Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    СДК дека ми е лошо.Повеке нема да се возам на долга релација |( Почнува и да ми се приспива ама ке го гледам најпрвин Декстер. :inlove:
     
    На anneyy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.213
    Допаѓања:
    139.819
    Ја слушам Ај тинк оф ју од Танита Тикарам, и си мислам на најубавите очи на Душан што светкаат додека ме гледаат, и за кои светов би го дала само да можам да ги гледам 24/7.

    Го гледам вториот дел на Секс енд д сити. Евергрин. Било да се филмовите или сериите, ме тераат да мислам на живот и да посегнам по забава. Со сета должна почит кон ручеците и вечерите со пријатели во домашна атмосфера, кои ми го окупираат цело слободно време, ми се излегува на свирка, на стоење, во рамни кондури, до сабајле!
    И не со другарки, туку со Душан! Во зелено блузиче!

    Филмов обработува тема која лани ми беше ептен блиска, па и сега не ми е далечна. Како да ја одржиш искрата во бракот. Наука!

    Ех, Душане, Душане.....
    Ми доаѓа да отерам се знаеш каде, и општество, и работа, и удобност, стегаат сите.
    Јас, ти и природа. Во филмот на Филм и Нежно, нежно, нежније, наше очи говоре...
     
    На ines.h, Theodora, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    СДК Дебелее или не ми е гајле!!Јас правам пица и ќе ја јадам со мерак!!! :pizza:
    Морав да си пишам,кога си го кажувам вака полесно ми е,демек епа гајле ми е дека е 10 саат :rofl: :rofl: :rofl:
    Aј повелете сите на пицаааа :D
     
    На KrystalTears, BurstBerry и Beauchamp им се допаѓа ова.
  4. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    And it happened again, like always.

    Искористувачи насекаде.
    Се додека имаш корист од нешто / некого настојуваш да се движиш близу до него. Потоа кога ќе видиш дека веќе немаш корист од него наоѓаш некакво оправдание као демек веќе ти е глупаво да го правиш тоа што си го правел до пред 5 минути. Епа преку таквото од такви.
    Пример - другарка.
    Ако прочита, мило ми е.
    Додека Х немаше девојка, т.е. беа скарани ти едвај чекаше да дојде викенд и да излеземе со него и неговото друштво и цело време зборуваше колку го сакаш. Уште не си излегла со нив веќе планираш како следниот ден повторно ќе излеземе со Х. Поминува викенд, едвај чекаш да дојде понеделник за да го види во школо. На телефон патетики како Х е преубав, предобар, срце, ваков, таков, не знам ти таму што. Х решава да се смири со девојката и повторно патетики, но овој пат ко на сила да излегуваш со нив, веќе немаш желба да правиш муабет, а на крајот кога ќе ти речам ајде да излеземе со нив ќе речеш: „еј мене ми е глупо, испаѓа ко да им се ставаме цел викенд, ама како сакаш.“
    Seriously? |(
    Како што знам не ти беше глупо претходниот викенд. Плус јас како сакам? Епа јас сакав, ама некако не излезе онака како што јас сакав туку онака како што ти сакаше. Да, исто така претходниот викенд ќе сакаше заедно со Х да славиш Нова Година, ама сега не, не сакаш. Зошто? Другарка ти не сакала, а ти не сакаш да ја шитнеш. Аха, така ли? А мене, таа со која што подолго се имаш дружено би ја шитнала, нели? Епа ако бе. Поинаку ќе биде од сега па натаму. Дефинитивно.
     
