапалата ми шлапкаат во калта, ама за брзо ќе ги извадам и нив.

    Си направив листа за 2013. Што сакам да ми донесе. Знам дека е рано, ама нестрплива сум да ја отерам 2012 у пм. Значи сакам да се запишам на постдипломски каде било, само не во Македонија. Сакам да соберам пари за да полагам за возачка (лајк дат вуд евр хепен, со платава шо ја земам). Сакам да се тетовирам. Да идам до Амстердам на викенд. Ама, најмногу од се, сакам здравје. Никој да не ми е болен. Се разболев од грижи за моите и сестра ми. Ко ќе видам дека се изнемоштени ко мене да ме боли. Сакам да ми се живи и здрави за навек. Многу претрпеа годинава. Ааааа, да и сакам да ослабам. Сето тоа ми е во „ту ду“ листа за 2013.

    До крај на 2012 има уште 18 дена. Се надевам ќе поминат брзо и со убави моменти. Барем на крај да се искупи.


    Многу имам за пишување, ама кога и да почнам некако дека сакам се да кажам и завршувам со дел кажано. Ајде другиот дел во некој поубав ден. Денеска е ладно. Ми ги мрзне мислите.


    Имајте најубав ден исполнет со топли насмевки и уште потопли чаеви.


    Оувр енд аут. :*
     
    На Noemi, anabel-a, tweety26 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Многу ме нервира кога одам на Фемина и една наведната Самара ми се појавува на страната :| Ме вади од кожа. Си викам а повикот за седум дена дека е?? :shake:

    Незнам зашто кога шетам навечер или преку ден, и го гледам снегов, натунтани луѓе и несреќни сијалички испозакачени кај треба и не треба, ме потсеќа на нешто, што воопшто и не било. Нешто убаво што ме чека дома. Патам од визии кои никогаш не се случиле. Тука спаѓа и тој. Толку јака визуализација потои, што една слика д апрелета, знам што се случило.
    Незнам дали ми припаѓале мене и се туѓи, но јас ги гледам.
    Ме изморуваат.


    А навистина, најспокојното нешто што си го замислувам е да сум во нечии прегратки деновие, додека е ладно, нашата телесна топлина да биде единственото нешто што не топли, а сепак да ни е доволно.

    Вчера ме исплатија на пракса, и одма си се подновив со нови чизмички . И сега се прчам со нив.
    Ми мрзнат нозете и во бачило топлинки, и во мерино чизми, крајот неможам да им го фатам.
    И еве конечно едни чизми кои се надевам ќе ме топлат.
    Па уште и сама си ги купив :!:
    Колку е убаво чувството сам да си купиш нешто.

    Инаку денес станав во 12. :| Епа заслужив и да се наспијам. Сега уште да научам и да ги поминам колоквиумите со убави оцени и на коњ сум. :D
     
    На zhap4e, Katerinceee, Libera и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Дома зелка.

    Секаде зелка. :devil:
    Расол, зелка, сарма, растурена манџа со зелка, туршија, па расолница чисто онака, па подварок, пак сарми и зелка.
    Ќумрам. :x

    Трауми мислам дека имам веќе!

