[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Братчето видело како некое кутре со удрено ноџе седи на снегот, го зел и го ставил во кутија и го ставил кај шупата кај што ги чуваме дрвата. Сабајле го однесовме и му ставија гипс. Ојјј срце мори какво е,си седи сега покриено со една стара дуксерица на брат ми си се гали. :)
    Срцето ми е исполнето кога му ги гледам очињата , некако како да сака да ни каже „Благодарам,чувајте ме,ми се допаѓа млекото...“ Ојјјј :inlove: :inlove:
    Добар човек е овој мојот брат,а и бога ми многу убав :!:

    Друго...Денес на 13 ти , па и ме седнаа на 13 ти компјутер и ај полагај електронски тестови. Од сите 35о научени прашања, мене среќлијата ми се погодија околу 10тина. А другите , боужеееее :?: :sweat: Мисли ,мисли абе не ја биват. Тувкај се , клик ваму,клик таму и ајт стискам заврши го тестот и си станувам лепо фино,фала пријатно да си одам разочарана. Кога од онаму ми вика старецот, „Моме стисни уште на ДА и види си го резултатот“ И јас у фазон на „Пуффффф шит“ одам колку да го испоштувам стискам ДА и гледам ИспИТот е ПОЛОЖЕН. Боже Господи. :geek: И си збирам парталите,шал,капа,ракавици,се опашувам и го вклучувам телефонот и гледам 13 часот. Пу бе мајката шо 13ти ќе беше денес.

    И то...Фала му на Дедо Мраз за кутрето , за тоа што сум шофериште невидено и се надевам дека ќе ми ја исполни и другата желба-Плакарот на кучката Оливиа Палермо заедно со нејзиниот фраерски дечко.Уфффф
     
    На crazylady, zhap4e, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    СДК.... :o:
     

    Прикачени фајлови:

    На Loritaa, anggell, Adi888 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Надвор е толку ладно што дури и пингвините крдат јакни за да преживеат :x

    Дома сум,тоа е најважно.Мирис на топлина,звук на убави работи.Топли срца,искрени желби и планови за иднината.
    Кажете што сакате,ама нема ништо по убаво од огинот кој гори,од звукот на дрвата кои пукаат во ќумбето..
    Полно ми е срцето,тоа е и најважно.
    Пред мене колоквиуми,се охрабрувам себе си дека ќе успеам се да научам,со оглед на фактот дека ме дрма еуфорија.

    Исполнета сум од муабет со луѓе кои ме прават среќна,и во чија близина се чувствувам убаво.Незнам зошто ова не го применував и пред неколку години.Изгледа ми требаше време за да сфатам..

    Колку ми е само жал за сите бездомници на кои најголем непријател им е ова студено време.Жал ми е за сите стари науштени луѓе кои се оставени сами на себе,за сите деца,за сите оние на кои животот им приредил голема неправда.

    Се препуштам на убава музика,и на патување со мислите.
     
    На anabel-a, kravce, tweety26 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Моментот кога сестра ти ќе ти рече: Почна да го запоставуваш факултетот, поради дечко ти.
    |(

    Она? Она се најде да ми зборе дека го запоставувам факултетот? Она што на колоквиум ваде по 7-8 поени, за разлика од моите 15-16 поени. :fubar:

    Е, не знам што да кажам. :|
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Извини морав, знам дека си пресреќна и се, не знам зошто повторно и повторно нагласуваш, мислам дека и затоа неколку феминки веќе ти реплицираа, како и да е ти посакувам многу среќа, пробај самата да си уживаш во среќата во врска со доаѓањето на твојот дечко и се, не знам што би ти придонело ако 3284309284 во толку теми го постираш истото..
     

