[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.302
    Допаѓања:
    67.994
    Пол:
    Женски
    Кога одам негде на гости и гледам книги ставени под маса, или на полица, не ме држи место а да не ги видам насловите или да продискутирам. Па одма следува превртување на очи, ајдее за книги ли ќе збориме сега?! Е па за што да збориме? Како Наџмие се расправала со свекрвата? |( Е да, јас на тоа превртувам очи.

    И друго сакав а кажам, многу ми е интересно кога некој ќе го спомне форумот, еј да таму читав, има се и сешто, или нешто друго поврзано и знам дека девојчето е феминка. И си мислам може и сме паднале тука во муабет некогаш, ама не можам да сконтам ништо друго. :lol:
     
    На Monna.Monna, ceca-1, AnaKarenina и 11 други им се допаѓа ова.
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    Гледам реклама не ТВ. Иде човек по пица, ја зема пицата, не се врзува со појас, вози и прави судар. Лета он низ шофершајбна, лета пица и пеперони на сите страни. Прават - врати лента назад. Иде човек по пица, ја зема пицата и си става појас овој пат, вози и прави судар, пицата лета, пеперони на сите страни ама он е жив. Ја завршуваат рекламата со големи букви THINK!

    Поентата им е порачајте пица да ви ја донесат до врата? :^)
     
    На Moira, kravce, AIT и 5 други им се допаѓа ова.
  3. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    Презирам луѓе кои мразат. Гадни ми се оние кои онесреќуваат се живо. Себичњаци. Подли, лесно запалливи материи и паразити. Егоцентрични социопати и бескорпулозни манијаци. Ете така.
     
    На kravce, AIT, Lov3 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Само јас можам во ниедно време да правам пита со јаболки и да се топлам покрај рерна кога парното е исклучено и е смрзнувачка. :D
     
    На kravce, tweety26, Umbrella22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.284
    Допаѓања:
    111.708
    Пол:
    Женски
    Да исккачам во Сабота навечер, зар сум луда. Ма седи си дома и глеј си Буба Мара и Сашко, бар стомачни ќе си напрааам од смеење. А и надвор е многу ладно, ко во фрижидер на Делта, а јас сум на диета :P
    Шала на страна, последен викенд кога легално можам да излезам и да праам глупости, нели за една недела ова време ќе имам прстен на рака па сите слични активности во соло ќе бидат нелегални, мижи Митро. Јас и дечко ми ќе си останеме цел живот вакви, либерте, што би рекла мајка ми.
    Си се врткам околу мене деновиве и никако да ми пројдат деновите, не сум веќе ко во фрка, се смирив малку, сеа мајка ми ја фаќаат фрки, јадна не ми кажува веќе, на сестра ми и се жали, ама мене не ми кажува да не ме сеќира ;) И така во среде Декември жената кречи, мести гипскартони по дома, праи ѓаволски математики само за да излезе се ко што треба. Мајка ми е мојот Супермен :*
    Ајде да идам ја да видам ќе каже ли уште нешто паметно Џамбазот ;)
     
    На green.eyes, srcekrsacka, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    ^^ Не си сама, имаш друштво :D јас печам лепчиња на тостерот и се топлам на него :D
     
    На Waka-waka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    СДК чудно е како некогаш некои нешта, сосема случајно се случуваат, а изгледаат како да се намерни.
    Чудно е како се луѓето нешто се нервозни, како си имаат свои маки, како тоа секому му се дешава, како од истите знаат да направат шега, дали на сопствена сметка или на туѓа.
    Чудно е како истите, малу горенаведените, колку повеќе сакаат да ги заборават, толку повеќе се замараат со нив.
    Чудно и убаво е кога луѓето знаат да се насмеат така убаво и фино, чиниш ќе се задават во секој момент, па со тоа и другите луѓе ги заразуваат со својата позитивна енергија.
    Чудно е како знаат да бидат така страшно добри кон деца.
    Чудно е како сакаат некого, се онесвестуваат поради тоа и се прават за да го имаат.А чудно е како незнаат да ценат и почитуваат некого, за кого откако ќе замине од нивниот живот, тогаш им текнува дека таа личност им фалела.Ама не можат да ја вратат.
    Чудно е како незнаат да бидат благодарни за се она што имаат, бидејки некој друг го нема тоа што тие го имаат.......
    Чуден е животот, уште почудно е како сето тоа не го ценат бидејки имаат прилика да го доживеат.
    „Чудно е се....“ арно рече Ким :D :wasntme:
     
    На bittersweet, julie77, perlaa и 2 други им се допаѓа ова.
  8. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Фала ти Боже што го чуваше брат ми. Не знам како ќе бев ако му се случеше нешто. А за оној што побегнал Боже ти ќе му судиш.
     
