[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.150
    Допаѓања:
    1.050
    Не ми се верува на што бев сведок денес-на кражба на куче!
    Кучето беше малечко,од расата хаски или маламут(не ги препознавам овие две).
    Бев на доктор денес,и си стојам јас пред ординација и типот си се врткаше тука и помислив дека и тој чека за на доктор.Одеднаш го снема и само слушнав цивкање на куче и типот трчи со скриено куче во јакната.
    И жената која беше сопственичка веднаш излезе но неуспеа ништо да направи.Го нема!

    Не ми се верува до кај дојде светот :x До крадење на животни,најверојатно за подоцна да го продаде и да земе пари за дрога.И како го направи тоа професионално(сигурно не му е прв пат),воопшто да не забележам дека се спрема да направи нешто.
    Ваква бев :o па ваква :@

    Се чувствувам виновна што не го спасив кутрото куче :(
     
    На simonka93, Justice и Serafima им се допаѓа ова.
  2. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Обожавам кога сум во улога на детектив.Така силно ме влече тоа.Затоа и напнав со CSI игриве. :lol:
    Веќе некое време следам виртуелно една особа. :tmi: Обично не обрнувам внимание на лажни профили бидејќи не се ни замарам.Но овој случај ми беше малку чуден па морав да го испитам.
    Ме адна на фб некој тип и мене и моето семејство.Решив да го прифатам и од кај мене и од кај малата.Хмм прво си помислив ова мора да е некоја роднина со која не збориме.Ама за брзо време се предомислив.После си направив листа на осомничени и го пратев што како работи на неговиот профил,кое време се уклучува.И така посматрајќи си шкртнував некои од листата бидејќи мислам дека немаат врска со тоа.Го игнорирав некое време,заборавив на него.И денес ете трага и глас. :D
    Самиот и пишал на малава.Еден така чуден муабет- Здраво како си јас само да те поздравам.Слушам ќе имате зет! :^) :?:
    Зет а? Е тек сега ми стана јасно.Ова мора да се работи за сестра ми си реков.Земав пак пробуричкав кај него и дојдов до еден заклучок.Според мене е така и сигурна сум дека сум во право. :D
    Не е никој друг освен самиот дечко на сестра ми.Уште прв пат кога го запозна она со нас.Јас им реков на моите дека не е особа на која треба да и се верува.Да бидам појасна ми личеше на психопат некој,ама што да се прави поасален не може ни да одбере. |(
    Денес мама за прв пат рече-Абе знаеш што во право беше тогаш,овој стварно бил таков,вика гарант е тој.
    Знам мамо знам дека сум во право секогаш. :wasntme: А и сите докази упатуваат кон него. :D
    Кај луд па и глуп.Па кога правиш лажен барем обиди се да не се примети малку.Проѕирни финти дечко,само незнам она кога ќе ги сфати твоите игри ние што ги гледаме. :fubar:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    165.793
    Зошто ви ги гледам децата на темата за мода? Зошто читам теми за бебиња? Лилит легни си те молам!
    *оди да си го погали мачорот*
     
    На VayaConDios, antonina, Hipster и 7 други им се допаѓа ова.
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.287
    Пол:
    Женски
    СДК дека пак не можам да заспијам , аххх и еве си дремам тука пак ... или ке се борам со книгата до сабајле , и дека ми е мака што сум вампир , сакам да си станам рано утринско кафе да си пијам , а не во 1 , и секој ден така ќе си легнам рано и ништо пак исто :lol:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вчера вечерта размислував, анализирав :!:
    кога ке го погледнам типот од партија на слика во очи, има нешто во тие очи-ова звучи ко Гаволот во нив да го гледаш :D , навистина нешто лошо можеш да прочиташ, и размислував како можам да бидам толку глупава да ме привлече сета таа навидум негативна енергија во него а згора на се и хороскопскиот знак многу говори-Јарец да бегаш на страна од нив-особено од машките :!: а тетка ми најмалата е Јарец :lol: и не дека сум немала шанси да се запознаам и со други дечки- си решив да бидам сама до крајот на 2012 па нека биде што биде 8) пауза и од љубов, и од врски :P
    како можеше да запознаам ваква личност, и уште еден од главните на партијата да ми биде о Господе боже - не за џабе се вели дека од пишаното не се бега ама како што ми кажа еден психијатар-клучот е во ТЕБЕ, божем јас незнам |( како ти ке одиграш :!: затоа и се обидувам да не мислам на него, и се надевам дека настаните што следуваат ке бидат во моја корист и од вчера решив повеке да форсирам за работа-кога ке ми текне колку време ми останува да се повратам на студии :x тоа дека најважна во мојот живот сум
    ЈАС го сватив ама малку и финансиите ме кочат во реализација на моите планови(часови по танц, јога) се надевам дека ке биде подобро.
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк времето е многу убаво -17 абе убавини
     