    Прикачени фајлови:

    На Neytiri, Lov3 и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    Извинете ме, ама јас сум малку шарена.
    Официјално сум слободна како пиле подлитарче. Имам слобода ама летањето е енос пред мене.
    Малку ме расплакаа некои колешки и колеги драги на срце, ама почна да се точи вино, ветувања дека ќе останеме во контакт, ама нема, оти така си е тоа. Етапа завршена. Освен за две девојки кои си ги запознав тука, фала на фирма што ги најде и ми ги стави пред очи, најдобрите момички, најискрените другарки во последниве години, кои ме снимаа како играм на паркинг на песната party rock LMFAO и што никогаш не им текна да ме стават на јутуб, тоа се моите две срцки. Не читате тука срцки, сестрички мои, ама знам дека ме разбирате, за вас и јас ќе одам до крајот на земјата, и да, и кога сум трезна тоа би :D
     
    На bittersweet, NoellePage, zhap4e и 9 други им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.557
    Допаѓања:
    289.405
    Ги читам темине за бременост и совети поврзани со таа тематика и си се смеам.

    Не им се смеам на девојчињата де, тука на паметов мој :rofl:
    Пред едно 15 год. и јас мислев дека сум втората дева Марија па од водата од чешмата нешто да не се фатило.
    :!: Стомакот чудно ми дишеше и чукаше.

    Јас стварно сваќам колку е реален проблемот од другата перспектива :rofl:

    Едно време и точак не возев (причините да не ги кажувам на децана параноја да не им правам, па да не навалат во гореспоменатите теми) :rofl: :rofl: :rofl:

    Убави времиња море беа.
    Наивни, искрени и баш детски.
     
    На crazylady, Moira, Serafima и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски

    Хахах ај пиши Сноу,после ќе знам испробани работи за децата,за домот и слично,секако и од остантатите што веќе пишуваат во тие теми.

    Јас што да кажам,не пишувам периодов многу пошто сум нервозна и несакам да ви расипувам расположение...И тоа се нервирам за работи што не би требало,ама што да правам,таква сум...

    Ај,можда ќе ми се подобри расположението.Имајте убава вечер :)
     
  9. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.305
    Пол:
    Женски
    Сдк мене од љубов не ми се иде на спиење.

    Убаво ми е вака.
    ајде на подобро...псст.


    Значи еден збор може да промене многу, многу години и замисли.
     
    На ines.h, crazylady, Moira и 7 други им се допаѓа ова.
  10. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Знаете што ми е уште чудно?
    Тоа што се уште се немам утепано на мразов :^).
    Обично си знам на вакво време да си паѓам кај што стигнам, ама годинава нешто отишло у погрешна насока. Штета бе, таман се опремив со штитници. И да, ги носам најрамните чизми некогаш (не)направени за снег! Леле, ѕвер! Пу, пу, да не се подречам :D.

    Денеска по стоти пат се уверив колку само сме плитки и површни ние луѓето.
    Како само еден однос спрема некого се менува од корен (буквално од корен) - кога знаеш дека имаш некаква корист од него. Лошо ми е од ваквите, а приморана сум да ги гледам постојано околу мене. Исклиширано до бескрај, ама проклето многу точно!

    * * *

    Периодов сретнувам многу чудни особи, што ме тераат самата себе да се преиспитам на моменти.
    Луѓе, што да правиш... Чудни с(м)е.


    А да знаете јас како би изела сега едно парче тортааааа.
    Т.е не, цела чоколада Шогетен или една Најљепше жеље со бисквити!
    Ама кога ќе размислам убаво, тост ми се јаде со многу кашкавал!

    http://www.youtube.com/watch?v=_dMWRT73GyQ

    Ја слушнав сабајлево во автобус и цел ден ми се вртеше во глава.
    Па, и држи водичка текстов :D.
     
    На bittersweet, Doozy, teddybear и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    И колку и да не признаваат, сепак мислам дека луѓето се по реални на форумов отколку во живо. Не дека се фејк во реалноста, туку сите сакаме да останеме силни пред другите, та тука си кажуваме се што ни лежи.
    Јас, јас 90% од работиве што тука ги пишувам во реалниов свет ги премолчувам. Тоа не ме прави фејк или лицемерна, него боље да ме читаат 50 000 и сепак никој да не знае што ми се случува отколку да се искажам на една личност и цел свет со брзината на светлината да ме разбере.
    Едино, давам комплименти на женски и во живо, и тука да :) Не премолчувам кога некоја ми е убава така, или па за инает да и барам мана кога има толку доблести :)

    И сите вие што сте спремни да помогнете тука, виртуелно, кога би се однесувале и во овој реален свет така, сите би биле среќни. Но, околностите се поинакви, затоа и ние сме поинакви...

