[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    There is no peace! Definitely! :(
     
    На anichka94, julie77 и Justice им се допаѓа ова.
  2. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Да ги тргнеш денешниве деца барем на саат-два од компјутер, потребна е голема моќ за убедување и малку креативност.
    Ние генерацииве што сме растени без компјутер бевме многу покреативни во смислувањето активности како да го потрошиш слободното време или да ја утепаш досадата.

    Јас на син ми и внуките им смислив една занимација. Еднаш неделно (обично во сабота навечер) сами си готват оброк. Досега правеа пица, па пита со јаболки, овошни салати, мафини. Беа толку слатки и унесени во задачата што морав да ги сликам и нешто да споделам. Што е најинтересно почнаа да јадат работи кои до тогаш не сакаа ни да ги пробаат. Па си смислуваат што би готвеле следниот викенд, добиваат идеи.
    Е после јас имам еден куп за расчистување, ама вреди.
     

    Прикачени фајлови:

    • PB035205.JPG
      PB035205.JPG
      Големина на фајлот:
      78,2 KB
      Прегледи:
      649
    • PB035209.JPG
      PB035209.JPG
      Големина на фајлот:
      45 KB
      Прегледи:
      649
    На Moira, Buttterfly, kravce и 42 други им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.617
    ... денес, на 15-ти... декември... :D ќе го поништам стереотипот дека апчиња не се мешаат со алкохол.
    Ќе започнам лагано, полека, па ќе наголемувам доза, да видам до каде може да се оди. ;)
    Што да се прави, прв братучед, мора да биде весело, да беше некој подалечен, немаше да ми е гајле, ама целата фамилија на едно место, носам уште еден настинат plus one, хихихи, очекувам екстра провод, иако темелната организација овојпат не беше моја силна страна, во последен момент го сменив фустанот, поим немам какви хулахопки ми купила мајка ми, ќе ја носам старата чантичка, и ќе молам бога да не се размрсулавам и да си ја упропастам шминката.

    Што би рекла Шилејка наша - важно е да не е тажно.
    :)

    Го слушам Бајага и ѕенѕам, намачкана со бугарско Здраве на критичните делови од Рудолф носето, да го оправам до 6, татко ми влезе, направи уплашена фацка, ми покажа превртен крст со прстите и фати џаде.
    Страшна сум, знам, а толку сакав да сум најпрекрасна, зашто братучетките ми се невидени кукли и убавици, ама секогаш нели мора да има едно грдо детенце да квари просек, па еве јас ќе бидам тоа овојпат. :D

    Какви сме, такви сме, токму сме, јас само упатувам апел луѓето да не се венчаваат на минус 15 и плус 45 степени, ама кој ме слуша... :D
     
    На kravce, Peppermint, Shelea и 25 други им се допаѓа ова.
  4. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Колку брзо луѓето забораваат што сте сториле за нив и со каква леснотија знаат да ви го префрлат она кое тие го сториле за вас.
    Тоа е врв на мизеријата и подлоста!

    Кога само би знаела со каква цел го прават тоа?

    Веројатно по завршената услуга почнуваат да ве гледаат како вечни должници. Постојано во очекување на вечна благодарност и противуслуга.

    Навистина посакувам силно да си ја треснам главата од ѕид и да не ми текне уште еднаш да побарам услуга од подлец кој чека прва прилика низ нос да ми го извади тоа.

    Еднаш се излажав, но не и уште еднаш!
     
    На anichka94, tweety26, rosebush и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Ма какви сакаат нека се, откачени, луди, непромислени... јас си ги сакам моите vodka-stories... :lol:
     
    На Loritaa, anichka94 и tweety26 им се допаѓа ова.
  6. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.131
    Пол:
    Женски
    Ох, светлино моја мила, каде ли си ми се скрила :D

    Некој нареден пат, кога владана ќе има ден за збирање, КАО, идеи од граѓани.... јас, ќе си напишам проект за отворање Центар за рехабилитација на луѓе истоштени од луѓе/нелуѓе.
    Како годе речи го.
    Taj е филмо.

