Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    Не пијам повеќе, амин !
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.809
    Допаѓања:
    52.996
    Викенд на досада и филмови...кога непрекинато јадеш и јадеш и јадеш и пак си гладен. Само ако немам некое кило плус после сето ова што го ставив во себе овие два дена. :!:
    Како и да е. Ако видам само уште една реклама што носи со себе назив Влада на РМ ќе се фрлам себеси со се телевизорот низ прозор. Надвор да ни смрзнат малце нервите, веќе ми прегреваат. Колку пари одат на тие сра*а? Како би ги преусмерила на други БИТНИ работи во државичкава |(
    И на крајот на денот битната вест -скршен нокт. Осетлив нокт. Ако немаш ножички при себе и се закачиш негде. Осетлива работа е. Ох колку само сакав повеќе од еден осетлив скршен нокт. Право уживање ќе ми беше после се што сторија и едните и другите, да се фатеа за коси, раце, боксови да се види всушност дека работат луѓево де. Оно мислам, рака да се даде за трпеливост на овие двајцава што се гураа пред говорницата, ама посочно ќе беше да се малце подбутнеа со газовите, лево десно, кој прв ќе го грабне микрофонот. Позабавно ќе беше :^) At the end of the day, понекогаш е подобро да си мечка. И да живееш во пештера.
    Каде ли си ти Канадо, кој те стави на мапата толку далеку :|
     
    На bittersweet, Moira, tweety26 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    навечер после се сите за љубов плачеме !..
     
    На Sanjichka007 и Yowannty им се допаѓа ова.
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.855
    Пол:
    Женски
    СДК мразам кога треба да купам нешто. Мразам да ги чувам парите надевајќи се дека случајно ќе налетам на парче што ми се допаѓа. Мразам што никогаш не наоѓам такво нешто. Мразам што во Прилеп има глупави продавачки во уште два квадрати поглупави „бутици“. Се нервирам кога ќе ја погледнам прво продавачката, а таа на себе носи огромен дедо Ное шал и траперки фармерки.. Уште повеќе се нервирам кога истата на заби има кармин и три броја поголеми чизми за да може внатре да ги спика шесте рала чорапи. Па уште и истата кога ќе те убедува дека има најнова роба директно од модна поста |( Аууу, па како се нервирам кога на влез ќе зачекам вирче од мраз и вода врз дупката на ламинатот поставен пред 6 години. Тек да се слечам, и да се нервирам што опнала полурасипана греалка в нозе, а надвор(и внатре воедно) е околу -15 степен. Се нервирам и што очигледно се е стандард бројче(читал Л, ако е тоа баш онака стандард големина)и пеплум од штоф за старинска фотелја. Уште и кога после целодневното измачување и ѕемнеење си пробал се што ти на два сантими под половиот орган, додека госпожата те убедува дека младите така треба да се носат, сфаќаш дека сакаш да го запалиш целиот комплекс од wanna be бутичиња, и среќно да поштедиш еден куп мајки чии ќерки ќе купат курвинска облека.

    Чао, ќе си одам јас гола на следното вечерно излегување, ако ништо повеќе знам кој ќе ужива во лилавите гаќички ]:)
     
    На bittersweet, tweety26, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    И во кујна одлично се снаоѓа, малку е спор ама сепак го бидува. 
    Имав потреба, јавно да го пофалам!
    Направив дури и фотка од прекрасната вечера која сосема сам, со своите вредни раце тој ја направи само за мене.
    Кој е гладен или е на диета нека не отвара!
    [​IMG]
    За десертот јас сум задолжена!
    Е од десертот немојте да очекувате фотка! :wasntme:
     
    На Monna.Monna, Moira, tweety26 и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    Аххх маки мори леле... ако не сте знеле до сега, во нашата државичка не може ништо да се постигни со лежење и читање книги. Тука се бара работа,работа и само работа... мили мои. И посебен револт до сите што си мислат дека се имат отепано од работа, а врска немат од тоа... срдечен подзрав!
     