    На srcekrsacka, Serafima и blond им се допаѓа ова.
  7. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Значи кога ќе влезам во темите Секс и Љубов, обавезно секој втор пост на нови феминки гласи „Ве молам помогнете... имав секс“
    |(
    Еми шо да ти помогниме?
    Шо да прајме?
    Не сме гледале што си правела, па да ти кажеме што се случило, ако ти незнаеш. Пу пу далеку од воајеризам. |(
    Си имала, сноси си ги последиците. Си требала да бидеш свесна и „учена“ што правиш.
    Незнаат како деца се прават, а знаат да легнат со некој. |(
    Па кога ќе видам, имала анален а прашува за бременост, ми се плаче, жими се.

    Убаво викам јас, абе дајте сексологија во школо една година барем. Нек се образоват дециве. (Само теорија нели и без домашни :!: )
    Оти вака пет минути слатко, цел живот татко работава.
    Па и наставницив биологија, нека не ги скокаат тие страници за телото на човекот. Оти незнаат сега јајници ни матка кај се наоѓа. Ни јајцоводите, ни мочен меур ништо...
    Очекувам наредно прашање.
    Ако имам див секс, можно ли е бубрезите да ми се одлепат?
    Можно, е можно и во матката да ти влезат, па џиновски гравчиња да родиш. |(

    И незнам што посабајле отидов во темиве. Се нанервирав по сабајле. |(
     
    На K.Mari4ka, LilBaby, mimiiiii и 8 други им се допаѓа ова.
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Куќата во која живеев до пред неколку години е ставена на продажба..
    Сигурно поради потрошените пари,сигурно поради тесна ситуација,сигурно поради немање на избор,сигурно или не таа ќе се продаде.
    Знаете,кога го дознав ова останав рамнодушна си помислив баш ми е гајле,што сакаат нека прават.Но изгледа не е така.Незнам дали сум во право ако кажам дека не ми е сеедно,ама изгледа сум.
    Во таа куќа имам премногу спомени.Таа куќа некогаш беше нашиот заеднички дом.На моменти имаше убавина и среќни моменти,другите моменти веќе ги имам кажано.

    Имав своја сопствена соба.Беше толку прекрсна.Моето мало царство.Таму многу ноќи бев среќна,многу ноќи бев и разочарана..
    Сега го чека својот нов сопственик.Се надевам ќе им убав живот,и нема да види ниту малку од она што го видов јас.
    Пак ќе кажам,не ми е сеедно.Ама кому му е гајле за тоа..

    Пак доаѓа бура во нашиот живот.Свесни сме дека ќе изгубиме уште еден член од семејството.Нема што да се направи бидејќи е дојдена до степен на хемотерапија..Остнатото веќе го знаете.
    И не,не мижам пред вистината,свесна сум и тоа премногу.
    Многу ја сакам,иако јас и таа никогаш неможеме да се погодиме во муабет,бидејќи секоја има свој сопствен инат..

    Го пијам првото кафе,и чекам повик од некого.Од било кого,потребна ми е дружба,потребен ми е муабет.
    Петок е,вечерва имаме дружба со кафана и црно вино.
    Колку да се случува нешто.
     
