[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Колку само би сакала денеска да скокам до небо. Не, не можам да кажам дека тој не ми недостасува.
    Но очигледно нему не му треба тоа малечко,селско девојче со румени образи,кое сака да зборува за тие минијатурни копченца наречени звезди...за месечината.
    И за својата љубов..
     
    На tweety26, kravce, PeaceLoveBasketball и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден се начна темата-Зошто правиме добри дела? Дали постои алтруизам во вистинска смисла на зборот, односно ставање на потребите на другите пред сопствените.
    Велат мажите помагаат за да изразат доминација, а жените од суеверие (дека доброто со добро се враќа).
    Велат, и во правењето добри дела во основа лежи чувството на себезадоволство што би испаднало повторно личен интерес. Велат, тој што прави добро не го прераскажува истото.

    Јас ќе бидам искрена, верувам дека доброто со добро се враќа, и чувствивам лично задоволство и прераскажувам - затоа што мислам дека на тој начин можам да ги поттикнам другите да го прават истото...

    С. има 13 години и наместо во градинки и училиште, животот го минува во болници. Утре и е роденден...
    Никогаш до сега не била во Мекдоналдс (само од излог го гледала). Со докторката која ја лекува и приредивме изненадување. Ја однесовме, си доби Happy meal, се испосликавме, се изнасмеавме. Можете да ја замислите нејзината радост.
    Ми вели-Леле....цела ноќ не сум спиела. -Зошто бе злато, ја прашувам. Ми беше страв од смак света!
    Лепотица...
     
    На Monna.Monna, machka1, Annath и 24 други им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Koнечно заврши стресниот период во школо...ај уште еден тест наредна недела и готовоооо :D
    (Верувале или не тестот е по ликовно :rofl: )
     
  4. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека конечно помина и оваа напорна недела ]:)
     
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Бидна и тоа. Рано денеска повик од мајка ми да ми соопшти дека баба ми починала. Ако се сеќававте пред 2,5 месеци падна, си скрши нога, и сите се надевавме дека ке се опорави но ништо работа. Пред да одам за последен пат да ја видам, се изнаплакав дома, и таму не пуштив ни солза. А таа лежи, и чекам во секој момент да ме праша- “Нови чизми?“ , “На баба најубавата.“ Ке недостига тоа за сигурно, дојдоа премногу луге, сите по убаво ја паметат. Ја паметат како бабичката со тинејџерски дух. И со најголеми болки, и кога и беше најтешко знаеше да каже некоја шала, знаше инстантно да те орасположи.. Тоа беше мојата бабичка со диплома за негувателка. Тоа беше женате која освен своите деца, изгледа и 4 внуци, и 3 правнуци. Тоа е жената која ме научи да правам жаба од марамче, онаа која и на сред лето ми велеше дека сум премногу разголена, а надвор 40 степени. Жената која го собираше цело маало во нејзниот двор. Онаа која кога почнав да фаќам дечковци ме советуваше ако немат куќа да не сум со нив. Онаа која ми велеше на машко да му се предадам само од вратот надолу, во главата да не знае што се случува, Тоа беше таа мојата баба Дана, која ЗАСЕКОГАШ ќе ја паметам.

    Сеуште сум во шок, не сум свесна дека ја нема, затоа овде пишувам, прееска ме изби и на смеа, а вечер мислам и да излезам малку. Немојте да помислите дека не ја почитувам доволно, НЕ, јас само сум донекаде среќна дека е на подобро место бидејќи верувале или не, неможев да ја гледам во болки и 10 кг послаба. Неможев. Те сакам бабичке, почивај во мир, чувај не од горе! :* :* :* :* :* :* :* :*
     
    На Monna.Monna, Libera, mims-89 и 35 други им се допаѓа ова.
  6. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    На времето никој не сакаше да добие џемпер со снешко, или Рудолф. Дојде време кога молам момичка да ми го позајми нејзиниот откога 25 декември помине тука и нема да и е интересен, ама нели јас со два божика, ќе го искористам за нова година и божик во јануар.
    Многу пијани луѓе во град оваа вечер. Ама за арно е. Сите слават, се радуваат, се гушкаат, и баш така сакам да ги гледам и мислам, дека им е се пуно и рамно. Од друга страна во Вторник заглавив два саата на Ватерлу (кој не пазарува со време ако му е) оти некој завалија се фрлил на пругата.

    Тоа ти е. За некои луѓе е славење, еуфорија, подароци, квалитетно време со блиски. И тешката страна, со осамен и депримиран човек кој празников само му вика, ти за ништо не си, никој не те сака, никој не те кани дома, сам си, за никаде не си.

