[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    http://www.youtube.com/watch?v=vNoKguSdy4Y

    Ја слушам песнава и спотот и едноставно не можам да се доначудам како можи толку да се совпаѓа со сето она што ми се случи и што го доживеав... воедно многу ме растажува зошто ми ги враќа спомените и сваќам дека ништо не заврши, дека не помина болката од разделбата.. од ништо... сваќам дека нема никогаш да престанам да го сакам ;(
    Џабе ми збораат сите ке помини со време, зборовите не лекуваат такви рани.. знам само дека не можам да издржам поќе... ако не биди нешто ке умрам! ;(
     
  2. Biskvita

    Biskvita Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    97
    До пред неколку години на слави пеев „дедо мраз,дедо мраз,дојди и кај нас’’,а и сега пеам,ако ме дрмне винцето :D
     
    На Ann.94 и rosebush им се допаѓа ова.
  3. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Пред 2-3 часа излегов на прошетка со другарка, и впив дел од новогодишната атмосфера присутна во Скопјево - кое навечер, во накитено издание, е ПРЕКРАСНО!
    Токму затоа, уште повеќе ми е криво што едноставно не сум во славеничко расположение. Ни Св. Никола, ни Божиќ, ни самата Нова година... Едноставно, годинава не е тоа тоа... И ме нервира тоа што не знам зошто... Moжеби затоа што потсвесно знам дека ќе си живееме уште два дена!? :wasntme: :lol:
     
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886

    Еве какво клошарче е тоа, безделничар како и сите останати, идиот без никаква обврска во животот, клошари по шоуа ем за да стане `познат`, ем со лежење, серење и јадење да земе хонорар, плус направил подвиг уште поголем со потегов:
    http://www.youtube.com/watch?v=eNdBfQlsl9s

    Сеуште си горд? :^)
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Не ги кажувај сите работи што ги знаеш, дефинитивно ќе се искористат против тебе.И ако разгледаш поубаво ќе го видеш тоа шо не е за гледање..Дека сите се од корист никој не го е гајле за ништо и ќе бидеш зафркнан кога ќе дадеш прилика
     
    На ilipili, Hopeful, Name и 5 други им се допаѓа ова.
  6. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Одамна немам напишано два три реда на темава. Па, да почнам. Преку глава ми е од тестови. Реченица која ја користи секој ученик ова време. :) Сакам тестот да ми биде петка , па не мора на полугодие да имам петка. За тоа воопшто нема да ми биде мака. Ама ако овој тест ми е пак четворка... се изнарешавав задачи, пропуштив нешто вчера, не видов некој што многу ми значи :$ со цел да добијам петка на тестот! И да ! Овој пат многу ми значи. Не за оценката, туку за тоа да си ја надоградам самодовербата, сама на себе да си покажам дека сум можела повеќе. Не можам да си го замислам разочарувањето , оценка минус за 2-3 поенчиња.Па и не беше така лесен тестот. Добро, тоа е релативно,но сепак.

    Нова година се ближи. Не сум љубител на ниски температури, ама ја сакам новогодишната атмосфера. Сакам кога ќе погледнам низ прозорец во мракот да видам како светкаат сијалички во различни бои. Некако , тоа ми влева топлина во душата. Како сите и јас би посакала новогодишна желба. Би посакала само едно: се да биде во ред.
     
    На Roxanne, alessandraaa и pamelche им се допаѓа ова.
  7. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    СДК сум заслабнала,ова ми дојде како џокер пред прaзнициве.Се осеќам мн.среќно,исполнето и да супер изгледам во новиот фустан :clap:
     
    На Serafima, tweety26, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Човече прекини да ми шеташ низ глава, ало бре треба да учам! Ццц :fubar: :lol:
    човек да неможел да се концентрира на раат, па после лоши оцени.. епа лоши ќе бидат :lol: ќе се правдам утре дека не сум можела да учам од што сум мислела на тебе, Е ТАКА да си знаеш :lol: :rofl:
     
  9. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Ептен турбо деновиве, да помине овој викенд (и следната среда) и ќе можам после да се опуштам. :f: Мислам ќе се преродам. :lol:

