1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Абеја да бев јас таков тип што сака по такви реални шоуа досега 100пати ке се пријавив,така да ова ти паѓа во вода.
     
  2. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    Многу грди луге, претерано (јас си ги викам Погачиња на фаца :lol: ) А под тоа исто така подразбирам голем нос навлечен надолу во форма на полукруг и уста напикана навнатре скоро и да не се забележува. хахахаххахах ако не друго сама си се изнасмеав, ако се пронаајде некој sorry :/ xD
     
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.568
    Допаѓања:
    289.633
    :!: Постов не е дискриминирачки, само заклучок од моја долгогодишна обсервација.

    Сабајлинава полагав еден испит заедно со уште стотина возрасни лица од најразлични етнички групи и националности.
    На поканата за испитот стоеше да се биде таму пола саат пред почетокот на испит, и најнормално јас бев 45 пред неговото започнување.
    Што е сигурно, сигурно.
    Вчера видов како треба да изгледа тестот, бидејќи реално потребно е да се има само познавање на јазикот и знаења од општата култура, политика и историја на земјата.
    Тоа беше доволно.

    Седам таму и набјудувам, не дека имав некоја трема за испитот, но се знае како е примерно едно возрасно лице да се понаша.

    Да се вратам на делот што не ми е цел да дискриминирам :D , туку само да го произнесам мојот заклучок кој денеска по не знам кој пат ми се потврди дека луѓево од афричкиве земји многу се смеат :rofl:

    Сум имала колеги на работа, на факултет обични познаници...така весели да речам. Но секогаш сум препишувала на младоста.
    Ама женичињава 40/50 години, пола саат хаха хихи хаха хихи.

    Седнавме сите на место, и се преклопија стрелките за да почнеме и прашуваат ако сака некој да оди во тоалет, сега да оди оти после нема испаѓање.
    Сите што станаа беа мароканци. |(
    Онака лежерно, лека полека, мува не ги лази. Не ги лазеше ниту додека стоеја пред вратата од тоалетот пред да влеземе во салата за полагање.
    Чат пат имаше и неколку цури од источно европските земји кои имаа станато со петлите за да стават три кила шминка на себе и мораа сто пати да погледнат во скапиот телефон колку е саатот и покрај огромниот на зидот.
    Почнавме што почнавме.
    33 прашања, за 5-7 минути на брзаница штиклирав од понудените одговори, препрочитав и си реков готово.
    И таман да го предадам тестот ме удри во глава тоа компјутерското прегледување да не ме зезне, ај што е сигурно сигурно јас да поминам уште еднаш со пенкалцето врз штиклираното.

    Параноја шта чеш :$
     
    На Moira, tweety26, lunicka и 6 други им се допаѓа ова.
  4. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    одамна се немам чуствувано вака очајно и изнервирано, работава никако да тргне а јас продолжувам да се нервирам и да се нервирам... не ми се верува какви работници постојат просто неверојатно, со денови да се чудиш... воглавно сум добра особа ама денес имам желба да го избодам сељаков :devil:
     
  5. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    165.784
    Станав од сабајле и си мислев како држам интимен концерт на пиано на сред лизгалиште и убава светлина. Сеа ми оди како лупам по оргуљи у некои готски храм. Што ти е расположење. Ако,ако, ќе речете вие нешто.

    Треба пар жени да се облечат по најнова мода гледам јас,гледааам...
    [​IMG]
    Ми дојде нагон на повраќање само што ги видов дур гуглав да си најдам сликичка. А башка немојте да полудувате изгор скапи се,цената у очи ми падна. До душа,шо се 200 евра за кошуљава у однос 850 евра за количка?! Пих, сите четворица возрасни да се облечат тамам.
    Сериозно пар жени би облекла у овакви и право у сенаториум да им пеглаат нерви и да им лечат хистерија.