  7. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    723
    Само да кажам дека е неверојатно како нечија позитивна енергија може да те расположи. Мене ме расположи детенцево што е уверено дека ако веруваш во себе, ќе можеш да возиш точак. А, ако не можеш, тогаш продолжи да се обидуваш.

    http://www.youtube.com/watch?v=eaIvk1cSyG8

    Па така и вие, верувајте во себе и продолжете да се обидувате, затоа што сме створени за да веруваме. Сите ние еден ден ќе научиме да го возиме нашиот точак, без разлика во кој облик е тој.
    Имајте убава вечер и убав почеток на наредната недела.
    Ве гушкам :hug:
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
  8. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.897
    Допаѓања:
    102.410
    Пол:
    Женски
    Ја накитив елката луѓе,радост во мене ама...
    Како искубана кокошка е,лита и остарена ,и ниска...а сакам бујна,бушава и висока,до таванот...не ја бива мора да купам нова..и ако купам нова ќе ја накитам со лампиони само во 2 бои,некако ме нервира шаренилото... :emo:
    СДК и ова со крајот на светот...аман нека утврдат по кое време ќе го пресметуваат ,зашто кога кај нас ќе биде 21,во САД е 20-ти,во Австралија 22-ри...мислам стварно ,нека се синхронзираат не можам да го чекам тој чин 3 дена... :sweat:
     
    На sweet-cherry, Serafima, Peppermint и 11 други им се допаѓа ова.
  9. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Мене ми треба помош или пак на брат ми, незнам. Тој страда и постојно зборува за слученото, а јас не можам да го гледам ваков.
    Денес тивко плачам во себе, не можам да го поднесам тоа.
    Да имаш брат е најскапоценото нешто на светот.
     
    На kravce и kate21 им се допаѓа ова.
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    5.098
    Допаѓања:
    26.360
    Пол:
    Женски
    Уште еден викенд така ми помина. Со кафиња, муабети, филмови.
    Денес, недела ко недела, секој се спрема за утре. Мајка ми стандард вклучува 2-3 перални, брат ми се подготвува за на училиште, а јас? Дремам по цел ден пред компјутер, и се тешам дека демек правам семинарски. Немам веќе предавања и слободна сум ко птица деновиве :D Освен што ме чекаат неколку колоквиуми, ама и тие ќе поминат.
    Туку, да ви се пофалам, денес татко ми купил кола! Не е којзнае каква, ама нека не служи :) За некој ден ќе си дојде и тој дома.
    Па еве да ве почестам со домашен пудинг :P
     

    Прикачени фајлови:

    • CAM00023.jpg
      CAM00023.jpg
      Големина на фајлот:
      255,6 KB
      Прегледи:
      212
    На TheCandy880, ines.h, tweety26 и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Незнам како ќе преживеам до петок,не стварно незнам.Пред мене е напорна недела со писмени и тестови.Цел ден учев и сега се ми се испомеша во главата.Секој ден испрашувања,тестови,писмени.... |(
    Епа нема да ме чуди и ако на 31 декември ни дадат уште по некоја писмена...

    Понеделник:
    -Тест Математика
    Вторник:
    -Писмена Германски |( :fubar: :swear: :@
    Среда:
    -Полугодишен тест по Македонски
    Четврток:
    -Тест Етика
    Петок:
    -Тест Историја :swear: :swear: :swear:

    Па така ни ѓи изнаредија....А во петок правевме Англиски и супер си поминав зошто учам и го совладав целиот материјал,а сега Германски што ќе правам-поима немам...Ајде Македонски,Математика,Етика и Историја е лесно ама Германски?Уфф ако преживееме добро ќе е.......

    Оваа недела за жал ќе неможам повеќе од 10 минути да ве читнам ;( .Многу ќе ми недостасувате...Ама во сабота за се ќе надокнадам.Имајте пријатна работна недела :* .
     
