[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lolita97

    lolita97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    37
    Денес, некако супер ми е денов... Сега си правам пауза за фемина малце, па ќе се вратиме на учењето пак :(
    Лелее колку имам обврски за утре :o Иако пола ми се завршени сепак, многу ми е .. Неможам веќе.. Сакам распуст .. Очајно сакам распуст :(

    Ве поздравувам со песничкава :*
    http://www.youtube.com/watch?feature=en ... Mz15M&NR=1
     
    На london-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Нели кога си на слава на телевизорот секогаш е пуштена ДМ-сат. Да цркне газдата на телевизијата!
    Баш ја пуштија Јелена Карелуша, а гледам една нејзина песна (спотот и црно-бел) е многу популарна по фејсбуков и го гледам ја спото, значи жената не се измести од онаа поза на клецкање. Значи стварно неможам да ги сфатам тие шо ја сушаат и гледаат. Гледам и на мали деца идол им била. Морее..
    Видов има многу нови ѕвезди бе, ја не сум ич била у тек со музиката и популарноста. Некој си ЕмСи Стојан, и еден Сејо Бој беше потпишан мислам, а повеќе би му одговарало СеЉо Бој, нели?
    Значи стварно незнам шо веќе не се праве со музиката. Катастрофа е се. И после зошто ќе имало крај на свет? Па нека има што побрзо бе, да не се дозволи да се „родат“ уште вакви таленти. |(

    Него, кој вика дека сум немала корист од интернетот бе?
    Денес нова лекција за холокаустот ја се си знаев, цел час дигав рака. Цело лето си читав што и како и ете, сум запамтила 8)

    Е, да ми посакате среќа за во четврток и петок. Очајно ми е потебна.
    Фала. :)
     
    На Monna.Monna, MandyLane, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Моето пакетче ќе биде полно со пет цитрони, неколку лимони и едно големо Милка. Неговото со 5 чоколада ментол, голема Милка и бајадерки. Договор си е договор. Нема бегање.
    И ииј какви лампиони има во Џамбо. Идната година би сакала голема елка и да ја средам како сакам. А не ова џгулево што ми е сентиментално врзано за срцевината.
    Кучето не ми јаде нешто, чека џигери од мама, а џигерите којзнае кај се. Се нервирам бе.
    Берово ми недостига.
    А навистина девојките се стварно како кокошки. Само прават кока да, кока дааа - Накова се соблече гола (секс бомба).
     
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Ми купил налепници со мачиња од Токио ееееј! :inlove: :inlove: :inlove:

    Срцево, ми е црвено ко тоа кругот на Јапонското знаме.
    Будала. И стапчиња со рачка како гејши. И не знам таму уште што. А јас му набавив подарок, не му го спомнувам, кога ќе дојде ќе му го приложам. Не ми се спие од возбуда.
    Абе ќе си цвркотам до утре.

    Завршив милион обврски.
    Средив куп административни зезанции.
    Го средив текстот за дигитална книжевност и ептен му се радувам, зошто професорката ќе го предава на компаратистиња мали. Требаше да се опробам ја како асистент, ама ќути, во книги ќе се затрупав, ќе ми се збрчкаа прстињата!
    Утре одам на Св. Никола, па пак во петок, да дочекам крај на свет со грав во уста. Епа да!
    Си купив нов парфем и баш ме брига за се’.
    Тато ни донесе мене и на сестра ми пакетчиња, просто душава ми се срони ем од радост, ем така, што знам, од мака. Цел живот технолошки вишок, фрки, шеќерна болест, ова она, ама уште има во него сонце што огрева за нас, трите. Колку и да ме нервира, он си е. Еден е.

    Вечерва, слатка ко шеќер, ама оној од петле.
    Ми се припи боза во моментов.
    Некако, така. Имам кого да сакам, и тој ме сака.
    Доста е.
    Навистина.
     
    На L-enna, lunicka, kate21 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Сакам да кажам дека дремките во 11 часот навечер се најслатки. Сеа турбо цела вечер. :D
     
    На DeMelo, Doozy, anuskaNESTLE и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    СДК дека барам дозвола за авторски права од една феминка која имаше пишано дека во косата има цел букет.. Епа иста сум ! Ама кој да го посети фризерот т.е. фризерката.. ах, отсекогаш било тешко кога дојде време за шишање..
     
