[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    На моменти не чувствувам ништо, се е празно ништо не се случува, а потоа лавина од работи и случки тропаат на врата а јас не сум спремна и способна да ги прифатам сите и да им ја отворам вратата..Каква иронија..
     
  2. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    Денеска цела ден на школо се молам да си дојдам дома. И бев продуктивна, отидов во библиотеката кога си одев. И не задоцнав на школо што е чудо по овој мраз, вчера одам и да не се задржав на некаде, имаше да си слетам убаво на мојот задник. И најајакото беше мојата фаца :swear: ај јас ретко таа фаца ја добивам.

    Денеска се слагам со песните многу убаво. А и со сонот. Проклета книга ,,Чекајќи го Годо" морам да ја прочитам а она досадна.... Само чекат и лафат, како 5 минутен разговор проширен во два чина. Се успав два пати од неа. И цел ден ми помина.

    Леле едвај го чекам зимскиот распуст, да се одморам, да си седам по ќебе и да си гледам филмови и да се смеам. Сум ја заслушала песната а во главата си се дерам, минујте денови, минујте :D
    https://www.youtube.com/watch?v=o7MhpFF1vv0
     
  3. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.463
    Допаѓања:
    143.988
    Едвај помина 9, а денес тооолку многу направив, и тооолку многу не направив :D

    Бев на работа 11 часа, возев над 350 км, го поминав плетвар без око да ми трепне и пиев кафе во најладниот град во Македонија во најладниот ден до сега оваа година :)

    Стигнав и на прославата од работа, испив 4 мали вина, се очукав, ги легнав децата, исполнив брачни должности, и се тоа во 14 часа... штотуку помина 9, а јас сум сама и весела, со мисла дали да правам пинат батр чоколит чип банана бред или греано вино со каранфчилче, цимет и коријандер.
    Боже, во каква зен фаза сум во толку лудо време, а сите околу мене збудалени од работа и нервози... И не, не проверувам мејл. Нема да ми пратат пациент за операција по мејл, а се друго може да почека.

    Луѓе, 30-те години се најубави. Да ми кажеше некој ќе тврдев упорно дека лаже, љубоморен на сите што се во 20-те. Ама не, има некоја мудрост собрана во нив, остаток од свежината во 20-те, и економска стабилност што ја немаше во 20-те... ок де, ја имаше 2001-2004, признавам, ама друго е кога ќе ја изгубиш, па после повеќе ја цениш! Во 30-те имаш изграден стил, знаеш што сакаш и се трудиш да го добиеш.

    Сепак, има и нешта ко не можеш да ги имаш... и не можеш да ги добиеш. А кога ќе научиш да живееш со тоа, е тогаш можеш да кажеш дека си зрел како бостан во август.
     
    На Roxanne, Trnche, Buttterfly и 32 други им се допаѓа ова.
  4. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК...



    Ова повторно е потврдено денеска, по не знам кој пат.. ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На srcekrsacka, Elennaa, anabel-a и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Единствена корисна работа кај гелните нокти е што не мораш секој ден да се мислиш за лакот (бидејќи нели многу ни се квалитетни денешниве лакови па откако ќе ставиш лак доволно е да си ги измиеш рацете за истиот да го снема).
    Како саката сум, де наваму де натаму... Ми рекоа, Ама ти нешто не си во ред периодов, ма да ви кажам, надвор е минус ама мене љубовта ме грее како да сум ги платила сите сметки за греење унапред. Нема зима, барем не засега :) :)
    Сакам сите да сте среќни, навистина, кој сака нека верува во ова!
     
