[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека после уметноста, кофеинот е една од најдобрите работи на Светов!
    Излив на емоции, нешто после полноќ, музика, кафе и книги. Фатално добра комбинација. Во моментов, би ја сменила само за една силна и цврста прегратка, за друго ништо.
    http://www.youtube.com/watch?v=sGYur7doJDs

    Убаво е да си мирен и сталожен во едно општество каде што секој трча и се брза за да достигне некои замислени идеали. Што е до мене, до наредниот месец би седела дома и би гледала цртани, чат-пат по некое песниче, филџан кафе и добар разговор.
     
    На pamelche и tweety26 им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК страшна работа е теткава, климактерична |( :x триста расположенија сменив :x
    Се извинувам што се жалам :D ама морам :D :wasntme:
     
  3. CuteEva

    CuteEva Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2012
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    131
    сдк утре во 9 полагам а јас абер немам веке 2 часот е а очи не ми се затвараат, ке си одспијам на испит :D па со срека нека ми е :)
     
  4. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Видете да ви кажам. Или успеваш или не! Или си или не си. Средина нема!
    И повеќе ме боли некој кога мисли дека сум заслужила нешто не заслужено отколку кога не го добивам заслуженото.

    И кога абер немаш моментално каде си, што правиш, а сите дома мислат дека учиш... Па ме боли и тоа. Не ми е убаво додека мајка ми така загрижено ме гледа а јас шарам по лапотпов ништо во глава не ми влегува, и тук-таму отварам 9гаг и фемина...Се ми е интересно тогаш...
    А велат, "Кутрата, колку има за учење оставете ја нека учи... "

    Јас ја претерав овој семестар...Посебно оваа сесија... Увце не ми слуша, око не ми гледа за учење, а лани ова време, та и пред еден месец дремев над книга додека не зазори..
    Не ова дефинитивно мора да престане! Ќе издржам бе само неколку дена се во прашање..

    Веќе е утро...
    Добро утро или добра ноќ, како и да е....
    Убав ден ви посакувам! :f:
     
    На tweety26, anabel-a, creshicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    164.212
    Сите тие жени што се сликаат со зафрлен кук тако зван волнен појас ишијас... и тие што ги цртаат усните со моливче над нивната природна линија... совет од Базар 85та година! И тие шо по дома се сликаат у ходник или у соба поред бел ѕид...
    И колку да знаете,пред крај на светот... сите ние имаме вагини, нозе, раце, цицки, газови па не ги сликаме, нас суптилно ни се воодушевуваат дур на вас си го тапшаат по социјални мрежи. Да,да...замислете, не сте посебни. Јас не верувам дека постои девојка на светов на која не и бил доделен прекрасен и воодушевувачки комплимент кој истакнал некоја нејзина уникатност и убавина. Епа ПОМИРЕТЕ СЕ!!! Помирете се дека не сте единствени,само што за разлика од вас некои ги добиваат тие зборови неизнудени дури кога мавтаат со рацете дури зборуваат и се облечени у ролки,а вие позирајте со напрчени усни!

    Така што... сите сте убави и сите сте прекрасни на свој начин, како што истовремено сте грди и одвратни на некој друг начин. Соочете се со горката вистина дека не можете да ги имате сите комплименти на светот и да сте универзална убавина и соберете ги сите тие грди и смешни пози од по социјални мрежи.
    Мислам,малку ми е нездраво да гледам девојки од по 23-4-5-30 години така да позираат... у ходник по дома, у некој агол се гледа фрлената лајнарка на дедо и... мислам мизерија.

    *сум избришала 20 девојки вечерва. Секоја од нив ја среќавам сигурно по еднаш у две недели и ич не ми е гајле! Ич!

    И аман јас више со количкиве за бебиња,ама... Освен што треба да се полага за автомобил, треба мајкиве у тек на бременост да полагаат за буткање количка. Ја бутка количкава,тоа коли фрштат,зафрлена нанапред,на пешачки,чак што више имам видено она качена на тротоар,количкава на пешачки и чека да поминат колите. ДОБРО ТОЛКУ НЕМАТЕ ОСЕТ? Уствари што прашувам,коа РЕАЛНО стварно повеќето поим немаат од паркирање ради слаба ориентација и чувство за далечина. |( Од утре, дајте им ја таа привилегија на татковците. Веќе некое време го гледам феноменов и стварно е така. Мајките се НАЈНЕВНИМАТЕЛНИ буткачки на колички! Срцев удар веќе ќе доживеам кога ги гледам по градов!
     