    Ја преслушувам Нора Џонс (као да и е на нејзе битно што, баш денес после толку толку месеци, откога е излезен албумов, јас решив да ја слушнам - конечно). Ама, мене ми е битно, оти тај е филмо и кај мене.

    Сабота студена ко и претходната, ко и наредната.
    Стандард во куќава се повторуваат едни те исти оброци.Станавме бетер и од армија.
    Едно време само во петок јадевме исто - грав.
    Сега, и саботите и неделите ни се пресликуваат.
    Јеби га. Тате бира :worried:

    http://www.youtube.com/watch?v=Tposx9_DNgo

    Баш, тај е филмот. :nod:
     
    На Moira, kravce, Peppermint и 19 други им се допаѓа ова.
  7. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.726
    Допаѓања:
    186.796
    Пол:
    Женски
    Колку шо си го сакам карактеров и не би го мењала за ништо на светов... толку некогаш мразам некои негови особини :@
    Прво... ептенски сакам да го анализирам менталниот склоп на луѓето, значи на сите луѓе со кои доаѓам во контакт, се фатив самата себе си како несвесно го праам тоа.. и да, одамна е така, барем од коа памтам за себе... јбг!
    Друго.. си ја мразам интуицијата, е неа богами ненормално си ја мразам! Посакувам да ја немав, воопшто... мразам шо секогаш е во право...а најчесто за неубави работи... ми нема помош :@
     
    На Jagoda123 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Прекрасен ден поминат со прекрасни луѓе. Да ви се пофалам,во џепчето имам нови клучеви од една убава Опел Астра,мај њу пријателка на тркала :rock: Уште да положам за возачка,и ајм фри!
    Мириса на бензин. На нови авантури. На слобода!

    Туку,кој сака едно кругче? :wasntme:
    Ќе почекате за да положам,но ветување си е ветување :lol:
     
    На Moira, kravce, sweet-cherry и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Кусур од љубовта не ми треба. Јас честам!
     
    На bittersweet, kravce, Loritaa и 18 други им се допаѓа ова.
  10. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Доста ми е веќе што секој ден го почнувам со надеж дека ке се случи нешто, дека ке дојде некоја добра вест, и го завршувам со разочарување од монотонијата. Доста ми е разбирате?
     