    Редовно читам, има многу нови и интересни членови, да се надеваме дека за зимниот распуст ќе можам повеќе да пишувам. :)
     
  10. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Воопшто нема да зажалите доколку го прочитате :)

    Исповедта на гладниот човек

    [​IMG]

    Светот е гладен знам јас, знаете и вие, знаат сите тешки времиња за некои, ептен лесни за некој друг, но тоа ти е животот. Дур некој избира храна во луксузен ресторан и не ја дојадува, надвор некој чисти и скришно ги гледа. Се плаши и да ги погледне, се плаши и за тој леб кој го заработува да не го загуби од луѓето кои не ни знаат што е тоа сиромаштија и само еден леб за појадок, ручек и вечера за целата фамилија. Да точно така, тоа го има овде кај нас, низ солзи раскажува човек околку 40 годишна возраст, на исти години како наш татко, брат, роднина. Ми доаѓаат мисли дека таа судбина можев да ја имам и јас, а тоа да беше мојот татко...



    Уф колку е тешка само таа реченица, ја слушнав од човекот кој седна на една клупа подалеку од мене и само се вртеше да не го види некој зошто седи, а не чисти со метлата низ клупите. Да го исчисти ѓубрето од луѓето кои не знаат да ја ценат човечката мака и си мислат дека некој мора тоа да го сработи. Ми прозборе човекот кога го фрлав ѓубрето со зборовите “извини”. А зошто извини?! Немам појма. Единствениот збор за одбрана и за заштита. Па му возвратив “ок е, нема зошто да се извинуваш” и се насмеав, почнав разговор. Додека одговараше, никогаш не ме погледна во очи. Гледаше надолу и си ја вршеше работата. Не можев да се воздржам. Имав еден куп прашања, но добив само неколку одоговори. Дали знаете дека неговиот син, едното од двете деца умрело пред три дена, а негов одговорен не го оставил да тагува барем една недела. Своето дете!

    А не смее да ја загуби работата. Ако остане без неа, другите членови на фамилијата од глад ќе умрат. Тој човек тагува во себе. Срцето му плачело, ама тој е аргат. Нема чувства според некој. Детето му умрело од болест, немал пари да го лечи, а државата и болниците се зафатени. Имаат поважни проекти и проблеми, па не се битни граѓаните што умираат од глад и “неизлечиви” болести. Немал прозорци на скромната куќа. И само тоа го кажа. Ептен доволно беше. Си замина, а јас со солзи си одев дома. А сигурна сум дека низ солзи продолжи гладниот човек кој само со 10 денари оди на работа, а тие му се и за ручек и за вечера. Многу од нас не го разбираат тоа. 10 денари за некој е монета која само им тропа во новчаникот, а за некој е опстанок. Би сакала да ги мотивирам луѓето за помош на оние кои навистина се сиромашни. Нашето кафе во град, чини ручек на некој кој нема…

    Се надевам дека со оваа исповед нема да му наштетам на гладниот човек доколку ова го прочита неговиот одговорен.
     
    На Roxanne, Serafima, ilipili и 6 други им се допаѓа ова.
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Како да учам со очи полни солзи, главата ми пука, срце ме стега.
    Незнам кој може да уче кога од тој што најмногу го сака слушне дека веќе не му требаш во животот. Дека те мрази, дека неможе веќе да те гледа. Кој би посакал тоа да го слушне од брат? Братот за кој во оган би влегла, за кој животот би го дала. Неможам, стварно неможам веќе да одам на школо со потечени очи наводно дека незнам од што ми се или дека ме боли главата. Стварно неможам да плачам нон-стоп.
    За утре имам купишта за учење. Седнав, покушав ама џабе, се мислам како брат ми би бил среќен кога би утепал. Да, така ми кажа дека ќе ме утепал некој ден. Неможам веќе, стварно неможам.
     
    На Monna.Monna, rosebush, thelittle17 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Да не ја сретнев денес Џемо во автобус, немаше да се насмеам цел ден :wasntme:
    :D :D :D
    И нејзината реплика : немој да ме гледаш и да се смееш, не сум телевизор!
    ц.ц.ц
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Памелче бе, дете, тоа твоите кај се? Да ве зашамарат малце и двајцата |(

    СДК, родител, еј, родител! Да се знае што е тоа! И не е постов ради Памелче, туку инспириран од други родители што само произвеле две деца :fubar: Џган!