    Како во Африка, бори се да преживееш, колку си по тивок и незабележлив, лавот нема да те демне.
    И мило ми е, навистина 90% од членовите се мили и добродушни, и не поради тоа што се анонимни, туку тоа им е скриено длабоко во душата, сигурна сум!

    А мене, мене фемина ми е дневник, дневник кој секој го чита а никој не знае ништо! :)
     
    На bittersweet, K.Mari4ka, Stoimenovska и 21 други им се допаѓа ова.
  12. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Зошто животот е толку неправеден? Зошто понекогаш толку боли?

    Или сепак не..
    Дали неправеден го прават луѓето кои се присутни во мојот живот..или можеби не.
    Имам искусено многу работи,можеби и премногу за една 17 годишна девојка,но сепак, не е доволно за да не бидам повторно повредена.

    Мојот живот го сочинуваат многу луѓе,вредни,некои повеќе,некои помалку.
    Но сепак, склони кон љубомората и желбата да ми ја уништат среќата.
    Семејството..
    Да, тоа се луѓето кои ми значат најмногу во животот. Сестрами,мајками..

    Иако многу пати претрпувам болни зборови од нивна страна,знам дека не го прават тоа со лоша намера.
    Не сум силна.. ноките ги поминувам со тивко плачење.
    Можеби затоа што сум најмала, или пак , мислат дека не сфаќам некои работи, и дека сето тоа ме повредува.
    Можеби само од невнимателност.

    А пријатели..Се прашувам дали воопшто постојат..
    Можеби да,но ретки се. Тоа се само еден куп лицемерни личности.
    Да и јас сум. И само затоа што во никој немам доверба. Немам доворба некому да му кажам што чувствувам,и сето тоа, вешто го сокривам зад насмевката.

    Се плашам некому да му се доверам,ќе бидам изневерена,изиграна и повредена.
    Понекогаш добивам потсмев затоа што почесто сум сама.
    А зошто?! Дали некој ја знае мојата душа?!
    Дали некој знае дека сеуште не сум заздравила.
    Знае ли некој колку плачев последниот пат кога бев повредена?!
    - НЕ, затоа што и тоа вешто го сокрив зад насмевката.
    И затоа.. сите мислат дека сум ладна бесчувствителна кучка.
    Понекогаш сакам да кажам некому.
    Да викам со сиот глас, но пак се наоѓам во ѕидовите на тишината,никој незнае дека пишувам.
    Пишувам овде, ја воденам тастатурата со солзи.
    Немам каде..Немам на кого.
     
    На Serafima, Lov3, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.754
    Допаѓања:
    17.717
    Зошто секогаш гледам да им удоволам на другите, било тоа мене да ми одговара или не?
    Зашо дома толку ме нејќат, или покажуваат тоооооолку маалку љубов спрема мене?
    Зошто за се што се скрше, снема, испие, изеде прв „осомничен“ сум јас?
    Зошто имам толку слаби нерви, на секој повишен тон се тресам?
    Зошто брат ми ја има таа голема омраза кон мене?
    Зошто јас сум таа што секој ден се крие и плаче?
    Зошто немам поддршка од моите за ништо?
    Зошто плачам што го пишувам ова?
    Зошто сум толкаво ѓубре?
    Зошто...?
     
    На Stoimenovska, Serafima, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Мислам дека некои луѓе треба да се вратат во 2 или 3 одделение, да научат каде се употребува запирка а каде точка.
    И не, не мислам на тоа :
    " Ставам запирка на места каде што одамна требаше да ставам точка " - туку мислам за правописот. Кога ќе прочитам некоја безсмислена реченица ми се повраќа. Една запирка може многу да смени.
    :!: :x
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.769
    Љубена, за тебе би преминал 9 планини, би препливал 7 мориња и би се борел со 10 лавови...
    Се гледаме утре вечер ако не е грч ладно.