  7. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Се враќам на старите пороци.

    Доцна легнувам, станувам со помислата како ќе си легнам после предавања, многу јадам, и заборавам да се чешлам. Ама новиот почеток ме мрзи да биде од овој понеделник, нека биде од 1ви јануари, последните денови од декември и онака ми се резервирани за легачење и џаболебарење. До оваа година тоа, затоа што годинава некои колоквиуми ни ги ставија во декември, па не можам целосно да се препуштам на предновогодишната атмосфера |(

    Which brings us to the subject of Нова Година и како некои десетина дена пред новогодишната ноќ немам поим каде ќе славам, и интересниот дел - воопшто не ми е гајле. Важно фустанот и штиклите се купени, ако треба ќе си ги облечам и ќе се нашминкам и ќе си јадам руска и кифлички така прекрасна и светкава по дома. Што да не? Денес ѕвоневме по некои клубови низ Скопјево и навистина не знам што и каде ми се прави на 31ви, освен една работа - ми се пие. Не можам да се одлучам, а тоа за жал не е поради преголемиот избор. Како и да почне таа ноќ, колку и сите да се шминкале кај Дадар или правеле крофни фризури или купиле ма не знам ти какви фустани, завршува исто - пијани фаци, такси, и повраќаници. Што и да носиш, каде и да си, тоа е епилогот на една новогодишна ноќ :worried:

    Друго што сакав да кажам, не можам да замислам да студирам книжевност. Англиска. Абе студирам англиски, абе читам и книги, ама да треба да обработувам по неколку (многу) книги секој семестар, па да им барам теми, мотиви, скриени симболи, конфликти...њет. Имаме една лектира семестаров и еве, скоро 12 часа сум пред компјутер и се обидувам да ја анализирам, да не копирам од Google, ами да измислам нешто сама, да адаптирам нешто...очите ми истекоа. Само едно имам да кажам - SparkNotes saves lives!

    Тоа се моите мудрости во овој доцен час, или ран, како сакате викајте го. Ве оставам со една песничка и имајте продуктивен hump day.
    http://www.youtube.com/watch?v=hXCKLJGLENs
     
    На Hopeful, Springy, DeMelo и 2 други им се допаѓа ова.
  8. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, Cacy, la-chicka и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.402
    Допаѓања:
    17.648
    Пол:
    Женски
    Јас не сум во тек, нели ти Трендафилче си најде работа и беше среќна поради тоа, што се случило во меѓувреме?
    Ти го барав мислењето со чоколадите од кам па наидов на ова, какви се тие чоколади во Кам, јас одамна не сум била, последен пат купив едни Алпико со карамела беа полнети, само една земав и за два дена отидов по уште многу такви и не ги најдов, ги потрошиле. Сега јадам од овие гратис што ми се од татко ми, ама уште една остана, ќе мора да се бара чаре, поевтино а слатко.
    Неколку дена не сум пишала пост на форумов и сега доаѓам одма за чоколади пишувам :lol: Како трудна да сум, дај Боже да сум, ако фатило од вчера :$

    Овој идејата ја направил стварност, мислам дека е подготвен во сабота да му ја претстави на премиерот. :rofl:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Животот е краток, ама соседите се вечни
    претседател на РМ Ѓорге Иванов

    На страна од сето тоа...добро, не баш на страна...сакав да кажам, ништо чудно што албанциве ги нема во собрание...они и така се си имаат. А уствари се жалат дека немаат. А јас на 10 шалтери кај што пројдов истите фацки...нивните. И бради бре, што е тоа пуштени бради како попови. Нат кул :x (да не кажам еден друг збор).
    Овај, на страна политика :D се молат блиските да не ме тормозат со новогодишни понуди, веќе не знам како да кажувам не :tmi: На трпеза, сеуште има домашни домати во салата со сиренце. Мешање вкусови.
    Секој со себе во потрага по парче мир. Изолација. Се одбиваме еден од друг за да не се повредуваме. Мака ми е. Имав убаво детство, веројатно е доцна сето ова да ми влијае на личноста :^)
    Мислам на тетка ми деновиве...на малечките, на буцето, на пакетчиња што сакам да им ги скројам. Се смеам, а нешто тивко тлее во мене. Се прашувам, колку тоа образи имам, што на секое ги вртам? Се лажам себеси или другите?
    Ох бре, дојдов овде да се анализирам :tmi: пак врти образ.
    Убави изгрејсонца за убави денови
     

