[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Не е лесно кога те тресне од земја средовечната криза. Не ме тешете дека сум млада за тоа. Јас сум растена во друго време од повеќето момички на форум. Мои другарки од тие денови останаа трудни на 16, бегаа со љубовниците и имаат тинејџерски ќерки сега, и ако е точно тоа каде рипала козата ќе рипа и јарето, ќе станат баби пред да имаат 40 години :o :D
    Новозапознаена другарка тука, роди оваа година на нејзини 40 години. Јас сум тетка на ова нели, ама за некоја година и баба по математиката. Така е тоа со бебуши, мама се ориентира по годините да рече или иди кај дада, иди кај тета, и бабата во блиска иднина, врсничката моја ќе треба да рече, иди кај оваа баба! Значи по тој терк и јас ќе сум баба за некои пет шест години отприлика! :o
    А јас, јас енос се запишувам на школо. Ќе ме читате и мене наскоро како се жалам за учење и ќе си речете, оваа тетка нели рече не пие веќе :^) :D
     
    На Moira, bittersweet, lunicka и 9 други им се допаѓа ова.
  2. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Ако сум премолчила не значи дека не сум сфатила дека е лага. Само не сакам да се замарам и расправам :)
     
    На sweet-cherry, bittersweet, srcekrsacka и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Испоникнаа секакви портали ко печурки на дожд. Додуша, ни толку печурки во шума нема да најдеш колку што има информативни портали.
    А информациите кои можеш да ги добиеш од нив?

    „Ги изгубила пријателите поради оваа фотографија.“
    „Со јазик до незаборавен оргазам.“
    „Си го сликала задникот и добила бан на твитер. Погледнете.“
    „Со вакво тело и на минус (незнамколкустепени).“
    итн.

    Среќа не ја загледав Кардашиан, изгледа не е веќе интересна. Шуќур нејзиното ништонеправење да стане конечно здодевно.

    Мислам дека да не ги добиев овие информации ќе се почуствував за 3 педи посиромашно од вчера.
    Во суштина се чуствувам поглупаво. Во моментов. Од моментот пред него.
    Болан, где то ја живим?!
    Не дека немам избор. Имам и си го правам, ама овие буквално ти експлодираат во фаца ако си дел од социјална мрежа која изгледа решила да ме десоцијализира затоа што јас не социјализирам со вакви глупости. Ич ама ич не сакам да ги дружам.
    Само што останува со оние кои сериозно седнуваат да се информираат и наидуваат на сево ова? Плус факт што ужасно ме нервира, ајде, нека луфтираат мозок, да речеме, ама кога го луфтираат барем да беше тоа напишано како што треба. Правописни грешки колку Кинези во светот. Сериозно во последно време ужасно ме нервираат правописни грешки. И тоа онаму, каде што не треба да ги има.
    Дедо Мраз, ај ела ваму те молам уште еднаш букварот за сите! Ај срце си, те молам!

    Ништо, отидов јас да создавам љубов поарно со рацеве. И додека вашите перверзни мозоци не почнале да мислат на нешто сосема трето - да појаснам, отидов да месам! ]:) :D
    Љубов е месењето кифлички во ова време, нели?
     
    На Monna.Monna, antonina, Moira и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    Не бива, бе, не бива. Ова сонцево што идело после дождот никако да дојде во мојот свет. Цела година се борам со демони. И никако да ме напуштат. Залудни се моите маскирања, премаскирања, криења од таа проклета лоша среќа. Во моментов ми се вртат неколку реда од „Чукни во дрво“.

    На Бога камења не сме фрлале, од други повеќе не сме грешеле. Со една надеж за трошка љубов, за малку среќа живееме

    Годинава ме отера у п.м. На 31ви и те како ќе ја отерам во неповрат. Ќе ја потиснам во длабочините на бескрајната ми потсвест и се надевам дека ни на сон нема да ми се врати. Се надевам дека ќе избледи и дека ќе ја заборавам засекогаш.

    Годинава смртта демне околу мене, ко мачка околу глувчино дупче. Загубив четворица годинава, Боже, не давај уште еден да загубам.

    Ми се јавија прееска и ми кажаа дека чичко ми е во критична состојба. Го прегазиле. Како бе, како? ;( А не можам да си одам, никако.

    Па добро бе, мајка му стара, дали плаќам ситни гревови, или Мис Карма има заборавено/прескокнато неколку милиони крадци и убијци?

    Ми се јави мама. Рече дека е добар, дека станал и одел и дека ќе биде во ред :) . Само што ми се јави.

    New year's resolution? Само здравје и живот. Другото само по себе ќе си дојде.

    http://www.youtube.com/watch?v=J1_cNvFjQNM&feature=youtu.be

    Over and out.
    Ana.
     
