[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Баба ми ме замоли да сум седела утре со неа, да ме гушнела ако навистина имало цитирам: некаква си копаликса(апокалипса :lol: ). Како некое детенце. Па и викам ќе седам бабо секако, бар со тебе да си умрам под рака а не со некој асистент. :D Срце е бре жената, врти сучи само ме гушка ме гњави и бацува, порано не ме бацуваше по лице туку само по раце, стара била и гадна, и викам улава си, едвај ја навикнав да не се занесува, и сега нема ден да не ме баци, ама ако, не ми смета воопшто. Ме моли да ја носам на зелен пазар, знае дека тоа ми е втор дом хаха, а од друга страна само се премислува, се плаши ради болеста, па денес вика требаше да одиме сега може ќе дојде крајот а не отидовме. Аман заман и викам жено нема никаков крај доста се потресуваш. Сепак ќе ја однесам некој ден и ќе ја изнашетам сегде(не во деновите на пензионерите, во полабавите денови :D ). Ги сакам премногу двете баби и двете дедовци, ама на некој чуден начин ептен сум поврзана со оваа баба, а со другиот дедо, додека брат ми обратно, тој е во коалиција со овој дедо и другата баба :D
    Чекам извинување(заслужено) и подобро за него побрзо да бидне.
    Другарките денес си доаѓаат, ќе седат две недели, јуху, тоа ќе бидат совршени две недели.
    Решив дека не се замарам за новата година и остали пропратни глупости, ако навистина некоја понуда ми се допаѓа ќе ја прифатам, ако не, јас можам и дома сама да си славам и ич да не ми чуе.
    Си купив денес конечно асолно тавче за мафини и направив еден куп, нека јадат. :D
    Повелете и вие :)

    Zamisli zivot u ritmu muzike za ples... :makeup:
     
    На eli25, Moira, Ana.Jones и 21 други им се допаѓа ова.
  2. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    СДК
    21.12.2012....02.12 минути.......крај на светот сеуште не дошол...хухуху :rofl: :rofl:
    Ај за 10 часа ако не пишам значи дошол крај на светот зошто од тука ќе почне, предвреме ќе знаете од блиски извори :rofl: :rofl:

    Деновиве си ги поминав по слави, ваму слава, таму слава а јас при полни трпези си останувам гладна.
    Јас сум од таа генерација на деца кој што ако не ти стави родителот нешто во тањир ни на сон не смееш да помислиш да пружиш рака на трпеза или срамежливо ќе покажеш со прстето што сакаш па тоа ќе ти го дадат и до ден денес ми останало тоа да ми е срам да јадам по слави :$
    Ме научија домаќините дека сум таква па ми спремаат ланч пакет за дома :lol:
    А денешниве деца немаат гајле, ни срам, ни перде, главни на масата се, ршум праваат, модерни времиња, модерни деца :?:

    Да одам да си го гушнам мажот, може последна ноќ ќе ни биде оваа, да ја искористиме за љубов :D
     
    На Moira, anabel-a, marama и 16 други им се допаѓа ова.
  3. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    ^ Стварно има луѓе кои пола година ти го зборуваат крајот на светот, ама ваквите како тебе се издвојуваат. :rofl: Ахх неможам повеќе. :D
     
  4. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Трагикомедии!
    Накај траги повеќе...

    Блокиран буџет, бојкоти, штрајкови!
    Желни очи бараат минимална сума за мизерна живеачка.

    Лекари не сакаат да бидат плаќани по учинок. Хм..Да си ЛЕКАР, значи да си ЧОВЕЧЕН, ХУМАН!
    Не познавам таков!
    ,,Хипократ се превртува во гробот, дел од лекарите ја заборавија заклетвата". Очај.
    Стари, изнемоштени, безнадежни... а многумина од овие што се нарекуваат ,,лекари", одбиле да ги оперираат пациентите.
    Етика?... Што беше тоа?

    Хроники.

    The day before the end.
    Како и да е, со него и на крај на свет би одела. ;)
     
    На Moira, Hipster, ines.h и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Последно нешто што го прочитав поврзано со крајот на светот :D :D

    Дошол крајот на светот во Македонија.
    Шета горе, шета доле, шета лево, десно...
    Одеднаш застанува и си вели:
    - Па јас овде веќе сум поминал

    Напнаа...ама, морав да го издвојам заради суровата наша вистина :!:

    :rofl: :rofl: Што е за право точно си е :D

    И ако е точно тоа дека кучињата насетуваат нешто лошо, тогаш дефинитивно деновиве сатаната е во мене, кај и да поминам сите кучиња завиваат ]:)
     