    На mims-89, JuLleE, LilBaby и 22 други им се допаѓа ова.
  6. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405

    Лукс се тоа е супер, добродушноста и хуманоста се за поздрав и jac cум за да им се помага на беспомошните, секоj да извади парче дел од своjaта хуманост и да помогне колку може и каде може.
    Но, Лукс што мислиш кажи ми искрено дека тоj човек стварно не може да наjде пар кондури, па макар и искинати или дека никоj друг не се сожалил и понудил да му даде. :^) Но не, драга тоj многу добро знае што прави се обидува лугето да ги фати на сентиметалност за потоа собраните пари да ги користи за дрога. Да, зависник од хероин е.
    И читаjkите вака заклучувам дека не си свесна, ни ти ни многу други дека еден куп ги има вакви што ja искористуваат великодушоста на лугето.
    Не знам коj ce за повеке жаленюе дали овоj вид на питачи или овие што даваат.
    Се случвало да им нудиме облека и храна, а они ОДБИВАЛЕ и барале пари.
    Друг познат ваков случаj е 'глувонемиот' што шета со картичка на кеj и ja остава по маси, конобарите мн добро знаат и затоа го бркаат.
    А нели сте помислиле зошто ови кои се психофизчки здрави не пробат да работат како мн останати роми, пр да продаваат марамчина, чорапи, чистат паркови и зеленила и сл.
    Искрено не сум бесчуствителна ни нереална, но сметам дека секоj што бара работа може да наjде. Само зависно што цели си има зацртано, во оваа наша држава можеби 'малку' повеке треба човек да бара мегутоа коj e упорен и истраен ке наjде, можда ке му требаат и десет години како на пример тетка ми коja е електроинжинюер, но и неjзиното време конечно доjде.
    Малку забегав од темата, но ми ja свативте поентата, не е се така наивно, оваj cвет е толку лажен и подмукол, човек веке за жал не може да шета и оди секаде со отворено срце, други времиньа се доjдени многу поинакви од оние во кои не растеле нашите родители, а уште повеке кога растеле они.
    Се надевам и силно посакувам некои од тие позитивни тврденьа да бидат вистинити, дека на денешнава дата уствари завршува стариот начин на живеенье, почнува една нова ера каде сите ние сме на повисоко ниво и поголема свест. :call:
     
    На Monna.Monna, Serafima, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    164.212
    Брејкинг њуз. Ради нерешениот проблем со името Македонија нема да ја има честта да биде дел од крај на светот. Ќе остане да лебди во непозната насока низ космосот,отцепена како и што е цел ебан живот се додека не ја привлече гравитационото поле на некоја ѕвезда и ја проголта. Нејзините граѓани ќе имаат бавна и пеклона смрт,каква и што заслужуваат. А и тогаш, дел од нив ќе речат дека Бранко е крив за све и го признава тоа, сите му простуваат,Љубе сепак се извинува у име на сите, Макрадули ќе заплаче,слаб е на емотивни моменти, Грујо од стрес ќе почне да ги изговара убаво Р и Л, а неговата влада у тој момент ќе најдат идеално решение за името, луѓето сфаќаат дека владата не секогаш е крива,туку понекогаш се и они самите и нивната умисленост и ретардираност, пензионерите поштено и симболично ги откуцуваат нивните билети во ЈСП и тоа у петок, студентите се навистина амбициозна и силна маса,ама е предоцна. Но,од еднаш температурата се крева до 100 степени и веќе почнуваме тивко да умираме,испаруваме,најтешкиот крај за среќа нема да го доживееме,од 30 000 степени и магмата ќе не проголта.
    И оп...преминуваме у нова димензија,која ради убавиот завршеток и мењање на менталната матрица, повторно животот за нас е ист... и сите оживуваме и олоур аген... боооринг... Добро, мораше да им текне да биде све фино пред крајот и у паралелниот да сме таманка?! А?! Туку пак јово на ново...

    Добро,ми се спие.Да. И не си испунив обавези...да. Нервозна сум.
    Избришав уште една. Зошто?!
    Дакле...
     
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.402
    Допаѓања:
    17.645
    Пол:
    Женски
    Живи ли сте? :lol:
     
    На srcekrsacka, kravce и eli25 им се допаѓа ова.
  9. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.213
    Допаѓања:
    124.924
    Утрото е најубавиот дел од денот.
    Толку невино,толку мирно...рано утро....
    Уживам со тивка музика и спушени ролетни, не сакам воопшто да мислам на 10часот :tmi: Имам важеннн состанок,пуштајте среќа.
     
