Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Дождов ме потсетува на еден миг од којзнае кое лето.
    Попладневно капење на Женска. Одиш во 5 и нешто, се капиш и си одиш... Така е најубаво!
    Но, тој ден не се капевме само во езеро, се капевме и на обала.
    Потоп и Ное, ама вистински.
    Таков дожд мислам дека никогаш повеќе нема да доживеам.
    На хоризонтот земјата и небото беа споени...
    Ние, под еден чадор од кафичите. Не дека нешто менуваше, ама ајде. Демек така треба.
    Кисниме максимално. Ладен дожд, силни грмотевици, секавици...
    Предложив да влеземе во вода. Не се согласи. Навистина страшно беше.
    Предложив да си одиме полека дома. Немаше теоретски шанси.
    Ни телефон носевме, ни пари. Па кога плажана ми е на 5мин. од дома!
    Не знам колку време дремевме, мене ми се виде цела вечност.
    Конечно малку се смири и имавме услови да се движиме накај дома.
    И во сета таа бркотница, јас почнав да пејам:
    „Киша је падала ко луда, небо се отворило, у пасажу преко пута од кише сам се склонио...“
    Се смеевме ко ненормални и кога дома се топлевме под туш... Пак пеевме.
    И двете мразиме такви срцепарајучи песни, ама ете баш таква песна ни го одбележа тој ден.

    Оттогаш секој дожд само ме потсетува на две нешта:
    колку убаво знаевме да поминеме независно каде;
    колку заеднички спомени имаме.
    Сега таквите мигови сакам да ги заборавам со неа. Ако тогаш запеав турбофолк песна, сега пак ја замразив истата.
    Не знам само дали вреди да заборавам се убаво и да замразам се што ме потсетува на неа, заради една нејзина грешка!?
    Можеби да, можеби не... Ама едно знам: не се заборава се така лесно.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Растресена сум.

    Само што пијав вода и шеќер. Вакво нешто никогаш не сум видела во мојот живот.

    :x
     
  3. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    http://on.net.mk/video/muzika/aj-sechi-pero Ај да видам дали ќе ја мразите песнава и после преводот на македонски :D :D

    Денес ден посветен на пријатели и читање :)

    Одамна немам пишано во оваа тема,ама тоа е пошто не сакам да мрчам...И онака сите си имаме по некое проблемче.
    Фала ви на сите што сте ме пишале во некоја од своите категории,мило ми е што сум оставила добар впечаток и ќе се потрудам да не го изгубам,дури и да го подобрам :)
    (абе и да сум сметала на некој,пак ќе прифатам,биди силен и прифати го и поразот,ако сум заслужила и такво нешто,тогаш нема што да се лутам :) )
    Колку многу има што ги сакам и читам,па требаше да фатам сите да ве изнапишам иако е долг списокот,а можи и да си допишам ;)
    Ај сеа да не тупам,секако нема посебно што да кажам,само ќе ве поздравам сите! Имајте убава ноќ :*
     
    На AnaKarenina, L-enna, firequeenn и 2 други им се допаѓа ова.
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    ^_^ ^_^ Ај ќе си пукнам !

    Ај леле од среќа ќе си пукнам....



    Неочекуваните нешта најслатки.
    Најслатки.

    А јас не знам сега што да правам сега...не знамммммм ...
    Од среќа се прејадов едно цело чоколадо и фемили пакување смоки ау ауу ај крв да ми се сторат :rofl:


    ^_^ ^_^


    Тој чека смс,порака,јавување,средба...
    Другиот тој чека реакција back on fb.
    другиот тој чека да му кренам слушалка кога ѕвони да сме оделе на кафе :tmi:
    Во среда ќе фрчат пак пијачки.

    :tmi: :tmi: Кенди Кенди свести се да не стреснеш на земја така убаво. :tmi: :fubar:

    Ама јас не сум за овие тројца-тој среќна ...среќна сум оти моите дома се СРЕЌНИ...


    Добија тоа што го чекаа и сега ги гледам насмеани весели....
    АУУУ среќааа среќааа....


    НЕКА НИ ТРАЕ ШТО ПОДОЛГО

    да не се урочам,заречам...добро е .
     
    На Ema.Sk, Miss-Independent, teddybear и 23 други им се допаѓа ова.
  5. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Денови на љубов...колку се убави деновите, кога се цели исполнети со љубов. Уживанција.
     