    На srcekrsacka, crazylady, Umbrella22 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Само што се враќам од надвор, и изјавувам директно од центарот на сите случувања дека тука е смрзнувачка!
    Во живо за Фемина, Нимка Пиштолова.

    Ама сериозно, смрзнав. Јас сум прва за анти-пензионерски живот, искористување на максимумот и слично, ама ова веќе не се трпи. Не знам веќе уште колку џемпери ми се потребни за да мене ми биде топло. Ако ми биде топло со 3 џемпери, тогаш нема да ми биде удобно. А јас сакам кога ќе излезам, да си излезам за лезет на душава, да ми биде убаво а не да ја поминам цела вечер во местење на поткошулата (зборов не сум го чула од кога мајка ми престана да ме облекува :D).И така, јас си ставив крај на зимата. Јас во комбинација со ладно-не, освен бронхит, друго нешто не може да излезе. Евентуално некој скршен колк. Ќе си потонам во некој зимски сон, кој за мене ќе значи крајно искористување на максимумот на интернетот за спуштање серии и филмови, и кој сака да ме види, изволте на гости кај мене...или евентуално на гости кај него, важно клучен збор е парно (или ќумбе или оган или било какво грејно тело макар и ќебе). Крајно мечкарски живот ќе водам зимава, и пензионерски. Сепак, помили ми се крајнициве од тресењето по улициве. Сепак, можам да се испијанчам и во топло, дома. Сепак, виното е подобро во тесно одбрано друштво. Сепак...

    Кога сум кај тресење по улици, врв на вечерта ми беше една што се плесна пред мене со штиклите. Девојчето имаше салонки на ова време. Разбирам сакаш да се дотераш, ама не ли е поважно да можеш ако толку веќе сакаш, да излезеш и утредента, жива и здрава, отколку да искршиш нога и да се изразболеш по времево? Ако толку мора да биде штикла, има и чизми мајку му... Уствари не, стоп, врв на вечерта ми беше тексас шорц до газ со проѕирна хулахопка и чизма, или јас како што сакам да кажам, МТВ изглед. Девојкиве треба помалку да гледаат модни блогови, или посмирено да ги следат истите. Секое парче си има своја сезона, ескперименти ретко кому му одат во полза. Иако оваа се сомневам дека беше инспирирана од моден блог, повеќе би рекла од бугарски обид за пеачка.

    Бреј каква баба сум станала, од само едно излегување. Не ме читајте аман, љубоморам јас што некој може да излезе и гол на времево и пак ништо да не му биде, а јас ко космонаут наоблечена и пак ме боли грлово :(
     
    На kravce, anabel-a, Ognenija и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Ама, ама јас... Го сакам!

    Улаво, средношколски!

    Не, не сум пијана.

    Го сакам.

    Тоа е се’.
     
    На anabel-a, MandyLane, cinderella5 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.439
    Допаѓања:
    4.997
    Порано, одамна, кога читав стварно не разбирав што значи мм на форумот. :lol:

    Си мислев, да бе, и на оваа мм се вика тој.. :rofl: :rofl:
     
    На ceca-1 и pamelche им се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.235
    Пол:
    Женски
    Ме стопи во овие ладни зимски денови со неговата љубов, топлина од неговото присуство и верност.
    И на минус 23 со него ми беше плус 23 :) Доволно е за удобна и пријатна прегратка.


    http://www.youtube.com/watch?v=AeNtJig4mD8
     
    На bittersweet, Moira, kravce и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека гадно се заебав у последен момент.
    Позитивната трема е топ работа, ама преголемата самоувереност воопшто нечини.
    Толку бев сигурна дека сме на прав пат, дека ќе им кршиме ребра и дека сме најјачи, за на крај да го лапнеме сосе јајца и да добиеме едно големо ништо.
    Во спротивно на тоа, толку многу научив што во наредна прилика не би правела банални грешки, иако како индивидуа сум прогласена за најдобра, али тим сме, јебига. Кога едниот ќе те набута у говна до гуша, мораш да се вадиш на било каков начин, арно ама ќе дојде до моментот кога ќе снемаш сили и победата ќе ти избега за влакно.
    Тоа е тоа, ипак сите изградија едно предобро мислење за мене, дека у наренда прилика ќе им ги скршам кичмите, се надевам со боља формација до мене.
    Простете ми на речник, ама се осеќам ко некој цел ден крвта да ми ја цицал и страшно имав потреба да се искажам.
    И памтете, колку и карпи да прескокнете, ќе се сопнете на најмалото зрно песок на кое му е исти курац дали е на Немо или на Градиште и пак ќе тоне под вода.
    Па - па.
     
