Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Radiance

    Radiance Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    170
    You don't have to say anything for me to realize how retarded I was.
     
    На vendiii, beached, Forgotten и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Дали мене ми се чини или надвор изгледа многу портокалово ? |( :?:
     
    На zhap4e, Shana, la-chicka и 3 други им се допаѓа ова.
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Читам и ја вртам главата на лево за да видам.
    Си изнасмеав значи :rofl: :rofl: :rofl:
    Стварно е портокалово.
     
    На Miss-Angie92, Artemission, Annie.mk1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.285
    Да се надоврзам на предходните постови во врска со децата и интернетот т.с фацебоок.

    Епа децата прават тоа што гледаат од своите родители.

    Кога родителот е седнат цел ден пред компјутер и смета дека интелигенцијата и компјутерските вештини на своето дете адекватно ке бидат презентирани на сите пријатели и роднини преку негов сопствен фб профил, оти нели нивното дете е доволно паметно, самостојно.
    Па се објавуваат фотографии, прифакаат нови непознати пријателчиња ...и на сето тоа пага и некој лајк од мама или тато |(

    Да споделам еден пример
    Братот на мојот сопруг има 2 деца. 12 годишно девојче и 7 годишно машко.
    Е они немаат дома телевизор.
    Родителите сметаат дека оваа возраст е клучна за оформување на нивната личност и одлучија и себеси да се лишат од тоа мало задоволство, за поголемо добро.
    Филмови, детски емисии и сл. можат да бидат глеани преку нет, кое секако ке биде со блага контрола од родителите за да не гледаат секакви глупости.
    Дома имаат многу загатки,мозаици,логички игри....и по некоја видео игра која е адекватна за нивната возраст.
    Дома се јаде тоа што ке направи мама, а не тоа што на децата ке им падне на памет. Благо се јаде само како десерт во умерени количини и знаат дека морков, јабоко, банана..треба да се јаде на голем одмор,се пази на речник, за викенд заедно возат велосипеди...
    Не ми е целта да ги правам гении, никој не знае во какви личности ке се оформат, ама за сега можам да кажам дека дома се двојазично воспитани, и на училиште девојчето со голем успех ги изучува англискиот и францускиот како дополнителни јазици а малото англискиот.

    Муабетот ми беше во мала возраст децата се огледало на своите родители и на нивното воспитување.
     
    На Hopeful и MacaLove им се допаѓа ова.
  5. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    ^^ Да бе, портокалово е :o :rofl:

    И воздухов не е тоа што беше :rofl: :rofl:

    Шала на страна, страшно нешто се случува.

    СДК дека сум станала кифла. Седи седи на столчево не кифла ѓеврек ќе станам.. Страшно. Не можам ниту да се исправам, кичмата ме боли, укочена сум цела уште на овие години, а што понатаму ? :^) Црно ми се пишува...

    Некои си се радуваат на новата година, на празниците, на магијата која ни доаѓа, а јас, не дека не ги сакам, само ме кочат ова колоквиумиве и испитиве! Главна преокупација периодов. Морам да се стегнам, барем овие три да ги положам за да не одам на испит, иако за математика мислам дека ми нема надеж black hole! :rofl: и не е смешно ама ај :rofl: ...
    Ќе биде подобро ! :lol:

    Зенцки, ми лав ју ! :* :hug:
     
    На Divinebutterfly и Srekicka им се допаѓа ова.
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК очигледно не ја сфаќам заебанцијата со портокаловото небо :?: Ај бидете по директни малце, да се насмеам и јас :wasntme:
     
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Бојата е некоја жолто портокалова .... надвор. А приметувам и есенскиве бои на дрвјата така се по изразени ... сега еден добар апарат и еден убав есенски пејсаж.
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Е тоа незнам, кај мене небото е - модро :D
     
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Во Скопје на небото е активиран sepia mode. :D
    Језивко е малку.
     