    На kravce, tweety26, ilipili и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.524
    Ооооо зошто, ооо зошто уште има реклами кои новогодишната прослава ја именуваат како најлудата ноќ? :headbang:
     
    На Roxanne, Serafima и mims-89 им се допаѓа ова.
  7. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Денеска мајка ми ме нарече кобила.Причината беше едноставна,не појдов на школо се успав, наместо во 7 станав во 11,е добро де се дешава ова мие втор пат да не одам на школо -.-
    Плус имав и причина за успивањето, вечерта го чекав бољерот да се стопли па си легнав касно.Покасно не можеше и да биди,ама јбг никој не ти верува ама имаше исход од седењето дома, научив да приготвувам пудинг звучи смешно,ама јас сум од тие што не знаат да приготват ни супа.Кога се вратив сите чинички беа празни едвај чекам да се вратат да ги прашам дали му се допадна мојот пудинг :?: Следниот пат ќе експериментирам, ке изрендам бисквити кокос и ке му дадам поубав шмек ;)
    Исто сакам да кажам дека денешниве лакови за нокти се катастрофа,денес се лакираш утре веќе не си ги препознаваш ноктите дека се твои :shake: зборувам за лаковиве до 50 денари за другите не ни можам да си дозволам.Ама и проблемот со моите нокти ќе биде решен си ставам типсови следната недела по повод Новата година,(иако незнам каде ќе одам)е сега ќе биди иронија ако одиме на викендица во некое село -.- Другаркиве ќе си одат Охрид, си седам си чутам и ги слушам абе блазесиви,а јас заљубенава со момчето оф мајко
    Ајде ајде Облак е ќе претера
    Пс:Многу често ме мачи прашањето каде на факултет |(
     
    На Roxanne, pamelche и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    СДК ... кога се чекираш на ФБ цело време од каде стигнеш, последно се чекираш од болница ... :x
     
  9. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    А што се секираш? Од недела температурите ќе се покачат, нема да е олку студено.
     
    На butterfly33 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Што да кажам, сто пати дојдов на темава и сфатив дека всушност и немам ништо убаво да кажам. Лош е периодов, фаќа некоја треска, колективно променливо расположение и терминални одлуки.
    Јас, никогаш не сум била порешителна за крај од тоа што сум сега. И кога за прв пат се чувствувам така сигурно, не можам да најдам погоден момент. Си велам, секој момент е погоден кога сум толку решена, ама после се, се присеќам дека сакам да бидам човек и да ја гледам и другата страна. Тешко е кога некој од никаде ќе те повреди, го знам тоа и не сакам а и не можам да го направам на некој друг. Ако веќе мора да боли, барем да биде што е можно помалку болно.
    Знаете, многу долги реченици со многу запирки, на крај испаѓаат реченици што не можеш да ги разбереш. Така е и со врските. Ако доволно долго кочиш и одложуваш некоја работа, на крај сам се наоѓаш во несознание.
    Не се опишува колку е мирно, летаргично, а сепак се чувствувам изнемоштено, некоја прикриена бура. Сакам да гледам отсјај на снег на полна месечина од некое мало ридче, и светкави кристали на борови, и сенки од оган, сакам одмор проклето многу.
    Моментално, не сум никаде. Огромна раскрсница, а јас упорно си стојам во центарот.
     