    Ај добарден,живиздравивесели. Денес ќе ојме на заслуга?! Бога ми арно минавме вчера,ама мамата посна сарма,лапни-голтни ми се јаде,уз вино црвено...

    И ете баба ми си брбља сега и вика Св Никола на што све не бил заштитник. На болните и обесправените меѓу другото. Јас како апла неверник и љубител на посни сармички (до душа на секоја и секаква славска трпеза), мислам дека си ја одбрав куќната слава еден ден. Па пау! Увек болна (у умот ако не друго) и обесправена (читај ги претходните загради!)! :D Знаев дека освен посни сарми за посни слави,има и нешто друго убаво во верата у кое ќе се пронајдам!
     
    На Biskvita, Gordana10 и skyAngel им се допаѓа ова.
  7. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Има разлика од петка до петка.Има разлика од петката што сум ја добила учејќи со денови и денови,и петката што некој ја добил препишувајќи од мене.Е тогаш многу се нервирам.Јас сум учела,сум се трудела,а некој што ни со прст не мрднал,ќе си препише све од мене,и дури ќе добие пофалби за знаењето.А јас не? :^)

    Денес сите некако ме нервираа.На посебен начин.Денов ми започна во 5 сабајле,станав и не ми се спиеше и како утка дремев до 7 |( И да,денес имавме тест.А моите ми наводни другарки ме оставија потполно сама на тест.Намерно...Можеби!
    И :!: Јас секогаш сум била тука за сите,сите сум ги расположувала и во најтешките ситуации,и сум им била поддршка и утеха.Но,за жал никој не го цени тоа.Дури и го злоупотребува.
    Утре имам математика тест,задутре хемија,во понеделник физика. :worried: Неможам веќе.Цел ден дремам над книга,учам,се трудам.Мислам дека ќе пукнав,едноставно немам ни мотивација.Дабл,ма трипл мерде :punch:
     
  8. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    На секој од нас нe му е подеднакво лесно да биде добар човек. Кај мене на пример, бара голем напор. Јас не знам како човек мора да се чувствува одвнатре кога некој близок ќе му згреши многу, ќе го потцени, ќе го навреди, а на крајот тој сепак, не само што ќе му прости, туку нема ни да почувствува потреба за простување. Веројатно така спонтано му доаѓа, заборава на се` и продолжува да го бара и очекува доброто во луѓето.

    Мене кога некој ќе ми згреши, признавам дека сум и те како големо злопамтило. Се разбира, зависи од тоа колкава е грешката. Ако ептен претера, го бришам од животот инстантно.
    Знам да бидам и невиден инат. Можам да изгубам човек само да докажам дека сум во право и никогаш нема да се свртам назад. И да жалам, и да сум избрзала, нема да признаам.
    Ретко се случило да се жртвувам за некој. Го правам она што го сакам во моментот. Ако мене ми се седи дома, ќе седам. Во суштина, јас сум самотник. И не сакам баш некоја голема социјализација.

    Е, тој. Тој е сосема друга приказна. Сфатив, иако одамна, дека секоја ситуација има две страни. Така како што јас гледам на неговото дружење со личности кои воопшто не го ценат и ја користат секоја прилика да му плукаат зад грб, а пред него се лизни - мазни, како на лицемерие, вистината може да е многу поинаква. Т.е. ако мене секој оној кој шири невистини и ми го оцрнува името, ми го ремети желудникот и автоматски добивам желба да го избришам од мојата поблиска околина, нему меморијата му е само во функција на чување на убавите спомени. И човек не мора да му се извини за да прости. Едноставно заборава. И продолжува да биде среќен. Макар обвинет дека е лицемер, а во суштина знае само дека неговата душа е таква.

    Знаете како е да чуеш дека некој близок на личноста што ја сакаш зборувал дека си глуп, дека факултетот си го поминал со врски и дека немаш поим од информатика? А нареден пат доаѓаш и на личноста и го поправаш компјутерот, без желба да докажеш нешто, туку само да помогнеш?

