1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Не е проблемот што е ладно,проблемот е што е многу ладно.Не е проблемот што е жешко,проблемот е што е многу жешко.Некој ќе рече-Баравте зима/лето еве ви.Ама никој никогаш не бараше толку ладна зима и толку жешко лето.Се со мерка.Или што би рекол еден филозоф-Умереност во се.Ако го има тоа секое годишно време е убаво
     
    На Sara123, kravce, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  2. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Јас кога бев мала, постојано го прекопирав пикачу од една тетратка и пишував новогодишни честитки до братучед ми. Не се плашете, не ги праќав.

    Инаку, кога надвор врне снеК, а јас си седам дома на топло со домашните, не знам, чувствувам некоја домашна атмосвера. Би можела постојано да седам покрај прозорецот набљудувајќи го снеКот. :inlove:
     
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    Најпоставувано прашање и даден одговор овај период:
    - Каде за нова година?
    - Незнам.
     
    На Sara123, SnowWhite8, monni.t и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Мразам зима зошто секое враќање од надвор смрдам како да сум била 10 дена заглавена во оџак! :swear:
     
    На Monna.Monna, sparklie, Beauchamp и 6 други им се допаѓа ова.
  5. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    I hate my Macedonian font ,I hate!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!1
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.528
    Допаѓања:
    92.245
    Пол:
    Женски
    Многу сакам кога ќе поминам низ град и ќе видам татко со мала ќеркичка, кога ќе слушнам некој како зборува за таквиот однос доколку е полн со љубов и разбирање. Сакам кога ќе слушнам како некој и угодува на својата мала принцеза. Но, многу често им завидувам, знам дека не смејам, но проклето им завидувам и на моите другарки и на тие мали дечиња кои го имаат Него. Јас речиси никогаш го немав. За Него имам врзани неколку спомени, еден белег кој самата не можам да го видам и куп фотографии. За Него имам поврзани спомени од одењето во неговиот вечен дом и ништо повеќе. За Него имам поврзано муабети за тоа каков татко ќе бил, а дека јас и сестра ми ќе сме биле негови принцези. Тој се гордеел што имал две ќерки, имал планови и планови.
    Пред малку еден татко кажуваше за спомените поврзани за третиот роденден на неговата принцеза. А јас за моите спомени од третиот роденден поврзани со Него не сакам ни да помислам. Секогаш ми застанува грутка која не сака ни горе ни долу.

    Јас затоа го имам вујко ми, секогаш бил достојна замена за Него. Благодарна сум за се што направил за нас и сеуште прави. Мојот вујко е цар, мојот вујко е се само обичен човек не. Мој пријател, мој татко, мој заштитник, не само мој на трите. Должна сум му секој ден се повеќе, кога јас плачам тој плаче посилно од мене, кога јас се радувам тој се радува три пати повеќе за мене. Мојот успех го доживува како негов. Секогаш има верба во мене и покрај сите разочарувања.
    Никогаш не сум му кажала колку многу го почитувам. Можеби треба тоа да го сторам утре, м?
     
    На Monna.Monna, bal0n43, sweet-cherry и 58 други им се допаѓа ова.
  7. Rna

    Rna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    63
    И јас незнамм..Цела недела тестој испитување како ке издржиме стварно незнамм.. :worried:
    Зошто Понеделник е толку далеку до Петок , а Петок е толку блиску до Понеделник ?! :^)
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.195
    Пол:
    Женски
    Ами кога никој никогаш не барал толку ладна зима и толку жешко лето, оти луѓето се жалет? :geek: Мерка? А дали има мерка во пиење алкохол да речеме или храна? Нема баш, така? Тогаш зошто очекуваме мерка од времево? Некои нешта не одат онака како што ние сакаме.

    Туку, ко сум тука веќе, колку ми се смешни оние странцине, па како се спремаат за крајот на светот, та ај храна, па и безбедност од птичји грип |( , како човек да не се смее, ај? Па ако треба да ги фатит птичји грип, ќе ги фатит, па колку сакале нека се чуваат....оф ќе ла иронија диос мио |( :x Па и толку се занесени, та толку сигурни, тоа е чудо...ама секое чудо за три дена, ама ова чудо трае години.И ко ќе немат крај на свет, шо ќе и прават на сета таа храна, не ми е јасно? Да се чуди човек и да не му се верува, значит!
    И така, секој со својот проблем, каков и да е, па макар и за крајот на светот :D
     
    На thelittle17, monni.t, Katerinceee и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Кога после поставено прашање, настанува краток молк, да ви кажам со сигурност одговорот е или измислен или изменет, но едно е јасно, вистинит не е!
    И не знам зошто некогаш замижувам на вакви одговори...
     
    На Sara123, innablood, Moira и 6 други им се допаѓа ова.
  10. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Абе каков крај на свет. Јас на 21 -ви треба ли да полагам полигон? :^) Па треба секако :D

    Едвај чекам да куцне 12, да помине овој паразитски неделен ден. Од што цел ден пред лап топ и во кревет , мајка ми да не ми донесеше кифлиња немаше ни да ми текне дека немам јадено цел ден.
    И не можам повеќе бе луѓе , толку безкорисно се осеќам ,ни факултетот не ми е тоа што ми беше. Се препишува ,професори не доаѓаат , асистенти не се замараат.Никаква воља немам за учење кога гледам како другите минуваат. :worried: А барем со учењето некако можев да се одсрамам дома што ништо друго не работам.

