[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Има ли нешто потопло од детската насмевка и радост ...видете го блеска!
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna, Serafima, kate21 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Вчера си пиев пивце и нели незнам со кој памет се дрзнав да учам :wasntme:
    Си седнав на креветот и почнав..

    А few hours later..

    Сестра ми дотерана доаѓа во соба во 7 саат за на работа и збонето ме гледа како седам на кревет и спијам. |(
    И нели без осет дека некој спие почна да вика :D
    -„Што правиш ти тука?!“ :?:
    -„Јас? Ништо не правам бе “ :wasntme: Станав и си легнав во спална :D

    И сега од позата на медитирање што сум ја имала 5 саата ме боли кичмата и вратот. :D

    И ја сањав комшиката како ја тепам. Бумбар ја направив :punch: Така ти е кога спиеш седејќи... Комшики ќе сањаш, место комшии..
     
    На Serafima, tweety26, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  3. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    Знам дека не сум добра и не сум.
    Вчера гледам на вести еден човек, со жена и две деца, од појма немам кое место, бара општината да му даде куќа. Куќа? Како по ѓаволите си размислувал кога си создавал семејство, деца? Како мислеше дека ќе им обезбедиш покрив над глава и храна?
    Или човекот од постот на Лукс, не е стар бре, може да работи било што, може да побара било каква помош.
    Ви текнува на дедето Дузи што го збореше со паломите? Е тоа е борење, сиротиот беше пропаднат, едвај се движеше, не дека заработуваше нешто продавајќи паломи, но доволно му беше за леб денес.
    Не, не ги сожалувам луѓево. Има многу луѓе што се мачат.
    Познавам семејство со 5,6 деца, од некој си град, се преселија во куќа под кирија во село и земаа земја под наем. За да работат, да се прехранат. И не застанаа само таму, штедеа, а потоа успеаа и куќа да си направат во градот.
    Има толку многу нешта да се работат, особено за мажи. И не е оправдување не можам да најдам работа, не можам да си обезбедам покрив над глава.
    Колку само има деца од дом, па се снашле во животот и успеале. И нив никој не ги турка, сами се буткаат каде што сакаат.

    И денес пак на вести 15 годишен силувал 90 годишна старица. Абе стварно? Кој ти е меракот бре, плус дете си. Не му била ни прва...

    И неколку грабежи во фамилија, а што зеле? Само обиле врати! Зеле нешто ама повеќе штета направија со поправките него со покривање на стварите што ги зеле.
    Па еден од грабежот во село, мислам што би чувала таму? празна куќа со месеци, ништо вредно, само обиено и скршено.
    Е и јас цел живот им викам да провериме некоја греда златник да не има. Дедо ме уверуваше дека нема, и немаше бре. Ама не ги пробале гредите. А да идам јас деновиве да проверам, а? Дур не им текнало.
    Лошо, лошо...
     
    На Monna.Monna, Adi888, Serafima и 16 други им се допаѓа ова.
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Животот ќе те скрши, и јасно е дека никој не може да те заштити од тоа, освен самиот да се избориш со емоциите, загубеното да го надокнадиш со убави работи, срцето ако ти е изгужвано да го вратиш во првобитната состојба, сите оние стуации, смрт, напуштање, непостигнување цел, ќе ги гледаш како едно искуство. Денес сум како карпа, без емоции, се презаситив трудејќи се да помогнеш на секого, а тие тоа не го ценат. Сега селективно дејствувам во врска со тоа. Едноставно морам да ги тргнам оние кои ми го комплицираат животот, и онака ми е доволно комплициран.

    Туку Дејвид лом прави.. песниве ах убавини..


    http://www.youtube.com/watch?v=sttmaCMvMYo
     
    На Serafima, Hipster, tweety26 и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Alesia

    Alesia Активен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Многу ми е мило што се зачленив на форумов
    [​IMG]
    Послужете се! :D
     
    На tweety26, teddybear и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  6. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    i miss both of you.
     

    Прикачени фајлови:

  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    мислев дека ке помине но не поминува :worried:
    нокеска сонував еден човек што го знам во вистина-ко вампир личи само нема заби за цицање на крвта :rofl: и примети дека има страв во моите очи кога тој ми е во близина :!: арно што примети ама незнам како и нема од што да се плашам, знам да се бранам, а гласот кога ке почнам да викам има цело Скопје да се собере :rofl: -кој не би се плашел уште денес после нека си бара друга жртва-ликот негов ми беше пред очи цела нок и ми зборуваше а јас му одговарав, страшно :x потсвеста си игра игри со мозокот :!:
    уште денес Господ семокен нека ми даде сила и храброст да издржам и се надевам дека вечер ке можам да се видам со другарките од медитација-ке има предавање за вегетарјанство малку релакс оти мислам дека вампири и гаволи ке гледам и преку ден и тоа баш на крајот на светот-наводно :P
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  8. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Што е со луѓево бре?
    Станувам сабајле и гледам во пошта некој ми пратил CD и пишал:
    Srekna Nova Godina francais.
    И иницијали, што прво ме асоцираа на мене и дечко ми. Моето и неговото име.
    Во него турски балади, кога видов лирикси све е за сечење вени. A дечко ми мрази турци, до немајкаде. Значи, не е он.
    Гледам не бил дисков одамна направен па да ме зеза некој.. пред 10 саати..
    И сега си поставувам прашање WTF?
    Полека си одговарам.
    1. Турска музика асоцира на некој Турчин.
    2. Кој турчин? Имаше еден што ме симпатише пред 6 години, да е он не ми се верува. 6 години бре.
    3. Како? Му имам плукнато у фаца, му кажав дека го мразам. Незнаев како да се откачи од мене. Турчин досаден. Ако е турчин, ама е тежок сељак. Дебел плус. И наркоман. Кај ми се закачи..
    4. Зошто? Па изгледа поверувал дека е крај на светот, па да побрза. Ама па ако си мислел така оти би ми честитал нова година?
    5. Зошто (2) ? Ми напиша фраерот песна еднаш, многу ме сакал незнам што.. Број си сменив заради него, ме умре со пораки. Сега изгледа сака да ми покаже уште дека ме сака.
    :headbang:

    Ах психо..

    Него, поради вашиве еуфории за крајот на светот ноќеска сонував акции.. Од Јапонија и САД репортажи за крајот на светот. Репортажи бе! И така јас си се спремав, љубовчето си го барав заедно да си умреме на нашето место. Не помнам дали стигнавме на време.. :D
     
    На Roxanne, tweety26, Speechless и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    .....That lovely moment кога ќе добиеш гратиси за во кино :wasntme:
     
    На tweety26 и francais им се допаѓа ова.
  10. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    1.347
    Колку мразам луѓе кои не знаат ништо ,кои климаат со главата додека им зборувам и се прават како демек се да сфаќат и се да знаат и повторуваат по мене ко папагали!

    Повторачки папагал јаде го*на од канал :@
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Хороскоп за крајот на светот

    Како што можете да видите, крајот на светот не се случи денес. Што значи тоа? Тоа значи дека утре сонцето повторно ќе изгрее, а животот ќе продолжи понатаму.

    Значи без разлика дали сте бик, јарец, девица или близнаци, животот ќе продолжи понатаму, а вашите денови ќе бидат исполнети со нови предизвици настани и проблеми кои ќе треба храбро да ги решите!
     
  12. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Денес секој се има борено со сопствена"Апокалипса" и секој од нас извојува победа,а за крај денес сите знаеме дека не беше крај на светот,па да уживаме во животов
    има една слика.. ;) како чак норис не спасува па еве ке ја споделам со вас јас се насмеав[​IMG]
     
    На ilipili и kravce им се допаѓа ова.
  13. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    556
    СДК:

    Престането со глупости за крајот на светот! НЕМА ДА ИМА! :@ :x
     
  14. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Од социјалниве мрежи а бога ми и од форумов,сфатив дека сум многу среќна заради една работа.
    Да,што имам дечко кој го сакам,го љубам,го посакувам...ама што не сум опседната со него.

    Ама сепак,прашање и на карактер е,кој секој може да си го смени,да се чукне во глава,да се запре поради здравиот разум.

    Боже мој,страшна работа е опседнатоста,не можам да замислам да постирам по сто слики наменети за него и во кои ние двајцата се пронаоѓаме,па приказната ни е слична,па сликата е само за нас...

    Девојки,немате ли некоја друга занимација и преокупација во животот,освен да се омажите со вашите најмили,најсакани,вашите буциња и муциња,или на интернет да искажувате по сто пати колку ви е најмил,колку се сакате,како ќе ви изгледаат децата,и да дремете по цел ден барајќи сликички за љубовта ваша...Патетично изгледа,навистина!

    Би ги сфатила тинејџерите,ама девојки над 20 години едноставно не ми се јасни!
     
    На QueenN, bittersweet, VeRyCa и 17 други им се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.213
    Допаѓања:
    124.924
    Некогаш се мразам што скоро секогаш молчам....не,не сакам да се карам,не сакам со некој да му се спуштам на ниво.Едноставно не сакам да се замарам и не сакам да ме замараат.Зошто не си гледате во вашите животи?Али ако човекот не е полн со нонсенс глупости ,кој?
    Мразам особи кои личните недостатоци и комплекси и неуспеси ги лечат на работа.Па и уште ако се на некоја си функција |( И мене не ми е секогаш бело,со солзи сум излегувала од дома,ама пак на работа сум морала да се смешкам на некои си дебили.Таквите насмевки се најтешки ,да знаете :!:
    Не сум одмаздољубива,ама верувам дека тркалото се врти.Јас пак не би била со таква гнила душа како вас и сигурно би била поблага,ама кога тогаш,ќе се сврти и ќе дојдат и моите 5 мин.