    А, да. Денов е одличен. Бар пробува да биде. Си ги слушам Mop Mop на продукција пред да стане албумот она што е и ми мрда газот. Сестра ми ми рече дека ми се проширил и дека во шарените хулахопки што ги носев сум била мрсничка ко бразилкине во сапунските серии.
    О да. Диета? Не, благодарам.
    Имам скриен чипс во ташна од вчера.
    Инает? Не. Не знам. А денсам цело претпладне. Не е за мене вежбање. Што знам. Не се тешам, знам дека сум округла, фала многу. Иам и цицки и што. My boyfriend likes this.
    Си купив џемпер од Фиори, целиот е хаотично шарен и кога го ставив да се суши откако го исправ, сфатив дека е ПРЕМНОГУ шарен. Некако, ко да се разбудив од сопствената хипноза по бои. Мајка ми ми вика дека како мала сум сликала, сум сакала да цртам. Дека боите ми останале во информациониот ген. И ништо, ја со зборовите се заиграв. Сериозно, иам две дипломи добиено за цртеж, ама и на двете ми е утнато презимето, па исто како да не сум тоа Јас! :lol:
    Вчера се шлаевме низ градов убав со колешка, јадев турска чорба со леќа во Рамстор, си купив црвена гаќа за пречек на Новата демек за арно, за порно, во меѓувреме ме препозна, после точно 7 години координаторката на проекти во невладината во која работев, ме изгушка и тогаш сконтав дека даааааа, последен пат ја видов кога беше трудна со второто дете, а еве го сега до неа, дечко ипол, прваче, а ја... Ја со три кила плус, зобам чорба, се смешкам, фино ми е што ме памти, истовремено.... Бројам седум години. Не е малку бе.
    Не е ни многу. Ама е време.
    Си негувам подочњак со несон и стрес, вчерашните мандарини ги поделив по луѓе и сега нема што да ставам на радијатор, нели, па уберхипстерски си ја исправ капата и си ја оставив да ми шири Коколино низ соба, бар мирис на зелки да не насетувам!
    Убаво, вчера го имав она чувство на презаситеност, overwhelmed by цела ситуација, средби, храна, тулумбичките што ги купив, враќањето дома со даде и грицкањето пуканки на филмот за Хемингвеј и аферата со кореспондентката за време на Шпанската Граѓанска војна.
    Денес затоа, ритамот го држам меѓу синглот на Моповциве со зелките.
    Мачоров не ми пишува, изгледа е на вечера.
    Мајка ми ми влегува во соба, ги заборава наочарите, па се враќа и вика - не гледам кај се? Иронија.
    Ја, ѕенѕам со дебелиот ми газ, и некако ми е гајле бе. У црвена гаќа ќе го облечам за Новава, па што сака нека е!

    Важно е да не е тажно! :*
     
    На anabel-a, Peppermint, tweety26 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Некогаш, не дека си се уморил да зборуваш, туку си уморен да гледаш колку личноста на која и збориш едноставно е глува, нема..Не разбира никаков јазик..
    И да, и се отзатнуваат ушите баш тогаш кога тебе не те боли увце за ништо.
     
    На anabel-a, creshicka, tweety26 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    сдк дека денов минува бавно.. без многу обврски но и битни случувања. во еден момент се осеќам супер во друг како болна. ах еден жежок туш како ќе ми заврши работа.

    туку нејсе за неколку саати треба да се донесе една битна одлука се надевам се ќе испадне во ред и покрај тоа што чуствувам благ немир во душичкава...
     
  13. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.858
    сдк ви викам станав права домаќинка , дури и метла ми купе и тоа онаква со голема рачка :D .

    ...обожавам да ја читам темата Н​​е​​ш​​т​​ата ​кои не сте ги знаеле за мене... ми доаѓа нешто како личен дневник , и баш е убаво да си читкариш за разни карактери поистоветувајќи се или восхитувајќи се .
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    “И веќе одамна тоа не сум јас, тоа е некој што ме глуми...
    Се изморив од погрешни перцепции, тесни гледишта за моменти ситуации, кога ти го забораваат молкот и трудот. Си мислев дека кревам раце, а тоа трае едвај час. Можеби не сум толку мека колку што мислам...можеби не сум толку тврда колку што мислам. Којзнае што сум. Фиктивни идеи од сите страни, а јас склопчена во безбедносни прегради. Слушалки на уво, мрак, какао, светлина од огнот. И се трудам да се потсетам, ама не иде...постојано им заборавам. :doh:

    Во спојлеров јуникорнс
    Државната новинска агенција на Северна Кореја објави дека археолозите го пронашле еднорогот кој го јавал древниот крал Тонгмијонг.

    Се верувало дека еднорогот бил див и тежок за фаќање, но ако пред него била донесена девица во тој случај еднорогот легнувал и ја ставал главата во нејзиниот скут.

    Само јас сето ова малку безобразно го сфаќам?
    Патем, прекрасни се
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Noemi, anabel-a, tweety26 и 11 други им се допаѓа ова.
  15. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Пак ми почна периодот на дооолго, вечерно дремење над книгата. А ме мрзе бе, ме мрзе да учам. :) Ова ми е најглупиот семестар и не го сакам ич, ама нејсе и онака не ми се шета на ладново, па ќе си седам дома и ќе си учам, кај и да е ќе дојде крајот и на овој семестар. Неќам бе да ги гледам улиците со снег, да пазам каде ќе згазнам за да не се најдам на земја колку сум долга и широка, неќам да морам да се наоблечам и да неможам да си бидам комотна, да неможам лесно и убаво да си ја кренам раката, да се гушнам со некој убаво. :) Го мразам студот.Неќам да ме боле главата од ладното надвор. Неќам да ги гледам луѓето такви, измрзнати како брзаат да одат некаде само да се стоплат, неќам да ја гледам елката на плоштад, се си мислам дека да може и она ќе се дигне и ќе се собере од таму. Неќам ништо од тоа шо се дешава надвор, па за тоа ќе си седам дома над книга. Бар на топло :lol:
    И да, сакам да се тетовирам. :tmi: А мислев дека никогаш нема да посакам. Ама тетоважата е со цел, и ако некогаш ја направам ќе биде многу важен дел од мене. Ете така, одам да се топлам над книга :hai:
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.567
    Има еден момак. Ама јас зошто сељанка.

