[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.568
    Допаѓања:
    289.633
    Пак станав со болки во грбот :devil:
    И јас не знам што е работава, душеците ги купивме пред некој месец заедно со спалната...
    :!: Ама заклучив дека само до душекот од мојата страна на постелата е(два од по 90цм се на креветот) оти кога заспивам на неговата ми е таман.
    А он не ме верува, само сум сакала кај него под ќебе да се пикам, сеир тера |(

    И така сабајле решив ќе правам превара, ќе ги менувам :tmi:
    Он ќе фати патот на работа, јас ќе се пуштам на работа.
    И така кроев кроев план додека спие, и после жал ми падна, он така мирно си спие а јас на што мислам :rofl:


    Не дека не сум се служела со мали брачни финти.
    На пример долниот веш што не му го обожавам секогаш му го ставам најздоле во фиоките, и никад не иде на ред да го извади и носи :$
    Али од овакви размери душеци да менувам, не .

    И ај стана што стана, се наканивме он да направи кафе и за беља зеде каки да јаде.
    Кога почна за инат мњам мњам...аууу ме фрсна глава.

    Ќе видиш ти што ќе те снајде утре кога ќе се разбудиш на нов душек :devil:
     
    На Roxanne, Moira, marama и 21 други им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.048
    Допаѓања:
    203.840
    Пол:
    Женски
    Сакам да верувам дека утре е крајот на светот ваков каков што го знаеме - свет полн со злоба, себичност, некултура, војни и глад, свет преполн со луѓе кои само трчаат по повеќе, повеќе и повеќе, а притоа заборавиле како е да се биде човек.

    Сакам да верувам дека во петок ќе се разбудам во нов свет, поубав и подобар од овој што го имаме, свет полн со љубов и насмевки... ама малку тешко ми е да верувам дека човештвото преку ноќ ќе се промени на подобро. Барем сета оваа фама околу тој крај на светот да резултира со нешто добро - да научиме како да го живееме моментот, да живееме денес, сега, оти сега е сè што имаме....
     
    На Roxanne, Moira, anabel-a и 24 други им се допаѓа ова.
  3. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Веќе ништо не е како порано бар во мојот град некако се е пусто...
    Гледам лица кои се исполнети со тага погледи замислени како да се чуствува некој страв,а демек уште 11 дена нова година
    страшно но вистинито.....
    Воопшто нема весели лица или разговор за она каде за дочек освен леле како ке се платат с/ки...еј до каде дојдовме....
    Толку сакам се да си дојде на свое место,ама нема бар следниве 100тина години нашава МК е како болен човек од карцином многу жалам поради сето ова но што си баравме си добивме ........Жално ;(
     
    На Serafima, kravce и danichap им се допаѓа ова.
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    сакам да кажам и сакам да споделам со сите вас :D си доајгам домаааааааааа :D македонијаааааааааааааааа!!!!...
    леле само да знаете какво Чуство и срејка имам :D
    леле само усте 2 дена :rock: супеееррр!!!!
    ухххуууууу им хаппјјјјјјјјјјјјјјјјјј
    дома дома дома :rock:
     
    На Hopeful, ilipili, Sara123 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Колку ми е ѓаволски бројов на мислења..... :lol:
     
  6. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Каде за нова година? :o По ѓаволите кај може. Да е до мене ќе си седам дома на топличко наместо да гледам пијани девојки кои се влечат, и мажи на кои сите таа вечер му се пријатели. :) Неќам никаде да одам. Ништо веќе не е исто како порано. Или ние многу рано проќивеавме многу работи :?: Незнам. Ама не ми се дотерува, не ми се шминка, не ми се мрцваре да одам до некој дотичен ресторан, т.е кафана и да пијам. Да, ако одам таму ке пијам пошо нема шо друго да правам. И да, ќе бидам пијана за да ми биде убаво. Облека си неам купено, а и не планирам да давам за таа ,,магична,, вечер пари и за облека, ке краднам нешто од на сестра ми плакарот, и така е у тие години, облека за излегување има во изобилие. :) Пред 2 недели бев на козметичар да си ги правам ноктите, останав со отворена уста коа слушнав дека се јавуваат девојчиња од прва година средно за да си закажат за шминка за новогодишната вечер. Аман, бе девојчиња, аман. И онака ќе ви се размачка шминката оти поењето и лудувањето ќе ви бидат интересни таа вечер! :puke: И така насекаде, кој што си купил за најмагичната и незаборавна вечер, кој каде, со кој, како, зошто.... Ми се иде да се скријам у некоа дупка и да чекам да помине таа ноќ. Јас би се радувала ако можам некако да останам дома, со некој шо го сакам и ми е драг, на топло, со винце, кифлички и руска. Ако останам дома не се шминкам ]:)
     
  7. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.266
    Пол:
    Женски
    Добри вести луѓе. Тестот Физика 4. Абе летам од среќа. :D Овоа се дешава еднаш у животот.
    Друго немам шо да кажам. Ви се пофалив и толку. :wasntme:
     
