[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. the-girl1

    the-girl1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.297
    Допаѓања:
    664
    СДК денес е петок..Многу сум среќна и конечно ќе се спасам од тоа учење..Ќе шетам денес цел дееннн! ЈЕЈЕЕЈ :D :D
     
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Мене ми е интересна рекламата, ме насмеа ко ја видов :D туку ми се сврте сајтот наопаку и се појави една девојка со главата надоле и косата и висеше, ми дојде смешно некако :D не очекував да се појави :D Уба е рекламата, фина :)
     
  3. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    сдк денес е петок сите се среќни а јас сум тажна и болна баш убаво нели ? :devil: :devil: :@ :@ :@ :envy: :envy: :@ :@
     
  4. Gorddana

    Gorddana Активен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2012
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    23
    Обожавам да се шетам,ама мразам ладно.Затоа иако е петок денес не излегувам од дома.
    Цел ден ќе сум сама,ама нема да ми биде досадно.Денес ке се занимавам со чистење на мојата соба и украсување.Ќе си направам разно разни убави украси за нг. :inlove: :)
     
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.232
    Допаѓања:
    125.080
    Едвај чекам да ја испратам годината .
    Чекам нова,со надеж дека ќе ми донесе среќа.Малку повеќе од сега.Џабе што лани секаде ги собрав паричките за Бадник,сите ми рекоа wow ептен среќна ќе бидеш,уствари да ,бев,се деси мојата венчавка,меѓутоа се друго што следуваше по неа..... :|

    Нова година,нови почетоци.

    Вчера купив еден куп лампиони и светкави тракатанци,и тоа не дека ме фати еуфорија,туку и сама незнам зошто.Решив да китам елка,иако секогаш ја критикував мајка ми што како малечко дете и се радуваше,со љубов ја китеше,и се чудеше како може да не се радуваме со сестра ми.

    Инаку,утрово го пробав највкусното кафе на цел свет.Чешко кафе :coffee: ,колку било само добро :mm:

    И веќе никој не сакам да ми се пожали дека се немало пари :devil: Се имало и те како! Од кај ги печалат само незнам :^) .Вчера во Џамбо,луѓето ги полнеа количките со украси,и тоа дури не гледаа што земаат само лагано си шетаа и буткаа внатре.Како да едвај чекаа да потрошат некој денар.Само јас шетав цел саат за да одберам бели и сребрести лампиони и бели сијалички.За мене 1000ката што ја дадов ми беше too much,а госпожата до мене и купи елен на ќерка си од 3000 ден,башка другите украси.Дечињата (патем ептен лигави),само си трчкаа -мамо сакам пушка,мамо кукла,тато робот,мамо мече.....се им беше удоволено......
    Потоа во Веро бев по сирење,јогурт и леб,абе дури срам да те фати.Сите со полни ќеси,ми се чини дека со гревче ме гледаа |(
     
    На ludoto19, anabel-a, Chica.Loca и 16 други им се допаѓа ова.
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    E уба и фина е еднаш да се преврти а сега е само БОРИНГ енд АНОИНГ |(
     
    На CharmedGirl, ludoto19, anabel-a и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Ами добро де, мене ми се допаѓа, само сакав да си кажам, незнам што е проблемот.
     
  8. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Мислам дека на ова ладно и пингвините ни завидуваат :)

    Тку,јас некако,лежерно,поспано и незаинтересирано терам низ денов.А знам дека ме чека долг и досаден викенд.Утрецел ден над книга,па едочасовна пауза за хип-хоп,па од недела пак над книга.Нареднава недела правам секој ден по еден тест.Ах,живот ^_^

    Школово се повеќе и повеќе ме нервира.И луѓето во него,и предметите...И се некако гледам да завршам со школо за да одам дома.Многу сум уморна оваа недела.Повеќе психички него физички.Најголемата мотивација неделава ја добив од инструкторкава по хип-хоп кога ни рече да не се грижиме за ништо,дека сеуште сме деца и да ги уживаме годиниве.Незнаеме што не чека на факултет :shake:
    Ах,отидов јас да ве читам вас,мене не ми се пишува :hai:
     
  9. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    сдк многу сум болна ... Леле денов ми е отепувачка .... Како Рудолф црвеното носе сум .... :lol: ХЕЛП.Па уште повеќе ме доутепува само коа ќе помислам дека е петок а јас треба да седам дома...
    Сега под итно си правам карамел,чај од јаболко и кромид (знам звучи :puke: ама многу помага :!: ),планински чај...),сакам до вечер колку толку да се опраам и ако не друго да му одам на љубовта дома и да му се вовлечам во кревет да ме стопли ...
     