    На bittersweet, L-enna, Serafima и 4 други им се допаѓа ова.
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Не убав период. Не ми се допаѓа тоа воопшто. Јез да, не оти имам многу време да размислувам ама пак. Знаете дека ме фатил лош период кога ќе го опцујам снегот што инаку многу го сакам.
    Се ме нервира, апсолутно се. Напоменувам, фрштам негативна енергија... а пак, позитивна сум околу суштествата во мојов живот со цел да не ги повредам.... а дали по ѓаволите некој помислил еј чекај да се контролирам и јас малку да не ја повредам мече, жими га*ов... па нормално, потешко е вака, потешко е да собираш во себе за да не наштетиш на некој. Поарно раздери се на некој за без врска АУ БАУ ШТО Е ОВА КАКО Е ОВА ДРН ДРН ДРН и олесни се, а не сама да се соочуваш. Уф ми иде да лупнам некој, не некој, туку него... да му ја треснам една па да го гушнам и да се изнаплачам... ќе експлодирам. Ме нервираат луѓето што се бунат зошто шоферот во автобус не уклучил парно, ко демек до вчера се возевме во подвижни сауни... па од ладно влегуваат со десет блузи на нив во претопло таман се возат половина час доволно колку да се запотат и да ти го иритираат носот, ме нервираат сите суштества што работат во студентска служба, ме нервираат комшии, луѓе, родители, пријатели, колеги што само се плеткаат, си прават триста злоби позади грбовите, ама не викам не, забавно е само да седиш да гледаш и да се чудиш, ме нервираат планови за нова година, ме нервираат луѓе што не разбираат, ме енрвира неодговорност, ме нервираат роднини со без врска прашања, ме нервираат што годе без врска коментари, ме нервира ужасно кога луѓето ми каснат на закажано, ме нервира кога на телефон додека збори некој со мене си зборува плус со уште некој, ме нервира глумење лудило, ме нервира дерење без врска, што е ако се дере некој мисли се уплашив, еве готово нема проблем, ме нервираат луѓе без некој општ план, ме нервира апсолутно се да се врши во 5 до 12, ме нервира скапата струја, ме нервираат ладни стапала, ме нервира тој што ги оправа работите а уствари толакво тенџере е што не е ни свесен колку ги дорасипува, ме нервира ароганција, непотребен сарказам, ме нервира кога некој не може една реченица да сврзе, ме нервира кога луѓето ги филуваат работите... леле се ме нервира поготово кога некој ЌЕ МИ СПУШТИ СЛУШАЛКА. И што е уште нешто најнервирачко во животот? Кога апсолутно ништо не си сторил чист си како солзиче, а некој ти го става над глава чувството на вина толку поштено што не знаеш дали да му се восхитуваш или сериозно да го акнеш од цименто.
    И да, ако се прашувате од каде ми потекнува нервозава немам добиено можеби 8 месеци. Веќе прекинав да бројам! Само се чувствувам како огромно буре, уште малку ќе се тркалам наоколу, плус се чувствувам како темпирана бомба... ау.
    Уште утре ќе биде скапан ден со обврски и полагања(за кои по некое чудо земав учев), ќе го трпам и чичко гинеколог паметниот утре, ок, не велам дека не е паметен, ама не мора да те прави да се чувствуваш толку глупаво... и пак ќе ми рече мече бирај дрн дрн дрн и тој ќе ме нервира, што да бирам бре одбран еден, и така на крај по негово ќе биде, ќе си се клуцкам пак секој ден со бомбоните негови хормонски. Ужас ме фаќа ужас. Ама реков не се замарам, и не се замарав, до завчера, додека не дојде глупавиов бран негативност. Сега, за секоја ситница се замарам.
    Дај бре, нешто нека тргне нагоре, да не кревам раце од животот... или се е уау, или се оди фиууу во неповрат.
    Налет.
    Тоа сакав да кажам за денес. Со извинение на негативноста и лошите зборови. Уште утре, после пуштам мозок на пасење и ќе се заборавам од гледање серии.
    Оооо да! :whew: Уф ми олесна да ви кажам право :lol:
     
    На bittersweet, anabel-a, Moira и 12 други им се допаѓа ова.
  13. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.635
    Дали има нешто поубаво од чаша топло млеко пред спиење?
    Има.
    Топло млеко + мед. :wasntme:

    Ајт, живели.. :drunk:

    [​IMG]
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.463
    Допаѓања:
    143.988
    ^ А уште ако додадеш краш експрес и цимет... отидов да направам!
     
    На srcekrsacka, La.Reina.Del.Sur и DzingrlakaDzikica им се допаѓа ова.
  15. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ух.Денес исполнет и смрзнат ден.

    Во школо отидов од 3ти час.Ме израдуваа со веста дека утре сум ослободена од настава ради натпреварот во сабота.Дојдов,само оставив ранецот,отидов со мајка ми во Бисер да пробувам фармерки.Се вратив,само земав марама и отидов во ГТЦ со другарка.Во ДМ си направивме шопинг,па потоа во МекДоналдс на капучино.Се вратив дома преморена.Ми ѕвони на телефон најдобрата другарка ме вика за надвор.Ајде,за пола саат.Искачам-надвор кочан.Мислам се замрзнав.Се прошлајавме едно саат време низ Аеродром и си дојдов дома.Таман си помислив ќе се одморам-ајде кај баба ми да одиме.Ајде и таму бев :D
    И сега се уклучувам на фемина и на фејсбук малку,пошто не можам веќе да мрдам :rofl:.

