[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Хахахахахха
    Така му треба. Замисли овој да и кажува: бев со љубовницата.
    Уф како си стои па уште.. значи си заслужил !
     
  2. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Некои луѓеее... ах некои луѓеее, како би им ги смачкала со лопата главите не се свесни.
    Уствари, има луѓе ли?
    Манипулатори, лажговци, подлизурковци, ама не ги кривам нив, криви се манипулираните. Стадо овци само, ништо друго не гледам во луѓево. Тек тук по некој паметен овчар ги води, ама во генерала, овци. Сериски броеви. Копии. И само се плашат, ко глувци се кријат.
    Знаете, глувчиња мои мили, самотијата не е толку страшна колку што е страшна продадената душа и грижата на совест... а на крајот, сите остануваат сами. Кога си во стадото имаш некоја илузија дека си сигурен, ама кога ќе те напушти твојата ценета придружба, изгубени...
    Додека не научиш да бидеш сам, се друго што знаеш паѓа во вода или се држи на стаклени нозе. Се почнува од основата.
    Ајде, барем ќе има волна за зимава, а ќе биде прилично ладна.

    Туку, за овој сељаков Скопски, имав пишувано одамна за него сега се потсетив. Не знам која е загриженоста на некои „Скопјани“ во врска со „провинцијалците и селаните“ од околината, онака, имаат ВМРО синдром, кога Бранко им е за се крив, така и на нив, провинцијалците им се криви. Абе шо се замарам и ја, и онака не се очекува некој блесок на памет од Комита (или било која навивачка група ако ме прашувате мене).
     
    На DeMelo, Noemi, creshicka и 9 други им се допаѓа ова.
  3. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    На сето она што ми го сака душата, разумот секогаш ми оди контра
     
  4. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Вистина е дека среќата скоро секогаш доаѓа од задоволството,но наше си е да избереме дали за нејзе ќе користиме и алтернативно извори.
    Не можеш да бидеш депресивен покрај новогодишнава „ладна-топлина’’,покрај оваа прекрасна еуфорија,покрај сите насмевки.
    Денеска си ја китев елката,детски мераци.

    И никогаш не си го заборавам Рудолф.
    Толкава коза,сеуште спијам со него. Ме мрзеше да земам фотоапарат,квалитетот на сликата е мал,но среќата е голема :)
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC0000009.jpg
      DSC0000009.jpg
      Големина на фајлот:
      120,6 KB
      Прегледи:
      327
    На tweety26, Doozy, teddybear и 5 други им се допаѓа ова.
  5. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Кога желбите во вас некој друг ги гасне, почнувате да чувствувате омраза кон се што е поврзано со тоа.
    И така јас престанав да пеам. Освен на хор. Ама денес си начекав празна куќа, пуштив глас. Да, фасцинирана сум од тоа како ми се развил гласов. Нeсакам да се лупам во гради, но горда сум на тоа што го поседувам.
    Ајде, имајте убав ден, убава недела.

    http://www.youtube.com/watch?v=oXiJh-x8DI4
     
    На Lov3, tweety26, DzingrlakaDzikica и 8 други им се допаѓа ова.
  6. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Nemam kompjuter, makedonska poddrshka na telefon. Nemam mnogu vo zhivotot, no srekjna sum!

    Aj chao!
     
    На sweet-cherry, L-enna, anabel-a и 11 други им се допаѓа ова.
  7. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Љубезно е да се биде љубезен ,но не со секого. ;)
     
    На tweety26 и prettyliar им се допаѓа ова.
  8. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Некои работи едноставно е најдобро да ги премолчиш...
    Често нема фајде од зборување, впрочем имаме 3000000 поговорки за тоа дека молчењето е злато.
     
    На Glossy-girl, tweety26, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Зашто Физичково е секогаш кобно за мене бре? :^)
    Еднаш си ја набив раката,па си го траснав лактот и сега прстот ми е парализиран излеа треба да ставам сегде штитници и да вежбам.Па барем на десната да си го удрев и утре да не пишував :lol:
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.015
    Пол:
    Женски
    СДК...ЗДРАВОООО на сите :hai:
    Викендов ми беше турбо/напорен...и се осеќам како мечка да ме газела.Поготово колоквиумот сабајле ме исцрпи. :doh:
     
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.234
    Допаѓања:
    111.517
    Пол:
    Женски
    Најдобриот статус кој сум го прочитала некогаш во врска со крајот на светот :rofl:
    Ако во Петок е крајот на светот, тогаш ова е последен Понеделник :rofl:
     
    На tigerlady, tweety26, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.543
    Допаѓања:
    289.118
    Како некое жениче сум станала :tmi:

    Се околу готвалото, чистењето и чат пат некоја згода и незгода која сум ја регистрирала по автобусине и возовине.

    Никад веќе не одам по дуќаните кога ништо конкретно не ми треба, само за да разгледам, па случајно може нешто ќе се најде. :devil:
    ОД готово вересија си правам, наместо време да отепам, јас пари ќе си потрошам.

    Така пред некој ден одам јас по дуќанине за сваштарија, да докупам работи кои ќе ми се најдат .Ама прилично натоварена, плус баеѓу сум бела а и слабуњикаво и делував како без душа...и оп што да видам.
    5/6 си послаа дипличето на среде тротоар и почнаа да се клањаат.
    Ај тоа нивна ствар, што сакаат нека прават, ама не приметив дека имало и штанд со пропаганден материјал преку кој го промовираат својот бог и својата религија.
    И таман јас душа збирав од кесите натоварена и гледам да најдам место да поминам без да изгазам некого еве ги ми се пуштија.
    ЈАс културно не фала, но за беља без ај под на уши сум изглегла и мораш да слушаш што ти зборат додека се бориш да најдеш место стапало да ставиш на земја.
    ЈА приметија мојата индиферентност претпоставувам и удрија на друга тактика.

