[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Вчера спиев сама во станот :worried:
    Можда се беше заклучено, ама џабе е се против духовите, вампирите, ѓаволите, врколаците, демоните, вештерките, лошите самовили, морничавите сеништа... :worried:
     
    На Elennaa, tweety26, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.617
    ... среќа е да си здрав, сакан и да си имаш колку-толку сопствен финансиски прилив.
    Така?
    Ама тоа колку-толку по некој период станува премалку, вистинска трошка во поглед на делот од погачата кој го заслужувате.
    Знам како е да си без работа, колку боли и како депримира, ама чувството кога ниту давате максимум од себе, ниту добивате некој посебен фидбек, а притоа треба да глумите т.е. да се чувствувате како вистинска среќничка, зошто има и бетер, и полошо, и така да си се милкате сами со себе, за да преживеете...
    Тоа е полошо. Тоа чувство на незадоволство кое го крпите како дупнат чорап со стравот од повторно квачење дома, со тие малку трошки, со утехата - може да биде и полошо.
    Сега ќе си речете - аздисуваш, не занесувај се.
    Ама јас со умот и срцето знам дека ова е привремено решение.
    Јас не можам да се замислам тука, чиј месечен престој ќе ми се брои на повеќе од прстите на двете раце.

    Немам сила да се расправам со секакви луѓе и проклета нека сум ако следната работа која што ќе ми се најде пред нос вклучува контакт со луѓе од овој тип.
    Ме гуши таа претерана привидна грижа и љубезност од страна на колегиумот, ментално ме исцрпува, зошто очекуваат и јас да се однесувам така.
    А јас не чувствувам грижа за туѓинци, ниту потреба да бидам секому допадлива и фина.
    Јас сум таа, колешка, која сака да си работи на мир и да си отиде дома во мир.
    Дополнителни компликации не сакам, животот и онака ми е доволно компликуван.

    Не знам, ми фали храброст, ми фали нормална држава која нуди фер услови за борба.
    А јас сум губитник од самиот почеток на трката. :(
    Додека некој подигнува незаслужен трофеј на целта, јас чекам покана за сечење на црвената лента.
    Зашто сум коректна, сакам правила, мислам дека доброто со добро се враќа, зашто верувам во фер и човечност и правдина, ама залудно.
     
    На tweety26, bittersweet, imelda и 12 други им се допаѓа ова.
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, crazylady, Hopeful и 14 други им се допаѓа ова.
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Сакам да се правам голема цура пет дена од неделата, ама шестиот да се разбудам и да бидам дома. |( Да ручам двапати кај баба ми, еднаш на идење и еднаш на одење, да гледаме филм со сестра ми, да си седам во ладната ми соба и да ги пикам сите кај мене да не седат на ладно. Сфатив дека мене ова мене ми дава сила за од понеделник.

    Ама не.
    АМА никако.

    Наместо тоа, еве веќе втора недела ќе бидам во Скопје, а наредната ќе ја почнам и третата. И да, дојдоа моиве, се видовме на кратко, ама не е тоа, тоа. Си иде другарка ми во петок, сакам да ја пречекам, ама каде... нема. Сакам да си го гњавам кучето, бе! Првпат волку долго да заглавам во Скопје. Се полага во најненормални термини, се надополнуваат баш сега часови, си се држи регулар настава и плус се учи за полагање. Епа, не дека се жалам, сама си се нафанав на ова, ама јас мислам треба малце осет и троа повеќе организација. :^)

    Напанак, стомак ме кине ненормално, стадиум трудноќе три, прво беа киселите краставички и сирењето, па кечапот, сега стомак. Фуј, баш тогаш кога ти треба најмногу сила, колабрираш. ЈБГ. Нова година е за 10 дена речиси, мене долнава првпат толку да не ме болела кај ќе одам. Да не се разбереме погрешно, кај и да се акнам, убаво ќе си минам, него... веројатно растеш со годините. Имав желба да седам дома си руска и кифлички, ама си спукав дека ќе одам, и ќе пијам, и ќе пијам, и да, уште ќе си пивнам... Јер се то живи само један пут. :D

    Сите ме нервираат, уште. Вчера на сите по капата им дадов. Си знаела да бидеш злобна - да не ме натера човек да почнам да бидам злобна. :talk: Марш напоље, сакам да си се клатам и да си уживам во мизеријата. Не бе, се зафркавам, само од болкиве вака зборувам, сега ќе си легнам и се ќе ми биде рамно утре. :D

    ЕДИТ - ако жената на дотичниот чија кола се пали со никакво пиштење два-три пати во последниве 24 часа, чита, нека оди и нека му каже дека никој не му ја краде, мачки му рипаат на хауба. :geek:
     
    На tweety26, bittersweet, Moira и 12 други им се допаѓа ова.
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Некако многу смирено се чувствувам.. А кога ќе си пронајдеш мир во себе, нема нешто поубаво..
    Нека трае.
     
