[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.953
    Допаѓања:
    164.222
    Абе тоа е дечки. Јас може не сум толку убава,ама КАПУТОТ да знаете колку ми е убав...не сте свесни! Најсериозно он дечковци ми фаќа! Еве уште еден дечко ми рече,еј девојко многу ти е добар капутот. #шемица :rofl:

    Еден фемиН скоро си мавнавме по кафиќите скопски и после ми се јави и ми рече,многу јак капут имаш,само гзот ти го крие,ниииишто! :D Млад и луд,шо ќе ти каже бре?! :D

    Абе пак ќе речам,стварно ми е убав капутот! Ама стварно! Е сеа колку топли,бубрезиве ми знаат!

    Одма подруго ми е нешто денес,си го облеков капутот,ама пак не е тоа тоа... не е и не е!

    И слушам у банка прееска,две си раскажуваат како и држела фризурата од фризер,од недела до среда,па ако е добро времето и четврток! |( Нејќам да сум и дечко. Немиена! Абе нејќам да ми држи толку фризурата. Сакам кога ќе ме гушне некој да му мирисам убаво, да ме бубне у раздељак и да мисли дека мириса росна ливада,а не некој си лак лакосан,цела магла од надвор и прчварници што ги собирала сите денови.
    И ај, жените не биле гадни. Да не ви зборувам за сите оние влошки и тампони по тоалетите...

    И уз муабетот за зимски љубови,цимети, нешто лушпи од мандарини на радијатор (ок,аман веќе,тоа е од прабаба ми муабет,а знаете колку убаво мириса коа ќе ги ставите на камин?! Не! Епа ќути курво!)
    Така една, сите ги помина,па се покаја,ги пролажа дека алтер егото и е у питање и сеа егото ја стегна зорт и се собира,ќе се гушкала. Оди ма... |( :D
     
    На Roxanne, Monna.Monna, teddybear и 23 други им се допаѓа ова.
  2. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Не мие јасно зошто секогаш на мајка ми најаката закана и е :
    Да те видам кај свекрва ти дали вака ќе правиш..
    Ќе правам бе што...сигурно нема да чутам како тие некогаш на времето што им чутеле и вријале во себе !
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Е нема, не постојат такви зборови со кои можам да опишам како се чувствувам.
    Како да е ова некоја бајка, се е толку совршено, нереално.
    Деновите тука, со него ми поминуваат одлично. Секој ден е посебна приказна, приказна која ќе остави многу убави спомени, во тоа сум сигурна!

    Утрово бев нервозна и загрижена во очекување на еден важен телефонски повик.
    За среќа со баба ми се се завршило добро. Операцијата поминала успешно. Душичка моја, чувствувала страшни болки и цели два часа во операционата сала смрзнала од студ.
    Утре ќе одам да ја видам, да ја гушнам и бакнам.
    Да се напијам кафе со нејзе и да си направиме еден разговор, разговор во кој и двете секогаш уживаме.
    Ќе и однесам и кутија локум, таа го обожава локумот. Знам дека ќе ја израдувам, а јас сакам да ја гледам среќна.

    Сега одам да се фрлам во неговите прегратки и да испуштам неколку воздишки како резултат на олеснување.

    Ви посакувам убава вечер.
     
    На marama, anabel-a, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    [​IMG]
     
    На Cacy и francais им се допаѓа ова.
  5. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    61
    Сакам да кажам дека ми дојдоа преку глава со тој крај на светот. :@
    Почнувам да посакувам да постоеше навистина, па белки ќе се срамнеа сите будали кои шетаат низ светов.
    Како можи бре да се толку досадни, зарем нема некоја друга тема за разговор. :fubar:
    Јадни души, не да ги земат работите во свои раце и да работат нешто корисно - тие легнале па ќе умираат, па нели крај на светот е. |(
    И после Цацко им е крив. :|
    И гледам дека надвладеала со нас некоја тешка болест. :( Сите некако се однесуваат како шизофреничари, како малоумни, станале тупави, се заглавиле бре, останале во минатото.
    Ретко употребувам тешки зборови, ама кад се мора мора се.
    ....
    :D Ама ајде некако ќе си компензирам јас за нервозите: денес надвор има нов снег (кој додуша се топи, но ако), имам нова љубов, па и нови лампиони на елката. Денес имам насмевка бидејќи добив честитка. АаХх толку убаво напишана чиниш навезана. Две три едностави речени цел ден го разубавуваат. Ма каков ден, цела недела :rofl: Знаат малите како да го направат тоа.

    Убави работи се случуваат наоколу, само некој треба да ги види. Oд толку песимисти, немтури наоколу човек ќе заборави да се насмее.
     