    ....инаку денес состанокот беше успешен за мене,поминав супер,ама нели пак ќе се најде и ќе ти даде маана,пошто не може да каже едно благодарам или браво,испод чест му е.
    Јас незнам до кога вака т.е. знам -додека молчиме сите и сме овцички нели?
     
    На Serafima, Peppermint, ceca-1 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Јас изгледа го преспав крајот на светот :D А сега кај сум,во рајот? Моите не се дома,сама вака... Епа добро,ќе се дружиме :D

    Кој е за кафенце? ЈАС сега ќе пијам :)
    А на мојот (тиква) ќе му ја пуштам оваа песна
    http://www.youtube.com/watch?v=NWdrO4BoCu8

    By the way,и оваа верзија е предобра,браво за момчето
    http://www.youtube.com/watch?v=lJqbaGloVxg
     
    На bittersweet, tweety26, teddybear и 2 други им се допаѓа ова.
  17. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Е сега ќе си се збогувам со интернетот, одам на работа - да поучам нешто.
    Физика и македонски до пет, ако успеам. После тоа ќе истерам една партија на компјутер. После тоа пливање, а потоа ќе ја раскренам собата па ќе си гледам новогодишно филмче, да ми се зголеми еуфоријата. Сеушто го нема тој новогодишен филинг.
    Оии колку сакам планови да правам, а, знам дека нема да оди се како што сакам.
    Тато ќе дојде во недела, одвај чекам, ќе си го облечам жолтиот џемпер, ќе се средам и ќе си бидам среќна и насмеана, да види како е ќерка му 8)

    А утре ќе го видам Животот на Пи, и ќе си учам цел ден, па после ќе си уживам во пуканките со другарките. И се надевам ќе стигнам и до рамстор, пеперминт ќе настапуваат, хехе =)
    Се молааам да имам убав викенд, да научам се, да се изнауживам со друштвото и пак да бидам наспана, па да редам петки следната недела. Да си речам, ќе биде.. ќе биде, да.

    http://www.youtube.com/watch?v=M_Nc1RyWX4Q

    Ве поздравувам со песнево.
     
    На Doozy, Glossy-girl и kravce им се допаѓа ова.
  18. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Не се фалете дека преживеавте, па уште е 21ви. :wasntme:
    :rofl:
     
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.732
    Пол:
    Женски
    СДК вака ли поминува животот?Каде е почетокот а каде крајот.Раѓање и умирање.И нишки сеќавања.Нишки кои се кинат,додека повторно се врзува нова жица.Поубава,посилна,посигурна.Кој ѓавол ќе знае.И тогаш сфатиш дека ништо не е ниту трајно ниту вечно.Се обидуваш да уживаш во минливоста која ја собираш по патот,во трка,или момент.Прва нова нишка...убава и чудна.На оние скинатите некако им ја прекриваш трагата.И почнуваш темното попладне да го претвораш во сончев ден.Се обидуваш да си го пронајдеш мирот кој ти е потребен.Светлата мисла во темната ноќ е само некое срце кое те храни :l: ,иако е далеку од тебе,за да можеш да преживееш.И се така во круг.На некоја раскрсница се сопнеш и чекаш...што чекаш...можеби да се исткае некоја нова нишка...
     
    На Serafima, Peppermint, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Мајка ми... не, нема такви зборови создадени, измислени за да ја доловат. Сега ете ја, размислува како во Русија преживуваат на -50 степени :o
    Имавме гостинка од надвор. Ја прашува (на англиско-македонско-германски јазик и говор со раце, да се чудиш се разбраа :D ) колку браќа и сестри има. И пребројува и се врти накај мене, тивко, како да дошепнува - 4 деца, сигурно и таму даваат надоместок за 4то дете- Што да и речеш :D Секогаш е толку гостопримлива, насмеана, весела. Луѓево од надвор, токму ради неа тука најубаво си поминуваат...и не преувеличувам :!: И велеше потоа, на германски, да јаде -јади, јади, јади, јади :rofl: македонско бре :D
    Сега треба да правам список за пакетчиња :geek: како да прошверцувам едно за мене :^) :D Кога бевме помали со братучед ми, се договаравме тој на мене, јас на него пакетче и да си ги оставиме пред врата. Друго е сега со сопствени пари. Ама не си купувам...на малите ќе им скројам некое. Душево мало, многу сака од торба да вади чуда, сакам играчки и слатки да и соберам во нешто во кое ќе може да буричка со рачето.
    За погорните теми... не се гледаме на истиот начин. Ние, луѓето. Понекогаш е поубава сликата што за себе ја гледаме во туѓите очи, или да се подобриме или да им ја исправиме.
    [​IMG]
    Оди па снајди се, во ригастиов ни свет

    едит: кхм кхм...си добив тоблероне :wasntme:
     
    На bittersweet, Serafima, JuLleE и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.