    На Moira, anabel-a, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.539
    Допаѓања:
    184.406
    Пол:
    Женски
    ..некако..ми нема индиции во денов дека утре ќе е крај на свет...ма да никад се не зна! :D

    а и..веќе долго време меркам едно хаљинче...баш штета ако си заминам од тука без него :D

    Битно..ноктиве ги средив, се бањав, се со ред..па мајка му ако веч се иде од тука, нека се иде со сите марифети! :rofl: :rofl: :rofl:

    Абре нека престанат веќе да се зае*аваат ова Маиве со нас, ја имам озбилни планови за викендов, ако ми ги пое*бат, на оној свет коа ќе ги дофатам пердуви ќе летаат од нив!! :D

    Феминки..знаеме дека ЕВН е скапа сеа...па која остане последна тука нека гасне светло!! :D

    Love :*
     
  7. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    СДК сеуште ме гледа со ТИЕ очи. Сеуште ко да има нешто. Толку ми е глупо и криво.... и за тоа само тој е крив. Требаше да ми даде на знаење било што. А тој...тој не реагираше никако....и сега.. :|
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Мис "Крај на светот" ?

    Боженце, помогни им.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ashitaka

    Ashitaka Активен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    34
    Денес е еден од оние денови кога сѐ правам, а не правам ништо.
    Од што толку сум конзумирана од секојдневните нешта, некако заборавам да мечтаам, затоа што целиот мој живот се сведува на тоа, фантазија и мечти.

    Тешки се овие денови пред големи празници. Ако за повеќето значат собирање на фамилијата на купче, топлина и среќа, за мене значат болка, караници и поделба.
    Најтешко ми паѓа константното стискање, штедење, за да има што да се јаде на тој проклет ден што сите толку го величаат. Нова година. Па имаш муабети од типот, дека мора да се има свинско мевце, руска, кифли, нешто благо, сарма... Потоа иде Божиќ...
    Оттука следи думање од каде пари, на крај на месецот, за да се купи сето тоа јадење, затоа што нели така морало да биде. Сите имале тоа, и нашата трпеза треба да е таква.
    И тогаш највеќе се лутам на моите и нивните забеготки. Затоа што такви денови кои се измислени за да се спои фамилијата, да се приближи, тие ги користат за да си ги стават под нос сите проблеми што ги имаат, за да се искаже колку немаме.

    Како немаме? Имаш да јадеш? Мора ли да имаш од сѐ горе набројаново?! Доволно е и компир манџа да имам, битно да видам слога и среќа.
    Да ги видам нив двајца како се гушкаат, како си посакуваат здравје и љубов.
    Да ги видам дека се среќни што постојат сега и тука.
    Да ги видам дека ме разбираат дека ми е доволно што ги имам нив и дека не ми е потребно нит руска, нит кифли, нит месо... само да им видам надеж во очи, дека израснале ќерка која еден ден се надева дека ќе им врати за сите нивни напори да ме школуваат и да ми дадат можност да бидам човек.

    Можеби и затоа се гушам во секојдневните обврски. Полесно е да се впуштиш во рутината на денот, отколку да мечтаеш за нешта што не се во твоја моќ.
    Некогаш толку многу посакувам да може конечно да ги разберат моите зборови, ама после си велам: родители се, сигурно те разбираат, ама сакаат да ти пружат се` што е во нивна можност ( па макар живееле во долгови), само за да не се осетиш помалку од другите.

    Чаре?
    Ќе си продолжам со мечтите и ќе се трудам да ги остварам. Барем оние кои можам.
    :)
     
    На Moira, marama, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Болна сум,мрсулава и пак ме сака. :D Денес ми го дуваше носот и цел ден ми вика зошто не носам капа и зошто шалот го носам за украс. :) А,јас се нервирам,никако да почнам со учење ,прво одмарав доолго,сега ова. Ама од утре почнувам турбо и без изговори. :)

    Од сите страни ми се случуваат глупости. Блиски луѓе не ми се ок здравствено и жива се јадам заради тоа. :| Некако во ептен за нигде период сум и едвај чекам да дојде 2013. Ќе си ја дочекам по пижами,со учење и кифлички. :)

    Сега одам да пијам фервекс , да кукам дека нема да стигнам да научам се и да гледам некоја мутава програма на телевизија.
     