    На sm1zla и Doozy им се допаѓа ова.
  6. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Пред малку на фб видов едно видео “Женска тепачка во Ново Лисиче“ ии јас омг шо па сега и тоа девојчиња се степале ии во видеото му се собрале едно 20-тина девојчиња на едно девојче ии една т.е таа шо се караше со тоа девојчето се залетува и шлап шамар му мава на девојчето..ии јас се изчудив (аа околку нив двете стојат т.н. стражари) и машки имаше и овие стојат од страна како (ај сега да не бидам вулгарна) ии само ги гледат после едно пола мин, изникнува една ко компир у бела јакна ии ја фака за врат и јас о.О ии се изнавикаа и оваа и се развика ваму таму ова она сега мрш пред мене.. о.О и девојчето си замина ко ништо да не било..ама и мене тешко ми стана..па замислете се на нејзино место.. и ко го догледав видеото немаше ни Т од ТЕПАЧКА ами шта чеш??? нек се адуваат децата “истепале“ едно девојче ..ПФФ КОЛКУ СЕЈЛЕЧКО!! СВАРНО НЕМОЖАМ ДА СВАТАМ ДО КАЈ ИМА ДОЈДЕНО МЛАДИНАТА О.о ДА СЕ БРУКААТ СО ВАКВИ “ТЕПАЧКИ“ АМА АЈ ТЕ МОЛАМ!! -.- ЧК ЧК ЧК ле луѓе или јас сум стварно ненормална или светов стварно има ехее ојдено... да и јас сум тинејџерка не дека сум китка за мирисање и јас со една ја имам направено голема ама тоа беше шо неа ја заболе вистината...бевме повеке од 40 па шо.?? се снимавме као се караме?? о.О НЕ!! боо незнам веке шо да кажам!! ПРВО ГУЛАБИЦА, ПОСЛЕ МАГАРИЦА СЕГА ОВА?? О.о МА ДАЈ... И ако толку беше јака таа шо не и се спротиставеше сама аа не со + 20 придрушници..?!?!?!?!? УШТЕ ШО НЕМА ДА ВИДАМ!!! СТРАШНО!!! ама најјако шо беше тоа шо на видеото напишале “Женска тепачка“ хаха ве молам деца ПОРАСНЕТЕ!! -.- не сега дека сум од страната на девојчето може и вило со вина али не на ваков начин да решавате проблеми ии со 2 милиони луге да го споделите тоа !! -.- ПРОСТА РАБОТА!!

    ИИ ДА НАПОМЕНАМ!!!! Пред да ме цитира некоја напалена другарка на напаѓачката нека ги прочита правилата на форумот!! Нејкам да си имам проблеми !! ДА СЕ РАЗБЕРЕМЕ! Позз.. :*
     
  7. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Не правам често големи грешки во животот ... али кога ќе направам - правам ремек дело. :D :D
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  8. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    Чуството кога една недела ја минуваш со личност која втор пат се разделува од мајка си...
    А првиот пат бил...кога била во војска |(
     
    На crazylady и kikav им се допаѓа ова.
  9. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Она плаче заради љубовни проблеми, а јас нема шо да носам за Нова Година. :D
     
    На crazylady, kikav, butterfly33 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Не знам дали ви имам кажано, ама мразам да зборувам на телефон. Некаде читав дека тоа е една од најчестите фобии на денешното време. Немам проблем во живо, ни па преку интернет, ни па преку кој било друг начин, ама телефонов ми е....
    :devil:

    Видете, проблемот е што кога зборуваш преку жица, не можеш да ја видиш другата страна, и другата страна не може да те види тебе. Не знаеш како изгледа другиот, не знаеш дали се мршти на твојата љубезност и превртува очи, или е пријатно изненадена што те слуша. Или ќе испаднеш смешно срдечен, или ќе почнеш да дткаш, па ќе почне мала тахикардија да те мава. УГХ!

    Па и за секојдневни теми, мразам по телефон... И еден момент има непријатна тишина, во која мислам дека го држам телефонот со згрчено лице и чекам што е следно. Јас не сакам непријатни тишини, јас немам непријатни тишини во живо. Само викам аха, да, не, ти како, шо правиш.... Не знам што друго, не сакам да разговарам на телефон и точка. Брејјј, ептен некултурно звучам по телефон.

    И ако треба нешто да закажувам, резервирам, договарам, најчесто на сите други им е срам, а мене не ми е срам, само имам фобија. Така јас на крај завршувам со телефонот во рака и договарам прегледи на ваџејџеј, интимни депилации, плаќање кирии, барање пари, разговарање со професори и важни лица... :devil: Само зборувам и се молам да не стропам некоја глупост, оти после нема веќе телефон да дигнам.

    А дома... е дома кога сум, мајка ми ѕвони во мое име. :rofl: Па и ми се клешти, олкава стока, па ми било срам да вртам. Аман заман жено, не ми е срам, фобија имам. Незгодно ми е. :rofl: :devil:
     
    На Roxanne, Moira, Artemission и 19 други им се допаѓа ова.
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Немам ништо посебно да кажам ама сепак сакав да пишам.
    Денес ми рекоа дека некогаш, кога нешто страшно те боли, мора да поминеш низ уште поголема болка од таа за да подоцна биде се како што треба. Има, има логика и тоа многу...
    Како скршена коска, некогаш треба да се скрши уште неколку пати за да зарасне како што треба..
    Живот бе...
     