    Даваме кафе и кекси :rofl: :rofl: :rofl:

    Си викам толку ли без душа делував за да добијам ваква примамлива понуда :^), и стварно ли некој паѓа на тоа?


    Јас си заклучив дека имам мила и доверлива фаца :rofl:
    Минатава недела две случки пријатно ме изненадија.
    Секогаш кога ќе видам мајка со деца жал ми паѓа ;( , пустата натоварена со кеси, количка, дете, евентуелно второ дете.

    И така јас испаѓам од воз, и гледам една душичка стои и чека пред скалите некој да помине. ама пустата странец беше и не го зборуваше јазикот за да праша за помош.
    Неколку луѓе во брзаницата да не испуштат трамвај или бус ја одминаа. Отидов и реков дали да и помогнам, оти количката прилично голема а скали надоле еден куп.
    Пустата за да не ме мачи претпоставувам, ми го даде рачето од детето и она веќе почна да ја влече количката надоле.
    А тоа едно мало, слатко...душиче. Не трепна, само силно ме стискаше и со поглед концетрирао на мајка му.За минута две се спуштивме доле и извршив примопредаја .

    Неколку дена покасно иста случка, една мајка со количка цела натоварена со кеси влева во трамвај, а во раце второ дете. Одма станав да и помогнам оти вратите веќе почнаа да се затвораат. Женава кога виде дека и пријдов за помош, тоа малечкото одма ми го даде во раце :$, а она си ја внесе количката.


    И така јас ви викам мила и доверлива фаца имам :emo:
     
    На Monna.Monna, bittersweet, DeMelo и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Lahaliva

    Lahaliva Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    317
    Празнината што ја чувсствуваш кога ќе го исклучиш компјутерот... :wasntme:
     
    На anichka94 и Sara123 им се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    После скоро шестмесечно боледување, од денес татко ми се враќа на работа :)
    Мајка ми му ја испеглала и стокмила униформата, а јас му оставив порака за добро утро, му посакав убав работен ден и што помалку пациенти.
    Откако се случи тоа што се случи, и откако почнаа да кружат секакви невистини (меѓу кои и тоа дека загинал...), луѓето веројатно очекуваа да го видат во многу лоша состојба. Кога отидовме заедно да испазариме, не пресретнаа многумина кои беа пријатно изненадени за колку брзо време закрепнал и колку добро изгледа. А јас само го фатив под рака и на сите гордо им велев: Од ден на ден, станува сè помлад! :wasntme:
     
    На Monna.Monna, sweet-cherry, Cacy и 27 други им се допаѓа ова.
  15. potterholic

    potterholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    419
    Абе ајде. Болест :x Со верување дека ако бидат подвижни скелети дека ќе бидат поубави. Подобро да бидат пополничка отколку да бидам анорексична, исушена и да делувам болесно, изнемоштено итн. Али не се криви тие, туку околината. Society killed the teenager :^)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.141
    Допаѓања:
    43.713
    Пол:
    Женски
    danichap сигурно имаш доверлива и мила фацка :D :D
    Сеа ме потсети и јас Сум се нашла во ситуација ( на аеродром) да бидам сама со детево плус количка , плус два куфера тешки заедно 40 кила ми се идело да плачам да незнам како ке се пренесам :lol:
    Одма се најдоа еден пар дечко и девојка се понудија за помош :wasntme:
    Ја одам и плачам , цел ден замкната со детево по аеродромите тек коа стасав веќе до целта неможев да додржам Се изнаплакав :)
     
    На DeMelo, kravce, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    Загледана во далечината,со часови барам одговор да сите прашалници што ми се моткаат во глава.....Посакувам да можам да имам сила како некогаш,да продолжам да се борам со сето зло што ќе се најде пред мене,да можам да бидам повторно истста јас како некогаш...Кога би имала шанса да ја вратам личноста што и во добро и лошо беше покрај мене,личноста која секо утро ме будеше со зборовите ''ТЕ САКАМ",а секоја вечер ми посакуваше добра ноќ со зборовите "ТИ СИ МИ СЕ".....Посакувам сето ова да не го посакував,туку да го живеев и доживеев...
     
    На Nine25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Ахх ќе издржам јас уште две недели,силна сум :muscle:

    Секогаш се исцрпувам од пон. до петок.Можеби заради школото,или децата во него,или пак едноставно монотонијата во школото и досадните часови.А кога ќе дојде викенд,веднаш се забележува насмевка кај мене.Искрена. :$

    Иако едно сто пати ја прочитав "Споменка" и двете продолженија,секојпат неуморно и сеуште со истата возбуда како првиот пат,ги препрочитувам.И никогаш не ми стануваат досадни.Отсекогаш Горјан Петрески ми бил омилен писател."Марта" ја прочитав во еден здив,се восхитував на богатиот речник во "Исти очи",и со задоволство ја читав "Далечна љубов".Ах,книги... :mm:
     
  19. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Што убаво се чувствувам после медитација ! :nod:
    Како нова личност, полна со енергија.

    Имајте убав ден, чисти и позитивни мисли.
    :angel:

    http://www.youtube.com/watch?v=hvXL-YLRq60
     
    На DeMelo и tweety26 им се допаѓа ова.
  20. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ах,само нека помине четврток,коа ќе се испружам на креветот има предвреме да си го започнам распустот :smoke:
     
    На Adi888 и Doozy им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.