    На Go-Girl, AnaKarenina, la-chicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Смени боја од прееска :D
     
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Готово, заврши. :wasntme:
     
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Глуп ден. И сив. И глуп и сив. |(
    Одиме напред со технологија и секакви изуми, добро, до кога ќе користиме чадори? Уште ли? Освен некои јапонски глупости, уште нема замена за чадорот. А толку примитивно ми изгледа. Среќа што не ми требаше денес, мразам да ги носам.
    И, дефинитивно ваквото време е најголемиот непријател на косата :emo: Едноставно, не можеш да го победиш.
    Колку и да се трудев да брзам, по пат ме фати дожд.
     
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Денес сум најголемата мрза. |(
    Не знам најсериозно шо ми е, ама јас почнувам да не се понашам озбилно, а треба, мислам стварно време е, имам еден тон за учење, а мене очите ми клапат, паѓам за спиење. :yawn:
    Досега се кафосвавме со другарката најула и смеење до бесвест. Ула е, ја сакам многу.
    Не сум расположена ама ич, веќе ми е смачено од се, времето си врви, денојте врват, Без него, :doh:
    Ми фали се, имам некое чувство дека ќе ми се врати, дека пак ќе бидиме заедно, тој треба да моли, тој грешно постапи, зошто господе?? Па сакам и јас да бидам среќна. Еднаш барем.
    Времето уште толку ме уништува и ме прави депресивна. :|
    Денес ништо не ми е погодено, си го фаќам креветот и после се префрлувам на учење.
    Време е мислам. :?:

    Љубим вас ! :*
     
    На Divinebutterfly и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.444
    Допаѓања:
    91.757
    Пол:
    Женски
    СДК ако ви текнува на еден момак што го запознав кога изгледав благо ужасно, да ви се пофалам ме прифати на ФБ :D ама трагичното е што појма немам што да му вратам на пораките. Треперам бре ко кога првиот симпатија што го имав ќе ме погледнеше :rofl:
    Ах, Марамо детиште си! :wasntme:
     
    На Ema.Sk, angel92, Smilly и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сите се нешто нервозни, незадоволни, со кренат нос |(

    Дури и кроасанов дома се подул :rofl: :rofl: жими се, ама можно е рокот да му прошол, не е нервозен да не се грижите :P
     
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Тешко ми е тешко тешко тешко тешко.
    Многу глупав ден, ама ги чекам другарките со надеж дека ќе ме изнасмеат како и секогаш.
    Јас знам да бидам тотален идиот. Затоа и ми е тешко.
    Премногу значење им придавам на ситниците, и во позитивна и во негативна смисла. Ама тоа сум јас. Реална сум, и можам за човек што го сакам се да сторам, се, за да биде насмеан, среќен, да ми биде мило и да ми е полно срцето, и не сакам и не сакам да ми возвраќаат како што не заслужувам. Јас грешам, ама на моја грешка по саат до два откако ќе оладам и размислам веднаш се извинувам.
    Еве веќе три дена со него се однесувам како идиот, затоа што ми спушти во сред збор, и затоа што го исклучи телефонот не заборавајќи да рече претеруваш, а беше крив. И кај мене беше, и се, ама три дена сум ладна, на секоја негова реченица јас добро, сеедно, ахам, со ужасно студенило во гласот. И исто толку дена ако ми се јави да се слушнеме добро, ако не, јас не се јавувам. Затоа што сметам дека не е фер, затоа што требаше да е свесен колку ме изнервира, и ме познава, и знае дека ќе плачам и ќе се нервирам, и можеше многу лесно да ги реши работите, со едно извини мече не сакав, или со убава порака.
    И веќе два дена со татко ми сум скарана. Го прашувам нешто како човек тој ми урла зашто бил нервозен на работа. Епа добро тато. Два дена ми се однесува лизни мазни, ама џабе е кога не знае да рече извини дете не сакав така да се раздерам ... ако ми рече нешто само кажи, што како, ќе му помогнам без збор, и си доаѓам во соба.

    Значи јас колку и да имам нервози на факултет, или во врска, дома не ги истурам, или обратно, колку и да сум нервозна од дома на него не се истурам ... нервозата ја исфрлам каде што треба, поточно нервозата ја истурам на форумов, ама нека си најдат и тие начин.

    Сакам да се смееш ми вика, а што правиш ти за јас да се смеам му викам ... ми вика се правам за тебе ... А јас не сакам да прави се, сакам да прави малку а да е доволно.

