[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Тоа што го имаме јас и тој, јас го немав со ниту еден друг пред него, а ниту тој со некоја друга пред мене.
    Имаме минато, јас реалативно мирно, тој малку побурно.
    Какво-такво, МИНАТО е!
    Потенцирам, бидејќи е нешто заборавено, оставено некаде во длабочините на нашите битија.
    Во овие скоро 7 години успеавме да изградиме тврдина од меѓусебна доверба, почит и љубов.
    Пресреќна сум што токму ТОЈ е оној со кој сакам да го поминам остатокот од животот.
    Последниве денови нешто ми ја труе душата..
    Таа, последната личност од неговото минато го бара се почесто.
    Тој ја има кристализирано својата чистота и не ја валка со нечесни мисли, но таа?
    Не сфаќам.. Зошто би го барала? Знае дека е со мене, знае за сите наши планови, знае дека таа никогаш не успеала да биде она што успеав да бидам јас во неговиот живот.
    И повторно го бара, претпоставувам со цел да му ги освежи сите нивни заеднички доживувања.
    По нивната завршена приказна не останало ништо кое на било каков начин продолжило да ги поврзува.
    Не сфаќам.. Навистина не сфаќам..
    Нашата нераскинлива врска е цврста, искрени сме еден со друг па вакви валканици нема да дозволиме да допрат до нас, а уште помалку да остават дамки.
    Тој денеска го направи најдоброто, се заштити себеси, а и нас.
    Оној кој има валкани мисли одредените ситуации ги чува во тајност, далеку од очите и ушите на оној кој би бил повреден од истите.
    Таа криеше од оној кој веќе подолг период е дел од нејзиниот живот. Тој пак, од мене не сокри ниту еден единствен, сосема небитен сегмент од случувањето.
     
    На bittersweet, Moira, kravce и 18 други им се допаѓа ова.
  2. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    СДК надвор пингвините веќе у несвест паѓаат колку е ладно е не па јас (-10) :( ...Времево е само за под ќебе :lol: :$ Никако неможам да се стоплам.И на струја и на дрва и се мене ми е ладно ... Со мајка ми денес по ладново отидовме до град ај да се прошетаме и оп сум била добро дете на мајка изминатиов период и мама ми купи и штикли и чизми (се у едно и поклон за Нова Г.,за положен испит,за се ) :!: :lol: .
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Знам дека ве отеков денес, ама уште ова да ви го кажам :D

    Годинава е педест годишнина од првиот филм, на најсекси-от, најпознатиот, најуспешениот агент Бонд... Џејмс Бонд. :whew:
    Легендата 007.

    И нели нема жена што не посакала да е барем миг негова игрчка, негова љубовница, негова мета.. Признајте!
    И како сите жени и јас си подмочнувам кога излегува нов филм.
    Овојпат не бев во кино, туку себично го чекам да излезе и да си го симнам. Да го гледам сама :tmi:
    Уф што не би дала да се случи таква авантура со агент ! Опасна авантура, што вреди и живот..
    Мх, мх..
    Да ме спаси, и потоа да ме украде за него.. Ах бре нашиве мали глави колку се отруени од американскава филмографија, ама јбг.
    Знам дека сум под америчко влијание со филмов, ама убаво ми е.
    Дури фатив документарец со сите жени кои ја глумеле љубовницата на 007, од кои повеќето се веќе бабички. :D
    Им завидувам бе!


    :d:
    Поздав до сите кои, како што кажав се испозапалени по 007.
    http://www.youtube.com/watch?v=RTIu_wwxkQI


    http://www.youtube.com/watch?v=eTSJH9MImtQ
     
    На Vezilka, cinderella5, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    СДК....
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled4.png
      Untitled4.png
      Големина на фајлот:
      1,4 MB
      Прегледи:
      559
    На Elennaa, Glossy-girl, Serafima и 10 други им се допаѓа ова.
  5. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Точно тоа секој ден го правам со темјанот дома,имам и под перница ама мене ми е џабе изгледа.Многу предупредувања имам во соновите,само тогаш сонувам кога нешто треба да се случи...
     