    Прикачени фајлови:

    • sun.JPG
      sun.JPG
      Големина на фајлот:
      48,3 KB
      Прегледи:
      223
    На slavica999, Doozy, AnaKarenina и 10 други им се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Александра Накова ко да има пластична операција направено-не личи на себе, што ми текна на тоа сега :?: туку сакав да кажам дека кога си тип топ скоцкана ти се случуваат незгоди-како мене вчера со расипаниот чадор, па пропаднам од срам -кај го најдов баш него да го земам :fubar: сам се отвори и како што дуваше ветрот се движеше по улица а јас трчи да го фатам :lol: и на крај успеав :) ми помогна и еден дечко ама како што не сум расположена за комуникација со машките само му се заблагодарив и толку-знам дека не треба да бидам толкав намкор, во принцип имам нормален однос кон сите а за дистанцата кон спротивниот пол изгледа голема улога игра Шричин мој-тие се такви машко да не им се спомне |( што луге ке беа :x
    изгледа дека ова е само период, и дури сега свакам дека треба да се има баланс во животот а не само едно и ко слеп за стап само тоа па тоа ко сега за друштвово-партиски мора, избори се ближат дружбата со девојките е интересна не велам не ама само со девојки да се дружиш кога -тогаш ке си речеш ај малку да зирнам што прави опозицијата :lol::rofl:
     
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Македонецот Никола Настески, познат како Лестер е победник во бугарското реално шоу Big Brother. Со победата, Никола освои нов автомобил.

    Браво конечно некој Македонец нешто да освои
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.402
    Допаѓања:
    17.648
    Пол:
    Женски
    WOW Какво постигнување, секоја чест за човекот, колку "високо" стигнал, којзнае колку пи*ки бугар(к)и свртел, треба да се гордееме?
    Ќе биде забележан во историјата на нашата земја, а неговото постигнување ќе биде поставувано и како прашање по квизовите (чекај, кои квизови, па во Македонија нeма квизови, нема способни да направат некој квиз каде може да се изнесат своите знаења, да се додели некоја награда на некој паметен а невработен )
    А вакви таленти, како горенаведениот, има со лопата да ги ринеш. A и емисијата т.н. шоу, немам зборови :puke:
     
    На Monna.Monna, Hopeful, mims-89 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    САКАМ НА СИТЕ ШТО ИМ Е СЛАВА ДЕНЕСКА ДА ИМ ЈА ЧЕСТИТАМ..СВЕТИ НИКОЛА ЗА МНОГУ ГОДНИ НЕКА Е :*
     
    На srcekrsacka и Abeja им се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... денес, од петни жили сите се обидуваат да се уникатни.
    Да се посебни. Да зрачат со невидена аура од шестата чакра и да шират ексцентричност, небаре радиоактивност.
    За таа цел, ќе го откопаат филмот кој победил на биеналето во 1998 година, и не е важно што не им се допаѓа, а можеби и не го разбираат, важно им е омилен, и никој друг не го знае, ниту го видел и слушнал.
    Или бендот кој прави најшупачка музика на свет, ама ете - само нивното уво ја регистрира како посебна.
    И така е и со книгите, облеката што ја носиме на себе, храната што ја јадеме... веќе нема секојдневни, нормални и едноставни работи, се` мора да е сложено, непознато и возвишено, зашто во спротивно ќе е просто, едноставно и сељачко.
    И ти ќе бидеш дел од топлата, наместо раритетот, и ќе си немаш поим од животот, зашто мразиш хипстери. На пример.

