[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    1.016
    Пол:
    Женски
    денес......значи денес само сакам да ме снема....онака брзински!толку многу сум разочарана од сите и од се......буквално од сите и од се :( тажно ама за жал многу вистинито..сите бе сите да ти биле лошотилаци невидиени,дволични,злобни а јас будала,будала најголема шо на сите му одам по газот и гледам се да му биди погодено.....а мене кој ме ... ах,до кога вака?!
     
  2. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    261
    Пол:
    Женски
    Што да кажам.........сакам што побрзо да замине проклетава година и да дојде новата........не дека може нешто кој знае што ќе се смени ама сепак да ја нема оваа 2012 :@
    Денов ми почнува со убаво :coffee: и со фемина :* ........само ми е криво што ако од сношти ми остана нешто недочитано од Модни критики сега неможам да си го дочитам и да си се посмеам :lol:
    Ајде можеби не чека еден убав ден па да го искористиме 8)
     
    На Katerinceee и vitomir им се допаѓа ова.
  3. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    1.016
    Пол:
    Женски
    а шо е муабетот со Модни критики?јас малце касно палам....извинете,неможам да разберам :^) ако не му е тешко на некој,нека дај кратка рецензија ;)
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.617
    ... спиена дури 4 часа, со две дози кофеин отсабајле и пукам од енергија ! ^_^
    Мислам дека се одбивам како молекула под притисок од ѕидовите.
    Имам нова омилена песна и си ѕенѕам на неа. Сум си ги заборавила слушалките од мобилниот и штом се симнав од автобус си ја рокнав на телефонот, си одам по Партизанска и си потпевнувам, како некое тешко напалено тинејџерче (обично ми квачат пред влез и пуштаат бесни хитчиња на максимум volume, а оние по хард кор категорија - одат самоуверено по улица, а телефонот им квичи со омилената песна. Сите да ја чујат бре).
    Епа јас бев утринава од овие вториве, дечко ми вика - да се знае дека доаѓаш од НЛо. :D
    OMFG, so true.
    Секаде има сељачиња, ама како што виреат во мојата екс Слаткар-населба, тешко.
    :D

    Не знам како ќе го преживеам денов, на работа, па да си ја суредам косичката на фризер, па Каролајна и врв на мојата чери кејк - прослава од работа во биртија, пардон, угледна кафеана со певач чија инспирација за настап потекнува од грандиозниот Аца Лукас. Боже, помогни.
    |(
    Зошто, оооо зошто ми ја мачат душичката со вакви бедотии?
    Ама нема враќање, дадов пари, а кога веќе ги дадов, одам да пијам и да се разблесавам уште повеќе, дека ова дефинитивно не е доволно.
    :shake:

    А дечињата ќе ми одат за Нова година на исток, што по автоматизам - ме остава мене сама дома.
    - Да не ти е тешко што ќе бидеш сама?

    :^)

    :D
    [​IMG]
     
    На fashionista, mims-89, Sexybaby86 и 21 други им се допаѓа ова.
  5. luncika

    luncika Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    171
    ... многу сум разочарана од луѓето но и од самата себе! Се каам за моите лоши одлуки и за моето лошо однесување.Што ако имам доволно пари за да си дозволам се што ќе посакам, кога немам среќа? :?: Кога не знам да ја искористам таа среќа? Јас најверојатно сакам да живеам во тага. Зошто од оваа ситуација не испаднам веќе?Зошто живеам ваков живот скоро 1 година? Имав многу добри прилики, имав шанси кои ги пропуштив, а можев да бидам среќна. Зошто сето ова го чувам во себе? ;( Длабоко во себе го кријам, никој не може да помисли дека токму јас имам тооооолку многу проблеми, а сепак имам насмевка на лицето. Насмевка? Хах... колку добро знам да глумам.Само јас си знам како ми е :x
    И не! Не се жалам. Го кажувам ова бидејќи не можам веќе вака да издржам.Ќе пукнам. Па колку и да е храбар човек, со текот на времето ќе попушти.
    Не ми е јасно зошто сите бараат некаква корист од некого? Зошто едноставно не уживаат во својата среќа и не се мешаат во среќата на другите?
    Имам толку многу работи што сакам да ги кажам, но овој ѕид на срцево не ми дозволува.
    До кога вака? До кога вака ќе биде? Дали ќе издржам? :sweat:
     
    На Katerinceee и sanjaeva им се допаѓа ова.
  6. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    Majicka Модни критики тие тема каде што се даваат критики околу облеката,низ лични фотографии,за да можеш да имаш пристап до неа потребно е да имаш над 100 мислења :D
     
  7. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    877
    Пол:
    Женски
    Куферот стои спакуван. Не можам ни да го гледам, па го ставив пред врата.
    И тогаш сфатив дека е огромен. А, како да не е?
    Морав да седнам врз него со двете најтешки книги од семестаров в раце, за да го закопча татко ми.