    На ilipili, thelittle17 и Springy им се допаѓа ова.
  12. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Леле! Муабетот за фризурите од неколку дена, ме потсети на една моја комшиница. Жена на 35 години (значи не стара), дрижи часови и одевме со една моја другарка во вторник и четврток. Значи часот во вторникот, таа со фризура и вика бев на свадба во саботата, па еве фризурата уште ми стои, многу добро ми ја направи (значи фризурата веќе имала 3 дена), четвртокот истата фризура, недопрена! Ние останавме запрепастени, таа вели видете уште не ми е растурена, а се туширам секој ден. :o И следната недела и викам на другарка ми замисли пак истата фризура да ја има, а таа па, не бе нема шанси доста и беше една недела. И ѕвониме на госпожата на врата и погодете што? ИСТАТА ФРИЗУРА! Луѓе две недели! За мене сеуште е мистерија како успеав да не се изнасмеам во моментот кога ја отвори вратата, ама мислам дека преовладуваше чусвтото на гад. Уф. Ми се чинеше мушички ќе почнат да и излегуваат од главата. :puke:
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК некои нешта се претешки за човек да ги издржи, треба да е челичен и ладнокрвен, иначе ништо не прави.
    Незнам како луѓето можат да живеат во свет на лага.Имаат ли барем некакво почитување и достоинство према себе си? Или пак се изгубиле себе си намерно, преживувајки ја суровата реалност? Имаат ли барем свое јас? До толку ли е се важно, за да се нема никаква почит према себе си? Зарем можат ли да си дозволат да бидат пусти во душата? Дали сета таа облека, наконтеност ќе ја пополни пустината во нивната душа? Толку ли сакаат да бидат газди на својата лошотија, сеејки ја секаде каде стигнат? Тоа ли е врв на нивниот развој како личност? Еден човек некогаш рекол за некои: “дотерани сте, а во душата сте пусти како гробови“ По којзнае кој пат се уверувам во вистинитоста на тоа што го кажал.
    И, луѓево црни сценарија за крај на светот си прават, а тоа толку смешно изгледа, но никако да се сетат на сето зло кое го прават.Ќе се свестат ли некогаш или секогаш ќе живеат во несвест? Незнам.
     
    На ilipili, Katerinceee и Vezilka им се допаѓа ова.
  14. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.660
    Сакам да кажам, да се пофалам, да се пожалам, дека главата не знам кај ми е. Ако некој ја најде нека ми пише пп да му кажам кај да ја врати.
    Го сфаќам штурчето како му било кога си свиркало зимата, од толку обврски и учење се мислам и јас да почнам да свиркам, не знам веќе што да правам, време нема.
    За нова година сакам дедо мраз да ми донесе време...или памет.
     
    На L-enna, Hipster, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  15. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Тешки маки ми задаваат завршните тестови и испитувањата :worried:
    Ако е крајот на светот, барем да знам да не учам ништо и да си шетам по цело време :wasntme:
     
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.214
    Допаѓања:
    124.927
    Мразам кога во аптека ќе ми ги сменат таблетите.Па ова било подобро,па она,и тоа не те прашува од која фирма сакаш,него што има тоа ќе ти го збутка ќе ти го откуца па ај :^)

    Инаку уплатив за Нова година и чекам да ме фати еуфорија :lol: ,ама не ме фаќа некако |( Ме испокараа дека сум млада за да не ме фаќало еуфорија,да сум седела дома,цел ден ми превртуваа очи едни женишта што ќе славеле по кафани со пејачи и певачки|(
    Навистина клише веќе,ама што толку посебен ден е Нова година?
    Ама не,сега се славело додека сум млада,после со деца ќе ме виделе |(

    Ех,ме изморува овој период,цени надуени,полни ќеси фрчат низ Сити мол,Рамстор,ГТЦ,цени да те заболи глава,муабети кај да се слави,што ќе се носи,ауууу неможам бе :(
    Само јас ли сум ваква жени од 50,60 год да ми се чудат што не ја сакам Новата година,баш се запрашувам што не е во ред со мене ,ма да мислам дека е се ок :lol:
     
    На blond, Moira, Artemission и 9 други им се допаѓа ова.
  17. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Само што си е накитив елката.Среќна сум како мало детенце ^_^ :inlove: :inlove:
     
  18. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Ако Red Bull стварно даваше крила досега ќе ја прелетав колоквиумскава недела.
     
    На Miss.Ricci и kikav им се допаѓа ова.
  19. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    http://www.fakulteti.mk/news/12-12-18/f ... onija.aspx

    Вистина.. Преку глава ми е од македонскиов менталитет, не ни одговараат тон работи а не се буниме.. Па дајде кренете се бре луѓе, нека ви чуе глас светот... Химната преслушајте ја, Македонците се борат за своите правдини.. Се бореле, како не.. За најпроста причина се мочате у гаќи, бунтови еден организира, 100-ците зад него никаде ги нема..
    Прост народ, силна држава..
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    СДК дека секогаш кога си добар,некој ќе ти покаже зошто не треба да бидеш !


    Затоа овај пат нема вртење нова страница туку пишување нова КНИГА.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.