    Денешните "фраеришта".
    Секоја чест за исклучоците кои иако се ретки, сепак ги има. :)
     
    На tweety26, Libera и Lov3 им се допаѓа ова.
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    На овој ден пред 21 година , 4 месеци после независноста на Македонија се роди Дете Јипман


    Ех колку работи и случки сум доживеал , колку сум проживеал , некој лесно некој тешко а уште колку имам да доживеам тоа е чудо

    Али најважното

    Колку колачи , торти , разни салати , разни јадења има да се инакркам кога ќе отидат гостите ... има после 5 дена на кеј да ги трчам да искочи сето тоа од мене

    Ај нека е среќен ....


    Живели
    [​IMG]
     
    На lolyta777, Buttterfly, FortuneTeller.xD и 38 други им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Само да се надоврзам на овој дел од тоа што го кажа, а мислам конкретно за во релноста, кога сите луѓе би си помагале едни на други, кога би знаеле да почитуваат, сакаат, ценат, тогаш би било рај на земјава.Но, некако луѓето си дозволуваат лошо да направат некому и постојано тоа го прават, за тоа размислуват, не за убавото, доброто, а сите го бараат второто.Како ќе го најдат и добијат ако прво тие самите не направат нешто добро? Околностите ги создаваат тие со својот начин на однесување и затоа е тоа така.Едноставно не внимаваат на тоа што тие прават, она што е лошо, го сметаат за добро.Не разбирам, зошто се бараат нешта кои и самите луѓе не ги дозволуваат, па истите добри непта, за нив веќе не постојат? Па каде би требало да ги бараат? Човек и на крајот на светот да отиде, ако е лош во душата и таму ќе биде, тоа со себе го носи, секаде.Како тоа знаат најблиските да ги сакаат, да милуваат да се добри спрема нив, а незнаат спрема туѓинци? И после да ти немало луѓе....Некои работи во животот за човек да ги има, треба истите да ги заслужи.Апстракција е можеби човек да го бара во себе си доброто и лошото, но суштински од него потекнуваат, а што ќе владее во неговата душа, од него зависи кое од тие две ќе го стави на престолот.И можеби е смешно сето ова, но воопшто не е, толку е сериозно да човек и треба да се подзамисли.А џабе е ако истото не се разбере, нит книги, нит личности како Тоше, нит ништо нема да помогне, се додека човек не научи, а ко ќе научи, тогаш ќе му биде сосема јасно за се.Ама здравје, животот знае да биде згоден и незгоден, па и да сакал и да не сакал човек, ќе нема каде и ќе мора го смени погледот на сите тие нешта, кои претходно поинаку ги гледал и разбирал.Се во свое време.
     
    На bittersweet, ilipili, Serafima и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Today is the day. Е баш така. :inlove: :) :tmi: 8) :devil: :*
     
  19. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    12.269
    Не сакам да бидам девојката која постојано е дома, учи, и нема социјален живот, не сакам да бидам девојката која постојано е излезена, се враќа во 3 по полноќ и ги прескокнува предавањата наредниот ден.
    Не сакам да бидам девојката која постојано излегува со другарките, не сакам да бидам девојката која постојано излегува со дечкото.
    Не сакам да бидам девојката која многу зборува, ниту онаа која постојано молчи.
    Не сакам да бидам онаа што секогаш прва стигнува, ниту пак онаа што секогаш доцни.
    Не сакам постојано да работам, да немам време да земам здив, а од друга страна пак сакам да бидам активна и се мразам кога легачам и не правам ништо.

    Баланс и како да се постигне. Како да ми е прекраток животов за сите мои амбиции, а секогаш почнувам од утре. Како да научам нешто повеќе за балансот бе, имаше тоа на Економски? А да, нешто најново - многу ме заинтересира смерот Маркетинг на Економски и сега сакам и на тоа да се запишам :rofl: Неарна :geek: Ај до утре ќе ми помине :D
     
    На 2036, MandyLane, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  20. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    СДК дека само на мене може да ми текне во 1:30 да учам економика
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.