  10. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Неблагодарен е давеникот кој во обид да го извадиш од живиот песок во кој тоне, упорно те бутка издигнувајќи се сосема сам на површина.

    Неблагодарен до таа крајност, што дури не се ни врти зад себе да погледне што ќе се случи со тебе.

    Не.. Не е прв пат да потонам во жив песок сакајќи да му подадам рака некому.
    Ќе тонам од наивност и ако ми е.. Таквите како мене заслужуваат да бидат проголтани за навек и бел ден да не видат.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    СДК дека секој ден е поубав со него, го користам секој миг за да му докажам дека го сакам и дека ми значи премногу :inlove:
     
    На Micheleljubov, srcekrsacka и Serafima им се допаѓа ова.
  12. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Од непланирано секогаш излегува подобро.
    Вчера од непендек си добив 1500 денари ,ко да знаеше некој дека имам фустан за купување.
    И денес си тргнав порано за на работа ,си го пробав и си го купив фустанчето.
    Ќе го ставам во модни критики да го видите. :)
     
    На Elenuskaa, crazylady, tweety26 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Обично превртувам со очи кога ќе наидам на клише фрази кои да признаам, и јас чат пат ги повторувам или кажувам.
    Како онаа - пази што посакуваш, затоа што ако го посакуваш доволно силно, најверојатно целиот универзум ќе направи тоа и да ти се оствари.
    И пази бре, има моменти кога она што го кажуваат луѓето навистина се исполнува.

    Годинава ми беше како амерички rollercoaster. Негативни вести, па позитивни, па пак негативни па позитивни. А се прашувам дали негативна вест е онаа која ти наговестува промена во животот?
    Оп, уште една клише фраза - секој крај е всушност нов почеток. И оп по втор пат, навистина е така!
    Промените всушност и не се така лоши а јас каква што сум, на секоја негативност гледам или барем се трудам да гледам позитивно. Не секогаш рипав ниту имав причина да рипам до таван, ама знам дека точно е едно - не може нон стоп да ти е гомце животот исто како што не може нон стоп да ти е убаво. Секогаш мора нешто да се смени. Кон поарно или кон полошо, и се така. Кога не би било така, не би било ниту интересно нели? Мислам, здодевно е да јадеш кавиар секој ден нели?

    Денес повторно добив одлични вести и не можам да ви опишам колку се радувам! Сериозно си заиграв, си затресов на 2 минути со дупето и си реков, ЈЕС! Па потоа седнав да се смирам и си велам, да се сонува и не е така лошо бре. А да признаам во последно време се сомневам да не сум станала вештерка, затоа што, што и да замислев се остваруваше за некое време. На кого и да се сетев, го среќавав за релативно кратко време.

    Сакам да кажам, дечки колку и да ви е лошо, и неубаво, и си велите дека нема надеж, потрудете се мозочето да го раздрмате и од последната заборавена вијуга да извадите барем една позитивна мисла. Навистина функционира. Всушност со кукумјавчење никогаш ништо не се постигнувало, ниту ќе се постигне. Испразни си ја душичката ако ти дојде и преземи повторно нешто за да го промениш тоа кое не ти се допаѓа.

    Денес сум вистински среќна затоа што животов ме учи постојано дека кога врне, мора еден ден да огрее сонце, и обратно. Ме учи да ги примам позитивно сите промени.

    Не можам да кажам што точно ми се случи и не ни сакам, ама знам дека кон крајот на годинава ако осетите земјотрес, има јас да го предизвикам. Ќе славам Нова година ко никад! А 13 е мојот среќен број, сум ви кажала ли? ;)

    2013, со душа те очекувам! Ајмо тројчиња мои, ајмо.