    Потребно е многу, многу, многу време да научите како вие да не се труете со гнев и омраза заради туѓи грешки. Сите ние сами си ја нанесуваме штетата. Но, да не дозволиш да ти влијае негативното, упорно да веруваш дека последните постапки не говорат за личноста како целост и да преминеш преку нив, потребно е само да имаш големо срце.
    А со такво не се раѓа секој. Ти мил мој си благослoвен. И нека не те уништува критицизмот на таквите како мене кои не знаат како се љуби.
     
    На bittersweet, Tenkai, Hopeful и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Lahaliva

    Lahaliva Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    317
    Среќна сум,многу.Сега сватив.
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Biskvita

    Biskvita Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    97
    Земи една чинија и фрли ја наземи.
    Се скрши ли? Да.
    Извини и се. Се состави повторно? Не.


    Се надевам дека сега сфаќаш.
     
    На Monna.Monna, Sanniii, anabel-a и 15 други им се допаѓа ова.
  11. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Хах од што ми се спие не гледам кај пишувам. Сум си пишала едно мислење во модни критики, аии 8)
    Продолжувам, натпревар во недела, и плус 3-4 теста следната недела. НЕМОГУУ, не сакам!
    Единствено нешто што ме возбудува е планот за нова.
    Ајде уште малку, една недела.
     
  12. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Добро утро, да не речам ден!
    Всушност денов доста рано ми почна.
    Се пуфкав сабајле под ќебе, мрчкав, и одвај го натерав мрзливото гзе да мрдне.
    Повторно блескам, искрички наоколу. Пафтам со раце ги дофаќам[​IMG]
    [​IMG]

    Кафентето сега ќе биде готово па следи уште малце туткање во кревет со некоја сериичка.
    После учење, па договарање со бубу за излазак, и тако даље.

    Decisions,decisions. Ги има за извоз во последно време.
    Каде за Нова, дали да продолжам со бубу, што попрво да учам, на кои часови да ме нема.
    Кои чевли да ги купам, како да се облечам, па и што да пишам на форумов. Некако инспирацијата слабо деновиве, не бев расположена за шкрапање копчиња многу многу.

    Ах да, и песнава. Прв пат ја слушнав утрово, ама има опасна моќ да ме води на некое посебно место, во свет полн со фантазии, убави мисли и спокој!
    http://www.youtube.com/watch?v=hhnZkNj7kAo
     
    На Biskvita му/ѝ се допаѓа ова.
  13. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Се е добро се дур не ги пуштат рекламите на Маестро . :sweat:
    Не можам, не можам да одолеам на храна...
     
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Отидов на разговор за работа, пуштајте среќа а деновиве ќе кажам тактики за наоѓање работа, зошто не знам што не пробав, а до ова интервју стигнав преку фејсбук, така да ако биде нешто ќе го бацнам Марк!
     
    На Moira, skyAngel, bittersweet и 22 други им се допаѓа ова.
  15. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    29.552
    Пол:
    Женски
    Денес полнам 17, и се чуствувам позрела него кога и да било, нормално, ама уште не можам да се согласам со тоа дека со годините доаѓа и зрелоста, но тоа за некој нареден пат.Искрено годинава си посакувам и самата себеси да доживеам многу незаборавни моменти, кога ќе полнам 18 да си посакам да се навратам на 17, и ете да ми се исполнат барем поголемите желби.А една од нив ќе ми се исполни денес, и пресреќна сум бидејќи мојата мајка ќе ми ја овозможи.И така да не дрндам веќе, да ве почастам нешто бидејќи само еднаш имам 17! :D

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Serafima, bittersweet, anabel-a и 12 други им се допаѓа ова.
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Морам ова пред да искочам, јас сум запрепастена од глупавоста на девојчиња со муда од лабуда..