    На MandyLane и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  6. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    ААААААААААА! Какви се овие инсекти во мојот стомак?! Уф!! :lol: :$ :$
    Аврилу један смири хормоне!
    Ај чао идем да попијем инсектицид.

    Што ми е со српскиов? :^)
    Ааааа Мартинее ќе ме убиеш...
     
  7. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    СДК дека откако го испив млекото ми се слоши и морав да повратам :puke: за да ми олесни :worried:

    Сега да .. полесно ми е :)

    тоа позз :*
     
  8. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Каде ли само им отиде смислата за хумор на луѓето... денес очигледно шегување на туѓа сметка па и на наша не е дозволено зошто сите или се ВРЕЃААТ или ЛЕЛЕКААТ и се ЖАЛАТ ... помалку нека се прават
    сентиментални... ако не можат да прифатат шега на нивна сметка значи дека НЕ МОЖАТ ДА СЕ ВКЛОПАТ ВО ОПШТЕТСТВОТО :^) :^) :^) :^) :^)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Има добри денови, лоши денови...
    Има добри периоди, лоши периоди...
    Има добри години, лоши години...

    Мора да ги има... The circle of life...
    Шта је ту је...

    http://www.youtube.com/watch?v=GO6j_zdoip4
    Od oluje do oluje
    sta je tu je, ne placi
    veseli se s ljudima
    udahni me grudima
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Си го сакам денов.. :wasntme:

    Појасно кажано..
    Го сакам бројот 5.

    Мојот среќен број,чисто онака,се ми се поврзува некако убаво со него,љубовно..
    Си славам 2ипол годинки со мојата љубов :l: И ми значат многу повеќе од колку што се тие 2 год.,денес ипол..

    Него..Сеуште се опоравувам од викендов,ножињава ги жалам уште,кутри тие,едвај ги одам :?:
    Страшно ме нервира овој "чист" воздух низ градов,човек неможе убаво да си дише,и смее. Само прашини и чадови голтам! >..<

    Хмз.

    and still.. overdosed with caffeine :drunk:
    [​IMG]
     
    На IndieGirl и L-enna им се допаѓа ова.
  11. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Најсреќен човек е оној кој усреќил најмногу луѓе :)
     
    На Hopeful, angel92, ViktorijaMari и 12 други им се допаѓа ова.
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Тешко ми е само додека да почнам. А откако ќе почнам, не престанувам! ;)
     
    На CharmedGirl и Serafima им се допаѓа ова.
  13. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Ај Ве молам кажете ми колку треба да е напушен или без работа некој за да следново:

    " Ai Se Eu Te Pego" lyrics:

    Nossa, nossa
    Assim você me mata
    Ai, se eu te pego,
    Ai, ai, se eu te pego

    Delícia, delícia
    Assim você me mata
    Ai, se eu te pego
    Ai, ai, se eu te pego

    Sábado na balada
    A galera começou a dançar
    E passou a menina mais linda
    Tomei coragem e comecei a falar

    Nossa, nossa
    Assim você me mata
    Ai, se eu te pego
    Ai, ai se eu te pego

    Delícia, delicia
    Assim você me mata
    Ai, se eu te pego
    Ai, ai, se eu te pego


    го слушне вака:

    http://on.net.mk/video/muzika/aj-sechi-pero

    :D :D :D
    Риспект :bow: :bow: :bow:
     
    На lolyta777, girl23, Acerola и 6 други им се допаѓа ова.
  14. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Сдк си поткакнувам од среќа :D си купив ново вифи, сега домаќински уз цигарче и кафе по сабајле, ќе можам да си ја играм омилената ми игра на шоља, додека се олеснувам од благодетите на мојот организам :lol:
     
    На Doozy, Juicy, Cynthia и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Како сме просветлени во темата секс :lol:
     
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Не можам да се изначудам, какви створчиња сме ние жените.
    Цел ден бев за никаде, ми се спиеше, ми се плачеше, ми се мрчеше и излегов да се излуфтирам малце низ град со мајка.
    Ма ние двете сме ти опасен тандем - нема дуќан во кој не ни се допаѓа барем нештичко.
    Влези овде, влези онде, па таму, па ваму и на крај дома со олеснети џебови.
    И ми текна на стихот ''..пак сум без пари...'', а и патиките тука некаде пред распад ми се.
    Нејсе, ми требаат нови.
    Мање битно.
    Сакам да кажам, дека откако ги наполнив ќесињата со ситнурии и глупости се чувствувам ко нова бре!
    Секундарно се најадов од гледање убави работи низ продавнициве - те облека, те накит, те чевли, те новогодишни дрангулии - само да имаш пари.
    Ма ми помина и сонливоста, не ми се спие - се расонив - имам полно ќесе глупости на кои им се радувам, буквално ко мало дете.
    Која кокошка сум, не можам ниту да си објаснам. :D
     