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.406
    Допаѓања:
    13.301
    Пол:
    Женски
    Оно утре да ти било крај на свет, а јас денеска терам скробен ден. Да одам до Вили на лесковачка :?: ?
    Во 12:11ч. ќе мавнело кај нас. Австралија кај вас троа порано, односно ноќ ќе фати кај вас.
    Навистина не мислев дека и Македонија ја нападнала треската. А денес правеа планови како да умрат. Најдобрите другарки заедно. Боже помогни им, греотка се.
    Јас барем скоро витка ќе си починам. На вежби. Опкружена со колеги и асистенти. Барем на пролет да беше, цакум-пакум ќе бев :)
     
    На kravce, pamelche, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    СДК дека нема да издржам ако изгубам уште еден човек од моето семејство ;(
     
    На Sara123 и Inna5 им се допаѓа ова.
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Како ли објавуваат вакви сра*а на неписмени чесни жени..

    Прво толку примтивен вокабулар не сум видела, второ срцка бе уште созрева, а потоа да бе топ е да се има мајка што ќе ти иде на ноќни забави и ќе ти се качува по шипки и набавува муштерии со цицки, нели? Не знае да напише сфатете на нејзини 40 и кусур колки да ги има, и смета мислењето на народот, зошто нели топ е да гледаш опен мајнд луѓе ко нејзе што ги шири, и расфрла цицките на сите страни, да се варати под итно во прво одделение да научи како да се задржи на една тематика кога пишува нешто и да знае како да се изразува и составува реченици.. Трици бе.

    http://maktel.mk/index.php?kolunique=20
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Утре не е крај на светот, јасно. :D Ама ако е крај, дали сте задоволни од досегашниот живот?

    ....
    Дали доволно пати сте ги гушнале домашните и сте им кажале дека ви фалат, ги сакате и ги почитувате? Дали бевте најдобри што можете во се?
    Дали издржавте цела вечер во најнеудобни сандали?
    Дали мрзата беше една од клучните фактори во вашиот живот?
    Дали имате барем тројца да викнете на копање ако отепате човек ноќеска?
    Дали сте биле на опера? Кино? Балет?
    Дали имате мили луѓе што ве радуваат во секое време?
    Дали сте се опиле?
    Чувавте милениче некогаш во животот?
    Дали се изљубивте со момците и девојките доволно пати?
    Дали пробавте доволно сарми, гравови, риби и сите други убави работи?
    Се шлаевте ли со некој без обврски?
    Дали вежбавте и го достигнавте максимумот на вашето тело?
    Се заљубивте ли?
    Живеевте ли?
    .....

    Гледате, не е крај на свет. Имам јас уште многу за живеење, а мислам и вие. Планирам со фул спид да живеам уште многу, многу години. :D
     
    На Monna.Monna, sweet-cherry, Roxanne и 36 други им се допаѓа ова.
  15. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Го имав она чувство денеска, кога не ти е гајле што се случува околу тебе и си уживаш, среќна си.
    Си уживам денеска, наместо да учам и да се спремам за тестовите. Ќе биде и тоа, ќе стигнат петките. Си мислев убаво за момент, и посакуваните нешта се случуваа. Неверојатно. Одсега ќе бидам позитивна пред се, тоа ќе ми помага во ситуации.
    Уште нешто, сакам да кажам дека малите убави нешта имаат потенцијал да го усовршат денот. Само треба да обрнувам повеќе внимание.

    Ајт имајте убав остаток на денот! =)
     
  16. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Сдк имам толку недоречени работи. Дури болат. Ми ја печат душава. Сакам да му кажам. Да го најдам и се да му кажам. Всушност не мора ништо да му кажам. Тој ќе знае.

    Да знаеш колку ќе и завидувам на секоја која ќе стигне до тебе. На секоја која ќе успее да те допре, таму некаде, длабоко во тебе. Да знаеш како посакувам да може твоите очи да ме гледаат како нив. Да знаеш колку посакувам да мислиш дека сум убава како нив.

    Ама ти никогаш нема да знаеш како сакам да те држам во рацеве. Како сакам да те бакнувам.. Да те чувствувам. Да те гледам. Да бидам твојата подршка, твојата болка, несоница, непребол.. Да те пречекувам кога ќе доаѓаш дома. Да се спојам со твојата душа. Да бидеш мое се. Да ме чуваш внимателно како кршлив предмет, но да бидеш спокоен за мојата душа знаејќи дека само ти ми ја кршиш на милион парчиња..

    Да бидеш моја бол. Да ме болиш длабоко. Да неможам да земам воздух од болка. Да ме болиш по цело тело. Да ме болиш во душава. А потоа со ноќи да ме лекуваш. Да ме лекуваш на оној грд, човечки, несовршен начин.

    Вечно да не се заситам од тебе. Да горам од жед по тебе. Одново. Одново. Одново. Одново.
    Со мене да не ги гледаш стрелките на часовникот. Воопшто да нема време.