  6. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    За два-три дена ќе почнат статусите за Крај на светот. |(
     
    На kikav и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  7. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Споредено со порано, кога се жалев зошто не можам да бидам како другите, да си гледам само за сопствен гз, да бидам лицемерна, да лажам и манипулирам се` додека би била задоволна таква, сега го сметам за доблест.
    Кога ќе се почувствувате измамени, искористени, излажани, изневерени, повредени, а сте свесни дека многу добрини сте направиле, а со лошо ви се вратило, размислите убаво.

    Ме вадеше од такт фактот што сум страшно нелицемерна личност. Јас не знам да се спијателам со најдобар другар на дечко ми, ако страшно ми иде на живци или воопшто не го почитувам како личност, само поради улогата - пријател на важна личност во мојот живот. Макар тоа било едно одење на слава, каде ќе одглумам дека ние многу се сакаме и ќе бидам весела во обид да биде среќен дечко ми. За мене исто така е крајно лицемерно кога друг ќе ми каже - "Е добро де, ќе одам кај него, ама тоа не значи дека го сметам за другар. Тој нека си мисли така." Епа добро тогаш, зошто одиш?
    Позната сум и по тоа што ретко давам комплименти. Тешко ми е да му кажам на некој колку убаво изгледа денес, само да му го разубавам денот, а во суштина не го мислам тоа. Како да се изневерувам себеси. Кога ме викаат на кафе бивши колешки, со кои ми е толку неудобно и тешко да сврзам реченица, најчесто ги одбивам. Бидејќи самото мое присуство на такви средби, во обид да се зачува нешто кое никогаш не постоело, ме прави лицемерна.

    Постои и прашањето дали ако е лагата кажана за позитивна цел, се простува. Не знам, но искреноста е дел од моето битие. Сум пробала да ја искоренам, но не можам. И сега си ја сакам. Бидејќи иако е цело окружување труло, штом мојот организам чудно реагира на изговорена лага, значи дека сум на добар пат. Значи дека во мене се всадени такви морални вредности, таква поделба помеѓу правилното и погрешното, што е добро што ја имам свеста без да се трудам.

    Се` додека телото ви трепери кога кажувате невистини, се` додека имате чувство дека правите нешто погрешно, иако сите ве убедуваат во спротивното, вие сте среќни. Вистината е дека колку повеќе човек се обидува да остане она што е, а сите околу ставаат маски за да бидат прифатени, толку ќе му биде потежок товарот. Најчесто, колку повеќе има потреба да вложуваш труд, толку е поисплатлива и подостојна целта.

    Прв пат фатив дечко на 18 години; само еднаш облеков фустан за матура бидејќи не ми стојат убаво; носам панталони и на свадби и на плус 40; не јадам палачинки со Нутела, туку со Луна; хеланки носам само одоздола - под фамерки; не сакам штикли и покрај тоа што имам 22 год.; не лажам дека излегувам, не дека немам желба, туку толку ми дозволуваат финансиите и други околности, а и мислам дека поквалитетно ми е поминато времето поминато на клупа и смрзнувајќи, гнетејќи сендвич, отколку видена во дискотека; преспивам кај дечко ми, бидејќи немам автобус после 22 часот; немам запалено цигара во живот, а алкохол конзумирам само кога ми е мерак, што не значи задолжително на прослави и уште куп други работи правам што не се согласуваат со денешните ставови, сум била погледнувана попреку, ама да бидам искрена, воопшто не ми паднало жал за себеси.

    И убаво рекле - "Ми се смеете дека сум различна, јас ви се смеам дека сте сите исти." Толку.
     