    На tweety26, Moira, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.195
    Допаѓања:
    23.271
    Пол:
    Женски
    Немам многу шо да ви кажам, нема новости, исто е се.
    Сите се надеваме дека ќе биди подобро, мора и да биди :) Нема тажење, нема застанвање в место, животот оди понатаму, некогаш си горе, некогаш си долу, Ќе го поминиме и ова :)
    Ја добив најголемата подршка од него, драго ми е многу и среќна сум заради то. :inlove:
    Дечки мене овде ќе ме нема до 27, колоквиумска недела е морам да се спремам да ги поминам и овие колоквиуми малку подобро од претходниот пат :) , Ќе ве читам одвреме на време ко ќе имам слободно време.
    Се надевам дека само радосни настани ќе читам.
    Останете ми создравје :hai: , останете прекрасни како шо сте секогаш , насмеани. :)
    Имајте убава недела, уживајте :hai:
     
    На tweety26, bittersweet, DeMelo и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    165.784
    Јас имам пријатели шо на своето бебе му купиле количка од 850 евра. Колку се ненормални и збеснати вашите пријатели?! Впрочем деца на пријатели на моите...
    Па доообро...и ролаш збунето со очите. Ама знаеш,модел од 2012, ова има,она има,а ти се јадеш и не можеш да доиздржиш и викаш,а колку коњи и е моторот?!
    Добро, што кое такво им е на луѓево?! ШТО?! Па ај младиве ненормални,ама и бабата напухната целата, па она е нашата принцеза?! Јаааа...?! Принцеза викаш а?! Абе нека си го живее животот секој ко шо сака,ама моментот беше, дедово,последните пари сум ги дал за количката... и тоа е...
    И сеа ако количкава му е толку,ти да знаеш не можеш со 50 евра поклон да одиш,ами 100 евра,дека за принцезата,инаку за друго бебе, и со 1000 денари ќе поминеш!

    И цел живот мајка ми ми вика дека на 9 месеци сум зборувала цели реченици и конечно видов 9 месечно бебе како изгледа. И не ми делуваше како способно да може цели реченици да составува. И доаѓам на мајка ми и и викам,добро бе не ти е срам да ме лажеш дека толку сум паметна, и збунета си пресмета дека уствари на 9 месеци било мама,тато,ока, бебА, цуц (за цуцла),а теееек на година и 9 месеци цели речници, брборка,собранијци бурек да јадат. Ете ти! 23 години не сум знаела која сум,мислам колку е тоа тажно драги луѓе! ;( :D
     
    На Buttterfly, Mishela, kitty.lover и 19 други им се допаѓа ова.
  8. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    Ден полн со фрустрации и чудни појави. Не дека беше лош денот, но мене ми беше лошо расположението. Понекогаш би сакала да ја имам храброста (и вештината) да му залепам на одредени личност по една жешка шлаканица, што навистина ја заслужуваат. Но за сега наместо тоа ќе се задоволам со викање на цел глас и со искажување на моето незадоволство, секако без пцовки.

    Точно е дека светот се грижи само за тоа дали си корисен, и зошто да не се грижи? Ако твојот сакан лежи на подот со куршум во него, дали би ви бил од корист некој кој е само добар човек, кој никогаш не пцуе и не пие? Не, во тој момент тебе ти треба доктор. Се потсеќам на говорот на Алек Болдвин во Glengarry Glenn Ross. Има два вида на луѓе, оние кои ќе бидат мотивирани и оние кои ќе помислат дека тој е егоистичен се*ко. Тоа за што си вреден немора да биде работа, туку мора да биде нешто што ќе им користи на другите луѓе. На девојката не и е важно дали си добар слушач кога има друг кој исто знае да го прави тоа и плус знае да свири на инструмент. Тоа е исто како да одиш во ресторан само заради тоа што од нивната храна не ти е лошо. Секогаш велиме "Како да ме сакаат девојките", а не "Како да станам човек кој што повеќе девојки ќе го сакаат". Колку време поминуваш уживајќи во работите кои други луѓе ги направиле, а колку време поминуваш правејќи работи кои се од корист? Секако дека тоа што е внатре е важно, но тоа е како почва на кое е посадено дрво. На луѓето нема да му биде гајле за почвата,сите се фокусирани на плодот. Без разлика колку е плодна почвата, ако не посдиш дрво нема да има плод и таа почва нема да вреди ништо.
    Ние се мразиме себеси, но нашиот мозок е толку заглавен во својата рутина што одбива се што може да смени нешто. Време е да се смени тоа, или сами си ја одредуваме судбината-живот полн мизерија.
     