  5. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Животот е еден!!! Ако сега не го живеам кога? И со насмевка на лицето сум. Да, и немам грижа на совест!
    Моја среќа е луѓе и јас ќе ја зграпчам. Животот ми предлага авантура? Со задоволство. ;)
    Ќе го зграбнувам секој нов ден и секој миг ќе гледам да ми биде исполнет со среќа.
    Ќе ги зафркавам малку машките, бидејќи сум женско а знаете дека:
    http://www.youtube.com/watch?v=PIb6AZdTr-A&ob=av3e
     
    На baguf4e и IndieGirl им се допаѓа ова.
  6. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Си легнувам до прозорец каде знам дека можеби за мене нема да има утре.
    Тоа е прозорецот над мојот кревет, јужен, убав, лесно кршлив, се отвора на посилно развигорче и се крши стакло на бури како оваа вечерва.
    Може повторно да ме пресечи на вратов.
    Затоа јас покрај милионските перници со кои спијам, решив да се вооружам со уште неколку.
    И не.
    Не сакам да спијам на друго место, не сакам да гледам ТВ на друго место.. си го сакам мојот кревет, иако стаклото над него има потенцијал да се направи крупна сол вечерва.

    [​IMG]
     
    На TeddyGrey и SexyLady им се допаѓа ова.
  7. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека сум гуска затоа што си одбрав тешка тема за семинарска. Акоооо ми е. Ќе се изнамачам сега. Бар малце да разгледав, да видам што имам на дофат. Ама не брее. Ќе си трпам, нема да ми е прв пат сама да се самозае*ам. Гуска со пердуви.
    Пердуви во перница. Би ја легнала, згмечила, намирисала со моите долги коси :)
    Не ми е на дофат.

    Надвор среќавам луѓе со маска. Гас-маска нека си земат, ако не. Скопје е загадено, ама ај пресели се во Берово ако можеш. И као демек не сме ги исцрниле белите дробови. Една маска од аптека ќе сврши работа, жими тасево. А хипохондрициве се накострешија ко мачка пред кучка. Многу ми се смешни, такви загрижени како апокалипса да следува набрзо. Слушнав еден, хипохондрик секако, како си го задржувал здивот додека е надвор. Епа чекај. Ај издржи без воздух 4 минути :)

    Јас имам милион обврски а се нервирам за глупости. Ми го одвлекуваат вниманието, кој не ако површните луѓе. Трагично е кога тие живеат во твојот дом и треба да учиш нешто од нив, пример да земаш, да се огледуваш.
     
  8. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    :o :o :o :o
    Замислете а јас во лп си направив муабет со Insanity за тоа како ја правела косата на таа сликата, каде што всушност не била она туку девојката од Girlicious.
    Па ми соли памет како и било надоградба, па ми објаснува како ја мие, фенира, пегла, од каде надоградбата, колку пари, колку и трае, како се грижи за косата....
    Едно пет-шест филмови ми сврте.
    А јас и поверував дека е она... :D
    :D :D :D :D

    Инаку не сфатив што стана со N.A.T.A.S.A?
    Ништо не знам од случајот. :worried:
    Ако не го мрзи некој лп, нека ми каже, да слушнам и јас некој трач.
     
  9. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Добровечер мили.Како сте,добри ?

    Јас сум опуштена скроз и се чувствувам феноменално.Ми се јави тој после една недела.Ме насмеа како и секогаш.Полн е со глупости..
    Ми предложи средба овие денови.А јас само да ви кажам дека најубаво ми е во негови раце.Кога ке ме фати и ке ме подигне во раце како да сум пердувче. Кога ке ја осетам неговата сила и ке сфатам дека мојата сила е толку мизерно-занемарлива,. во споредба со неговата. Знам дека е мажиште,и знам со кого си имам работа.И среќна сум што не садам краставици со деца кои сеуште во мозочето им се мотаат само газиња на секси згодни типки и се поврзано со сексот.