    Јас се окозувам од вложување труд во врската, и со него и со домашниве, секој збор си го преиспитувам, секоја постапка, со секоја мана се трудам да им се помирам, се трудам да ги прифатам нивните принципи и мани, и можат малку да вратат за возврат.

    Затоа што колку и да ме сакаат, боли тоа што знаат дека ги сакам премногу, дека ќе простам, и толку си се смирени и опуштени ...

    И навистина, ама навистина е штета што лошотијава ме држи само неколку дена, и ме боли исто колку и нив ...
    Вака па поготово кога сум со двајца мили личности на тенок мраз.
    Боли да го гледам татко ми толку изморен и болен, и да му се испонашам толку ладно, прееска и кога си дојде од работа да ме гушне го осети студенилото, ми вика мојата ќерка не ме гушка вака ... епа ни мојот татко не се однесува така со дерење како психопат.

    Тој па, страшно ми недостига, а не можам, биков во мене не ми дава да се јавам, иако сум свесна дека нема ни утре да можеме да се видиме, задутре него му е слава, ќе одам секако, ама нема ни да се поздравиме, т.е ќе се поздравам ладно ... а душата ми се кине.

    Мајка ми ми вика тежок човек си мече ти, и лош човек, тешко на телето ...
    И мене ме боли што така ми вика затоа што не сум лош човек, затоа што скоро 20 години се стремам да бидам добра личност ...
    И јас впрочем ич не сум тешка ... само сакам да ме ценат, да го ценат вниманието, трудот, ситниците и големите работи што за нив ги правам, и со мене си немаат проблем.
    Се смеам, весела сум, позитивна, ги слушам, им помагам, ги сакам, ги гушкам, ги стискам, ги разбирам ...

    Јас знам дека ме сакаат .... значи, не е тешко некој што го сакаш, и да му покажеш колку го цениш. И не зборам за почитување, како човек и личност ме почитуваат ... зборувам за ценење ... и за малите работи што можат да ги направат за тие од мене да измамат насмевка ... искрена, детска.

    Затоа што јас секој ден да се трудам и да правам нешто за нив за да се смеат, нема да се изморам ... но сакам барем половина од тоа да знаат да возвратат.

    Како и да е, и овој пат ќе помине се, и со тато ќе се смирам, и со него ќе се реши, па понатаму јово на ново пак ...

    Како заклучок се што можам да кажам е дека секој сака и љуби на различен начин ...
    А јас сум од оние што сакаат и љубат со целото срце и душа и тело ...
    Па иако повеќе патам, горда сум што сум таква.
    И тоа би било се за денес.
     

    Прикачени фајлови:

    На bittersweet, x.Daisy.x, Cynthia и 8 други им се допаѓа ова.
  17. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    1.227
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека е крајно време да го сменам аватаров. Зима дојде а јас уште на плажа се излежавам! :D
     
  18. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Мразам лижачи на задник и упиклива дебилана.
    Не! Со тоа што ке ми се упикуваш колку сум вауууу и срц, прц, мрц мњаааа, нема да добиеш никаква позитивна оценка ебати мозокот смотан.
    Grow the fuck up или дај истребете се, исполижете се до тој степен што ке ве снема сите такви. |(

    Може ова беше и за во „Испукајте се“ ама овде ми е по фенси.
     
    На MandyLane, Magnolija и Kasha им се допаѓа ова.
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Страшна главоболка ме нападнала |( Дур се мислев како да се релаксирам, си добив ладен туш, и сега ми е баш гадно, на задников му е ладно, а околу срцево стиска тешка лутина |(
    Ова омилено смајле ми е |( денес денов од просечен стана ваков |( Е ај |(
     
  20. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    СДК дека само некои слатки ми се вртат во глава, не е на арно :( а таман симнав некое килце!

     

    Прикачени фајлови:

    • blueberry-cheesecake.jpg
      blueberry-cheesecake.jpg
      Големина на фајлот:
      14,1 KB
      Прегледи:
      178
    • slap.gif
      slap.gif
      Големина на фајлот:
      1,8 KB
      Прегледи:
      178
    На zhap4e и Offspring им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.