[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    605
    Допаѓања:
    3.769
    Чувството кога се шминкаш во малку потемна соба и моментот кога искачаш надвор и сфаќаш дека изгледаш како тукушто да си излезена од солариум ! :P
     
  2. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    леле колку имам работа а колку ме мрзе лелеееее де некој да дојде да ми зачисти дома ке му сварам кафе :lol: всушност не ке му дадам 200 денари да оди да се напие кафе :D
     
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    [​IMG]

    Кога ќе завршиш со учењето во 5 часот наутро (што мене никогаш не ми се десило )
     
    На cinderella5, kikav, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Уф, толку сум напукана со нервоза тоа е чудо едно.
    Она чувство кога очекуваш да се соберете сите на ручек и еден член од семејството доцни.
    Вртиш, ѕвониш половина час а тој абер нема да ти крене.
    После сите тие лоши, мрачни мисли што ти паднале на памет, го добиваш и ти вика:
    Еве сум доаѓам, се задржав малку таму и таму..
    Е ми доаѓаше да го отерам у пи*ку матер...
    Загрижена, па уште и гладна како волк, комбинација СМРТ!
    Јаднава тастатура... . нејзе и ја истресов сета нервоза..
     
    На marama и K.Mari4ka им се допаѓа ова.
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Крајот на светот изгледа ќе се одложи за до Година, му излегол проблем.......не може крај со крај да врзе... :D :D :D :D :D
    Животот е како прочитана книга!...единствената разлика е тоа што во книгата можеш секогаш да се вратиш на убавите страници....А во животот никогаш да ги вратиш убавите денови! :( .....Ех кога би можела да ги вратам ..многу поинаку би биле... :)
    Џабе се убавите корици на книгата...ако нема убава содржина. :D
    Ако научуш да одиш по снегот без да оставаш траги, тогаш си научил да сакаш без да повредуваш. :)
    Луѓето се делат на луѓе со кои си го губиш времето и луѓе со кои губиш поим за времето.. :)
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    ;( ;(
    Од каде цела недела ја барлавев мајка ми за џемперот од Бершка и сега одам и од мојата боја ми е голем. Од каде сега ова да не влегувам јас во ЕЛ величина. Не е фер !
    Се рашетав за да си најдам нешто што ќе ми го замени џемперчето но цените се баш за вилицата да ти остане во подотворена позиција :o И си се тешев со „ Вакво имам слично , само не иста боја“. :lol: :lol:

    И така лепо фино си купив еклери и сега си ја заблажувам мојата напатена душичка.
    :hai:
     
    На Divinebutterfly, anabel-a и Libera им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред малку на гости ми дојде една другака со која заедно учевме средно и многу сме слични со размислувања, свакања-пред таа да дојде се средив, чистев, триев флеки закоравени во кујната во бањата-рацете ме заболеа, вака не сум чистела од кој знае кога :D ама гостинка кога ке ти дојде сакаш се да ти биде средено :) купував гриcки, благи -сто на час активна :D требаше да и помогнав за пишување на цв и за кратко време завршивме и поразговаравме за образованието т.е. за курсеви за јазици компјутери-колку пати сум ја посоветувала како другарка,да отиде во работен клуб и да пополни апликација ама таа не слуша-се надевам дека ке ме послуша овој пат, или во краен случај ке ја фатам за рака и ке ја однесам јас :D не е глупава, само малку е мрзлива и ми кажа што е проблемот зошто не продолжила понатаму-душичка навистина ми е жал, се надевам дека ке се вработи наскоро. И упорно не ме слуша кога и велам да се тргне од тој љубоморен партнер што го има, си призна дека го сака-и го одбележа животот а таа пак комуницира со него :fubar:
    се гледа дека незнае да биде сама-знам дека се ретки таквите ко јас.Ја однесов да и го испринтаат цвто во 3 копии за друг пат да има, и ме замоли да им купам карти на неа и на другарка и за концертот на Аца Лукас -убаво беше што ме покани и мене ама јас не сум му некој фан а и повеке од доволно ке отидат за новите очила така да здравје :)
    другарка ми не заборавила дека не ми купила подарок за роденден-не беше вработена тогаш исто како и сега па сакала да ме изненади со книга-и кажав дека бендисав една, и какви читам па можеби дедо Мраз ке ме посети за Нова Година ^_^ ко мало дете се радувам на вакви ситници :$ а јас си шетнав до Бисер-тамн да ги потрошам последните две вожњи од картичката и си се подновив со каиш и дрвена алка со цветови-ми се допадна само што ја видов пред месец и нешто и мило ми е што ја имам мегу аксесорисот :) убав е животот кога можеш да го споделиш со личности кои ти значат :$
     
    На anabel-a, zhap4e, cinderella5 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.754
    Допаѓања:
    17.717
    Се чекаат 21-ви и 25-ти.
    Екстерно физика и математика. :l:
     