    На Moira, DeMelo, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    [​IMG]
    !!!!
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Денес на прочка си добив две петкиии по македонски и информатика,и тоа во дневник за полугодие ^_^ .Се надевам дека цела година само петки ќе редам,а дајбоже и вие.А за утре незнам што да кажам :clap: .Денес математика минав супер,препишав се!Ама утре "Германски"?! |( Бог нека ми е на помош утре и тоа на први час.Цел ден учев германски и конечно нешто научив! ]:) Држете ми среќа за утре!Имајте добра ноќ и слатки сништа!Ве сакаммм!!! :* :* :* :hug: :hug: :hug:
     
  11. Rna

    Rna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    63
    Јас ке ти држам тебе среќа по германски , а ти мене по физика.. 8) :)
    Иначе добра ноќ на сите.. :* :*
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  12. yeah

    yeah Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    64
    [​IMG]
    зарем не е така?
     
  13. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Китење на елката=враќање во детството..

    .. далечната 2002 година..
    Кога бев мала секогаш ја внесував новогодишната еуфорија во домот. Традиција беше на 15 деќември да се ките елката во нашиот дом. Тогаш се знаеше, сите сме дома, собрани и ја ќитиме нашата голема елка.
    Кога почнуваше да се ќити елката, јас секогаш пуштав новогодишни песни и така сите заедно во смеа ја ќитевме.
    Сестра ми и јас секогаш во кутија си ги стававме добиените честитки, и наредната година ги читавме сите и се смеевме.
    Тоа беше нешто незаменливо.
    Тоа беше дом, љубов, радост, нова година..
    Сега се е поразлично.
    Сестра ми на факултет, моите родители изморени од работење цел ден и ја нема повеќе таа еуфорија како порано. Но јас некако успеав пак да ги натерам да ќитиме, само овој пат без музика.
    Прво почнав јас, па ми се придружи мајка ми и тогаш дојде и татко ми кој најверојатно сакал да го стави врвот на елката затоа што секогаш тоа го прави.
    Колку-толку успеавме некако заедно да ја наќитиме нашата убава елка, и сега блеска од убавина.
    Сум кажала многу пати дека ги сакам многу овие празници и овој период од годината ми е најубав.
    Ме враќа во детството..
    Сега одам да сонувам.. Да сонувам како среќни и весели сите заедно ја ќитиме елката и ја пееме
    " I wish you a merry christmas, i wish you..
     
    На ocila, Ognenija, tweety26 и 6 други им се допаѓа ова.
  14. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Којзнае како ја пуштив песнава.
    Ме потсети на една слика од детството, скоро заборавена, што ми прави топлина во душа и накривени крајчиња на уста..
    Радиото пуштено, песнава врти, мајка ми тивко си ја потпевнува додека со љубов спрема нешто за доручок. Јас бушава, нерасонета, со зеци во рака, си стојам потпрана на вратата и тивко ја гледам.
    Потоа следеше најубавата прегратка во светот.
    Ги сакам тие денови. Ја сакам мајка ми. Најмногу на свет !

    http://www.youtube.com/watch?v=5wYwGthNXAs
     
    На tweety26, anabel-a, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.781
    Допаѓања:
    17.793
    Шо фајде што учев од 8 до 11? Ништо, ама баш ништо не научив.
    Ќе се сликам утре, топ.
     
    На Katerinceee, Ann.94 и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.568
    Допаѓања:
    289.633
    Е денеска стварно за малку ке отворев врата од кола во движење и ќе си ги пробав шансите за преживување на отворен автопат. |( :D

    За памет само, дружење со колешката надвор од просториите на фак. никад више-чект :devil:

    Дали до депресијата ќе и беше или е секогаш вака девојчево, али напорно боже.
    :!: А и јас не сум баш најсјајна и со физичково и психичково здравје веќе :D


    Ај немала членски од библиоетекиве, за да не дава пари па на мое име. Ај викам нема проблем, зеди на мое име, и така јас ќе одам ќе зимам, ќе ја услужам.

    ОД моментот кога ме собра од дома до моментот кога ме остави нон стоп да се давало коментари. А пусто простор у кола ограничен, негативна енергија почнува да ме гуши.