    Но ти си само странец. Каде да те најдам? Кога те изгубив? На кое време му припаѓаше да оставиш волкава трага за навек?
    Да знаеш колку ќе и завидувам на секоја која ќе стигне до тебе. На секоја која ќе успее да те допре, таму некаде, длабоко во тебе.. Ама ти никогаш нема да знаеш.. А јас нема да те знам тебе.
    Нема да те знам како нив.


    Има некои тајни кои морам да ги откријам од животов.

    Бај д веј
    Шо се замишљате со крај на светот? Ја утре треба на Фолтин да одам не се глупирајте! :D
     
    На Moira, Springy, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  17. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Зошто бе никој не ме поздравува во темата `специјален п.`па знаете дека сакам поздрави :D .

    ...не паметам име на човек и не .Ете за момент ми доаѓа и киднува за стотинка , или некој наслов на песна оооо то па тоа , иди сети се како беше .Зошто читам хороскопи бе , ги мразам.Ех гуска можи кој знае што ќе прочитав , дека ќе ми падне на лото и ќе си купиме куќичка со билдерецов :tmi: е...ти хороскопот.
    А тој кутриот не ја свајќа потербата моја за носталгијата по дома, мисли дека не ми се седи тука :D му викам ќе научиш кога ќе имаме девојче.ах животец
     
    На teddybear и marama им се допаѓа ова.
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Сдк,

    Се она што не го сакав во животот да ми се случува, баш тоа ми се случи.
    Поуките...
    *Се во животот едноставно треба да сакаш, па макар и да ти е крајно антипатично.
    *Да учиш, зашто се она што си го видел за миг, еден ден ќе стане насушна потреба.
    * Првиот впечаток понекогаш знае да биде многу погрешен.
    *Никогаш, ама никогаш да не ставаш точка на апсолутно ништо.

    Да сум го научила ова порано, немало да постојат длабнатини. Но од другата страна, тие длабнатини и даваат убава текстура на душичката. Па што би правеле без нив и како би научиле нешто?! Без нив ништо не се учи :) :!: .
     
    На Libera, VayaConDios, bittersweet и 8 други им се допаѓа ова.
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Знаете како е кога имате мајка психички нестабилна.. Мајка која секогаш проблемите ги решава со викање, цркање, вреѓање. Мајка со која не можете да направете еден здрав муабет, на која ништо не сте и кажале што ви се случува, која никаков совет не ви дала во врска со било што, која никогаш не ве одвела на доктор, никогаш не отишла во школо да праша за вашите оценки, која никогаш не ве прегрнала кога ви е најтешко, која ви има предизвикано толку многу солзи, горчина, болка. Знаете, ви љубоморам на вас кои своите мајки ви се најдобри другарки, кои ви даваат совет за што и да било, кога ве гушкаат кога ви е тешко. Јас тоа го немам. И мразам што се повеќе наликувам на неа. И длабоко во себе посакувам моите деца да не наликуваат на мене, да не ги имаат оние особини кои јас ги наследов од неа. Немам никаков однос со неа, јас навистина никогаш не сум ја почувствувала грижата, топлината и љубовта на мајка ми. Никогаш. Се трудам да замаскирам колку ме боли овој однос, оваа ладноќа меѓу нас. Ме боли ова признавам, ама не можам јас да го сменам, колку пати се обидував, не е до мене.
    И сакам да кажам, едвај чекам Нова година. Ќе бидеме заедно, цела ноќ, цело сабајле. Го сакам бре. Како да не го сакам кога е единствениот што секој ден по милион пати ми повторува те сакам, кога се грижи толку за мене, кој е единствениот кој ме разбира, со кого можам за се да зборувам, без никаков срам. :inlove:
     
    На WildCherry, Monna.Monna, Stoimenovska и 19 други им се допаѓа ова.
  20. Primavera

    Primavera Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    405
    Допаѓања:
    1.518
    Немам пишувано од одамна, незнаам немам инспирација за ништо.
    Бегајќи од нечии канџи, паднав во други, уште поголеми и пострашни. И сега што? Ма и самата не знаам, не прашувам други зошто никој не ни знае како се чуствувам, а и зошто да знаат.
    Прашања, прашања и само прашања.
    Ме праша:зошто не кажуваш ништо што си правела пред да ме запознаеш? Ми изнуди горчлива насмевка:
    Свртив нова страница.
    Дај верувај не ти требам јас, а најмалку мојов пекол. Одлично функционирам сама, се навикнав да ми е најубаво сама.

    Туку читам крај на светот ќе било, ха ми е гајле!...
    Не заминувам јас од овој свет без да си го исполнам сонот. После тоа, нека биде што ќе биде :D :D
     
    На Lux, Sara123 и starbucks им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.