    Само една работа ме нервира, т.е цели ДВЕ РАБОТИ!
    Како бе некои мои другарки се прават толку "недопирливи" (ама само се прават). :?:
    И се допаѓа мојот школски и таа на него исто така.Се знаат и тој и предложил да излезат да се прошетаат,а оваа паметната го мотка и го вртка и ми вика - мора мало заебанција. А и се допаѓа и тоа многу! АЛО БРЕ ?! :^)

    И уште една работа ме нервира многу.Нашата неоправна држава.Абе занигде е! Мизерија!!!!
    Братучед ми остана без работа и мисли дека целиот свет му се срушил над глава. Нема желба за ништо.Вика - цел живот трпам бе,најдов работа и ја изгубив благодарение на :^) ? незнам ни јас што. Толку е пропаднат...А јас си го тешам.Викам ке најдеш друга работа..,па само 22 години имаш...
    Вика сега нема да имам пари ни за една кутија цигари,а не за излегување и за мои сопствени потреби..
    Ах бе злато ...се ке се среди.

    И со школа и без школа,во државава ни е катастрофа напредок. Имам само 16 години,а види ме за што зборувам и со што се замарам,м???? :x

    Добра ноќ
    Сонувајте нешто интересно :P
     
    На WildCherry, Divinebutterfly и teddybear им се допаѓа ова.
  10. senjorita-v

    senjorita-v Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Женски
    сдк дека сакам да живеам во русија и тоа само зимскиот период...мн сакам
    се надевам дека некогаш ке ми се исполне желбата
     

    Прикачени фајлови:

    На sweet-cherry, Divinebutterfly, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Кркам ванили4ки и следам пренос у живо на фб 8)
    Овој Марк Зу значи закон човек да ти бил, сега ми овозможи секој потег на пријателите (а особено симпатиите) да го видам за помалку од секунда :geek:
    Она чудото наречено лента од ваша десна страна на фб е многу корисно, ми заштедува време и енергија да кликнувам рифреш на почетна, па да посетувам профили....вака мирно си седам и си пратам се :emo:
    Успат рацете ми се слободни за да јадам, па мама мисли термити ја нападнале куќава и одеднаш сите грицки, благи и солени ги снема :wasntme:

    Ќе почнам да се тркаламмммм :rofl:
     
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Не ми е гајле што воздухот во Скопје не смее да се дише, барем е единствениот воздух кој човек може да го види.

    Јас дишам со отворени бели дробови и буквално го шмукам она што секој ден ми го носи. Токму кога ќе си помислиш дека градот врви и не ти нуди апсолутно ништо ново освен стари пријателства, нови познанства и стари дупки во кои пропаѓаат твоите нови штикли, од нигде негде во моментот кога си врвиш по патот накај дома небото ќе се обои во дреч портокалова боја и ќе те натера да зинеш од воодушевување! Бувално магично!

    Се заљубив по не знам кој пат. Ги обожавам ќебињата и нежните допири под нив.
    И кога едно мило фацуле ќе ми рече гледајќи ме со нејзините големи, сини, најубави очи - денес си ми многу убава, биди секогаш таква и биди секој ден кај нас, оние моите зелените се полнат со солзи и си велам, дете. Можеби не знае многу, но знае да биде искрено.

    А јас денес искрено се трогнав дури и кога се логирав овде. А се чуствувам како во реклама на Уан, клик - лајк, клик - лајк. Аааајде сега сурфаме! :D Благодарност изразена со еден клик, чудно но вистинито.

    Не знам што сакав да кажам. Всушност сакав да кажам премногу но белите дробови преполни со емоции и топлина од секоја страна ме прават да сум едно мрднато и шашардисано девојче, кое заборавило каде е, колку години има и се што поседува е насмевката и чекорите.

    Одам да чекорам понатаму. Улициве ме сакаат. И јас нив. И вас. И се. Се што ми е дадено го прегрнувам и си го чувам на едно скришно место. Не ви кажувам кое ;)
     
    На bittersweet, Shelea, Divinebutterfly и 14 други им се допаѓа ова.
  13. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    СДК во студ ме тера желудникот ме боле некоја тапа болка мрзоволна сум и безвезе се чуствувам.
    Сакам да ме фати некое расположение некоја новогодишна еуфорија.
    Здравје во среда ке си се расположам па нели во четврток не се работи.
    Ке биде подобро.
     