    Јас има да си ставам харибо со две вотки, има да пукаат утре! Да пукаат! Да се погордеат предците!

    Од вестите од регионот. Дечко не се фаќа на зима,пошто ќе ти испука устата. А и кај ќе го бациш?! Ај каде? Пред елката на плоштад?! На снег?! Со лабело?! Не помага! Има да ти расцвета устата. Плус после прв бакнеж без разлика на годините се шлапаш на секои пет чекори, пошто сте го скршиле мразот и сега сте заљубиле(да де,како не). Ма рибино масло мачкај се,не ти помага! И друго, АБЕ ВИЕ ПРАЈТЕ СЕ НЕНОРМАЛНИ АМА ТАКА Е, желбата за пријателче зиме е поголема, зошто сите сме патетични,раскашавени гомца на кои им е досадно, светлината е послаба и не фаќаат некои депресивни чувственца типични за романтизмот па сме така речи РОМАНТИЧНИ. Абе да не вадам сега статистики,ама ај зошто најмногу деца се прават во зима?! Ај ?! Уште од времето на чукун бабите и дедовците?! Негирај го тоа бич! :!: :lol: И сега ти таков понесен и занесен,нема здрав разум, ти смрзнал од ладното, искачаш и си викаш,па добро не е лош (освен ако не е ептен сељак и габор,ептен очигледно) и оп,по некој ден,еј дечко имам. Арно ама која е цаката... Наречете ме традиционална,ама јас три месеци маста му ја вадам по кафиќи, театри,кина, места,врагови, свирки, концерти,ми нема поента по дома да џмиеме пошто ни студи и сега рачунот вика,од сега за три месеци, тоа веќе ти е март бре!!! МАРТ!!! До март желбата да се туткаш под ќебиња зошто ти студи и снегот надвор ете така романтичен за со дечко и се тоа миризбите на зимата што те тераат да мислиш на еротични работи стануваат без поентни. И сега ако вие не сте се упознале овака, ќе останете голи без ќебето и ќе раскинете. ЕТЕ ЗАТОА ВРСКИТЕ ПУКААТ НАЈМНОГУ НА ПРОЛЕТ ИЛИ ПОЧЕТОК НА ЛЕТОООО...
    Затоа си го фаќаш мачорот ко права мачка у февруари ако више не ти се чека. Оп три месеци маста му ја вадиш,ќе си видиш дали е за тебе, ако све ти е погодено го носиш на одмор и сте у летен занес, полага тоа тестовите ко матура од десет дена,ако положи,си го имаш за идната зима. Решен проблем,здраво,здраво. Права домаќинка така става зимница,ало!
    А башка,бившиот си има право. Ту маџ емоушнл бегиџ правиш тука. Почнуваат да те стискаат и празниците дополнително. И тоа ти е брате веќе ДРНЧ чорба (освен што е уље за подмачкување на огнено оружје, дрнч е ... мешавина од сите могучи манџи независно од количинскиот сооднос и нивната содржина, у превод, црева да истурите).

    И затоа,бирам чии лигавења за скршени срца ги слушам. Да,да... пошто и по сто години не ти е гаранција. Зошто више не ја слушам другарка ми?! Пошто дојдовме до многу разумна конклузија. Го фати еве баш ова време,БАШ БАШ БАШ ОВА ВРЕМЕ. И после на пролет више почна да не е тоа,тоа, па лето, па дојде пак зима и пак беше ок, и така фати три зими...душата и ја извади,емотивно ја исцрпи и пукнаа. Епа ЦАР СУМ,ЦАР СУМ. Јас и на Бојана Атанасовска и кажував дека ќе се разведе,она не ми веруваше... :rofl:

    Зима е само за долги врски, тенјуверимач! Наречете ме глупа, ама јас врска у зима никад не би ризикувала да создавам! :D Нема тука спонтаност,ама јбг! :D После да не ви се свиѓа спонтаноста коа ќе се разочарате?! :D Епа не го вреѓајте после дека е идиот,ок?! Взаемно сте идиоти на кои им било досадно и сакале да се играат под ќебето и такви ми ти ствари.

