Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сакам да кажам...

    ВИЦ за пред спиење!

    Што прави згодна, атрактивна плавуша во кревет помеѓу двајца скопјани???
    ИМ СМЕТА!
    :rofl: :rofl: :rofl:


    Ајде добра ви ноќ!
     
    На L-enna, blond, Divinebutterfly и 9 други им се допаѓа ова.
  2. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Ух. Убаво ми е сега на душата. :nod:
    Фала ти енергијо што те нарекувам Господ, фала ти сунце Радиансесто. :inlove:

    Туку чек. Што е финтава со Тоше насекаде? Ем ај мисинг самтинг или народов начисто го отупе со човекот? На секоја минута - песниче никнало со најсрцепарачкиот дел извлечен од текстот.
    Ај разбирам, беше и артист и хуманитарец и човек. Имаше и огромен број фанови, ама пак ова глумење лудила што владее сега, не е на арно.
    Жими задников. Hекои и едвај 2 песни му знаеја, а сега ги гледаш се клањаат ко дебел пред свински бут. Па недај Боже човек да им рече дека тупат, неее бе брате, одма јас сум хејтер, одма не го почитувам, смрдам, имам вошки, спијам во подрум, не знам да ценам, стока сум, срам да ми е. Ок, ок. :^)
    Јас дубоко го извињавам што не ценам човек откако ке умре. Или го ценам одсекогаш или сум неопределена или го мразам. Па секој умира мајката, па никому ништо.
    И моите омилени ѕвезди повеќето се мртви, па секој ден се плука по нив и никој ништо не вика.
    Право на говор и мислење бре! Не мора секогаш да бидат шаблонирани... |(

    Овој пак комшијава нашол по полноќ да чати ко поп. Буквално. Пее нешто такво и се смее како којзнае што да направил. У пм 36 годишен маж...ти личи на годините. |(
     
    На manja666 и Simonna7 им се допаѓа ова.
  3. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    СДК страшно ме нервираат кумановските Авганистанци и Авганистанки . Алоо луѓе потсетете се како и со кого живеевте до вчера , вашата интелигенција не се дигна , туку само вашата банкарска сметка .

    ПМС ме дрма и мора да се мрчи . :P
     
    На Loritaa, Shana, anuskaNESTLE и 3 други им се допаѓа ова.
  4. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.980
    Допаѓања:
    4.744
    Кое е задоволството да се китиш со други перја??

    Гледам девојки на фб редат слики кои не се нивни и пишат дека се тие... божееее!
     
  5. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    една немалолетна цурица очигледно после гледање на Remember Me пишала:

    ne svakam zaso se ubi ovoj na kraj vo remember me ...

    јас :geek:
    и како? како да не реагира човек на вакви работи ? :@

    (мислам разбирам ја разни нивоа на интелектуалност, ама неможност еден филм да се разбере стварно не сваќам)


    http://www.youtube.com/watch?v=QS67mhma ... re=related


    глупи луѓе форева :rock:
     
    На bittersweet, WildCherry и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  6. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Собрав храброст, затворив очи, кликнав на неговото главче фејсбуковско и мижејќи му започнав бош муабет! Се токмев, се токмев дугачко, се одлучував и се премислував, а еве сега си муабетиме цел саат.
    Ладна пот иам на дланкиве, а се тресам ко на Антартик да сум у собава кај што е претопло..
    Вау се испорадував на мала работа, ми се оцрта глупа насмевка на лиценцево и нема теорија да учам вечерва! Јас не знам како ќе спијам, а пак да учам пффф :)
    Ахххх :inlove:
     
    На la-chicka, ines.h, Bright и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК ги мењам сите програми од кабелската само за VH1 Classic :rock: :emo:
    И СДК Фигаро ве поздравља. Во ова доба ми шета низ куќа, онака тромаво и арогантно 8)
     
    На Divinebutterfly, ines.h и L-enna им се допаѓа ова.
  8. Smileeee

    Smileeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    75
    СДК дека моментално сум на училиште поточно на пракса :)
    Лесен ден е ова ;)
    поздрав :*
     
  9. emi-src

    emi-src Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    2
    сдк дека денес ми е многу досадно ооооооо |(
     
  10. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ајде да е малолетна цура па и некако ќе разберам. Ама девојка од 20 години?!
    И тоа онака ноншалантно ми кажува колку бил јак филмот и колку било жално што се самоубил на крајот. |( И јас онаква WTF? ти ова сериозно? FACEPALM!
    A ќе ми се прават после познавачи на филмска уметност. Излгедале две драми и илјада американски комедии во животот. |( |( |(
     