    Го преполнив со спомени!
    Конфузни чувства, детска смеа, цел куп фацки, битни ил не...
    Едно патување така подалечно, моите стапки во недопрениот песок, врели погледи, уште поврели бакнежи...

    Се' има внатре!

    Една болест гадна и злокобна, ''пријателства'', лажен гламур...
    Една изгравирана рамка со две среќни лица внатре.

    Уште многу ситнурии и крупности. Тие ќе ги задржам себично во себе.

    Горам за поубава година од оваа што е во пролаз. И, нешто ми вели дека ќе биде! :)

    [​IMG] :)
     
    На Doozy, marama, Divinebutterfly и 9 други им се допаѓа ова.
  8. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    За Нова Година една од моите желби е,личноста која го чита ова да биде среќна..:*
     
    На Roxanne и majicka им се допаѓа ова.
  9. majicka

    majicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    1.016
    Пол:
    Женски
    ^ anicka94 знам за шо е темата ама муабетот ми беше зошто е заклучена,само од претходинте постови разбрав дека некоја имала поатирано слики или така нешто и зато не разбрав за шо се работи :D
     
  10. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Денес ќе се поправа една стара шупа у која јас морам да ги пренесам (според мајка ми) сите мои партали |( кои што зафаќале место у стан. Абе што ми може, таква сум, тешко се делам од спомени. Недораснато дете. Имам кукла од тригодишна возраст, се тресе на батерии, али сега не работи па ни со алкални :rofl: Си го доживеала она својот крај на светот. Знае дека и чувам посебно катче и дека нема да заврши у контејнер.
    Некои предмети се толку многу оштетени што ми е срам да ги однесам у Црвен крст или да ги дадам на некој што нема, затоа што може да излезе дека се ослободувам од отпад, а напротив, тоа има огромна вредност за мене. А ако ги дадам на некој сакам тој некој да ги проживее моите убави спомени на безгижност и безболност на тој период на животот...
    Бидејќи ова сега е многу болка, и оди длабоко ко што оди подморница. Супа говеџа или пилеча? Да се биде или не? :D Живеам у симулација на зима, оти така треба да биде и треба да не трупа со снег. Повлакам ракави се до доле и прекривам дланки а баба ме треска по раце оти сум си ги расипувала блузите. Дишете луѓе. Не не спасува нас ниту еден крај на свет од грижи. И таму кај шо нема плодна почва да виреат, ние ги создаваме. И после следи време на бреме кое ти се чини дека нема крај. И такви тешки и возрасни се мотаме во клопчето на животот. А они абер немаат. Восхит за нив!
     

    Прикачени фајлови:

    На Roxanne, Doozy, Serafima и 4 други им се допаѓа ова.
  11. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Позади секој маж стои силна жена - вистина или лага?

    Илјада пати сме ја чуле оваа изрека, но ова е прв пат за неа да размислиме малку подобро. Иако имаме одредени шовинистички размислувања (признаваме), овој пат направивме исклучок и на жените им го дадовме заслуженото признание бидејќи навистина - позади секој силен маж, стои силна жена. Освен, ако вие не се сложувате со тоа...
    Можеме да ја славиме машката моќ и да го подигнуваме нашето машко его до небото, но на едно прашање мора да бидеме искрени - да не беа жените, сето тоа покажување и докажување би било бесмислено. Тие се како потврдување на нашиот успех, а и поддршка за нас, кога чекориме кон патот до него. Зошто?
    Тие ни даваат самодоверба
    Кога нашите одлуки ќе се најдат на удар на сомнеж и кога конструкацијата на самодовербата започне да попушта, на мажот му е потребен мотивационен стимуланс за да си ја врати вербата во себе.
    Жените ги хранат нашите амбиции