    На tweety26, Moira, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    164.212
    Драга таа,моето ОСD кулминираше. Не можев да заспијам во собава зошто беше растурена... Станав ја средив и се расонив. Додека сите пензионери купуваа леб, јас купував енерџи дрикови, кока кола и нескафе стронг и таа на каса ме гледаше со особен жал,а другата ме гледаше чудно, мислам дека се посомнева дека се дрогирам. Ако не е за сите крај на светот, јас до крај на денов ќе умрам од срцев удар.
    И ова ми е трет пост на една та иста страна.
    Ако ме нема до крај на денов навистина, ве молам контактирајте ги моите,пошто нема да приметат дека нешто не е у ред со мене,зошто у принцип многу спијам по дома,освен кога зборам и јадам и толку. Тестаментот ми е во третата фиока,под тефтерот со луѓе за отстрел. Домашните миленици и ги оставам на баба ми, тоа не го вметнав у него, пошто мислев дека ќе ги надживеам. Мојот јузернејм на фемина (пошто го читам у посакувани,а и признавам згоден е :D ) сакам да биде даден на аукција,парите што ќе се соберат да се дадат во добротворни цели.

    Сите ве сакам!
    :*
    :D

    Абе тежок ми е животот,вие не ме сфаќате. И кој знае што се крие зад моево растројство,ама дур средував ми дојде луда идеја,темелно средување на плакари... не,не...

    И уз пат да ве прашам едно многу,многу длабоко прашање на кое ми текна дур си го јадев ѓевреков... Си седам на маса, и паѓа сусамче на стаклото,па зошто бре сите не инспирира звукот на паднати бисери на стаклена површина ко поетски израз, а никој не напише поема за звукот на паднатото сусамче на буковиот под или стаклената маса,сеедно?! Ако преживеам,ветувам дека ќе напишам таква поема!

    Поздрав,чао,супер сте,сите ве сакам,иако сте лоши често,ама сите луѓе се лоши, па све ви е простено!
     
    На LilBaby, Hipster, Speechless и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Го преминавме прагот од посабајле во 07 и нешто и сеуште сме живи :lol: ...........е сега ке го почекаме и 12 и нешто (различни портали, различни сатови за крај на светот ;) ) и да видиме дали и него ќе го праживееме......а до тогаш јас одох на :coffee: 8)
     
  12. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк времево е убавини ,нема снег,не е толку ладно едноставно е прекрасно за шетање со девојката и малку романтика. ;)
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    Многу комплекси постојат на темава. 8)
     
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Не сите знаат шо значат зборовите шо ги употребуваат.
    Ме вика женската, копиле, курво, оти така сум и изгледала по изгледо. Епа изгледо не е пресуден е. И она ми излгедаше како паметно девојче, ама гледаш, не било. Не паѓала она на мојто ниво. Ха, епа ја како што можев да приметам по нејзиниот вокабулар, нема веќе кај да падне. :)
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    заборавив да ви се пофалам дека вчера за ручек направив тарана ^_^ -едноставно, брзо и вкусно со малку изрендано сиренце отозгора :mm: треба почесто да влегувам во кујна и да се обидам нешто да експериментирам со храната :!:
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.687
    Нема ништо поубаво од полна куќа драги луѓе за убав повод, полна душа и полна трпеза љубов :l:

    Секој за добредојде касна од пченицава, повелете и вие, па уште мнооооогу години да частам за славата :)

    [​IMG]
     
    На anuskaNESTLE, Serafima, JuLleE и 29 други им се допаѓа ова.
  17. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    И напиша долго, долго писмо. Писмо кое содржеше 30 страници.
    И на крајот и напиша, писмото мораше да биде долго.
    Кога таа го праша зошто е толку долго.
    Тој и одговори: за да ги одберев правилните зборови со кои би ти напишал пократко, би ми одземало многу време.
     
    На Serafima, Hipster, Libera и 6 други им се допаѓа ова.
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    - Жената ти вели: - Оди по ѓаволите. Ти одиш, и таа таму те пречекува. :lol:
     