    На simpaticnaa, Glossy-girl, CharmedGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Тоа е тоа е*ана реалност, колку е сурово да имаш вакво дете, и да треба цело време да се заштитувш од сопственото дете, ама сепак мајка со совест ќе ризикува колку и да е голема болката, оваа овде е мајка со голема снага, реална и свесна дека не може да стори нешто повеќе..

    http://off.net.mk/bookbox/jas-sum-majkata-na-adam-lanza
     
    На Peppermint, Trnche, tweety26 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Уф што ми е криво што не живеам у таа ера.
    Како бе, денес нема вака јака атмосфера, јаки бендови?
    Жалосна е младинава.
    За успомен и дуго сечање од времето кога не сум постоела.
    http://www.youtube.com/watch?v=BP3ftD0gNV8
    Амин.
     
    На Monna.Monna, Trnche, tweety26 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    17.822
    И ја си кукам често затоа. :doh:

    Инаку да ви се пофалам, мајка ми е колешка со мајка му на А. и во иста смена се.
    Тоа значи, кога ќе правиме веридба, на двете ќе им се погодат смените :party: :party: :rofl:
     
    На kravce и francais им се допаѓа ова.
  15. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Ако вчера куќава мирисаше на готвењето на мајка ми, денес мириса на лепак и лак за нокти заради моите честитки :wasntme: Направив уште неколку и тоа користејќи стари материјали кои веќе ги имав дома. Го натерав татко ми да ја најде кутијата со стари честитки во шпајз за да видам некои идеи, па си се занесов во разгледување честитки стари десетина години. Кој ракопис сме го имале тогаш... :tmi:
    Марка нема, Дедо Мраз ја зема!
    Улица Мица, број шлаканица!

    Пишуваат ли денешниве деца вакви глупости по честитките? :lol:
    Т.е. дали воопшто си праќаат честитки?
    За нив не знам, ама годинава јас планирам да испратам неколку и тоа по пошта.

    Туку, меѓу сите тие честитки, најдов еден мој цртеж веројатно стар 12-13 години.
    Сум го нацртала татко ми, со шешир на глава и кошница полна со јаболки :D
    Си викам, брееејјј каква перцепција сум имала за татко ми во тие години...
    Па се изнасмеавме и го закачивме на фрижидер. Патем потенцирајќи и на мајка ми: Гледаш дека магнетите вршат работа? Ја расипувале храната, ово-оно... пих!
     
    На Monna.Monna, Cacy, Peppermint и 14 други им се допаѓа ова.
  16. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК аууу овој мојов ама беше згоден денес на тренинг :D за жал касно дојде, ептен бевме комбинација црно бела хахахаха.
     
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Што даваат Канал5, леле Боже мили, што даваат? :headbang: Пред некој ден начекав некое си шоу Луда куќа од типот на Прељубници само уште посељачки, а во моментов тече уште една сељачка емисија превземена од некоја телевизија од северниот ни сосед.
    Дефинитивно Србите се кралеви на кичот, а Канал5 е бетер што ова го имплементира во нивна програма.


    Гревна телевизија. :puke:
     
    На Sara123, Edie.S, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.646
    Lost and insecure, you found me, you found me ... :music:

    Незнам како да го почнам постов.
    Сакав да ви кажам колку прекрасен ден имав денес, исполнет само со среќа.
    Бев опкружена со моите најсакани, опкружена со насмеани лица, со лица полни со ентузијазам.

    Неможам да го довршам постов.
    Ме боли душата кога мислам на тоа што сакам да го кажам, а не пак да го пишувам.
    Реферат, па да си го прочитам некогаш..
    :worried:
     
    На tweety26, starbucks и francais им се допаѓа ова.
  19. EvitaPeron

    EvitaPeron Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    55
    дефинитивно алкохолот чуда прави..... неуротрансмитериве во мозоков мој лом прават :lol: :lol: :lol:
     
  20. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Јас кога бев помала, цело време го прекопирав Пикачу од една тетратка и му пишував новогодишни честитки на еден братучед. Еден цел куп листови има, кои се исцртани со пикачу. Па и Пикачу за Нова година сум го цртала.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.