  8. Biskvita

    Biskvita Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    97
    Имаше малечок проблем.
    Соседите не ја сакаа,напротив,за нејзе имаа само лоши зборови.И само зборуваа! Немтурка,горделива,одбивна,арогантна...даваа се од себе за таа да се отсели од маалото.Секогаш кога се враќаше дома ја наведнуваше главата,а знаеше да пушти и солза.
    Таа ги одбиваше сите момчиња кои ќе и пријдат,не сакаше да им дава лажна надеж,кога срцето и беше украдено.Навистина сакаше,но бадијала.
    Таа никогаш не одеше да озборува со сосетките - одеше кај своите неколку,но вистински пријателки.Тие и враќаа со лошо.
    Таа навистина сакаше им помага на луѓето,но немаше кој да и помогне на нејзе.

    Таа го напиша ова,се погледна во огледало. „Што очекуваше?’’ - си рече „Денеска не е модерно да бидеш човек’’

    Look down at me and you see a fool;
    look up at me and you see a god;
    look straight at me and you see yourself.
     
    На marama и Sara123 им се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.885
    Допаѓања:
    102.096
    Пол:
    Женски
    Се нишам некако како раскалтен заб во вилица.Денес не сум за никаква употреба .И дремењево на комјутеров ми е мачно ама дури ги прелистам огласине,не дека нешто ќе се најде ама ете пуста навика,да се најде занимација.Се ми е тешко и телово што си го носам како да не е мое,секој мускул ме боли,ќе ме фаќа ли и мене настинка откако ги претера домашниве?
    Туку да ви кажам се ежам од совршени жени.Тие кои се владеат по некој стил на живот,глумат самосвесни,задоволни,паметни,убави,имаат партнер од соништата,имаат одговор на се... а всушност се завидливи,истрошени,добро замаскирани.А јас сум ви среќна со себе и своите мисли,несреќна со своите избори...и не се снаоѓам во нивна близина,едностано не можам муабет да сврзам,и не знам дали е подбро да молчам или да ја напуштам просторијата под итно. :^)
     
    На Moira, Serafima, imelda и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Нема да има крај на светот. Чак Норис ќе го спасЕ светот :rofl:
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Biskvita

    Biskvita Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    97
    Сите тука го познаваа Грдо.И јас го знаев.
    Сакаше само три нешта на овој свет: јадење ѓубре,спиење,и да речеме,љубов. Комбинацијата на тие три нешта се одразуваше на него.

    Да почнеме,имаше само едно око,веројатно последица на човечката злоба и невоспитаност.Немаше ни уво,му фалеше шепа. Секогаш кога некој ќе го погледнеше,ја имаше истата реакција „Тоа е една многу грда мачка’’.Децата не смееа да го допрат,возрасните го удираа со камења,го малтретираа кога се обидуваше да ги следи и да им се умилкува,за малку храна,за малку возвратена љубов. Секогаш кога се обидуваше да влезе во нивните куќи,го фрлаа на подот,а кога не сакаше да излезе од таму,би го клоцнале надвор и би му ја затвориле вратата.
    Тоа секогаш реагираше на ист начин,би седело со часови,полно со прошка. Но тоа не помагаше. Секогаш кога одеше по децата,се радуваше,скокаше пред нив,се препелкаше,молеше за барем малку посветено внимание,и секако,трошка љубов. Колку и да го повредуваа,Грдо секогаш враќаше со добро. И верувајте,разбираше. Имаше поголемо разбирање од луѓето,поголема душа од нив.
    Веројано не знаеше што е тоа омраза,ги сакаше сите,без разлика на се’. Па дури и кучињата. Се обиде да ја подели својата љубов со нив,но како сите други,и тие не одговорија на убав начин. Слушнав како го растргнуваат Грдо,за момент помислив дека на тој тажен живот му дошол крајот.
    Го пронајдов како лежи,со оттргнати нозе,со растргнато крзно. Како што го земав и се обидов да го однесам дома,го слушнав како квичи,како плаче. Знаев дека ужасно го боли,дека се бори за живот. Не можев да издржам,па и јас пуштив неколку солзи. А кој би издржал такво нешто?
    Тоа,со толку многу болка се обиде да ми го лизне или грицне увото,во знак на благодарност. Го прегрнав посилно,а тоа ме погледна со едното око. Слушнав дека преде. Тоа грдо и уплашено маченце,и покрај тие големи болки,продолжи да бара малку внимание,веројатно и сочувствителност.
    Тогаш помислив дека Грдо беше најубавото,најљубезното суштетство кое некогаш сум го сретнала. Ниеднаш не се обидело да ме изгребе,да ме изгризе,или пак да избега од мене. Тоа не знаеше за злоба. Тоа само ме гледаше со целосна доверба во мене,да го ослободам од тие големи болки.
    Почина во моите раце пред да влезам дома,но јас долго време седев,плачев и го прегрнував,мислејќи како тоа едно малечко,грдо,уплашено и деформирано уличарче може толку многу да ти го промени мислењето за тоа што значи да имаш вистински ведар дух,да сакаш толку многу и да им веруваш на луѓето.
    Грдо ме научи повеќе за тоа како да проштеваш од илјадници книги,за што сум му многу благодарна и до денеска.

