[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Westlife

    Westlife Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    642
    Допаѓања:
    617
    Интересен ден..Два теста-баш интересни,гладна цел ден како по обичај..Конечно дома!Кога го видов,кога го бакнав,кога го гушнав посакав никогаш да не се разделам од него!Во секој случај интересен ден! :)
     
  2. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Ете ти... ситница ме израдува доволно за да имам причина плус да си го чекам роденденот со ентузијазам и насмевка. Новата епизода од The big bang theory излегува баш на мојот роденден. Поубав поклон нема да има.
    Таква сум, шта чеш. Ме радуваат ситници, глупости, внимание и досетливост.
    Во тоа е и убавината. Ми го топлат срцето затоашто се толку мали, а доволно големи гестови за да ми развлечат насмевка и да ми го направат денот онаков каков што треба да биде.
    Малку ми фали де, тоа пробувам да кажам. :emo:
     
    На Doozy, eli25, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    И додека звукот на чудните инструменти ми го екстазираа цело тело, посакував да сум дел од андер граундот кој беше крајно во облаци, напушени, напијанети и благословени со едно нешто: Сите знаат што сме. Дека сме едни несовршени луѓе.

    Собрани малкумина кои уживаа во права музика. И тука посакав да е до мене.
    Да бидам облечена во крем рамбовка со моето шарено шалче.
    Да го држам пивото во раце и со затворени очи да го движам телото во непредвидливи правци. И тогаш да останеме сами.
    Ниедна ноќ да не ни е доволна.
    И да знаеме што сме.
    Луѓе.
    Ништовни.
    Антитела.

    И посакав да правам валкани работи вечерва. Со него.

    http://www.youtube.com/watch?v=p5hKbUmHV00
     
    На Trnche, tweety26, teddybear и 2 други им се допаѓа ова.
  4. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Како какво значење бе па конечно ќе се откачеше од работата еее ја одвај чекам пензија :rofl: да си одмарам :D
     
  5. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Посмеј се уште малку, баш за смеење е работата, човечки живот.. прво драма, па удри на виц.. |(
     
    На eli25 и pamelche им се допаѓа ова.
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Шо е ова од брат ми сега? Се извинува? Ќе го намолел татко ми овде да чекаме Н.Г. За арно нека е.
     
    На Glossy-girl, mims-89 и MandyLane им се допаѓа ова.
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Би поставила лажна слика во модни критики само за да ве напнам.
     
    На mims-89 и MissDior им се допаѓа ова.
  8. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Посмеј се уште малку, баш за смеење е работата, човечки живот.. прво драма, па удри на виц.. |([/quote]

    Јас не пишувам тука вицеви и глупости него и објазнив што е тука лошото жената за еден ден ќе одеше во пензија ова и беше последен ден :worried: И никој не очекуваше дека вакво нешто ќе се случи ц'ц'ц, лоша среќа. А тука ја вистина си кажувам си ја чекам пензијата и конечно да почнам да живеам убаво ;)
     
  9. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ама сум го погодила денот кога да скитам, вие тука журки без мене правите, није фер :!: :D

    Туку, мече мече што ќе ти каже џебоооот? Што? Ама за арно за убаво нека е, па минусот финансиски некако ќе компензира со душевниот плус и коа ќе видиш у ќар си, демек :D

    Си купив и карта за НокАут, по милионити пат годинава, ама овој пат со другарка ми идеме, нема утка, одлично ќе си поминеме, народски кажано топ ќе биде како и секогаш кога се нокаутираме заедно :emo: 8)

    И покренувам обвинение против Дузи, заради неа во секоја втора реченица почнав да ја употребувам изреката аман заман :D :hug:

    Гуд најт :bandit:
     
    На kravce, Doozy, Springy и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Не постои човек што може повеќе да ме повреди од тебе! Доста е веќе!
     
    На soffce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Кој ѓавол ме тераше да излегувам,да играм без везе и да си купам пирошка и да ја пропуштам журката во темата Модни критики. Мхммм

    :?: :doh:
    И толку и...
     
    На Monna.Monna, Glossy-girl, marama и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Za SnowWhite8 Епа така е кога ги користите смајлињата кога треба и не треба :^)

    Туку,јас касно ја фатив забавата,ама важно ја фатив :D Кутра Рејн,сега си има работа...Ама сте ме пресмеале! :D Еве си отворив едно 20 tabs за да видам што сте пишеле,ќе се изнасмеам уште,иначе Рејн ќе ми ги избриши :D Знам јас дека не е ко порано форумов,многу нови печурки никнаа и одма ставаат слики насегде за лајкови ама ај...Секоја чест на новите членови што пишат разни и убави мислења,ама ваквите си бараат убав бан.Мило ми е што сте ја приметиле ;) САкам форумов да е пријатно место за читање и одмарање,а не за некој и тука да се заебава ко на фејсбук за лајкови,аман! Тоа е,луѓе без самодоверба и свој живот. Затоа утре ден нема да имаат почит луѓето за нив. Како и да е,да не тупам,нека си мислат тие.