    На bittersweet, sweet-cherry, Moira и 28 други им се допаѓа ова.
  8. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Трагикомично е кога некој на кој си му бил рамо за плачење и општо поддршка во секое можно поле во неговиот живот,на крај ќе ти сврти грб и ќе ти го тури немиен.
    Ама ок. Easy come easy go.
    Ќе биде се по старо,ќе те наапа од дома мајкати каа ќе ти ги фане цигарите у фиоката,и ќе трчиш кај мене да те тешам и да си запалиш една...

    Значи,користољубиви лицемери страшно ми буричкат у диестија.
     
    На Vezilka и blond им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.002
    Допаѓања:
    164.570
    Сдк сакам да гледам што ќе се дешава три дена откако дечко и на Сноу ќе се врати у нејзините прегратки. Без воаејризам,онака ме интересира да видам што по ѓаволите ќе се изнадеси во тие моменти! :D
    Па пау! Огномет, соблекување облека,солзи, прстени, подвезици, свршувачка ( у различна смисла), пак солзи, стискавци,ма све бре! Ќе оди озанка парентал адвајзори,плус ознака дека содржи флешинг сцинс енд имиџис и дека е опасно за епилептичари! :D
    Можете да замислите колку ќе биде МЕГА јако?!
     
    На sparklie, bittersweet, antonina и 23 други им се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Кажав јас, бап прстенот на рака, бап бебето у стомак ... и баааааапп Сноу Квин ќе исчезне од форумов. Па ќе има обврски, сопруга, снаа, мајка ово, оно.

    П.С. Сноу само да ти кажам подрекувам јас за вакви убави работи, така да очекувај понуда за брак. ;)
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Шта речи, коју поруку послати?
    Или како што вика дедото на видеото: Шта речи, коју ПОСЛУКУ ПОРАТИ? :rofl:

    На запад ништо ново. Куча-посо период, шетање нема. Не за друго, шворц сум. А гледам низ градов се некои новогодишни акции, попусти, па сетови козметика по евтини цени...
    Подобро дома да си седам :D

    Ме мрзи да живеам. Се тетеравам секое утро како пингвин на работа, дури и на цигара одвај излегувам :lol: Надве-натри ја пушам и бегам пак внатре, поарно ќе работам отколку да мрзнам :D

    Туку, сакав да кажам дека жените се дотеруваат за другите жени, а не за мажите. Кај мене на работа конкретно е натпревар која поубаво ќе се облече, која ќе облече парче по најнова мода, повисока чизма |( Не можат да одат по ледовиве, ама битно секој ден се на 12 штикла минимум. Дрес кодот во фирма ни налага штикли, ама јас (и уште две-три нормални колешки :D ) одиме со ниски чизми. Мене поважно ми е да ја поминам зимава без скршен колк/нога/рака, па кој како сака. Фала многу, чао.

    И секој Божји ден доживувам еден ист момент во различни варијанти: Леле, маци, од кај ти е фустанчево? Ново ти е? Леле, срцка, чизмава ти е лудило! Душо, што парфем користиш? Марамата од кај ти е? Леле, нова ташна имаш? |(

    Значи, секој си ја работи својата работа, тука нема збор, ама и секој води сметка за другиот, или подобро речено другата. И да се презатрупани со работа, ќе најдат 5 секунди да те искенираат и да ти искоментираат нешто поврзано со изгледот. Дури на моменти и глупаво се чувствувам, толку ни самата себе не си се анализирам :rofl:

    Можеби сум злобна, ама јас нејќам да кажувам од кај ми се работите. Па што! Нејќам и не кажувам. Нејќам блискости со колешки, лигавење, дружба, кафиња. Нејќам да делам превоз со нив (читај: да ги возам до дома |( ) иако сме во иста населба, ниту тие мене. Не сум такси па да разнесувам кого стигнам. Па мене колата не ми оди на воздух :^) Ако сакате да се возите гага, нека ве носи/зема дечко ви/маж ви/швалерот и не знам кој. Нејќам блискости. Дружба си е дружба - служба си е служба! Фак оф!
     