  14. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Колку сум променлива. Сето расположение ми зависи од него. Но кога се посмеавме еден сат на скајп, можам мирно да спијам, со насмевка на лицето. И јас сум среќна кога ќе го видам него насмеан со ведар глас ми зборува за се и сешто. Уф.. се угушив во самотија. 4 дена ми се фатија. Нека идат цимерката - со неа сите глупости ми се најслатки. :lol:
    Мене од утре ми почнува работната недела - дури од 2 дена! Среда си одам Охрид :) Едвај чекам да прошетам таму и да бркам пајчиња во езерото. . . :)
     
    На L-enna и marama им се допаѓа ова.
  15. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.796
    Допаѓања:
    25.297
    Пол:
    Женски
    Кога некои работи ќе ги видиш на филм,некојси документарец можеби мислиме дека не поучуваат нешто,или пак ќе не потресат,ама не,далеку од тоа.. тек да ги видите истите тие работи во живо. Скраја да е.
    Но тоа што јас го видов сабајле во автобус, Господ нека не чува, никој не заслужува тоа.
    Толку се потресов, не ги чувствував рацеве пет минути.
    Не сакав воопшто да пишувам за ова, не сакам да се присетувам само.. ете морав, за да го употребам како некој вид на порака за сите да не се нервирате за ситници, ах.. какви страшни судбини има. Жално.

    И само тоа околу тоа,од вечерва официјално ќе дозволувам умов да ми го окупираат само позитивни мисли. Макар на моменти ќе биде со сила,затоа што сум сепак човек,ама ќе се трудам...

    И апсолутната вистина: се додека имате здравје, имате се'.
     
    На marama, Bright, Artemission и 5 други им се допаѓа ова.
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    На Divinebutterfly, TeddyGrey и kate21 им се допаѓа ова.
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.445
    Допаѓања:
    22.875
    Пол:
    Женски
    Што се случува со форумот? Ме немаше неколку дена, сега ве читам, и многу работи сум пропуштила изгледа. Нечија смрт, некаква журка на четот... :D Ако, за арно нека е :D
    Јас имав солиден викенд кај дечко ми, добро беше. И да, и јас сакам да дојде Н.Г. :D Ме фати еуфоријата, утре одам да си купам штикли :lol:
    Останете со здравје и добра мисла ;)
     
    На sonce777 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.435
    Допаѓања:
    4.993
    Да не пишувам текст, сликата кажува...Еве ја и новата разгледница...
    [​IMG]
    Го мразам Скопје во магла!
     
    На AnaKarenina и Go-Girl им се допаѓа ова.
  19. Simonna7

    Simonna7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    128
    Значи не сакам, не сакам и НЕ САКАМ да гледам сивила по улици. Кое е правилово во градов што сите изнакупиле црни и сиви јакни и палта? :( Излегов да прошетам за да си го разбистрам мозокот од учење, но вакви глетки мене знаат да ме депримираат. Уште да заврнеше дожд, па да почнеа сите да отвараат црни чадори и толку.. kill!
    Сакам бре шаренила, бои, веселост, разиграност. Мислам дека не останав незабележана, поминувајќи со моето, единствено меѓу сите, црвено палтенце. Уште кошничка ми фалеше од која ќе расфрлам цвеќенца и маааалце помелодичен глас па да се распеам за штрајк против есента, зимата и тмурноста! :geek:
    Summer, I need you back :|
     
    На ines.h и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  20. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    Епа живот...има лоши денови,лоши моменти,лоши мисли,се лошо,лошо,лошо.
    Ако ги нема живот ли ќе биде?
    Посакав да ги затворам очите,да заспијам и да се разбудам утре. Уствари не. Подобро на крајот на неделава,или месецов а воедно и крајот на годинава.
    Чувствувам некаква тежина,ќе биде ова тежок месец,ќе биде...
    Ако. Прв пат ли е? Па не е фала Богу...
    Блокада.
    ...
    А да се исплачам подобро ли ќе ми биде?
    Не губам ништо,ќе пробам.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.