    Мене ми пропаднаа сите планови,па затоа останува да си чекам и да си уживам.Па ќе дојди и време за убави работи,дури и кога нема да очекувам.Се ќе си дојди на место знам.Само трпение. После,ќе одат побрзо работите :) А и убаво ми е да си се занимавам малце со себе и со работи што ме одмараат и радуваат.Понекогаш е убаво да си посветите малку време и на себе.Пошто после тоа ќе немаш време ни за основни работи.И најважно,бидете она што сте,не се менувајте,ниту па се преправајте дека сте некој друг.Едноставно не оди.Маската се некој ден ќе се тргне и ќе се открие вистинскиот карактер. Не се менувајте ни заради некој друг.Така вие ќе сте несреќни. А кога вие сте вие и сте среќни,ќе ги правите среќни и другите околу вас. Лека ноќ ви посакувам :hug:
     
    На kravce, Katerinceee, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Плачам од среќа...после многу, многу години.
    И уште повеќе плачам, оти секој момент ме облива таква среќа и ме наврнува таков нежен дожд од радости...

    Бејб...извини, ама вечерва толку ми е мило што сум си дома, далеку од тебе.
    Синоќешните твои крици, правења балони со плунка и рчење скоро слично како на татко ми(се ежам и шо го напишав тоа) ме исцрпија, исцицаа и изморија.
    Потрагата по синоќешниот, т.е рано утринскиот сон во 5 часот во зори, залудна беше.
    Залудно беше и менувањето на пижами во 6 часот во зори.
    Не знам како сум заспала....упс ми текна буквално додека го пишав тоа, знам како, со прстот во уше!
    Уф се наежив!
    Крипи!

    Цел куфер полн со алишта за перење, сега моментално врте 3тата рунда на центрифугата, а меѓу нив и неговите џемпери, зашто сме пре горди да си одиме дома, чисто онака ради реда, мамо еве испери ме, ама упс извини, дури за некој ден да дојдам, кога ќе переш, незнам кој ден е за пуштање перална?!

    Знам како му е, сведок сум и во живо на дело, ама искрено, веќе и тоа ме измори, и едноставно, си свиркам, не ни ме интересираат тие мали приказни и празни дијалози без смисла кои почнуваат и завршуваат исто :| |(

    Ќе ме сметате ли за злобна(шо баш синоќа пишав пост во кој се жалам колку сум добра) ако кажам дека ова истото денес на дечкото му го кажав, на сред ручек, за неговите мама и тате и бате?!
    Па...вистина е од а до ш! :|
    И погодете што?
    Он до толку реално и дури болно за гледање изреагира, што малку и жал ми падна, пошто по незнам кој пат истото и тој го кажа, да не цитирам раскажувам, битно детето си има мака со нив, а тие едноставно си го тераат лагано животот, ако воопшто може тоа живот да се нарече...
    Реално, немаме веќе простор за да жалиме, јбг, животот е суров нели,животот е курва кучка, како сакате кажете го, родители или не, такви се, не можиш да ги смниш, ама затоа па можиш сите други работи во животот да ги смениш, да ги доловиш, да ги досовршиш.

    Не ме сфаќате грешка :D
    Они мене многу ме сакат, ме гледаат, ми ја полнат секогаш чинијата најмногу кога јадиме :rofl: , ми прават кафе и не ми дават садови да мијам или нешто друго да помогнам, ама ова се доста мали работи во врска со сето тоа што го гледам околу него и сите нив, мама тате бате, ама како што кажав, јас немам проблем со нив, но според кажаното дека он има, т.е сите имаат ама го избегнуваат, ќе имам и јас одма под дифолт коа ќе станам снајка официјлано, о Боже, нема да се десе тоа уште неколку години, ама реално кажано, тоа е тоа.
    Не дека јас на срце ќе си ги ставам, него гледајќи го него како се мачи и има проблеми со нив, џабе ќе го развеселувам јас или да го носам кај мене дома, нема бегање, има проблем, и има да се реше.
    Поарно сега да си го решат проблемот, за да после јас на раат да си седам со нив на ручек и муабет, кој патем тегни на лево на десно некако оде и во голем број од случаите е интересен и се смеам како блесава! :D
    И ветувам, ова е мој последен пост во врска со нив.