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Да ви пренесам еден статус од фејсбук:
    Од што е загадено Скопје не можеш да излуфтираш дома, место воздух ќе влезе јаглен фатен за рака со некој тежок метал :lol:

    Оф леле, јас па не се заморувам, Скопје ми е Скопје, исто како и секогаш, диво, сиво, на моменти тивко, на моменти бурно. Како и да е си го љубам, посебно мојата населба, не дека е моја ама најубава е :rofl:

    Сеуште имам желба за сочно квалитетно домашно слатко од зрели смокви. Си мижам и си правам филм како си кснувам ... ее ги нема тие времиња кога си имавме смоква и се давев во слаткото, буквално имав покачено ниво на шеќер после јадењето слатко, и никогаш не мислев дека олку многу ќе ми недостига.

    Му се јавив на дедо, се изнарадува се изнарадува, срцка, ми вика баба ти само ме кара, а јас се смеам како зелена, му викам ајде дедо таков им е табиетот(по прилепчански :lol: ) со мама ама ти прави си како мене од едно увце влегува од друго излегува, кимај со главата и мцкај си ракииче со зелче, ех да си ми жива внуко. Ме изнасмеа човекот да ви кажам право.
    Сакам да ги видам, ептен ги сакам, и ептен ретко ги гледам тие баба и дедо.

    Си викам зарем и јас ќе бидам ваква како моите кога ќе бидам стара, досадна, на глава ќе им се качувам на децата и слично?? Татко ми не клика ништо на неговиот компјутер без да побара дозвола од мене. Некогаш е смешно, ама некогаш ууууу, ме слабее по скаливе горе доле горе доле на секои 10 секунди.

    Сметката за телефон ми дојде ... кога ќе ја види мајка ми, па да речеме ако видите некое дебелко мече како се смее од срце и ви мавта од небото, тоа ќе бидам јас :D

    Првично оној другар ми синоќа ме построи, ваква сум била, таква, онаква, па од лоша си се преврти на добра си смени се малку, абе врска си немавме, како и да е се изнасмеавме за сите пари и донесовме добри заклучоци. Сега се со него излезени, а јас сум 101 процент сигурна дека и тој е ставен на постројка и дека кога и да се видиме ужасно ќе се смееме на истото, затоа што другар ми сигурно ни врти исти политики и мене и него, ем кутриот знае дека нема да излезе на крај со ни едниот.
    Ама најбитен заклучок му беше дека, колку и да се караме, интересни сме биле ние двајца и страшно сме се сакале, па сигурен бил човекот дека на свадба ќе ни играл. :)
    Се тоа во ред, само нека чекаат да ослабам да ме собере фустанот што го сакам :rofl:

    И така ... убав ден планирам да имам денес.
    А имајте и вие, иако вторник знае да биде зафркнат, претркајте го со намсевка и зафркнете го вие. :emo:
     
    На irenna, TeddyGrey, Hopeful и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Малку дожд, малку радости.

    Ракија и мекици е еквивалент на триглицеридна бомба директ во крв и после зашеметување по улици небаре пингвин. Но, нема снег, па ајде да речеме дека останав жива. Да, од живите ви пишувам, да нема забуни! :lol:

    Да си отсечен од вишокот информации е некогаш вистински благодет.
    Сакав нешто демек важно да споделам, но не се сеќавам.
    Ќе да е од ракијата. Не знам. Можеби се повторувам.
    Во сабота ќе има журка, но немам некоја посебна желба да правам кловн од себе, иако ништо не можам да си ветам. Празни зборови, ко божем некогаш сум се послушала себеси! Дисциплина, слабо. А и богами пилатес.
    Сакам да отидеме некаде далеку, кај што светлината дава чувство дека само јас и ти постоиме. Онака, чисто ради разонода. Да си пикнам нос кај тебе во капут, ко маче и да не мислам на ништо.
    Ми рекоа дека им фалам.
    Јас им реков Фала.
    Така врват работите.

    Вчера си одев пеш накај дома и на слушалки ја пуштив No light од Florence, и си замислував како правам кореографија на лизгалиште. Тој мој сон никогаш не сум си го признала, дека ја посакувам таа грациозност на чистиот лед. На мојот тотален опозит.
    Нешта, мали а така големи. Се раѓаат и умираат. Во меѓупросторот.

    http://www.youtube.com/watch?v=8aASBe7c8rk

    Завои, некои за да стиснат крв во нас, некои за да исцицаат.
    Изберете што сте. Не мора веднаш.
    Сакав да кажам дека... Се тркаламе со времето, а тоа ни ги јаде годините, со сласт на гурман во деликатесна продавница.
    (инспирирана сум од дамнешните губитоци на драги луѓе што не успеаја во својата борба)...
    За нив, слава им.
    :x
     
  13. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Дождец врне, есен иде, надвор студено ке биде....