    На bittersweet, Noemi, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.
  9. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Женски јазик - "ТЕ МРАЗАМ!!!" = "Те сакам, ама ти си идиот!!!"
    Ние машките ова многу добро го разбираме,затоа е поубаво е девојката да те мрази отколку да те теши од типот ти си фин дечко,ке си најдеш некоја добра девојка,ако некоја тоа ми го каже одма знам дека нешто не е во ред со мене.
    јазикот на жените.

    За среќа, одвоивме дел од она што најчесто знаат тие да кажат и какво значење тоа всушност има, за да ви биде полесно и да можете да ги дешифрирате и разберете:

    1. Во четриесетите - има 49 години;
    2. Авантуристички дух - спиела со мнооогу мажи;
    3. Атлетска градба - нема гради;
    4. Просечен изглед - грд/а е;
    5. Преубава - патолошки лажливец;
    6. Заразно се смее - пие многу таблети;
    7. Емотивно урамнотежена - на лекови е;
    8. Феминистка - дебела е;
    9. Слободен дух - зависник;
    10. Забавна - напорна
    11. Либерална - мисли на "очајна";
    12. Отворена и екстравагантна - гласна и безобразна;
    13. Страствена - алкохоличар;
    14. Професионалец - кучка;
    15. Сака сродна душа - психопат.
     
  10. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Сонце не ме грее сонце каде си ти ... ;( Аман е времево значи ... Зимо те мразам свати,оди си побрзо и покачи малце температура жити се !! :(
     
  11. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Ако видите декој некој паѓа у некој необјасниво чуден стил, и бабиња и дедиња со четриножни колички застануваат да му помогнат, тоа сум јас. Се смејам сама на себе, кук ме боли, не знам како се извртев, ама кога видов дека старци кои едвај одат застанаа да ми помагаат, а и плус Швеѓанец си натерал да ти помогне на улица, значи страшно изгледало од страна. Ама кога станував размислив ако ги фатам дедево и бабава да станам, легнавме торјцата на земја буххаха..

    Туку цела ноќ седев будна гледав небото да се исчисти, да го видев метеорскиот дожд. И ништо! Мака ми е, ноќеска беше најинтезивен.
     
    На Buttterfly, VayaConDios, bittersweet и 19 други им се допаѓа ова.
  12. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК..Е многу ме нервира рекламата на Оne секогаш кога ќе дојдам на фемина |(
     
    На tweety26, anabel-a, AnaKarenina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Ма где сте бре људиииииииии,како сте?се спремате за Новогодишните празници?Ке биде весело знам :D
    Иако годинава не ми беше на почеток баш најдобра сепак ми завршува со неколку убави месеци на сите полиња.Чекам вести дека се породила моја блиска роднина но никако да ги добијам.Во исчекување сум :D
    Времето иако е студено ми годи.Уште тој да беше сега до мене и да ме стопли ке беше мераци :)
     
  14. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Ако по нешто годинава ми тргна на подобро тоа е состојбата со мене и мајка ми.
    Нема нешто поубаво од тоа да имаш убаво изграден однос со мајката,секое утро заедно да си пиете кафе и да си разговарате на смирен тон за се.Нема ништо подобро од тоа мајката да е и најдобар пријател на кој ќе можеш да му се довериш за сите тајни.Добро секаде има кавги,ама морам да кажам благодарна сум што нашите значително се намалија.
    Веројатно тоа се должи на моето џаболебарење дома, :D или пак на моето постепено созревање. :?: :lol:
    Добро па не сакам одма да созреам,има време,а и секогаш во мојата душа ќе постои тоа дете кое си го чувам во мене. :wasntme:
    Денес се чувствувам среќно,се чувствувам исполнето. :rofl: :wasntme:
     
    На Hipster, bittersweet, la-chicka и 9 други им се допаѓа ова.
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    Веќе не пијам :|
     