    И колку само мило ми дојде и топличко на срце коа во неговите зборови и очи видов колку му се радува на празничните денови кај мене дома во јануари...ах!
    Како циган на цреша шо би рекол он! :lol:

    И не, по постот ми изгледа како да сакам да се мажам, ама ич не сакам, значи не можам да се замислам мажена...во следните 4 години.
    Кога и го кажав на свекре ова, ме погледна така изненадено и тажно со очај во очи, и можам да кажам 100 посто гарантирам што си рекла во себе - немој, не збори така, срамота, комшиките зборат синовите уште ми се ергени, срамота а веќе 20 и кусур години се!
    Дечко ми се преврте од смеење коа му кажував, е легенда си ми вика, слика на мајка ти, иста си!
    И да, заедно си се смееме на мајка му глупостите, едноставно многу се! :D
    Сега сама се смеам готово :lol:
     
    На kravce, Doozy, bittersweet и 12 други им се допаѓа ова.
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Морам, ама МОРАМ.
    Додека скролав во Модни Критики, само лајк, лајк лајк....се заборавив више и затворив.
    Па сите имате одлична смисла за хумор бе! :D
    Thank you за 20 минутното активно смеење (ако не и подолго) :bow:
     
    На Glossy-girl, Doozy, Elichka и 3 други им се допаѓа ова.
  15. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Денес отпатував во минатото со мислите.Како да го гледав филмот на мојот живот.Сфатив колку многу ситници сум памтела,и сите тие се многу важни за мене.Спомените се едни од највредните нешта во животот за мене.Без нив не би можела,составен дел од мене се.
    Се присетив кога бев мала...на првата детска љубов.Ахх колку само бев занесена по тој човек... :lol:
    На пријателските кавги кои сега ми изгледаат премногу смешно...на имитирањето разни ликови...на игранките на улица со сите деца од маалото...
    Како да не се сеќавам,па нашето детство беше многу поубаво за разлика од сегашните.Имаме толку многу доживувања за раскажување.А како што се знам себе си верувам дека на помалите генерации што ќе следат во нашата фамилија,би им здосадило од моите приказни.Бидејќи кога раскажувам сакам да ја доловам и најмалата ситница,толку многу се внесувам што се чини дека случката која ја раскажувам всушност се случува во моментот. :D
    Се присетив на моите најубави години,на школските денови од основно.Радо би се вратила во тоа време и на истото место...
    Дури си запеав една песна што уште повеќе моменти ми врати во мислите...
    Не ги заборавам тие најубави години...Се е убаво кога си дете... :)
    Јас пораснав со овие...ахх кога ќе ми текне...луди денови... :D :lol:
    http://www.youtube.com/watch?v=boif8oH6Drc
     
    На Serafima, kravce, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  16. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Ухх сте се изнапишувале во модни критики човек да не може да ве дочита. :D Јас па таман тргнав да си легнувам и гледам Реин последна коментирала во модни критики,си викам ах сеа сигурно има некоја фрка чим Реин коментирала...и надам се дека реакцијата нема да ни биде оваква кога ќе видиме вистинска слика од Бетка и нејзиниот стил
    [​IMG]
     
  17. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Повели CIA :D (Од модни критики е,ако е нејзина и оваа :D Првите нејзини слики )

    [​IMG]
     
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Дивајн, како не ми текна и мене да си отворам табови од страните во Модни критики. :swear:
    Си дојдов од излегување, не ми се спие, мислев дека мислењата ќе останат до утре и ќе си се смеам сега, читајќи, ама очигледно Реин не разбира од шега па иако е заклучена темата и не може веќе да се полни со офтопик, мораше и да избрише се` :devil:
     
    На Doozy, Katerinceee, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Е јас знаев дека ќе бриши,навреме стигнав :D И реков чекај да отворам,после нема да можи :D И се пресмеав и што можев одвоив во смешни мислења :D Можеше да ги префрли во офф-топици,ама тоа е сега,веќе е сторено :) Се надевам дека си поминала убаво барем вечерва :) Па ете,едни од најсмешните мислења барем се издвоени. Ајде,лека ноќ од мене :) :hug:
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.654
    Драги Дедо Мраз,

    оваа година бев умна и фер би било да ми ги исполниш новогодишните желби. Оваа година како подарок сакам да ми донесеш работа (со решение, осигурање и минимум 500 евра плата), ако неможеш да ми најдеш работа тогаш многу ќе бидам среќна ако под елка ми оставиш гооолемо Милка пакетче и една картица со 15.000-20.000 евра, немора кредитна ако е и дебитна.
    За Петко исто како и за мене, или работа или пари, на мама сакам да и ја покачиш пензијата, на СиС покачи им ги платите, на М исто работа, а на Ј поише муштерии. Д нека ни е здрав и жив, ние ќе му купиме се што му треба сега за сега, за некоја година кога ќе порасне сам ќе ти побара што сака.

    Не се чуди што многу барам, голема сум веќе, кога бев мала барав играчки и други ситници, ама мала бев, како раснам така и апетитите раснат, а и + живеам во Маакедонија па затоа вака поспецифични желбички си имам :wasntme: .
    Знам дека не се викаш Драги, до душа знам и дека не постоиш ама ај ја да си ги кажам желбите, можда за некое чудо ќе ми се остварат.

    Многу нетрпеливо ќе те очекувам, а до тогаш биди ми поздравен и гледај што поскоро да дојдеш.

    Чао, Најубава2010.

    П.С. У случај нешто да не ти е јасно пиши ми лп.
     
    На 1209, kravce, cinderella5 и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.