    Есента уште малку ке си отиде а јас неможам да соберам сили да го завршам проклетиот проект. Пролет - лето ни се шета, есен - зима меланхолија, сезона по сезона животот си тече, обврски колку сакаш, се нешто непредвидено се случува а време за себе и своите мисли неееема. Матријалите упорно ги набљудувам и толку. Се влечам по дома ко претепана, коските ме болат веке од хроничниот умор. Ми недостасува сон и тајм алоун со цимерот мој :(
    Додека децава во позадина се расправаат за авиончето :^) , ја гледам сликичкава и се обидувам да си замислам како би се чуствувала во џакузито. Благо скокоткање по телото од меурчињата, ветерче со мирис на море на лицето....
    Out of body experience 20 секунди ииииии повторно сум во дневната.
    Храна, сметки, регистрација, зелен картон, покварен фар, дури 5 родендени месецов, расипан заб, хисероскопија, Дедо Мраз, пакетчиња и подароци....
     

    Прикачени фајлови:

    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    СДК дека дојде дотичниот вторник кој со себе ми носи две испрашувања.
    А јас, спремна и наоружана со знаење ќе им покажам заби на професорите, че ги растурам бре :devil:

    Демек го бањав кучето ама и јас се избањав со него, па сега мирисам на кучешки шампон од кокос и незнам ти таму што. Ако не е таа да се растрчува низ куќа и да се фрла ласта од скали(да, го прави тоа) атмосферата би била под нула од причина што моите се прилично уморни од работа и јас не успевам да ги насмеам и расположам како едно суштество наречено куче. Пих..

    Туку, да не се расприкажам многу... Ќе идам да го искористам временцево убаво вторничко уште малку, па после на школо. Ме чека кафе со добра пријателка, интересни муабети и нејзината братучетка. Малецко слатко гомце е тоа. Секогаш кога ќе ме види ми се радува и ме гушка. Максимално се топам кога ќе ми ја упати онаа детска, чиста и невина насмевка, па како што нема по две-три запчиња :rofl:

    Ајде, ојдов јас.
    Имајте убав ден :*
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Форава со Наташа беше...ќе се послужам со цитат од срцепарателните и песни со длабока уметничка вредност на Аца Лукас(?), ако е тој..ако не, нек се угоде. ''Неко ми е умро, а тај неко сам ја''.
    Данкешн.
     
    На Divinebutterfly, MacaLove, BeYourself и 11 други им се допаѓа ова.
  16. Lady-Cha

    Lady-Cha Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    23
    Добро Утро !!!
    Го мразам 6ти Декември...најмногу!
    СД ти К дека те сакам најмногу, и засекогаш ќе биде така.Сакам да те гушнам и заедно да се смееме...како некогаш. Ми фалиш премногу.Те сакам !
     
  17. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    СДК дечко ми синоќа ми поради губена зелена нараквица на која што има срценца. :inlove: Не е златно нешто, но ме израдува многу и тој ми ја стави на раката. А и ме праша дали сакам да се армасаме. :lol: :lol: Брливко мое. Му реков кога ќе ми купи авионска карта за Њу Јорк или ќе ми направи некое изненадување тогаш ќе му кажам да. :lol: Сето тоа беше на зафраканција секако, мали сме уште да се армасаме. Сакав само онака да го пофалам неговиот романтичен потег. :D

    СДК2 Од саботата кога ја слушнав во кафичот песната не ми излегува од глава.. Не знаев дека е толку убава. :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=LHqzDg8iKng
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Убав ден денеска.Сончево :sun: ,се рабудив со некоја позитивна енергија :D Што е убаво вака,а не кога ќе станам сабајле,надвор тмурно,во 12 се чувствувам поспано...
    И многу се развреднив од сабајле (до времето ќе да е)станав,направив супа,доручкував и сега се знае кафенце и фемина :inlove:
    Имајте убав ден сите,весел и позитивен ден... :*
     
    На Ema.Sk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Eee баш ми е мило шо ве насмеал вицот од сношти :lol: :)

    Јас еве сега се спремам за судар со луѓе (де во автобус, де на факултет), ќе вдишам некаков воздух, ќе се смеам, ќе слушам предавање за Дикенс....

    најбитно: Ми дојде цимерката 8)


    Имајте прекрасен ден :)

    Љубете!
     
  20. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    СДК дека денеска ни е славата...едвај чекам да дојде вечер,да се собереме сите братучетки и нормално едвај чекам да се накркам со сарма,гравче и риба :P
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.