    На bittersweet, danichap, green.eyes и 9 други им се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.080
    Завиткана у ќебе со врел чај неможам да се стоплам и гнетам чипс со некој киселкаст сос и паралелно јадам парче торта :puke: не приметувам ништо од депресијава. Па не мораше и уште една личност сеа да ми се умеша у љубовниов многуаголник. И не можам да се контролирам бе, многу брзо возам, имам трема, не го слушам што ми збори, не гледам напред у него гледам од што ми е сладок :doh: Сигурна сум дека сака да ми ја плесне една. Не е можно толку забеган да ми е паметов па само нешто ново да му текнува секој ден. Уште пола саат ме дели од студот надвор, не ми се излагува од дома. Да немам работа ќе спијам и ќе лежам цел ден умотана со ќебиња и 6пара чорапи, не ги сфаќам луѓево што упорно излегуваат на времево, ма ни другарки ни дечко ни никој неможе да ме натера да искочам. Уствари може еден, ама среќа не му текнало да шетаме по ладново.
    Бидете паметни и седете си дома ако немате работа надвор.
     
    На bittersweet, ludoto19, anabel-a и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.426
    Пол:
    Женски
    Студено петочно утро и попладе, совршено за учење кога нема друго што да се прави, и кога имаш тон за учење, се убедуваш дека нема ништо друго да се прави :D
    И тамн се занесов, тамн поминав значаен број на страни и вниманието ми до одвлече благо тропкање на ламарината на прозорцот.
    Тропкаше едно две минути, без да се појави, и на крај конечно собра храброст и срамежливо ѕирна, прекрасен бел гулаб.
    И за прв пат, застана и стоеше мирно и ме гледаше во очи.
    Која убавина се и нежност ми се гулабиве, мили, мали плашливи и кревки.
    Но овој беше специфичен, чудно храбар и желен за внимание.
    И се согласи за една мини фотосесија, не сум видела до сега гулаб со толкава фотогеничност и желба за позирање :D
    Си се изнасликавеме, си се стопли во ќошот на прозорецот малку барем, и продолжи на друго место.
    Ако ви кажам дека ова ќе ми биде хајлатот на денот, ќе ме напраите забегана.
    И заврши забавата,сега бек над законите.
    Кога имаш за учење дури и со гулабите ќе почнам да се занимавам, ама па толку беше прекрасен што на неизбежно беше да не одвоиш 10тина минути на него...
    Ми доаѓаше дури да го отворам прозорецот и да му дадам малку лебче,и да го пуштам внатре
    Но набрзо ме напушти, веројатно му се здосадив :D
    Иаку кратка беше нашата средба, некако чудно ме разнежени, и ме инспирираше.
     