    Мене нешто ми е мачно. Знам дека не ми е од јадење. Знам дека не ми е од пиење. Ама мачно ми е како на трудна жена. Денеска кога дедо Господ реши да не не утепа, да не ме направи мене новата Вирџин Мери? :^)

    Мирни де! Кој ќе докаже дека првата Мери при маж беше вирџин? :wasntme:
     
    На bittersweet, AIT, tweety26 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Не знам дали мачињава осеќаат каде да отидат или така случајно завршуваат на мојата тараса.
    Помина под мојов прозор едно прљавко, ми се чини и како тепано маченце и го отворив прозорот и го викав за да застане и отрчав до фрижидер да земам една виршла. Тоа виршлите ми се чини ко за мачињава да ги купуваме.
    Постојано доаѓаат или улични или комшиски и најлесно и најбрзо за да не ми киднат, ќе им донесам виршла :lol: .
    Кога дојдов назад мислев си заминало ама тоа си седнало на столицата што е тука кај мене под прозор и ме гледаше дур јас ја лупев виршлата. Ја оставив и затворив прозор. Знаете ама брзински ја изеде? Кој знае колку било гладно. :worried:
    И отидов земав уште една и таа му ја излупив и таа ја снема за некоја секунда. Сирото тоа. Гладничко. Смрзнато. А ми се чини и тепано. ;(
    Го наполни малку мешето и изгледа замина. Не можев да го приберам. Ама мило ми е што му го наполнив барем мешето. Сончко мал :(
     
    На Ana.Jones, MandyLane, tweety26 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    606
    Никогаш не се враќајте на старата љубов, грешка е.
    Инаку, заврши семестарот, вечерва сите заминуваат за МК а јас и мами остануваме сами дома, двете, јас и таа, сами :rofl:
    Ако, имам многу за учење и сега барем ќе можам да учам на раат, нема да има покани за пијачки, вечери и доцни прошетки.
    Знааам дека е многу грешка во овој период да почнеш врска, ама ете атмосферата на празници ли е, што ли е ама јас силно сакам да имам некој сега.
    Не да вртам романтики, ама да удрам на секс бре!
    3 месеци неам веќе и почнуваат хормоните да беснеат, ауу Боже, за празниците како поклон сакам да си го фатам стегачот од факс!


    Имајте ми убава вечер, ви пуштам малку носталгија од мојата...

    http://www.youtube.com/watch?v=ejMZ8EU0Q18
     
    На tweety26 и kravce им се допаѓа ова.
  9. Inna5

    Inna5 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 април 2012
    Пораки:
    698
    Допаѓања:
    626
    Реалноста.........

    Учи, учи – РАБОТА СЕКАКО НЕМА ДА НАЈДЕШ !

    Можеби најобесхрабрувачката девиза на денешницата: “Сине, запиши се на факултет, колку да завршиш нешто, не дека ќе најдеш работа !”
    Сегашноста е исполнета со очај и безнадежност, а ние си викаме “Поминало сé, ќе помине и ова”...Не оди така, драга државо !

    [​IMG]

    Порака до мама и тато:
    “Драги родители,
    Зошто упорно ме терате да учам? Зошто упорно фрлате пари на студии? Зошто упорно ми давате пари за јадење? Не сте свесни дека си скратувате од вашиот леб, за да си ги фрлате парите на НИШТО !”
    -Како бе сине на НИШТО, па учиш синко, образование ти треба. Што ќе правиш без факултет?”
    -“А што ќе правам со факултет? Ќе ме вработат?”

    СТРАШНО. ПОСТРАШНО. НАЈСТРАШНО.

    Секогаш ми пристапува некој и кога почнуваме муабет ми вели:
    “Епа дете, такво е. Буткај некако, ќе биде. Мора да биде. Гледај сега оценките, да не паднеш година, па за работа не мисли уште сега.” ...А, всушност сака да каже “Дете немој да се мачиш. Учи ама немој да се оптеретуваш, нели гледаш колку е тешко да се најде работа, сите дома седат, сите врзуваат крај со крај, од ден за ден се живее.Во наше време...”
    “Чекај чичко, што во ваше време? Демек факултет имало? Тогаш ни четврто одделение не сте завршиле...”
    И така, ќе си учиме, ќе се мачиме, ќе голтаме кафиња за да останеме будни цела ноќ...