    На starbucks, crazylady, cinderella5 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Си јадам едни убави колачиња, си ги мрсам прстињата. Него сакав да кажам дека ми е убаво топличко ама баш ич не ми се станува и излегува ама морам нема везе ќе ми пројде :rofl: Па три месеци се ќе пројде бе луџенца јас декември не го бројам више туку јануари, февруари и март тие се ‘‘најстрашни‘‘ ама и тие ќе летнат како што птиците летаат на југ ќе видите празници ова она додека трепнете ќе поминат па ќе се чудите што, како, кога пројде и оп пролееет. Весели, среќни, убави...леле имам добиено :) на лото :) и така тешкичко ми е малце ама и тоа ќе пројде. Ајт останете ми со здравје :hai:
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Лесно е да одбереш рамки ама тешко е да избереш каде да ти ги изработат стаклата-особено ако си како мене-не се од обично стакло, со заштити па ваму прашај, онаму прашај, различни цени а треба да ги носиш и нели да гледаш со нив а не за за декорација :!: на три места прашав разликата мегу првото и третото место е 1000 денари, а мегу вториот избор и првиот е 200 денари да прашам на уште едно место и ке решам конечно-зимата ке помине додека јас ги добијам моите нови очила, како што тргнала работава :D а од продавницата каде што ги купив рамките работи еден тип преубав дури и слична боја на очи имаме :D ми посака пријатен ден-си мислам со тебе во мислите ке ми биде прекрасен верувај :lol: а тоа е всушност најевтината варијанта. Денес црни мисли низ главава ми се плеткаа-здравјето ми е премногу кревко за 27 години, и нервозата што ја чуствувам во себе-резултат на лошиот период од животот=катастрофа, мислам дека полошо не може да биде :x
    и ми се укажа шанса да видам која ми е права другарка а која не-таа што ми е преку пријатели два дена не ми одговори на ф.б., ја барав дома ја нема а сакав да ја прашам дали би ми правела друштво за еден разговор за работа, најблиску живее затоа страв ми е да одам сама-во принцип не сум девојка која се плаши ама и понекогаш кога ми е сомнително си барам помош :) обидот за склопување другарство со девојка од партија од друг општински комитет испадна неуспешен-здравје ке се обидам понатаму повторно и на крај побарав помош од еден од поранешните момчиња за друштво колку за да не бидам сама и се согласи :) а за смирување на внатрешниот немир мислев да се напијам еден Дијазепам-знам дека ке ме заспие, да ме смири ама не сум баш сигурна во себе-совет од психијатарот е само да не премине во навика :!: а кога сум под стрес сонувам некои чудни сништа-потсвеста си игра игри со мозоков и го сонував тој од партија што ми се допагаше како бил со некоја плавуша што волонтирала за ПР да биде и кога станав ништо не ми беше јасно, збунета тотал со желба за таа професија :rofl:
    вчера гледајки по огласите видов оглас се уште важечки во фирмата во која тој работи се бараат лица за работа-бараат со една година работно искуство немам во таа област ама и да е последната фирма на светот НЕ би аплицирала па што сака нека биде и во последниве денови помислата од можно сретнување на него, неспокој ми создава, рацете ми се тресат срцето ми чука забрзано кога ке видам некој негов колега со препознатливиот елек |( а што ми кажа другарка ми какви се лугето со потекло како неговото-па не ме ни чуди што е ваков скот, иако и за местото од каде што потекнува дедо ми покоен се вели истото ама овој е скот на скотовите
    се чуствувам ко едно маче заплеткано во една мрежа како мафта со шепите и колку и да се обидува да се отплетка џабе и е и 100 пати реков дека ке одам на бајачка и пак не отидов па кога ке соберам пари-не се многу има да одам па нека биде што биде-ко под некоја црна магија да сум
     
    На zhap4e, alessandraaa, tweety26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Аххх што мука си имам јас :D како бре сите што ми се убави ги сретнувам во автобус? :rofl:
    Веќе месец дена си мањачам едно типче во автобус, го гледам - ме гледа :lol: и ај сега како да го најдам?! Бреххх што не можам и јас како сите други да си засвиѓам некој од школо, од населба од ваму од таму.. од негде кај што ќе можам барем некаков контакт да си најдам со типот.. А не вака, од автобус :lol: нит име му знам, нит кај живее, нит ништо :D а ми се мота низ глава ненормално. аххх да знае само што му мислам :lol:
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    Да не имам јас некоја спиечка болест ?
    -Немам осет станав пред пола сат -.- и што фатив од денот ништо,се надевам ќе фатам барем нешто од ноќта ;)
    и нешто што ми остави гооолем впечаток денеска. Секогаш има поубава од таа што ја имаш..
    Но нема поубава од таа што ја САКАШ! ♥
    толку моќно !
     
    На Jagoda123, srcekrsacka, tweety26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Ништо не очекував и пак се разочарав
     
    На srcekrsacka и sm1zla им се допаѓа ова.
  16. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    ии само колку е нервираат такви некој шо се научени да контролират со други живои!! :@
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Си имам едно цеде старо неколку години, насловено како Christmas Songs.
    И си го пуштам секоја година кога не зафаќа новогодишната еуфорија и почнуваме со китење на домот.
    Денешниов ден е посветен на убаво семејно расположение, пита со јаболка, мусака за ручек и полна куќа деца. Ги викнавме малите да ни помогнат околу китење на елката, па додека закачуваат лампиони и други украси, ги учат божиќните песнички на англиски. Дневната ни е окупирана со кутии полни со украси, а татко ми како по обичај, и оваа година се нервира околу сијаличките. Неколку пара откажале, па веднаш отиде да купи нови :)
    Мама за време на викенди не излегува од кујна, па цела куќа мириса на домашно зготвена храна.
    Љубениот ме изненади со две карти за вечер за во театар.
    А јас си се греам со домашната атмосфера. Поубаво од тоа нема.

    http://www.youtube.com/watch?v=2e5TYdNqJ8M
     
    На bittersweet, kravce, kitty.lover и 15 други им се допаѓа ова.
  18. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Ако има повеќе вакви денови, убаво ќе биде. И тука не алудирам на времето, туку на настаните.
    Излегов по леб, се вратив со нова облека :D Уште додатна зимска опрема и да се комплетирам.