  19. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Возбуда,страв,трепет.
    Сонот го оставив за некои полоши времиња.
    И знаеш што?
    И повторно да се случи биг бенг и повторно да се создаваме од микроорганизми, ние ќе си останиме микро.
    Последното нешто што ме запрепасти беше Ново Лисиче будало ЈО!
    Ме запрепасти видеото,но уште повеќе оправдувачките коментари од типот дека тоа е нормално,така сите сме растеле,сите сме се тепале.
    Добро, сериозно?
    Нормално е?
    Како насилството може да е нормално? Во каква и да било форма, она беше за осуда. Тие што го направија тоа требаа вака на интернет јавно да бидат засрамени, зошто не е во ред таквото однесување,а не да си дуваат како балони од поддршката што им ја пружи поголемиот дел од хипстерската македонска јавност.
    Да не знаеш дали да се смееш или да плачиш.
    Не можам да подигнам ничија свест или да солам памет,ама да жално е што некои мислат дека не е потребно толкава фама да се крева.
    Ама тоа е. Све што е извртено, неоправдливо, несфатливо и во крајни мери ограничено денес доби на вредност како да е правилно,оправдливо,сосема сфатливо и со широки хоризонтни размислувања. Барем така се декларираат.
    Незнам дали е потешко да живееш или да бидиш човек.
    Што и да е, не е добро.
    Ништо, да не си го расипувам денов со негативно расположение, еве едно нешто позитивно.
    Вчера прекрасно. Сосема ненормално,молејќи се чизмите да не ме издадат во последен момент како претходните, но добри беа. Чај и многу цигари. Од турското ни останало ете. И најавената шопинг тура со ненадејно "Сакаш да те завртам?" Онака на сред Еко ли беше, Елит ли беше незнам.. И да.. онака смеењето го продолжи животот.
    Во танго поза си се завртивме и си продолживме натаму.
    Уз пут смеењето не запре.
    Добро, прегратка,мва мва и Ашлинг го продлжи својот шопинг. После напорната потрага да ги наполни кесите со алишта,си купи средна од Вили и едно пиво. Наместо кеси, јас одев по пат като маж. Ама си уживав.. не дека шопингот не би ме расположил,ама побрзо би одбрала што да јадам,отколку што да облечам на мене. А,без мајка да те искритикува за секое посакувано парче облека не е тоа тоа.
    Вака за јадењево нема што да ме критикува, среќни се кога сме дебели.
    Ееее,а сега уживам во топол интернет. Тоа е кога компјутерот ќе го преместиш во дневната за да не ти дува на десната рака.
    Нема зима оваа зима.
    Некои кажаа и крај на свет ќе било, пророштвото на Маите бла бла. И да е крај на светов, на ова нашево политичко нема крај.
    Види ги бе. Мислиш си изгласал кои дечиња да влезат во елитната детска градинка.
    Наместо бал, овие направија маскембал.
    Неочекувани протести, спонтано граѓаните од сите мртви и полумртви градови во Македонија се организираа зошто буџетот не бил изгласан.
    Па мили граѓани,селани. Та бил,та не бил изгласан што сте добиле вие од буџетот? Или овој пат се надевате дека ќе добиете,па затоа се направи овој циркус.
    Покрај сите оние циркузанти во собрание,покрај сета она непочит што си ја укажуваат политичарите,НЕЗАВИСНО(намерно нагласено) од која партија, што очекуваме од народот. Наместо да се обединиме и да им кажиме "Дечишта едни низаедни. Ова не е начин на кој би требало да функционира една држава што се прави дека е достојна за Европа. Навистина? Ние и Германија пример во исти кош? " Наместо да им кажеме стоп на секаков циркус и секакви јавни препукувања,ние меѓу себе ќе се испоубијаме за една политика. Имам еднаш, ќе кажам уште еднаш.. луѓе оладете. Не сте вие што треба да се замараат со политика, политиката треба да се замара со вас.
    Кога ќе размислам подобро и се замара.
    http://www.libertas.mk/%D0%B7%D0%B0%D0% ... B0-%D0%BF/
    Секој знае се за секого.
    Едни ќе речат е местено, други ќе речат навистина е така.
    Јас викам, ебете се сите.
     
    На mims-89, tweety26, lunicka и 2 други им се допаѓа ова.
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Кога ќе направиш некое добро дело посебно па некое минорно, а раскажуваш на големо и широко за тоа како си помогнал, размислуваш и анализираш долго како прекрасно ќе се чувствува тој некој на кој си помогнал, веројатно го замислуваш и со солзи во очите како те благословува, и повторно раскажуваш и раскажуваш...подобро ич да не си подал рака, ама стварно...
    Исто како политичарите пред избори кога се мотаат во домот за деца без родители пример со пакети храна, облека и камери околу нив, што треба да речам бравос, ме трогнавте, прекрасни личности сте?
    Укажува само на тоа дека си бараш потврда, признание дека си добра личност, поинаква од другите, гајле ти е, се грижиш, помагаш...а каде е скромноста, каде е обзирот кон оној на кого си помогнал да не мора сите да знаат дека примил милост од тебе?
    Се губи сета смисла на хуманоста кога сме хумани за сами да се чувствуваме подобро...
     
    На Hipster, Lilit, sesilija и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.