    А вие феминки,иако надвор е студено,имајте убава и топла вечер,полна со среќа и љубов.


    http://www.youtube.com/watch?v=ErvgV4P6Fzc

    Ве гушка СвитЧајлд :hug: :hug: :hug:
     
    На CharmedGirl, Katerinceee, rosebush и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Сноу те поштувам како форумски лик :hai: , знаеш да прифатиш и шала и критика и си ми помогнала некогаш... Ама што после мори дејче, што после?

    Уживај, една е младоста, бега и не се враќа. Цел живот ќе бидеш тоа што си напишала на сликата. (бтв ис каминг бек). Дечкото ќе си дојде, ќе се земете, знам човекот во години за брак е. Не се брзај, се во свое време. И нема потреба за солзи и плачење, не е за умирачка работава.

    Ела еднаш со мене да те носам да маваме текили и да шмекаме фраери, еднаш сме млади, ќе пишуваш после, Сноу како плаче по текила. :D

    Поздрав и секое добро, не ме сфаќај погрешно ама ич, се е со најдобра намера кажано. :D

    И ај да не бидам офтопик, ама надвор -13, а јас внатре по кратки. Богати, као Европјанке сме со парново. :D
     
    На Mishela, bittersweet, CIA и 14 други им се допаѓа ова.
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Одамна не сум видела волку слатко видео! Мјаууууууууууууууууууууу!


    http://youtu.be/2sVoNtdT6zQ
     
  18. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Над кафе муабети во некоја тема коментирал некој Фемин или Феминка по име космодикс.
    А ја таман се издравував ќе има кај да се лигавам дека носам космодиск и дека патам од кичма.
    Пу, тоа уствари мене уште едни ночари ми требале.. :D
     
  19. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК вчера не се разочарав. :D Прв пат надвор од гужви заедно и се покажа како вистински каваљер и КОНЕЧНО некој што не ме гледа само како ТЕЛО. Денес дури само што отвори очи ми се јавиииии :$ Се осеќам ко средношколка у пубертет сеа. :D
     
    На Katerinceee и Doozy им се допаѓа ова.
  20. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Ајде да си купиме карти до непознат град. Да го освоиме. Да бидеме странци и да се запознаеме пак. Да се сликаме. Да го наречеме наш. Да сонуваме на улица. Гушнати.
    Ајде да облечеме исти маици и да викаме дека сме брат и сестра. Да се тепаме како брат и сестра. Да ми истуриш чаша сок врз новата маица. Јас да беснеам, ти да се кикотиш. Па да се бркаме. Да се возиме на рингишпил. Да се гаѓаме со пуканки. Да ми ја бушавиш косата, а јас да те спречувам.
    Ајде да одиме на концерт на непознат изведувач и да се трескаме од земја како да ни е омилен на двајцата. Да му покажеме на светот дека вкусовите се менуваат.
    Ајде да одиме кај езерото на полноќ. да се бањаме. Да врискаме од студ. Да се грееме со телата.
    Ајде да дуваме глуварчиња, да станеме глуви за лошите луѓе. И да пееме на цел глас.
    Ајде да јадеме сладолед со раце и цели да се измачкаме.
    Ајде да учиме да скијаме. Да паѓаме и да не не боли. Да се смееме.
    Ајде да ги прекршиме правилата и да им се радуваме на казните. Да замислиме дека е Нова Година и само ние да ја славиме.
    Ајде да избегаме од реалноста, трчајќи, фатени за раце. Па да јаваме на зебри, да летаме до ѕвездите, да преспиеме на месечината. Никој да не знае каде сме. Па да напишеме горе во универзумот дека вечно ќе се сакаме и само таму да стојат доказите.
    Ајде да се вратиме во нашиот град. Да си ги смениме броевите и да не ги размениме новите за да не си ѕвониме беспотребно. Да се наоѓаме случајно. Да ја предизвикуваме судбината.
    Ајде да не бидеме досадни. Да се сакаме по нашки.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.