    Лелеј, стварно се радувам бре! :D
     
    На Ariel, bittersweet, anabel-a и 15 други им се допаѓа ова.
  14. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Не рекле за џабе после дождот изгрева сонце,ама некогаш знае да зафркне па да биде.. после дожд бура.
    Да заспиеш плачејќи зарем има поголема казна од тоа ?!
    Потоа денот нема да се познава ни по утрото ни попладнето ни по ноќта,едноставно тоа грдо расположение трае и трае...
    Ама не е се така сиво...денеска толку се смеев што ми течеа солзи по лицето синоќа од тага денес од смеа
    Така задскриена зад еден голем прозорец на втори спрат во едно кафуле,им се смеев на луѓето од 7 до 77 години.Немате појма како летаја на мразот се превртуваја, се засопнуваја некои плачеа некои се смееа некои поцрвенуваа од срам.Не е фер,ама таква сум што просто не можам да одолеам на падови,се надевам нема да ми се врати дупло оваа зима... :?: Надвор ладно.. на вакви степени ни со Брад Пит не би излегла на состанок,ама затоа вечер со помош на алкохолот ќе си ја добијам вистинската цирклулација на телото ;)
    Its FRIDAYYYY :d: :d: :d: :d: :d:
     
  15. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Уште едно сертификатче, уште едно ливче хартија во фиоката полна признанија, документи и CV...
    Што лесно се добивале кај нас признанија, на човек мерак да му е да се потруди повеќе од вообичаеното... :angel:
    Е, сега, уште да ги вреднуваа тие признанија работодавците, ќе беше идеално! :wasntme:
     
    На Umbrella22, anabel-a, tweety26 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    Колку сакам да се разбудам едно утро и ова наше опшество да биди приjатно место за живеенюе, секоj да се води по мотото
    'Тоа што не сакаш да ти го прават не им го прави на другите.'
    Соочуство, за промена од оваj себичeн свет каде секоj гледа да заграби што повеке за себе.
    И што е наjинтересно па никогаш не им е доста.
    И човек доага до степен да се запраша себеси па како jaс да го воспитам своето дете на некои општо прифатени морални вредности кога ке доjде момент каде ке го разграбаат од сите страни ке добие ниски удари и ке биде разчаран од се.
    Влjда паралелно ке го учиме и на добро и на лошо, а до тогаш и коjзнае колку ке се изместат нормите за добро и лошо.

    Cинока се вракавме со такси дома кое не ни пушти ни таксиметар ниту ни издаде фискална, нормално и за белjaта да биде поголема заборавив кеса, толку многу ствари од количка, торбица моja, на малиот кеси со храна, лекарства...и замислете ja заборавивме баш кесата со наjвредни работи.Мм ми вели заборави ja, но jac не сум човек коj лесно се откажува и уште синока почнав да барам и по не знам колку jавуванюа ja наjдов и компаниja и колата но нормално никоj не се jaвува да приjaви заборавена кеса, а диспечерката ми вели не можеме ништо да сториме jaвивме неколку пати преку станица никоj не се jaвува. Сега се мислам дали да оставам и заборавам како што вели мм или да одам драстично и да го приjaвувам за неприклучуванюе таксиметар и неиздаванюе фискална, а и исто :!: затаjува туг личен предмет.


    Уште нешто што сакам да споделам е една страшна случка од пред некоj ден за срека добар краj.A можеше да биди фатално, не можам да престанам да се обвинувам, тоа беше прв пат смрта да е на чекор од неколку минути од нас. Беше мн напорен ден, станата рано утрото и цел ден во трчаници, вечерта се прибравме дома , малиот беше мн нервозен за спиенюе, го успав отидов до тоалет со мисла и jac да дремнам малку со него, си го намокрив чорапот, а веднаш до спална приклучен на штекер фенот, го пуштив да дувне за кратко да го исуши местото кога наредниот момент во коj сум свесна е буденюе од чудна миризба и гледам пламен оган пред мене, прво нешто што правам инстиктивно скокам и барамм нешто со што би го угаснала огнот, па го гледам малиот го земам и викам по мм на цел глас и бегам.Мм срека за брзо се снаjде и го угасна пламенот.
    После ова се запрашав дали можеби постои стварно некоja виша сила што направи да се разбудам на време , зошто просторот опкружени во коj се наогавме беше дрво и постелнини, буквално заробени бевме и ке немаше од каде да излезиме, само две минути покасно да се разбудев веке ке беше касно за нас, еве повторно го осекам истиот немир и ми се треси цела душа.. :( Случкава има многу поучни заклучоци се надевам сите кои читате ке извлечете тоа што ви е потребно, затоа и ja cподелив со вас.
    А jac, jac ке кажам само дека сум бескраjно благодарна што моментално сме тука и живи, посебно моето наjмило и коja и да била таа сила или тоj aнгел ке го наречам наjвероватно сметал дека нашето време се уште не е доjдено.
    Срекна и благодарна од сега па натаму за секое ново утро.
     