    На Trnche, kravce, cinderella5 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    чизми со крампонки-верувај подобро нешто нема за ова лизгаво време :)
     
  13. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Многу ценам искрени луѓе. Мислам дека во животот треба да бидеш искрен и да искажеш свое мислење, да имаш свое јас, а не да лизеш газови и позади грб после да го оговараш истиот тој.
    Пример е и денешната ситуации. После проблеми во класов, само јас и една другарка го искажавме нашето искрено мислење, без да се плашиме дека ќе бидеме замразени од дотичната особа, а сите останати што беа силни пред нас, останаа на страна сега, се плашеа.
    Мислам дека искреното мислење најмногу се цени во животов, барем јас го ценам. Поубаво ми е кога некој во лице ќе ми каже нешто, повеќе го ценам тој човек, отколку оние кои ме лажат и ми лижат газ.
    Револтирана сум од вакви личности, јас без разлика дали сум анонимна на форум или лично јас со име и презиме, секогаш сум искрена и искажувам свое мислење, без разлика на последиците.
    Сметам дека на многу им фали таа дарба.
     
    На kravce, anabel-a, Vezilka и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    СДК .... julie77 и Lilit...девојки оргинални сте... :clap: :D НО :!: јас имам едно мало изненадување за вас,нема така лесно да се ослободите од мене...coming soon :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    На Micheleljubov и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.630
    Допаѓања:
    185.299
    Пол:
    Женски
    ..пеперутки нема... ама затоа гасениците се тука, во стомаков...гризат... редно е веќе да се преобратат..да воскреснат, ама ни п од пеперутка.. Дедо Мраз..кај сиииииии???????? :D
     
    На alessandraaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Снег цела недела,а јас сеуште се немам лизнато. Гинисов рекорд.

    Од толку многу инспирации,снег,убавини,среќни луѓе,немам испирација за филозофирање.
    Чудна сум.
     
    На L-enna, Hipster, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Ти случајно бик дане си во хороскоп?
     
    На rosebush му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски

    Не, близнаци - знакот на превртливите, неискрени и крајно лицемерни луѓе со расположение што се менува во рок од секунда :D
     
    На T.e.d.d.y, Inna5 и rosebush им се допаѓа ова.
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Потврдено за последното :D
    А иначе за другите работи,па и не е баш така ;)
    Туку,си прават како што им одговара и никој не шмирглаат (шо би рекле кај нас :D )
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Vezilka

    Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    311
    Велат, само будалата се спрепнува на камен што е позади него. Или јас сум најголемата будала на лицето на земјата, или почнувам да се движам наназад.
    Почнувам да се плашам. Веќе можам да го сетам мирисот на немирот, неговиот тивок, подмолен глас кој иритирачки ми одѕунува во глава. Се издигнува од длабочините каде што мислев дека го закопав барем привремено.
    Ме демни како добро познат непријател. Стравот од секогаш бил мојот камен на кој сум се спрепнувала одново и одново. Она што ме кочи од моите потенцијали, и големи, огромни соништа. Можеби ми е потсетник дека најверојатно премногу високо целам. Ми кради и од онака ретките насмевки, се храни од мојата мизерија. Веќе видено, веќе почувствувано.
    Често сонувам како сум во некој вид јама, без трага ни од скршната светлина, како врискам со сиот потенцијал на моите толку истоштени бели дробови. Агонија, бес.. Но за среќа, и упорност.
    Длабоко во мене постои жар што во вакви моменти се разгорува поттикнувајќи позитивна агресија.
    Ми се обновува копјето и не постои бариера до каде ќе запре мојата борбеност.
    Добро е кога знам дека секогаш можам да се потпрам на самата себе, покрај најблиските.
     
    На L-enna, francais, Moira и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.