    Таа невидена потреба на самопокажување и одделување од масата толку ме вади од такт, зашто има луѓе на кои им доаѓа природно, неизнасилено и се интересни за гледање и слушање, ги впиваш со возбуда, учиш од нив, те водат во нови светови и мириси, те копка како завршува приказната, и начинот на кој го прават тоа не е ниту дрзок, ниту арогантен, ниту извикуван од висина на коњот од Ацета.
    А поголемиот дел се само позери кои немаат основно чувство за човечност, камо ли култура.
    Зошто ми се лигавиш, зошто се преправаш нешто што не си?
    И полошо - зошто остатокот воодушевено трепка, кога мелеш лајна? Зошто морам да се преправам дека си интересна, уникатна или паметна, кога си една изгубена утка, која со две позајмени фрази се обидува да се провлече како интелектуалка?
    Како да ти кажам, на крајот од денот, секој сам си ја преџвакува храната во устата и сам си го забришува задникот после голема нужда.
    И кога си болна, ти тече носот и се мрсулавиш исто како и јас, или оној во Танзанија или Дубаи.

    Модата никако да им дојде на едноставните, а моќни зборови - молам, благодарам и повелете, или некој да ти понуди помош, од несебични побуди или да те праша како си, и да го мисли тоа, а не чисто за да едвај го дочека контра-прашањето, и да ти се исповеда со половина од животните проблеми.
    И да те наполни тага, како сопствената да не ти е доволна.

    Вчера, возејќи се во автобус, човек падна на автобуската. Буквално тресна со лицето на земјата и не се помрдна. Никој, апсолутно никој не се заврте да му помогне. Морници ме полазија, телото ми се накостреши, тргнав да се симнам од вториот кат, додека двајца средношколци не му се доближија да го подигнат човекот, да му помогнат со работите кои му паднаа наоколу, да му подадат шамивче да си ја избрише крвта од лицето. Обични дечиња му помогнаа, додека остатокот бледо зјапаше.
    Станавме како лош американски филм од гетото, човекот може да ти умре пред очи, а ти да не мрднеш со малиот прст.
    Тоа е во мода, да не ти е гајле за ништо. Да се испоубиеме меѓусебе.
     
    На Domino, MissAnn, bittersweet и 45 други им се допаѓа ова.
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Abeja ни јас негледам реални шоуа,но во друга држава Македонец да победи е стварно за честитање,без разлика во какво шоу учествува.поздрав
     
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Колку ги презирам овие збираници на бадијалџии, ако најдеш таму вработена личност со сериозен статус кажи ми. Не признавм дека е ова е постиг бре, ако направил нешто интелектуално и хумано ај, ама дремење у соба, гологузење и биднување дебил не фала.. али верувам ова му е врв у кариера.. :o
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.402
    Допаѓања:
    17.648
    Пол:
    Женски
    ^^ vitomir, Па затоа пишав, ама заборавив јавно да му честитам, еве сега тука МУ ЧЕСТИТАМ на непознатиот човек, ваков талент мајка еднаш раѓа, секоја чест уште еднаш и браво за успехот, да продолжиш со "успеси" и понатаму, сите млади луѓе да не го следат неговиот пример, бидејќи тој пат до успехот е "макотрпен и тежок и бара потполно вклучување на сите мозочни клетки", па може некоја да ви прегори.

    [​IMG]

    Убаво велат-"речи су сувишне".
     
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ок,мислам сега сите можете да бидете иронични и зајадливи,јас не зборам дека постигнал успех,и многу ми е гајле за него,јас зборам дека во друга држава ретко се случува Македонец да победи,а ова раелно шоу така се погоди,без разлика дали е за ова,или за пеење од типот на идол,значи зборам како македонци,никаде не сме ценети.
    Ај сега критикувајте ме,и само беспотребни оф топици или коментари се даваат на оваа тема.
     
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.402
    Допаѓања:
    17.648
    Пол:
    Женски
    ^^ А кој те критикувал тебе?? :!: Ти нешто погрешно си сфатил, критикувана е веста која ти ја напиша, далеку од тоа дека некој те критикувал тебе (освен ако не сакаш да се пријавиш за наредното исто такво шоу :lol: )
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.