    На bittersweet, ludoto19, danichap и 17 други им се допаѓа ова.
  17. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Почнаа да си се редат коцките. Полека, полека. Чувствувам дека коа ќе заврши годинава, ќе заврши и за мене овој мачен, неубав период. Во новата со нови сили и нови цели. Последните неколку поста што ги прочитав беа: после дождот доаѓа сонце. И стварно е така. Верувајте и ќе ви се исполни. Се се случува во свое време, а не ние кога сакаме. Животот знае кога и што најмногу ни треба. Само трпение.


    Ви посакувам најубав викенд, исполнет со многу топли зборови, потопли насмевки и најтопли прегратки. Одморете си ја душичката со убаво филмче и чаша домашно винце и со помислата дека се ќе биде во ред. Затоа што ќе биде. Мора!

    Оувр енд аут. :*
     
    На bittersweet, anabel-a, Inna5 и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Значи не ми се верува како секогаш кога имам некоја важна обврска или ми се приспива, или бројам дупки на ѕид, или ќе јадам..
    Ме фатила една хронична мрза.

    Инаку гледам мода на лиски се вратиле. Замислете некоја цура во Скопје на само -10 степена, во бунда до глужд, шубара, ракавици од зајак, мерино чизми, и лисица на вратот . |(
    Добро бе луѓе, што да прават оние на северен пол што живеат? Да почнат живи мечки на грб да носат?

    Гледам се натунтале, со крзна, со волна, со кожи..
    Абе зимата само што почна.
    После парното не греело, абе парното супер си грее, вие сте зимници. :D -кажа најзимурливиот човек во Мк. ( :wasntme: )

    Да и јас се тунтам на нозете, таму ми е најладно, ама да не претеруваме, се наоблекле како зелки на факс.
    Добро сеа признавам има и добра работа во наоблекувањето- акот е сретне некој маЊак, додека те соблече, ќе се откаже :D

    Ајде добри луѓенца уживајте во остатокот од денот, со жечени костени, портокали, и можеби само нечија прегратка.
    Јас ќе уживам со книгите.
     
    На ludoto19, ceca-1, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.630
    Допаѓања:
    185.299
    Пол:
    Женски
    ..понекогаш навистина посакувам да се разбудам во некоја друга димензија.. некој друг паралелен свет... каде шо среќата е примарна особина на сите...каде шо со секое будење на утро нема да има потреба да се потсетувам себе си дека на врата чука уште еден ден кој треба да се преживува.. сакам да живеам, а не да преживувам, но не сакам да заборавам... се шо тажно ми се случуваше оваа година, не сакам да го заборавам...сакам да го врежам во себе, да го чувам за оние денови... кога ќе ми требаат вистински причини за плачење... кога ќе биде се ок, да се потсетам да бидам среќна зошто знаело и да не биде така...
    ..ама најзначајните работи во животот ги постигнале луѓето кои шо се обиделе таму каде се мислело дека нема надеж.. со оваа мисла си ја полнам главава последно време, и да, најбитно од се меѓу другото е шо барем душевно се хранам цело време... за да не ме убие гладот во овие студени денови..
     
    На julie77 и DeMelo им се допаѓа ова.
  20. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Од толку што ми е ладно, се тресам ко пудингче :worried: :lol:
    Не, не, не ова стварно веќе не е нормално! Сабајле -15 (во Скопје) навечер исто. Човек да не излезе од дома, да се прошета, да си помине убаво со пријателите. Смрзнувачка, ко пингвини сме сите што сме надвор, се тресеме и од ладното дури така и одиме. :D
    Море заби ќе си искршам ако вака продолжи времево. Секое сабајле си тропкам со забите, од што ми се тресе вилицата де. :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.