    Родители бу било убаво да си посоветувате децата, и да им ја намалите агресијата, срамота и одвратно ми е кога постојат група девојчиња кога се нафрлаат на една жртва, без разлика каков е мотивот, а се надевам дека родители на “силниве моми„ се со совест и ќе превземат соодветни мерки. Не сакам ни да помислам како му а на девојчево колку и да изгледа детски, ама ако се оди на гугл и прочита за стапка на смртност на ученици, поради психички притисок, омаловажување и слично, ќе ве инзенади, се сеќавам пред некое време кога простуи вест кога дете си го одзема животот зошто го закачле во училиште и не го издржал пртисокот. Учете си ги децата како треба да се однесуваат, не смеете да се гордеете ако се однесувале вака.. како и да се почнува од дома.

    Ама очиглендо ќе треба да почнат родителите да се едуцираат прво.. ах икао не сфаќам што добиваат со покажување сила, леле да сум директор, или педадог, или социјален работник, или нешто слично да освестам малку..



    http://off.net.mk/vesti/makedonija/kolk ... map=%5B%5D
     
    На Monna.Monna, anabel-a, Hopeful и 9 други им се допаѓа ова.
  17. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    ^^ Мене да ми се пред очи овие, сите и за коса и по некој шамар. :fubar: Срамота! Ама срамот е на родителите, а ќе кажам и на никаквото општество. Нит некој се интересира за младинава, нит превзема нешто. Страв ме фаќа дека е можно да станеме америчко општество за некоја година. :worried:
     
    На anabel-a, Hopeful, tweety26 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Денес...е чуден „празничен“ ден...излегов пред малку надвор, гледам...свадба...одат по невеста, во 13.00 часот во четврток.... :?:
    Ако..нека им е со среќа, па и не мора се да биде викенд....или петок.
    Не знам..денеска се осеќам чудно, многу ми е тивко, чекам снег...и ...дааааа..
    сега ми текна...ми се пие кафе.
     
  19. CaperucitaRoja

    CaperucitaRoja Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    320
    Пол:
    Женски
    Еден паметен фраер не толку одамна, напишал нешто маестрално добро. Барем за мене. Ова е токму тоа што сакам да ви го кажам денес:

    Учиш

    По некое време ја учиш суптилната разлика
    помеѓу држењето нечија рака и оковувањето
    нечија душа.

    И учиш дека љубовта не значи привлечност и друштвото
    не носи сигурност.

    И почнуваш да учиш дека бакнежите
    не се договори
    и подароците не се ветувања.

    И почнуваш да ги прифаќаш твоите порази
    со главата горе и очите отворени со достоинство
    на жена, не со очај на дете.

    И учиш да ги градиш твоите патишта денес
    затоа што утрешнината е премногу несигурна
    за планови а иднината има начини да те изневери
    на половина пат.

    По некое време научуваш...
    Дека дури и сонцето гори ако го
    има премногу.

    Па си ја копаш градината и си ја украсуваш душата,
    наместо да чекаш некој да ти донесе цвеќиња.

    И учиш дека навистина можеш да истраеш...
    Дека си навистина силен
    И дека навистина вредиш.

    И учиш, и учиш...

    Со секое збогум нешто научуваш.


    Хорхе Луис Борхес
     
    На Springy, Serafima, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    Море и тоа како му треба на сите по еден шамар. Куп животни. Имам поминато низ тоа, и да ти кажам право би сакала некој да преземе нешто.

    Инаку овој ден некако мрзливо оди. Ми ставија вакцина, малце доцна (во октомври требаше) но поканата на погрешна адреса ја пратиле. Ова ми е четврта година како сум преселена и уште пуштаат работи на старата. |( Сега раката ме боле, треба да учам и читам книга, но пуста мрза несака да пуште. А вечер сум на именден кај братучедот. Оф леле нека биде лесен тестот, што има врска што мајка ми знае математика кога јас немам стрпление за неа. Ајде да ја покачам тројката на четворка и потоа на коњ сум. :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.