    На Hopeful, Beauchamp, enca.69 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    досадно досадно
     
  18. Ani.taa

    Ani.taa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Денот ми беше долг како година |(
     
  19. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ох што сакам мили личности, добри, фини ама не лижи га* фини, туку онака...од кејф фини!

    А што ме нервираат луѓе кои гледаат само површни, глупави работи... :x

    Не знам, што другарки ќе имав јас.
    Цело време цвичење и лигавење од типот : Леле види го каков е, срцувче,миличко...После 5 минути : Леле сељак еден,говедо, зошто стои со онаа, зошто збори со оваа, женкариште едно. :^)

    Од едно мување,да се опседнеш толку со некој што ни 2 % не те рецка...I call that psycho.


    Им викам, ајде да бидеме волонтерки, во СОС Детско село, баш би било добро, ќе усреќиме многу деца,ќе им цртаме и онака немаме попаметна работа, а тие ауу како не волонтер, нека одат други волонтери да бидат. :^)

    Мислам... :puke:

    Ми се грози од некои млади на денешницава, а за жал сум опкружена со такви...


    Па така, сама ќе си бидам волонтер во СОС Детско село,не ми требаат такви шмизлетини до мене, се надевам ќе усреќам некое детско лице. :sun:
     
    На bittersweet, Divinebutterfly, zhap4e и 5 други им се допаѓа ова.
  20. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    СДК дека додека седев и блеев во таван, си извршив една фина самоанализа.
    Јас сум обична девојка која поседува доста необични карактеристики за нејзини години.
    Јас сум девојка која била принудена пребрзо да созрее и на некој начин сум благодарна за тоа бидејќи ги имам согледано правите животни вредности и имам јасна слика за начинот на живеење и размислување на поголем процент од мојата генерација. Јас сум скоро шеснаесет годишна девојка со визија и план за иднината, упорноста е мојот идеал. Цврсто стојам зад своите одлуки, го бранам своето достоинство и гордост доколку се нападнати без причина и прифаќам забелешки и критики на моја сметка. Инатот и амбициозноста се карактеристиките кои ме прават она што сум. Само овие две малецки „нешта“ ме донеле до ова што сум денес. Знам да ценам, знам понекогаш да згрешам- и признавам, знам и да простам но зборовите се припиени длабоко во срцето и не заборавам.

    Знам да бидам и доста напорна, иритирачки настроена, знам да фрлам по некој грам негативна енергија.
    Но оптимизмот на време се буди. Товарот сама си го носам, не сакам да оптеретувам луѓе со мои лични проблеми и исто така не ни сакам многу луѓе да бидат запознаени со мојот живот. Чекорам со исправена глава, колку и да ми е тешко и неподносливо. Знам да пуштам солза кога чувствувам преголем притисок и сум буквално напикана во тесно.

    Пружам доверба и мило ми е кога гледам дека понекогаш се обидуваат да ја оправдаат, но кога ја газат тогаш ги заклучувам сите врати пред себе и тешко некој продира до мене. Е, да, и тоа сакав да кажам.. Не секој може да допре до мене. На прв поглед изгледам доста ладна и дрска, но ако некој заслужи да ме запознае и ќе ја добие таа шанса. И после сето ова, дојдов до заклучок дека на фемина се отварам како селски буквар. Се што ми лежи на душа било кажано тука, се што ме израдувало било споделено, се што ме мачело било преточено во пост со доста негативна енергија и жалопојки.
    Кога се зачленив очекував само забава и запознавање на интересни ликови, но целава фемина манија ме понесе и мене. Пријатни ликови имам запознаено кои ми имаат дадено поддршка и воедно сакам да ги поздравам. Добри луѓенца има на феминскиов свет. Убаво ми е тука, пријатно, имам потреба да бидам таа што сум без да се замарам колку луѓе ги дознале моите маки, маани, колку луѓе ми превртеле очи, на колку сум им океј и тако даље.

    Хвала вам пуно, можете да го смените каналот.
     
    На bittersweet, Theodora, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.