    На bittersweet, JuLleE, anabel-a и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.993
    Слушам Бастион, па Малком Мекларен, преведувам еден текст за дигитална книжевност, кој патем, сакам да го објавиме како стручен труд за припомош на катедрата кај што студирав, па чекам палци горе сега, ми смрзнуваат ноџињата, волнен чорап си владеам, мириса на гравче, петочно, рутини што ми ги јадат подочњаците, дланките во мирис на лотос, тато гледа серија и мрмори некој превод од англиско/руски, ја чекам мајка ми да цртаме на хамер елка за децата од нејзина паралелка и сево ова има смисла, зошто е убав петок.
    Надвор имам мачори блузери и кучаци џезери и свират некоја џукелска композиција, најискрена на свет. Капе живот, капка по капка, и прави вирови. Љубовта ми праќа некои линкови за тоа каде да одиме откако ќе ја земе колата. Зрзе, тоа е сонот и за двајцата. Мирно селце, манастир, сиренце и лепче, малку шетање, зеленила, и рајот е наш. Само да си дојде жив и здрав, да си ја прославиме Љубовта како што доликува! Утре одам на Чаршиски базар, да си купам торба од филцана волна, па со Лала ќе пиеме турско чајче на ќош. Даде ме договори во недела да кинџуриме елка, ќе си правиме лампиони и укравчиња, а веќе нарачавме и бои за стакло и ќе си ја уредуваме собава како да се случува нешто многу важно. Па и се случува. Откако двете се вработивме, забележувам како ни е мерак да си ги пицнуваме сите мали недоследности што со годините се збирале. Дали е тоа од обичен нов прекривач до полици за книги, ми значи што можам сега да си го обезбедам без да паѓа товарот на мама и тато. И убаво е што може и тоа да си го дозволиме.
    Среќа на врв на елка, ете така. И да отпатуваме сите со убав воз во 2013, тоа ми е желба за сите.
    Знаете дека малку ѓумбир, рендан, на врвче од лажица, кога ќе го ставите во тесто за милиброд, прави чуда? Вчера го смотавме со мајка ми, како плетенка, цел стан замириса на љубов и лезет. Минус 16 надвор, а во срце лава пуцкеста и пушта капки радост. Си сонувам со очи ширум отворени, онака баш како што непланирано може да биде.
    Си се прашувам како ли им е на сите ракавици што се губат,и едната останува кај сопственикот, а другата секогаш ја наоѓам падната по булевари. И студи ли?
    Па си мезам спомени низ фотографиите од албумите од 2003, свирките во Вулкан, долгата коса во кадрици со црвено и сиот блам поради фарбањето во две нијанси на бадем и оган портокалово, журките во Маврово и изгорениот помфрит, волците што демек ги слушавме и мирисот на BU зелениот, со сино капаче.
    Женичкиве организираат кино средба деновиве, во петок сум на Св. Никола кај колешка на гравче и ореви, посни кифлички и многу гушкање. И купивме вино и шарени ракавички, ќе биде тоа женска трач рубрика среде соба.
    И ве поздравувам со мојата денешна аура во музиката на Бастион и Ана Костовска. Ви го пуштам и линкот со мојот текст за нејзината песна Анушка, со кој објавивме публикација, а со Фиши отворивме еден мал блог, кој веќе не постои, ама овој текст сведочи за ентузијазмот.
    Убав ден имајте.
    http://maktmv.blogspot.com/2009/12/blog-post_28.html
     
    На anabel-a, Heleny, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    5.985
    Пол:
    Женски
    Нели најубаво прославена Нова Година, е со топло чоколадо, грицки..
    Тој, јас.. Јас со топлинки, со растурена коса и без шминка.
    Домашна атмосфера. Книги пред нас...
    Онака, посебна вечер само..
    Можеме да направиме една пауза од 11ипол-12ипол :) :)

    Да..
    Скроив убав план, а веројатно и вака ќе биде. Не за друго, него неможам да го поднесам КИЧОТ што го гледам секоја година на тој ден.
     
    На Anabelle, antonina, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  20. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Да ви кажам дека сум до толку фатална девојка шо возач на ЈСП, во преполн автобус почна да флертува со мене! :D
    Е сега, моментот е како почна да флертува со мене....ох болки се овоа - значи јас влегувам и да ја куцнам картата со 10 куцања, нешо ми заглави, и овој ми вика, девојкооО0оО0о со ваква фаца :wasntme: полека, нежно :wasntme: :) :) нежно, и една таква насмевка си ставил о мај гад :D Не можев значи а да не му се насмеам, ааааа фала фала, и како јас нежно ја ставам картата овој таква фаца направил, мислиш на втор дејт сме :D
    Оно гужва у автобус, а ние цепаме муабет ко два пензионера, и дури на сред возење, овој закочува нагло, сигурно збука го удрило, и се врти па и ми вика, види бе, заради една 200 грамска женска, шо се случи :D Сепак мислам дека тоа го кажа пошо до него стоев јас, нешто малку потешко од 200 грамско, а.к.а квалитетен повеќе кг свински бут :D
    Небитно, вожњата беше долга и жива.

    И решив да не си одам викендот.
    Ќе пишам семинарски цели вечери со слатки филмски паузи, додека дечко ми е 3 смена и после цел ден ќе се топлам со него, во него, врз него, сеедно :)
     
    На Sanniii, bittersweet, la-chicka и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.