    Многу луѓе сакаат да бидат познати,да бидат богати,да бидат убави,а јас....јас секогаш се обидувам,да бидам Грдо.
     
    На Roxanne, Moira, kravce и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Тоа чудо некое колку лесно се впива машкиот парфем.
    Една гушка и после цел ден косата и јас си мирисаме на личноста :wasntme:
    [​IMG]
     
    На Roxanne, kravce, kate21 и 16 други им се допаѓа ова.
  13. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Да се пофалам:Вчера три петки добив,во еден ден. 8) Периодов не задушуваат со тестови и испрашувања,ама јас добро си терам. :D

    п.с.Утре е крајот на светот,сакам да се простам од сите вас,ако преживеам на Марс ќе одам и од таму ќе ви пишувам. :D
     
  14. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    Јас би рекла дека убавиот машки парфем е оргазам и слаба точка на секоја девојка :)
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    ' Дани види и сври го душекот од обратната страна, ако не бива ни така ако ти се два за спална наjвероватно се дормео, направи им рекламациja, не ги штеди штом се нови.

    Сдк пред точно десет месеци, нашиот живот се смени драстично.
    Го дочекав со толку иногу солзи и болка но моментот кога ми го ставиja на гради се случи магиja.
    Лубов.
    Чиста.
    Искрена.
    Вистинска.
    Неусловена, единствено оваа лубов е безуслвна без оглед на се секогаш ке ги сакаме нашите чеда, без да бараме нешто за возрат, единствено битно ни е нивната срека и здравje.
    Eте таква треба да биде секоja лубов.
    Сите грижи, сите нероспиени ноки, солзи се тоа е небитно кога ке ja видите таа безгрижна насмевка наjслатка на цел свет.

    Подароците под елката спакувани. :$ Има дури за наредната година па и таа по неа.
    Значии нема краj на свет мили Маи. Син ми има подароци за отваранюе.
    Уште од времето кога останав блажена кога и да разгледував по продавнци ако некоja играчка ми се допаднеше или cум ja имала jac како дете му ja купував, наjчесто тие едукативнти што се повекето се 3+ и додека ги паковав во украсна хартиja cи помислив 'Барем ако сме во криза во наредните години ке имам некои залихи' а другата во мене, таа позтивната ми вели 'Не смееш ни да помислиш на такво нешто, сега се стремиме кон подобро...'

    Така женски, се гледаме во пеколот :devil: Шала на страна, жал ми е што стварно ке мора да ги разочарам Маите и нивните верувачи, но ние не планираме да го напуштиме овоj свет додека не му направиме свадба и не си дочекаме внучина. :doh: :emo:
     
    На Monna.Monna, Roxanne, Moira и 17 други им се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    165.783
    Ќе дојде крај на светот, нема да дознаеме како ВМРО ги контра солзите на Макрадули. Сто посто ќе го толкуваат као Макрадули плаче пошто ќе го јаде од Коце... Македонска работа.
    Утре крај на светот,а?! Поарно да е!
    Добарден
     
    На Hipster и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    Среќен роденден мамиЧке :*:*:*
    Да си здрава и жива ..и помалку да се дереш по мене оваа година :) :smirk: :^: :^: :^: :^: :^: :^:
    Те сакам иако не ти го покажувам тоа < 3
     
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    „Највише ми се праи ќејф коа ќе видам млади како идат за озбилно. Замисли ги бе батка у парк.. Он, она и куче. Он нешо седнал, ја љуби у увце, она нешо жвака вуница оние од шеќер, а кучево нема појма шо е работава. Абе да ти е милина да ги гледаш…“
     
  19. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Ако дојде крај на свет Бранко ќе е крив! :!: Јас значи ке си умрам на спиење. Лајк :up:

    Туку, со мрсна коса во висок messy bun со подочнаци до колена и уште поспана, тренерки за по дома со две дупки на десното колено, само што отидов до продавница да земам леб. И, денов ми почна неубаво, го видов бившиот во маалската сендвичара. Толку приметно се ѕвереше... :x Можеби во дупките на коленото а? :?:
    Она што некогаш ми се допадна кај него, сега ми е толку одбивно и педерастично. Секогаш кога ке го видам, не ми текнува за убавите моменти со него, ми текнува на тоа како ми викаше јавно, како ми покажуваше среден прст бидејќи сум му го уништила животот :rofl: и тако даље. Ова прави да се чувствувам добро што сум раскрстила со него на време, и што сум со друг кој е далеку подруг карактер. Како и да е, не знам зошто го напишав овој пост, за него не вреди 2 збора да напишам овде, било што било пред 4 години. :bow:
     
  20. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Не знам што е полошо, да седнеш да учиш или да знаеш дека имаш за учење... :|
     
    На blaa, Glossy-girl и anichka94 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.