    Жените по правило ги привлекуваат мажи кои имаат јасни цели, големи амбиции и доволно енергија и решеност за остварување на своите планови. Жената која ги цени овие квалитети секогаш ќе биде поддршка за неговите идеи и непресушен извор на нови кога неговиот извор ќе пресуши. Нејзиниот маж секогаш може повеќе!
    Тие се поддршка на нашето его
    Жената не мора да биде поддршка на мажот само со нејзината креативност и силниот карактер. Таа може да му даде безрезервна емоционална поддршка, и со љубовта да направи тој никогаш да не застане на патот до успехот.
    Јасно, љубовта е најголемиот двигател, но кога крај себе имате жена која ве сака и која е секогаш тука за да ве сослуша и посоветува, немојте да се грижите за вашата иднина. Сложниот тим секогаш победува.
    Нè охрабруваат да ризикуваме
    Дека ризикот е едно од клучните правила на успехот веќе утврдивме, но понекогаш е тешко да се ризикува повторно и повторно. И најсилните во еден момент ќе се посомневаат во себе, бидејќи не е секогаш лесно да се тежнее кон успехот.
    Но, станува за момент полесно ако до себе имаме некој со кој ќе го поделиме ризикот и кој ќе додаде ветер во нашите крилја. Жената која секогаш е тука ќе умее да ги каже вистинските зборови кои ќе нè охрабрат.
    Ќе обезбеди јавна поддршка
    Жената која му се восхитува на нејзиниот маж, која верува во него и сфаќа колку е важна позитивната слика за него во секој момент ќе настојува таква слика да му претставува во општеството. Не, таа не е наивна ниту луда.
    Таа добро ги знае сите негови маани, но исто така знае дека тие се дел од неговата приватност. Жената на успешниот маж во друштвото секогаш ќе го истакнува најдоброто од него.
    Улога на просветлувач
    Оваа улога на жените во машко-женските односи можеби најдобро го отсликува нејзиното значење во тој однос за нас мажите. По правило, мажите веројатно цел живот би го поминале во безмилосна трка за уште повеќе. Моќта е најголемиот машки афродизијак, тоа е тоа.
    Но, благодарение на жените сфаќаме дека сепак не е сè во парите и дека трчајќи по нив пропуштаме многу значајни работи, најчесто недоволно поминато време со најблиските во фамилијата. Понекогаш кога работиме нешто, жените се тука да нè потсетат поради што го правиме сето тоа.
    Тие го одржуваат семејството и домаќинството
    На патот до успехот, во врската и бракот, најважни се добро поделените улоги и работи. За да бидете успешни во било што, неопходно е да имате стабилна основа. Познато е дека и најсилните градби се рушат поради лошите темели. Во овој случај вашите темели се куќата, домот и семејството. Ако тие не функционираат, нема да функционирате ниту вие.
    Затоа е важно силната жена која ќе ви помогне после напорниот ден да се вратите онаму каде што припаѓате. Жената е таа која мора да биде темел на вашиот успех!

    Се надевам дека се согласувате со оваа статија,јас целосно се согласувам :)
     
  12. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Уште еден од многуте викенди посветен на колоквиумските нервози.Се радувам што е последен.
    Со душа чекам да поминат деновите,и да си одам дома.Неможам повеќе овде,се гушам..

    Си створил слика за некоја феминка овде како тоа она разлислува прекрасно,па како живее прекрасен живот,па како и се случуваат само убави работи..Не немојте!
    Ако ги има во реалноста вакви,па како сакате да ги нема на форумот бре?Луѓе кои патат од комплекси и се обидуваат да се претстават онака како што воопшто и не наликуваат.

    На запад ништо ново,уствари има неколку работи кои и не сакам да ги откријам.Ама воопшто.Не дека не сакам да споделам со вас,туку во последно време се чувствувам како странец помеѓу овие страници.Веројатно се повелков самата.

    Одам јас да се подготвам и да прошетам.
    Не за џабе сум карактер човек,кога ќе кажам дека не учам,не учам.
    :hai:
     
    На tweety26, pamelche, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Ти благодарам Господе за се што имам,за љубовта која ја имам,за силата да го поминам секој нов ден,за сите насмевки и солзи,за сите непријатели и пријатели кои малку ги имам во ова денешно време.Ти благодарам за здравјето и силината која ја имам во мене,ти благодарам Госпoде за се
     
    На tweety26, bluegirl7, Micheleljubov и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Без да кажам нешто,тивко и решително ја поднаместив стутканата коса под големата беретка. Не ни забележав дека веќе стигнав,а тој трпеливо ме чекаше да се освестам,да излезам и да му дадам пари. Само ладно пробуричкав низ чантата и дрско му ги фрлив во рака,без да додадам денар повеќе. Ми се насмевна,но јас само му ја треснав вратата,помислувајќи дека немам повеќе време.
    Кога стигнав,чинам сите беа во солзи. Луѓето заминуваа на тешки операции,како смртта да не е ништо.
    И се сетив колку сум среќна,што братучед помина добро.
     