    Срам ми е , не сакам да им тражам на мојте секој ден пари , та за ова , та за она.

    Ахх што не останав таму....таму си бев сама на себе,цел ден зафатена и пак време за се !
    А тука само кукаме, ма немам време за ништо. :doh: |(
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ej, знаете колку е убаво кога на секои 10 минути ви кажуваат: Абе сакам те..? Знаете каква насмевка ми предизвикува? Од 6-ка до 6-ка.
    Да, да, убаво е да си заљубен, да сакаш и да те сакаат.
     
    На sweet-cherry, kate21, Moira и 11 други им се допаѓа ова.
  12. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.621
    Пол:
    Женски
    Нека ни е со помин тестот по математика утре хихих :D
     
  13. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Хихихи фала,ее на математика ќе можеме да препишуваме и да си кажуваме еден со друг.Ама Германски што ќе правам?-опасна ни е наставничката,а алал да и е сите деца истовремено ѓи гледа.И друѓите предмети ќе можеме дама Гемански бог да не чува... :rofl: :rofl: :rofl:
     
  14. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК ако на ова ми одговори со ДА, онда дефинитивно за нова година му се избацуем маскирана у тета мразица :D
     
  15. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Убава вечер што ја разби монотонијата во денов. Врне, истура а јас и тој со капче на глава си ја шеткаме нашата маршута. Секогаш тргнуваме од исто место, одиме од иста страна на улицата, ја преминуваме на иста страна...секогаш застануваме, таму... од исто место си одиме и од истата фонтана пиеме вода.. секогаш... секогаш истото чоколадо, последната изедена коцкичка - на истото место..
    Иако неможам да стапнам на ногава, мигрена (+ влажна коса = совршено за излевање), тон обврски - јас сум со него. Ако. Убаво ми е. Не е грешно ако тоа ме направило среќна. Неможам да си ја скротам насмевката што ми ја предизвика.
    Убава вечер.. :)
     
    На bittersweet, skyAngel, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.993
    Да се награди човекот што ги смисли Домачица, особено овие со цимет и бела чоколада. Љубов!

    [​IMG]
     
    На skyAngel, ines.h, Libera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Нека се сврти светот наопаку, ама јас утре не одам на училиште! Можеби ке речете дека сум неодговорна и мрза ама неможам да издржам повеќе. Имам еден куп за учење а скоро ништо незнам, надвор врни како спулавено, косата ми е многу мрсна а мене ме мрзи да се капам сега, а и немам време кој ке станва утре во 6? :( Лошо лошо.
    Знам дека мајка ми кога ке виде дека не сум на училиште ке вика како улава, ама ке пробам да не му обрнувам внимание. ;)
    Понеделникот планирам максимално да го искористам за спиење. :D ;)
     
  18. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    Тој може да гледа други жени,јас не му ги земав очите,јас му го земав срцето :)
     
  19. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    Ужас.. Денов е УЖАС!
    Многу мрзам кога ќе дојде недела вечер, ми иде да се фрлам од прозор |(
    Иако денес се потрудив да има во куќава што повеќе Новогодишна и Божиќна еуфорија - не ми успеа. :doh:
    Си ја накитивме елката, ама некако не е тоа тоа :D Нема еуфорија оваа година.. Абре претходните години ова време сум знаела кај ќе славам, со кого ќе славам, што ќе носам... А сега :worried:ilent:
    Друго.. Ми се смачи од дволични луѓе, ми се смачи! Дај или исчезнете - или сменете се барем малце :^)

    За таа Нова година и за тие дволични луѓе денов ми стана катастрофа!!!

    Значи сакам да одам некаде, во некоја планина да викам, да викам да ја истерам сета нервоза од мене! Поинаку нема да можам да функционирам нормално :lol:

    Ајдееее утре Господ нека ми е на помош! :angel:
    Ве поздравувам сите и идам јас да спијам... |-)
     
  20. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.022
    ги гледав сликите од дечињата што беа жртви од масакарот во САД немам зборови да кажам колку ми е жал , колку сум лута , и бесна што на таков начин прерано заврши нивниот живот , на сликите нивните очиња светкаат исполнети со радост , срека цел живот беше пред нив, сум родител и знам колку боли, се надевам дека на Господ му било потребно од такви невини ангелчиња и затоа ги земал во негова прегратка, нека имаат вечен мир, спокојство и срека , и големо браво за учителките што ги бранеле дечињата со нивните тела така би постапила секоја вистинска жена и мајка нека имаат вечен мир и спокојство.и се надевам дека не само Америка туку и сите други земји држави веке треба да се освестат да се разбудат да почнат да мислат барем малку на лугето а не на свотите лични интереси, да ја сфатат вистинската закана која само политиката ја прави а тоа е омраза, депресија,алчност,сиромаштија,бес,завидност, малце да размислат какви филмови, серии се прикажуваат и што може од нив да се научи дали тоа е витинската порака што треба да ја пренесат на децата па и на возрасните.Жално е што оваа ке се заборави се до нов сличен настан а пак невини ке настрадаат ,ама што можам јас да казам освен родители сакајте си ги децата обрнете им многу внимание дарувајте она што е најбесплатно а чини богаство а тоа е љубов,не ги учете децата да бидат завидни, алчни неблагодарни, учете ги на правилниот потешкиот пат да го изодат ,зошто еден ден се ке ви дојде на глава а дали ке биде добро или лошо зависи од тоа што наушиле од вас ама тогаш и каењето ке биде прекасно
     
    На Monna.Monna, Moira и kravce им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.