    Да бе,во овулација сум и одбивам дејт. Нека дојде некој да ме пипне дали имам температура или ете толку сум станала ладна од зимава?!
    Ама стварно... ако искочам ќе знам до што ми е. Ама до тоа не ми е. Неам јас време за такви ствари! Не изводам,сериозно. Ајде сеа досадно ни е,дајте да се лапаме и драпаме, ќе се правиме дека сме заљубени пошто само тоа е животот и ќе и правиме инфлација на љубовта! Море марш!
     
    На TheCandy880, Johny, Elichka и 6 други им се допаѓа ова.
  17. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Секогаш си велам самата не себе дека ќе се сменам. Но пак ништо.
    Веќе нема да се нервирам за ситници, за глупости. Што ќе биде нека биде. Па и гајле ми е. :)
    Вртам нов лист од оваа тмурна книга.

    http://www.youtube.com/watch?v=lQSQar9y8b4
     
    На tweety26 и marama им се допаѓа ова.
  18. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Колку само Македонија, е заостаната земја... :?: :?: :?: :?: :?:
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.557
    Допаѓања:
    289.403
    Втора колешка ми се отвори денес и ми кажа за својот проблем со депресија и дека побарала стручна помош.
    Ме издиша.

    Млади девојчиња, 20 и 22 години, си мислиш здрави прави се им е наредено али секој си знае како му е.
    Што би рекле: Није среча пара пуна вреча...то знају оне које имају :tmi:

    Ритамов на живот не уништува.
    Паралелно со созревањето растат и обврските но со енормно несразмерни размери.
    Претпоставувам дека моментот кога основните егсизтенцијални прашања и проблеми ќе бидат решени, стапува на сила депресијата да си го собере данокот или онаа малку енергија која стресот ја оставил зад себе.

    Тешко е човек да остане присебен на денешнинава, барем не во текот на целиот негов живот.
    Кревки сме, се кршиме. Ментално или физички сеедно.

    Имам навистина сериозен пристап кон оваа болест...нејзиното негирање или закаснето лекување може да предизвика колапс во целиот организам со фатални последици.
    Се надевам дека не е прекасно колешкава да фати чекор со останатите. Штета би било на крајот, во последната година да киксне.
    Го сторив истото што го направив и за другата колешка.
    Ги споделив белешките од предавањата на кои не беше присутна и ја понудив мојата помош во статистика.

    Од утре распуст, 3 недели за пишување семинарска и подготовки за испитите во фебруар.
    Треба да порачам книги, стручна литература на интернет...огин скапи, 70 еу парче :(


    Нека заврши годинава веќе...
    Може телово ми е кревко, но вољата ми е јака.

    Верувам дека подобри нешта ме чекаат во наредната :sun:
     
    На anabel-a, Peppermint, NoellePage и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Понекогаш ме згрозуваат нечии размислувања, а во последно време таквите стануваат се побројни.
    Зарем е можно некој толку плитко и површно да гледа на животот?!
    Без никаква искрена, нормална и морална цел за која секој здрав разум се стреми да ја постигне во најразлични сегменти од својот живот.

    Глумејќи нешто што не си, сакајќи да си виден и познат, смеејќи се на секакви будалаштини само да покажеш и докажеш дека "вредиш" и дека токму ти припаѓаш таму, во тој свет, поразличен од оној во кој си сега?!

    Всушност сите вие имате мозокот со големина на зрно грашок кој никогаш немал прилика да ја обави својата функција трезвено и зрело.

    Зарем на тој начин човек го покажува своето достоинство?
    Ха.. Достоинство.. Еден ден тоа ќе стане збор од историска вредност за кој не ќе имаме во иднина прилика да посочиме еден единствен жив пример.
    Тоа е она кое го губат сите оние кои сакаат да добијат безвреден, празен и лажен живот.

    Зарем тоа е она кое треба да не инпонира? Зарем тоа треба да е целта кон која додека сме живи итаме?
    Плиткост, плиткост, плиткост... А човечката плиткост била сепак најдлабока.
     
    На bittersweet, tweety26, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.