    На tweety26, Doozy, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.195
    Пол:
    Женски
    СДК или јас сум нешто пречувствителна од теткава, и онака сум обично нормално претчувствителна, ама нешо сум премногу пречувствителна :D .Ко алергична да сум на звуци, мислам ни Вивалди не ги заќутува министриве по тв шо ги давет, можда Штраус ќе е најдобро решение :!: Изгледа нит Вивалди, нит Штраус, нит Павароти не ги надвикуваат :D
    И одиме со мајка моја, на кафе да сме седнале по сабајлечки некаде, покрај други бизниси, јас се тетеравам ко некој пингвин, оти теткава моја, опасна е, закон, ко ќе е тука, немат шега :D Мајка ми, па земала го мешат кафето ли го мешат, ама се фати да мешат со лажичкана, и велам ами миксер да земеше, имаше тата - мата да го направи, ќе речет луѓено, „ е дошла на кафе некаде па и миксер си носи“ :rofl: а лажичкана шо да кажам, чачкалица, не лажичка, ќе ја загубит човек во едно кафе, бркајки го шеќерот во кафето :D
    Па и ценине во продавницине, шок да те фати, у кома да падне човек ко ќе ги види |( Мислам шо е многу, многу е...
    Што фино, само саат и пол имам спиено, не ме чуди, некогаш и ич немам спиено :D Струја без гајтан работава :D
    И така... :)
     
    На k.i.m, Johny и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  16. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Сега станав бе.Идиот.
    Денов би требало да биде исполнет.А,како да не биде,кога ќе го искористам убаво.Ама имаме мааааал проблем-за саат време треба да излезам.Ако се расонам-добро,ако не-шта чеш.Тоа е.

    Испланирано е се уште од вчера,една фина прошетка низ град со фино друштво. :)

    И,така.Синоќа,солзи ми течеле од журката во модни критики.Друг пат ако е така-ќе зеам ќе праам принт скрин на секоја страница,да си чувам за спомен и дуго сечање :rofl:

    Толку од мене за денес.Отидов да си ставам јогурт и да почнам со невозможната мисија. Имајте убав ден.
    И ко по обичај,да си објавам една песничка за убав почеток на денот :)

    http://www.youtube.com/watch?v=lDK9QqIzhwk

    Гушкам :hug: :hug: :hug:
     
    На Katerinceee и rosebush им се допаѓа ова.
  17. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    877
    Пол:
    Женски
    Трулоста на капитализмот, суровата вистина и привидниот сјај на детските играчки... изработени од рацете на вредните "џуџиња на Дедо Мраз".

    [​IMG]
     
    На anabel-a, Micheleljubov, Trendafilka и 4 други им се допаѓа ова.
  18. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Носталгии од детството :D
     

    Прикачени фајлови:

    На t.i.n.k.e.r.b.e.l.l, Ph0enix, Heleny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Доволно ми е од притисоци. Доволно ми е од се околу мене.. Мојот дух сака да биде слободен а не да се гуши во мал вакуум простор.
    Сака да излезе, да врисне од радост на слобода.. Да патува во соништа и облаци, според нив да креира реалност.. Што е реалност? Можеби е сонот? Што ако е обратно од она што го мислиме?
    Збунета сум.
    Сакам некаде.
    Далеку, сама.
    Но не осамена.

    http://www.youtube.com/watch?v=XTvgj2LWjMk
    [​IMG]
     
    На tweety26, anabel-a, Lov3 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Се сеќавате ли кога пред година и пол имаше една сообраќајка во која загина еден наш познат борач од овде, Штип. Е, во таа сообраќајка загина и еден мој близок роднина, млад со 2 дечиња мали, оженет. Една година пред тој да загине, почина татко му, а сабајлево и неговата мајка, Бог да ја просте. Во три години скоро цело семејство починаа. Каква клетва е тоа, каква казна. Бог нека му ја чува сестра му сега.
    :( Тоа е животот.
     
    На rosebush му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.