    На Moira, bittersweet, imelda и 7 други им се допаѓа ова.
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    - Kаде бе со тоa понашање ??

    - Eве до Собрание...
     
    На Monna.Monna, antonina, thelittle17 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Па преку глава ми од колоквиумската недела .
    Секој ден полагање ...
    Не се издржува не не !
    Ама ајде нека замине неделата и на заслужно одморче си одам :) :)
     
  7. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Чашка две вино и одма светот го гледам преку розови очила.
    За ништо не се нервирам,моето лице вели ова е весела девојка.Секој збор го пречекувам со насмевка,а на шегите се смеам како воопшто ништо да не се случува.Многу нешта се случуваат,ама виново ми годеше барем за момент да заборавам на моите проблеми.
    Дали тоа јас треба секој ден да пијам? :^) :D
    Многу сакам кога времето ми поминува целосно неорганизирано но турбо.Трчав наваму натаму,се среќавав со луѓе,ширев познаства,телефонот не престана да ми звони за неочекувани средби...
    Ехх така да е секој ден,да ја разбијам оваа секојдневна монотонија.
    Вчера се ми беше интересно,се појавив на една средба со повеќе луѓе,а машките погледи почесто залутуваа накај мене.Другарка ми М вели: "Ми се чини или ти ќе треба од овие да си бегаш?" :D
    Нејзе пак така и тргна разговор со еден што ме заборави дека сум до неа. :D
    Денес си бев и на слава,и се чувствувам пренајадено...не за друго многу благо изедов. :lol:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Rna

    Rna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    63
    Ајде нека дојди овај зимскиот распуст еднаш !
    Ова недела има уште малце 2 дена ама 1 ден тест и испрашвање т.е утре и петок екстерно оценување :@
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Преку глава ми е од ова ( да не се изразам немаштија ) недостаток на пари. Да не можеш да излезеш слободно, да се туфкаш дали ќе имаш доволно пари, а трошењето пари за такси секојдневно е друга приказна. Еве сега роденденот, па нова година, Бадник, Божиќ, имиња, а пакетчиња и други додатни трошоци и да не спомнувам. А, пари нема. Колку ги сакам овие денови, толку и ги мразам. И се повеќе денес сфаќам што значи да си финансиски богат. Џабе е, викај колку сакаш дека не се битни парите, кога играат многу важна улога во сечиј живот.
     
    На Candice.S, Foreveryoungiwannabe, Monna.Monna и 28 други им се допаѓа ова.
  10. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    24.347
    Пол:
    Женски
    Ана, ме врати и мене во спомените со овој твој пост. И јас имам една таква поранешна другарка. И тоа ние бевме најдобри другарки од 5то одделение. Плус и школски во средно. За се во животот имавме заеднички планови, од излегувања секој викенд па до запишување на факултет. Само што и ние се запишавме во различни градови. И тука престана се. И комуникацијата, и блискоста, и другарството. Сега онака, само формално се поздравуваме кога ќе се видиме. А ептен ретко се гледаме. Таа сега е верена, јас во долга врска. Ни таа знае нешто повеќе за мене ниту јас за неа. Како потполни странци сме. Следната година ќе прави свадба. Не знам дали ќе ме кани. Само знам дека ако отидам, нема да се чувствувам добро затоа што колку пати во минатото сме го правеле тој муабет за денот на нашите свадби, ехееејј..
    Честопати се навраќам во времето кога бевме најблиски. И ми фали, тогаш проклето ми фали. Затоа што се надополнувавме, делевме исти соништа и идеали. Таа ми беше сестрата која ја немам.

    А сега навистина ја немам.
     
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.540
    Допаѓања:
    184.412
    Пол:
    Женски
    ..многу денови одлучував во себе си дека нема да се умарам повеќе со тоа.. но некако таа приказна знаеше да се провлече низ моите секојдневија одново и одново... еве, сеа пак го кажувам истото, овој пат на глас... НИКОГАШ ПОВЕЌЕ!! Овој пат for good! Мора така, во спротивно работите скроз ќе ја изгубат контролата...
     
  12. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Прееска на мајка ми и се јавила една пријателка и и рекла дека зборела со маж и нешто за 21.12, за крајот на светот па си рекла ај да и се јави на мајка ми, да си помуабетат можеби за последен пат, во случај стварно да бидне тоа. Е не можам. Се пресмеав кога ми кажа мајка ми :rofl: :rofl: :rofl:
    И ова имало :D .
    Ќе ја убијам од зезање кога ќе ми дојде на гости :rofl:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    164.217
    Ова солзиве на Макрадули денес ме збунија...обично сум на страната на мажите кои плачат,ама ова плачење мора да признаам,беше бааѓи соушли окврд.
    Ќе ви кажев една дешавка од денес,ама ептен ќе ме познаат. Ама слатко сум се изнасмеала. Ми дојде да плачам ко Макрадули! :D Замислете колку ќе беше тоа соушли окврд тек! Овие зборат,јас плачам и им викам фала,а поим немаат зошто! :D