    Бог да ми ги поживее, ниту еднаш не си дозволиле да ги погледнам со презир. Не рака туку срце во оган ставаат. За жал, има и такви кои ни прдеж не упатуваат кон сопственото чедо |(
     
    На Serafima, bittersweet, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    [​IMG]
    :devil:
     
    На Cacy, The-Queen, anichka94 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    значи МРАЗАМ кога некој одлучува нешто место мене-што бе јас бебе или фетус што не знае да се брани од непријатели :fubar: :swear: |( бог да чува и да брани

    и МРАЗАМ кога некој ми глуми светец, фин, мил, коректен а во вистинско светло е губре невидено-сеедно кој и да е и каква улога има во мојот живот, епа затоа кога ке се почуствувам дека сум во невоља нема да има срцебиење ко пред инфаркт туку има акција за да има реакција т.е. напад со сета сила и расположливи средства:)
     
    На Sara123 и Johny им се допаѓа ова.
  16. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Мамо и тато,сакам да знаете дека многу сакам да бидете горди на мене и знам дека не сте и не заслужувам да бидете зашто ништо не сум направила за да бидете горди на мене.Понекогаш ми е гајле, едноставно се откажувам исто како што се откажав тогаш кога највеќе ми верувавте и се надевавте дека ќе ме биде за тоа.Ми кажавте дека некој родители се горди на својте деца затоа што се одлични во школо,вредни и спортуваат.Јас не сум тоа знам,можеби не сакам и водам инат дека никогаш нема да бидам тоа што вие сакате,дека не сум старата јас што ја знаете и знам дека не мислите дека ќе направам нешто.Ама еден ден ќе направам да бидете горди на мене,ветувам. :)
     
  17. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    Од седум саатот,на 19 декември,се знае каде се оди.На слава.И така јас отидов.Тоа ми дојде како еден вид на смирување,опкружена со мои врсници,машки,женски...Муабетот ни тргна,си се смеевме и многу убаво ни беше.И сармичка јадев,(да се пофалам јас |( ) и риба,гравче (ах,тој грав,виновен е за сите мои издувни гасови :$ ).И не ми се одеше дома.Ама баш ич.Сега дојдов,и уште малце ќе си легнам.Тест математика правам утре,и тоа прв час.Мора да сум одморена,мора :) Сила и поддршка ми даде една школска другарка на татко ми од средно.Ја собравме и нејзе на враќање,и така беше мила,добра,полна со разбирање но воедно и модерна да кажам.Шо убав муабет си напраив со нејзе,сакам пааааак.
    Туку,да не дремам јас пак до 11,ве поздравувам сите,ви посакувам добра ноќ :)
    Ако сте во можност утре,среќа да ми држите.Навистина ќе ми треба :worried:

    И :!: мислам дека луѓево се пре опседнати со тој крај на свет.На нешнл џиографик гледав емисија за тоа како луѓето во Америка копаат јами и чуда.Демек се спремале за крај на свет |( Оф бре,болни американци :^)
     
    На srcekrsacka, tweety26 и pamelche им се допаѓа ова.
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сдк некако не ми иде зборењето, многу мисли во главата.
    Многу случувања во периодов што истекува, доаѓа.

    Декември турбо,турбо.
     
    На tweety26, Miss-Angie92 и crazylady им се допаѓа ова.
  19. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Морам да тренирам бааавно зборување,веќе никој почна да не ме разбира -.-

    Секој ден јас зборувам се побрзо и побрзо,ни сама веќе не се разбирам !
     
    На Hopeful и Johny им се допаѓа ова.
  20. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.676
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Женски
    Сдк , одамна не се чуствував вака исполнето и среќно , задоволна сум сама со себе , успешно се осеќам:D Спремив испит само за еден ден.....Патем има и нова љубов во учењето мојата Гинко Билоба Форте ! те сакам
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.