    Се прифаќам, да се труди некој да заврши, да сака да учи, да може да научи, ама најбизарно е кога ќе завршиш со маките, кога камен ќе ти падне од гради и пристапуваат декани, професори, родители, баби, дедовци, сите ти ракоплескаат поради врачувањето на дипломата.

    Диплома – да, тука сакав да се задржам.

    Тоа всушност е едно обично ливче, малку подебело од хартија, малку потенко од картон, што служи за собирање пари кога ќе ја покажеш, за трошење пари поради нејзино стекнување и ВРВ на се, одличен собирач на прашина по дома.
    “Немој сине, немој да велиш така...Почекај, ти сакаш веднаш работа да најдеш...”
    “Е кога бре мамо? За 30 години? Кога нема да постоиме?”
    ...учи, учи – работа нема....

    И ќе нема.Слепи и закоравени се оние кои сеуште не се свесни за состојбата во државичката ни. Можеби и се во право...Си учат, ама тоа и ќе им остане...Можеби засекогаш ќе останат гледајќи во индексот и радувајќи им се на десетките...

    И еве една мала мотивација:
    Не сме ние криви. Таква ни е државата.
     
    На Trnche и Ana.Jones им се допаѓа ова.
  10. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    ИЗВИНЕТЕ,не можам да се воздржам а да не бидам искрена,после скандалов со Бети Буп,сигурна сум дека и на Аничка94,сликите и се лажни.
    Како прво,минијатурни се,божем се од фотосесија,и доле на нив пишува некаков текст.
    И да,и мислењата и се премногу прости за да има таков стил,се сеќавате на муабетот за глуфчето грдо ко судбина?
     
    На LOmikol, Sw3et.Ang3l, Inna5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    има ли некој што го преживеа крајот на светот? :lol:
     
  12. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Сфатив дека не можеш никого да натераш да те сака.
    Се што можеш да направиш е да му досадуваш и да се надеваш дека во паниката ќе попушти....

    Сфатив дека само со едно правилно свртување можеш да собереш многу од ќебето.
    Сфатив дека колку и да се трудиш, некои луѓе ќе останат шупаци.

    Сфатив дека требаат години за да изградиш доверба,
    а потоа доволен е само сомнеж, не доказ, за таа да се урниса.

    Сфатив дека кога нешто ќе удри во вентилаторот,
    нема да биде правилно разнесено низ собата.

    Сфатив дека не треба да се споредуваш со другите –
    посјебани се отколку што си мислиш.

    Сфатив дека депресијата е само гнев без ентузијазам.

    Сфатив дека не е битно што носиш, туку како го соблекуваш...

    Сфатив дека можеш да повраќаш уште долго откако си помислил дека си завршил.

    Сфатив дека „бившите" се како
    габички – постојано се враќаат и не можеш да се отарасииш од нив.

    Сфатив дека возраста е прескапа цена за зрелоста.

    Сфатив дека не страдам од лудило – туку уживам во него!

    Сфатив дека сме одговорни за своите постапки, освен ако не сме ѕвезди.

    Сфатив дека вештачката интелигенција е многу послаба од природната глупост.

    Сфатив дека кога мислиш дека си треэен, најверојатно си попијан од било кога во твојот живот и....уште пиеш...эа да се начукаш до даска..

    Сфатив дека луѓето што најмногу ти значат, излегуваат од твојот живот прерано,
    додека оние помалку важните никогаш.
    А давежите се постојано до тебе!
     
    На Danilela му/ѝ се допаѓа ова.
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Денес одејќи накај продавница, забележав како татко и ќерка ја украсуваат тераста со силички. Па ме стопли бе, многу убава глетка ми беше, најозбилно.
    Јас со татко ми никогаш немам украсувано заедно, украсував со мајка ми порано. Ми текна дека е 21 веќе, а порано на 19 обично ја украсував елката, пред да одам на слава кај покојната баба.
    Си викам ќе ја украсам ја денес, па шо сака нека биде.
    Оваа елка ја украсуваме откако знам за мене, со исклучок на последниве 2-3 години, мајка ми украсуваше една помала (ако можете да замислите помала од оваа). Лампиони немам многу 20-25 највеќе да се, ама си направив 2. Силички имам 5-6 пара, само шо не работат. Овие лани ги купивме за внучето да му ги ставиме у пакетче, само заборавивме да му ги однесеме, па ја си ги искористив за на мојава мутава елка.
    Еве слика од неа, за мутава и мизерна знам дека е. Кога ќе си имам своја куќа, ќе си купам една оогромна со лампиони во илјада бои. Ама добро, и оваа си ја сакам. :)
     

    Прикачени фајлови:

    • 121221-2302.jpg
      121221-2302.jpg
      Големина на фајлот:
      220,2 KB
      Прегледи:
      383
    На Monna.Monna, mims-89, Ana.Jones и 12 други им се допаѓа ова.
  14. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Кога слушна какви желби имам, рипката ми рече да ја изедам.. :D :D :D :D :D
     
  15. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Каков тежок ден имав вчера. Навистина тежок. На училиште и се слоша на една служителка никој не успеа да и помогне и брза помош дојде ама џабе умре... И тоа за 1 ден ќе одеше во пензија. Каква лоша среќа. Тоа ме потресе. Се враќав дома и гледам од кај докторката има ординација во мое мало еден во брза помош однесоа ццц што се дешава со луѓето. Мама додека се возела во автобус некое девојче се онесвестило и сите тие работи у еден ден :worried: немам коментар :x .
     
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Кога вечерта ќе си ја поминеш со варено вино, баклава, мрсни вицови и куп жени, знаеш дека тоа ти го стоплува срцето.
    Ноќва е љубовна и охрабрувачка како гушкањето на Кејт Буш и Питер Габриел во Don't give up спотот. Едноставно.

    Многу мисли, многу различни енергии, години и искуства, тоа е она што не’ прави различни а толку поврзани. И по не знам кој пат, ми рекоа дека треба да се обидам како стенд ап комичар, макар ко Доти Инглс, со точки цела, ќе лупетам после третата чаша вино! :lol:
    Викендов ќе се тегнам како мачка, ќе мрзелувам небаре тазе породена дур ме цицаат седум гомнувчиња, ќе се превртувам во дремеж, ќе читам списанија за подобро лице, помалку целулит и малку теоријата ќе ја тргнам на страна. Не ми требаат веќе мудрости за да се чувствувам некако. Просто некогаш сакам мозоков да го пуштам да пасе трева и облаци и да мирувам. Зен да зенувам, како што и впрочем викендов треба да биде.
    Сакав да кажам дека обичните мали средби со големи луѓе ти го чуваат умот подалеку од јадот и злобата, и можеш многу да научиш од оној кој изгубил нешто во животот, но добил многу повеќе од зрелоста, солзите, борбата.

    Не е се’ мед и млеко, не е се’ само штикла и пудра.
    Но, рамнотежата мора да постои, како инаку ќе знаеме кои сме. И кои не треба да бидеме.
    Што знам, оптимизмот е можеби патологија, па макар би имала и таква дијагноза, тоа е мојот избор.

    Животот, е лудница, еднаш реков. Само треба да одбереш соба со убав поглед.
    Мојот, гледа кон недофатлив хоризонт и бескрај.
    Добра ви ноќ жени. Крајот на светот не доаѓа, доаѓа нов почеток.
     
    На Deemy, imelda, tweety26 и 4 други им се допаѓа ова.
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Што прочитав. :x Ти бре дете, арно ли си?
    Џабе дошла Брза помош, и онака киниса жената. И какво значење има тоа што за еден ден ќе отишла во пензија? :tmi:
     
  18. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Едвај чекам да дојде Нова Година. :lol: Имам некое претчувство дека ќе си поминам преубаво. А и како да не си поминам преубаво кога ќе бидам со луѓе кои ми се драги и знаеме да си направиме топ забава. :D Ќе ми паднат нозете од играње,АМА АКО ! :lol:
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК ми се спие, многу, најмногу на свет :D незнам како ќе станам утре, ќе треба со топови да ме будат :| Него денов, изгледа дека оцрнет како крај на светот, луѓево почнаа нешчо да се гушкаат :D или ми се чини...Една женичка денес, ми велит во автобус: “ Ќе се симнуваш ли? Јас да, па некако треба да преминам за да се симнам“ а јас и велам: „ Нема проблем, ќе се потргнам “ :) и женичкава за да поминит, ме гушна :D и се насмеа, ами оној возачон ко божем компири возеше, а не луѓе |( Но некогаш некои луѓе кои човек првпат ќе ги сретне, делуваат како да ги знае со години, па и одеднаш мили му стануваат, па иако и можеби нема истите да ги види.Но имаат нешто премногу добро во нивниот карактер, да ненаметливо знаат да му одземат внимание на човека :)
     
    На Ana.Jones, tweety26 и Katerinceee им се допаѓа ова.
  20. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Очите полека полека ми се затвараат |-) |-) Ама убаво се насмеав,иако не излегував вечер :!: :D
    Уште една недела 2-ра смена и после 20 дена одмор...Отидов јас :hai:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.