    На Hipster и tweety26 им се допаѓа ова.
  14. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    *морав да редактирам,не сакам да си го гледам тој дел од мислењето во иднина :rofl:

    и седам и пишувам со нараквици,кои ми се 5 броја поголеми и по 100 букви ми се стискаат истовремено и пола тастатура не ја гледам од нив...дали ова е нормално? :?:
    и ме фркна главата сеа,уште овоа ми фалеше |(
     
  15. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Интересно чувство. Не знаеш како да почниш и дали да почниш некој муабет, и тој/таа како да ти ги прочитал/а мислите па го кажува она што си го мислел. И само продолжуваш: Да, и јас :D
    И после нормално муабетите како навиени :lol:

    Друго: Навистина би било многу убаво кога би се користеле мобилните телефони повеќе, кога не би се гледало на тоа кој е на ред за барање, не јас не ја барам сега, таа нека ми се јави, јас минатиот пат ја побарав. Хмм која иронија, додека ја пишував реченицава се пронајдов :| Нема врска. Ќе велев дека телефонот е постабилен начин да оствариш разговор, откако на нет. Мислам, јас си се разбирам, нема врска дали ме разбира некој друг или не :D

    Најмногу филозофирам кога сум пијана (среќа што немам ништо во мене тогаш да запишувам, иако често знае да излезе и некоја поучна мисла) и кога ми се спие. Па најдобро да прекинам тука и да си легнам :D
    Добра ноќ :*
     
    На Gordana10 и tweety26 им се допаѓа ова.
  16. nikoj123

    nikoj123 Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Мислев дека ги исплакав сите солзи, ги убив сите чувства, ги закопав сите спомени.... и ете еден проклет поглед беше доволен за се да почне одново...изби тагата, грутка ми застана на грлово, а солзите ме совладаа додека се борев за воздух... ДА, г-ѓа Вулфолк Крос , чудно е како работи срцето. Човек може со години да живее навикнат на загубата, помирен со неа, а потоа, во еден момент на невнимателно размислување, болката ќе исплива на површина, остра и свежа, како скоранешна болка...
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    СДК луѓето никако да престанат да ме изненадуваат. Другарка ми ги премина сите граници, крајно сум изреволтирана. Би ви раскажала се, но можеби некој ќе ме препознае па подобро ќе си молчам.
    Не можам да молчам на неправините, не можам. Добро, како е можно некој да ти прави се што ќе побараш, а ти уште да наредуваш и маани да наоѓаш? Ако, јас сум виновна што уште им ја исполнувам секоја желба на така нареченото друштво! :@

    Туку друго што сакав да си кажам...јас сум дете што многу си прашува и ако на некој не му одговара тоа, нека оди по пајките бе. Јас прашувам, поставувам многу прашања и упорна сум се додека не добијам одговор, ама само за луѓето што ги сакам и за кои сум заинтерсирана, што значи паметните луѓенца во мојот живот досега трбаше да сфатат дека тоа е убава работа и дека јас нив ги ценам и сакам штом толку ги препрашувам. :)
     
    На bittersweet, kravce и marama им се допаѓа ова.
  18. Dreem.Girl

    Dreem.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2012
    Пораки:
    336
    Допаѓања:
    119
    Ми несостига темата труднички муабети ;( :worried: :worried:
     
  19. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Зошто инаетливост.. аххх тој женки синдром, денес многу ретко ќе сретнеш некој со кој ќе водиш дебата и ќе признае дека згрешил.. денес тоа ти е нее нема шанса. работава е дека да признаеш дека си згрешил е правопропорционално со добивката на лото, многу ретко :D :D се смеам а ми се плаче ((обратнопропорционалност) -ама долг зборов)
    Цел свет оди на напред а ние одиме наназад тоа е бе Unique сме
     
  20. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    2.033
    Незнам зошто, и како и дали јас сум нормална или не , ама одвреме навреме чувствувам потреба да си го пуштам документарецот и да си плачам како мало дете .. Го гледав сто пати, и ќе го гледам одново и одново уште дупло.. И покрај тоа што е тажен, и секојпат плачам кога го гледам, сакам да гледам со каков жар и со каква љубов зборуваат овие луѓе за Македонија, низ што се не поминале и пак не заборавиле кои се, на кој јазик зборуваат и од каде дошле..
    Денешниве за жал би биле среќни да им речат дека треба да ја напуштат државава и дека ќе ги носат на друго место ..

    http://www.youtube.com/watch?v=hfmEOC-2joU
     
    На Hopeful и sunfemina им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.