    Правев саат време муабет за мексички картели, млади мексиканки и жнеење на канабис,со другар ми... и за текила... као него го заробуваат,пошто ако е толкаво магаре,е фрагилен и кутричок и како јас влагам тука и ги пуцам лошите и си го зимам назад,ама пошо многу бедес нели, ме зимаат после за десна рака на нарко босот,а другар ми ми станува мене десна рака. Ама пошто му реков дека ќе го правам евнух за да не ми кидне, тука замре муабетот! :D Трип! Се сомневам од што беше чајчето! :D

    Дечки, ако не се расправи годинава до крајот, рачунајте дека јас ќе го предизвикам крајот на светот. Ок, не баш, не можам,ама ќе оставам отворени чешми кај стигнам и ќе правам ПОСЛЕ МЕНЕ ПОТОП! :D

    И знам дека ме читаат од твитер,особено засегнатите со количката,пошто ми пратија твит за тоа! :D Мислам засегнатите,со дечиња,да не можат да се начудат. Епа тоа е...и јас! :D Топ сте дечкипоздрав. И кажувам на мајка ми, ќе ми ги дупнеше ушните тапанчиња да не беше засипната зошто сум кажувала такви работи по форуми,па ќе се увределе луѓето. Ау,па ми е гајле, кај се не се испофалиле,сите исто мислат ко мене што чуле,ќе им падне незгодно шо некој надвор смрзнува, нема леб, они се занеле по принцезата! :D
    А него како сум го затегнала вербално,леле,леле...партали летаа. Не знам што ми стана,не личеше ич тоа на мене! Се шалам,многу личеше! :D
     
    На bittersweet и teddybear им се допаѓа ова.
  14. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Совет, до девојките. Не почнувајте работа со охриѓани. Заебани се. Углавном. И оние кои ќе ви кажат дека не се, тие поготово.

    Скрос го заебав семестаров. Значи во овие четири месеци колку што направив грешки, во животов цел да ми се соберат нема. Катастрофа.

    Тоа. Следува прогноза за времето. А времето си минува...
     
    На Oxymoron, thelittle17, Ann.94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.275
    Сте слушале човек кој ви оди на нерви со самата боја на гласот, тонот, начинот на кој зборува и вокабуларот кој го употребува што ги прави следењето на зборовите и задржувањето на концентрацијата речиси невозможни?
    Јас за жал, ДА.

    Сте прочитале реченица која речиси можете да ја слушнете со сите паузи и можете да претпоставите колку време некој потрошил за да ја создаде, во која е видлив на прв поглед целиот напор кој е употребен за истата да биде составена што ја прави исто толку одвратна колку и лажна?
    Јас за жал, ДА.
     
  16. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Само да ве прашам,што мислите, ако изгледа топ, а е глупа како модел дали тоа автоматски ја прави топ модел?
     
    На MarchelineAmaru и ilipili им се допаѓа ова.
  17. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    70.716
    Ова политичариве стварно немаат почит за ценетиот ни премиер...Се расправаат и се расправаат, никој не му отиде на визита,кутриот тој :D :D :D :D
     
    На srcekrsacka и Lov3 им се допаѓа ова.
  18. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Јас не знаев дека можам олку силно да љубам..
    Навистина не знаев..
    Не можам да си го замислам животот без него, ниту пак сакам.. Помислата на тоа страшно многу ме повредува.
    Ако некогаш ме остави, исто како да ме убил!
     
    На antonina, Roxanne, Moira и 17 други им се допаѓа ова.
  19. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски

    Сведоци сме сите од фемина дека многу го сакаш и дека се би направила за него, постојано ни пишуваше постови дека ти недостигал кога заминал на одмор, кога му беше роденден ти самата му направи торта. А тој вака ти враќа?
    Не можам да се изначудам... толку ли е неблагодарен?
    Памелче да те немал, требало да те измисли!
    Да те имав за сестра ќе те чував ко очиве! Ти си мила, најмила! :*

    Не се секирај, ќе има подобри денови.
    А и не се секирај многу за оценките...најважно е здравјето, другото ќе си дојде со ред... коцкичките сами ќе се наредат.
    Те гушкам, многу! :hug: :hug:
     
    На Monna.Monna, Roxanne, pamelche и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    СДК дали сме ние заостанати или помладиве генерации прерано созреваат? Абе цела прва година нашколо оди на чевли со полна пета, со штикла и што уште не.. не е претерано високо .. ама ни 1 сантим не изгледа убаво бе.. оти не сфаќаат.. не не.. не ми е јасно
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.