    Во првата библиоетка жената рече дека доколку сакаме да нарачаме по пошта да донесат од некоја далечна библиотека книги, да составиме ливче од околу 3. Па кога ќе стасаат ќе ме информираат да отидам да си ги подигнам.
    И почна она да пишува...
    Кога стаса до броката три си продолжи со четвртата.
    И јас онака дискретно повторувам што ни беше кажано а она не регистрира.
    КАј петтата ја прашав уште еднаш за нејзините намери, и како планира да го изведе тоа...а она мене ОПУШТИ СЕ, и си продолжи со шеста книга на ливчето.

    Ај тоа некако решивме.
    Возиме кон втората библиотека. Ќе ги испуштам коментарите за се живо што дише и лази по земјава ми се сврте ми вика ЗОШТО СИ УСТВАРИ ТОЛКУ НЕРВОЗНА.
    А јас пуста уста не отворив цело време. Броев до милион за да ја преживеам вожњата. Викам воопшто не сум, ќутењето е поради уморот.
    И така уште не знам колку пати ми беше напоменато дека сум нервозна, и сето тоа беше у смисол дека кон нејзе е наменета нервозата.
    Стасавме што стасавме кај не знам која библиоетка по ред. МЕ праша како се стасувало таму и јас се обидувам со факти да и образложам за правците на движење. И ми вика ЗОШТО СЕ ЧУСТВУВАШ ТОЛКУ ЗАГРОЗЕНА ОД МЕНЕ..
    Ми пукна филмов.
    И со најсмирувачки тон викам не, не сум ниту нервозна, ниту се чуствувам загрозена ниту ми треба опуштање. Добро сум.
    Ако може да ми кажеш како би било најдобро да ти се обраќам кога комуницираме.

    Кога ќутам мислиш сум ти лута.
    Кога зборувам мислиш дека се чуствувам загрозена или нападната од твоја страна.
    Кога давам мое мислење мислиш дека потребно ми е да се опуштам.

    МЕ гледаше така бледо.....не дека ме свати. Исто како што не свати дека не секоја моја реакција е проекција на некои скриени задни побуди спрема нејзе.

    Рече немало проблем. Викам да нема, тоа го повторувам многу пати, но чуствувам дека имаме тешкотии со комуникацијата. Не добив одговор на прашањето ама нема веза...

    Зедовме околу 15 книги на мојата картица, и ги поделивме. Пола она го зеде пола јас. Оти на иста тема пишуваме семинарски, гледавме книгите да имаат слична содржина за слична тематика да биде обработена.
    Двете обострано се согласивме кој што зима и тргнавме.
    По пат почна СЕГА ЛУТА СИ ВАКА ШТО ГИ ПОДЕЛИВМЕ КНИГИТЕ.

    Не можев да верувам.
    После неколку часовно убедување дека нејзините проценки за моето мислење или психичко/ментално стање се погрешни пак истата песна.

    Реков не сум лута, се е ок, и да ме нема во зградата.

    Јас сваќам болест, проблеми сето тоа,а после денешниов ден многу повеќе одколку порано.
     
    На LilBaby, tweety26, Moira и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Јас на пример денес седнав да учам и ....
    [​IMG]


    и ај утре ќе пробам пак
     
    На Monna.Monna, creshicka, Cacy и 15 други им се допаѓа ова.
  18. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    556
  19. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Среќата не се купувала со пари. Јааа, ма немој?
    Најголема глупост кажана ever.Не се купува за оние разлигавени синови и ќеркички, а богами и родители што од бес не знаеле што да прават со парите, па се дрогирале, ку*вале и кажувале дека љубов не се купува со пари.Да бе, ти шлапај се со секој наоколу, па нема љубов.
    Да имам јас пари, па кога ќе отворам едно убаво прифатилиште за сите животни од улица, па да обезбедам храна и нега за нив, многу љубов... мх мх, тоа не е среќа?
    Па да имам пари истото да го направам и со луѓето, на сите што немаат и што живеат во мизерни услови да им го направам животот поубав... тоа не е среќа?
    Па да донирам за децата без родители, децата напуштени и пикнати во оние ужасни домови за деца...
    Па да имам пари да направам една подземна лудница за сите алчни души, злобни политичари, за турбо фолкери, за педофили, убијци, мачители на животни... ехх...

    А вака, без пари што можам? Со тага да гледам како пати народот, како патат животните, како крадат и убиваат злобниците...

    Се купува, среќата со пари се купува ако знаеш каде да ја купиш...
     
    На Monna.Monna, Cacy, sparklie и 24 други им се допаѓа ова.
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.781
    Допаѓања:
    17.793
    Стварно е многу убаво кога на некој му фалиш и те сака.
    Во последно време еве, каде и да отидам сите ми викат „Уште ти ни фалеше“ :angel:
     
    На tweety26, rosebush, LilBaby и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.