  9. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    И вие физика и математика?И ние...
    Ама може тебе те бива, ама мене...Немогуче, кецчиња кога ќе си наредам , посебно физика, мх, мх |(
    Т.Е нас ќе ни избираат измеѓу - географија, физика,математика и хемија. Што убаво ни ги наредија предметиве... Ама не, убаво , и нас ќе ни ги натрупаат физика и математика. На кец ми мириса.. :|
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.616
    ... апсолутно најлош можен тајминг за настинка, свадбата опа-иха, џингерлака џикица е утре и од самата помисла на тоа кусо фустанче без ракави и тие чевли и собрана коса, карминисани усни, почнувам дупло да се тресам и да ми студи, а јас подуена, растечена, кенкава, грдо дете луѓе, :( ми доаѓа од ѕид да се мавнам, како, просто како и зошто мораше да се разболам токму сега!
    Не можеше да почека барем ден-два?
    :^)

    Сум си купила цело пакување паломи од 10, мајка ми уште шеретски - да не продаваш? ;)
    Не викам, сите се мои. :D

    Вагата покажува солидни килограм и двесте - во плус, да сме живи и здрави, огромно браво за мене и новите чоколади во Кам од 29 денари, посебно тоа белото, мх мх мх (Алачки), детето пушти душа и меше, а си доби и мидерче, мераци. :D

    Бладам, бладам како улава, без температура, погледот ми се мати, очињата ми солзат, носето капе, најголемото гревче на денот - ЈАС!

    А специјалната награда на најголеми идиотчиња оди директно кај моите претпоставени, кои немаат милост и срце за болен човек, ќе си работиш, како да е крај на светот, ако сакаш спружи се, умри тука на лице место, одење дома нема.
    Ситуацијава ми ги грицка последните нерви и атоми енергија, ама толку сум преморена и апатична, што немам сила да се расправам.
    Чекам да тропне 8 и да си кинисам во топлиот дом.
    И очи да не им видам до понеделник.
     
    На bittersweet, ludoto19, danichap и 13 други им се допаѓа ова.
  11. The.Princess

    The.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    281
    Допаѓања:
    146
    Почнав Кафе Муабети да одбивам откако дознав дека не се вбројуваат во мислења (не дека ми е којзнае колку до мислењата) ;)
     
  12. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Trendafilka Добро е ако вагата покажува килограм и двесте - во плус.
    Мојата уште малку па матичниот број ќе ми го покаже... Е тоа не е добро! :worried:
    Што би рекла сестра ми:
    Ај да си набавиме вага за мерење добиток на старо од кванташки?!
    Изгледа ќе треба што поскоро, оти веќе почнаа да ме загрижуваат празниците кои доаѓаат..
    Јас на вкусна храна не можам да и одолеам..
    На благо па ич, ич! :|
     
    На ludoto19, Divinebutterfly, ilipili и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Го чекам тато и со списоче ќе одиме да купиме весели ситници за двете баби и дедо. Кој вика дека петок поминат со баба и дедо е лош провод? :)
     
    На Noemi, Libera, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  14. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот до другите, туку проблемот е до мене. Зашто незнам со убаво да го искористам слободното време. На крај краеви боље ми е дома у топло, отколку да се `лизгам` на снегот.
    На пример денес. Цел ден талкам, дома не сум прибрана, и` имав само 5 часа слободни. И секако ги искористив за глупости. Да ...праевме еден хамер, и да не ја постирам сликата, па да видите какво срање испадна. И сега ќе се лигавам по форуми дека ми поминало слободното време.
    Ум за другпат.
     
    На tea4e и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  15. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК вечер пак со НЕГО :)
     
    На zhap4e и K.Mari4ka им се допаѓа ова.
  16. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Кога е ладно не стоплуваат спомените од лето, љубовта, најблиските, кебенцето, топлиот чај и кафенце и доброто друштво. А вечерва јас ке си се топлам со винце и добро друштво

    Убав викенд. :D :D :D
     
    На tweety26, K.Mari4ka, Ilusionist и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    [​IMG]
     