    Инаку периодов, не знам на луѓево дали им е досадно или ги фатила некоја луда треска, ама пола од пријателкиве се испомажија, сега слушам уште една на тој пат. Па јас веќе ни дечко немам тие се омажија. За арно за убаво нека е, ама јас сеуште сум млада за тие води, уште моите не ми даваат да пливам во длабоко :D Ако се прашувам јас, многу млада за тие води.
    Всушност, поделени се, едниве се мажат, другиве прекинуваат долги врски, па да си погодам јас во која половина сум. Драстичен период, или џа или бу.
    И да, дочекот на Новата го испланирав, и веќе погаѓате дека планот ми се расипа. Ова е трет план, да видиме до кај ќе тера Марфи (се зезам Марфи, седи си ти мирен, ова не е предизвик). Можеби, ако не ми беше толку сеедно, ќе имав некој стабилен план.
     
    На bittersweet, Moira, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.924
    Пол:
    Женски
    Период исолнет со љубов, разочарување, викање, неодлучност, измачување.
    Илјада мисли низ глава ми прелетуваат, илјада одлуки, незнам зошто но ниедна од нив не умеам да ја ставам на лист.
    Како времето поминува се повеќе гледам и сваќам дека јас и Тој не сме еден за друг, до сега ниту еднаш не сме донеле некоја одлука а пред тоа да не се налутиме, да не се развикаме еден на друг.
    Се прашувам што уште барам до него, зошто немам храбрст да ставам Крај.
    Иако е тешко таа е најдобрата одлкука сега за сега.

    Се ближи Нова Година, пред да тргнам од дома ќе ги оставам солзите и тагата, со себе ќе ги земам насмевката, среќата и желбите.
    Кој знае можеби еден ден во 2013 ќе ми се оствари се за што сонувам, се што сакам да имам.
     
    На bittersweet, kravce, Peppermint и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    :D

    Не знаат луѓево штракнати, дека има и поштракнати од нив.
    На пример, јас. :D

    Кукам цела недела како околу зградава се е подледено, пцујам по парите што им ги плаќам за куќен совет, ги колнам сите засегнати и незасегнати наоколу.... Мислев да им пишам на еден лист, и доле да го залепам, како од 50 и кусур стана, еден маж со лопата не се најде да го искрши мразот, ќе се исушеше досега. Ќе им пишев да ми набават една лопата, еве јас, доброволно се пријавувам да го чистам снегот кога ќе падне, девојче, студент, со трипати помала снага од дибециве наоколу. И сол ако ми дадат, и сол ќе фрлам, аман заман, дајте нормално да функционираме.

    И ѕвони денеска некој на врата, оп, како порачани, куќен совет. ]:)

    Леле, леле, леле. :D

    Им викам, ако паднам и скршам рака, нога, ќе ве тужам. А сето ова на шала, ама озбилно, ќе ги тужам ако паднам. Оштета ќе земам, за мене има пари отпосле да збираат.

    Ама девојче, ама вчера сол фрливме, денеска снегот се растопи од солта. Ама девојче, јас лично сол купив, и претседателот ми даде пари, ама девојче, засегнат е куќниот совет, мислиме ние и на вас... :rofl:

    Иди бегај бе, денеска кога е 7+, од солта се растопил снегот. Од минатата недела стои, он баш вчера фрлал сол. :rofl:

    Само нека падне пак, кога ќе им залепам едно листиште доле, ОЛКАВО, дека донирам снага за чистење. Ама нема јунак што ќе даде лопата. Штета, штета.... :rofl:

    Ај одам да правам попаметни работи. :D
     
    На bittersweet, Moira, kravce и 23 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.