    На tea4e, K.Mari4ka и DigY им се допаѓа ова.
  18. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Лежам во кревет со подмрзнати стапала, иако ми се во термо чорапи, и парче домашна пита. Веќе пола час не можам да се затоплам. Џабе и дуплите чорапи, и џемперот над стоте слоја маици и капата во компет со шалот. И да сака човек да се социјализира на ова време, лесно ќе се предомисли со минусот пред степениве.
    Расположението ми се менува на една недела, точно. Ако минатата бев во добрите, оваа, почнувајќи од неделата, сум подпресивна и од баба ми, кога на кокошката и стави шеќер наместо сол. Исто како што кокошката рашири благо разочарување кај сите на масата, така и јас ширам негативни вибрации околку мене. Со сигурност мајка ми и сестра ми се метак број еден на моево шит стање.
    Сигурно го знаете чувството кога по дома сите ви се накострешени, па избива трета светска заради тоа што некој не го дигнал подметачот за чаша од масата у дневна. Или наеднаш сите се караат за тоа каде треба да стои џогерот... Епа јас сум крива за овој тип караници неделава, индикректно, ама сепак јас сум.
    И се започнува кога некој многу весел лик во диско ќе скрши флаша од ѕид, и бидејќи Марфи ве обожава, неколку срчи ќе ви завршат во фаца, баш у моментот кога сте решиле да не ги замарате другарките и сами да тркнете до вц и да се олесните. А јас ја имам таа нераскинлива љубовна нишка со Марфи. Не само што ми се заеба и вечерта, и следниот ден ми беше еден од најлошите во животов, туку цела недела ми е мизерна пробувајќи да ги скријам посекотините со капче.
    Ви пишав и пак ќе пишам. Како тргнало така и ќе заврши. А после таков спектакуларен(читај крвав) почеток на годината, се очекуваше уште поспектакуларен крај. Среќа и што сум жива, макар што не се знае како тргнало работава.
    Сакам да го замолам, и вака виртуелно, демонот што ми седнал на рамо и ми се смешка цинично, за 2013 да си најде нова жртва. Доста ми е мене од срањево.
     
    На Moira, la-chicka, Neytiri и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Денот ми почна со повик од колега - Зошто не си на факултет? и мојот стандард одговор овие денови - Додека не се стопи мразот мојот газ не мрда од дома, :D по што ми честита на паметот, ми рече дека неговиот ден му почнал со паѓање на газ на излегување од автобус и лизгање до тротоар, и ми посака топол чај, ќебе и некој да ме масира на топло :D . И како да знам кога да не одам, тогаш откажуваат предавања, тогаш има прослави и дрн дрн јариња. :wasntme:

    Па ми продолжи со комирање и спиење до ниедно време, иако бев наспана. Деновиве можам да спијам по цел ден, секој ден, плус и да си преспијам ако ми е малку тоа. И додека така, да си каснам благичко, а мојата вага па, за чудо, покажа кило и пол минус. Ако прерачунаме дека е скопска вага и е малку накрива, можно е мојот мев конечно да добил помали пропорции а коските на снагава да се симнале испод 80 кила. Тоа е тактиката децо, лежење дома и бутање лиснатки од КАМ, вафли од КАМ, и кафиња. Проклет нека е КАМ. :devil:

    Планирав да правам нешто паметно вечер, да искористам дека не сум дома викендов, и укопчав дека нема со кого. Т.е. има, ама некако.... не ми се прави. :D Ете тоа е моето, кога си одам дома, знам дека секогаш ќе има некој, ако ништо друго, да ме бутка по мразовите и да пие кафе со мене.

    Откако мистериозно испарија другите двајца (ајмо колоквиумска се ближи |( а јас стандард со бубалици заглавена), ми остана еден дотичен. Како да ти кажам друже, се е веќе кажано и сите муабети се свртени по милион пати, додека работава не стане физикал, џабе ти е се. Па ќе се чудиш кај сум после. Е, па, таму сум.

    И така, додека не се решат тешките животни прашања, :D од типот, што да носам утре на кино или кои пижами да ги земам за слипоувер кај една другачка, а уште потешко, каде за Нова година и кога овој добричкиов ќе се разлоши малце, ќе се тркалам во мојот трон, една удобна фотелја и ќе си го топлам газот на парното. Извинете, ама мојот газ не е створен за нервирање и секирање. :geek:

    Раат од сите, денов е само за раат. Ќе гледам барем нешто да завршам паметно... Ако не, кој ги ферма сите, ќе јадам, ќе спијам и од понеделник ќе ја чукам главата дека полагам два испита за 10 дена а не сум ни почнала со замарање.
     
    На Moira, bittersweet, fashionista и 24 други им се допаѓа ова.
  20. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    Денов по катастрофален значи не можеше да биде.Ахх тоа школо....поточно ахх таа географија....Не е да не ми оди , напротив имам 5ка али тоа до наставникот е, човекот ужива кога го нервира некој посебно пак кога некој ќе заплаче а особено му се праи ќеиф кога ке изнервира некој чии редители добро ги познава-денеска метата бев јас..Оценка помалку ми стави зашто тестот мој 5ката со сите можни бодеви не била потпишана од родителот :fubar: (демек не сум го кажала дома тестот...абе ајде ногу знајт он дали сум го кажала дома или не)Ме извади фино лепо на табла и јас си ќутам , од инат не зборував не дека не знаев .(инаку наставниците не ги жалам, му враќам кога имам прилика и поради тоа многумина и баш не сум му омилена , шо ми е гајле бе, правда си барам јас , ништо друго :!:) И почнав да плачам јас....Овој па будала наставник па и ми вика сум била романтична |( Абе едно разбирање од романтики што има :puke: Нека си тера романтики со жена , мене нека ми ја поправи 4ката :!:
     
    На tea4e му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.