Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Сакам да кажам дека сум многу тажна...дека ме боли што не ме разбираат...што секогаш губам...
    и дека ова не поминува- ко некое проклетие, кај мене среќата прекратко трае...
    Да видам уште овој проблем дали ќе никне...ако така биде, готово, се откажувам. Веќе не се борам за ништо во животот! Нека тече од денес за утре...и Бог нека ми прости, ама јас упорно не наоѓам смисла.
    Толку. ;(
     
    На Miss.Ricci, Katerinceee, ceca-1 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.570
    Допаѓања:
    145.772
    Седам пред некој ден со лепо друштво на традиционалната маалска предновогодишна собиранка од на муж ми маалото...

    Многу убави, опуштени и искрени се тие собиранки. Дечишта кои се запознале некаде во прво-второ одделение, израснале заедно, биле заедно во добро и во лошо, и ден денес се поддржуваат и почитуваат како ретко кој друг што го знам. Некогаш дечишта кои се враќале пешки од град затоа што ги испиле последните пари или молеле за на врата да влеза без карта на МЗТ, некои супер ученици и студенти, други со подеми и падови во образованието :D , ама денес сите успешни - пола со сопствени бизниси, пола на добри позиции во добри фирми. Нема ниту еден кој се мачи да врзе крај со крај, ама без ралика што некои докторираа, а некои останаа со трети степен, сите се вредни деца, не зе мрзи и забушанти, и затоа сега се тука кај што се.

    Кога знаеш едка си опкружен со такви луѓе околу тебе, чувствуваш поголема сигурност. Знаеш дека и животот да ти удри шамар, сепак има некој кој ќе може да ти помогне.

    Јас немам маало, ама си ги имам другарките од средно. И многу, многу си ги сакам!
     
    На bittersweet, lunicka, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    http://www.youtube.com/watch?v=F_wtHnZytyQ
    ^Мотивација.
    Не знам зошто, но во последно време имам толку вишок негативна енергија што земав да удирам по ѕидовите и сега рацете ми се крвави. Не се дрогирам, туку бев нервозна и нервозата ја истурив врз ѕидот со видливи последици после..
    И не ми се верува дека ја преживеав неделава.. Толку испрашувања, тестови, мислев дека стварно ке биде крај на светот! Али помина. :)
    Сега, имам само една желба. Само една..
     
    На Elichka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.855
    Пол:
    Женски
    Од толку топлина, дури ни чајот во румот не го сетив. ^_^
     
    На tweety26, thelittle17, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Ако кога си во средно,Абрахам Маслов станува Грахам Масленов,имаш проблем да разбереш дека 25 % и 1/4 се исти големини,не ја знаеш таблицата на множење со 9,не прифаќаш дека НЕ МОЖЕ се пишува одвоено,велиш дека Толстој е бугарски писател,контузија ти е еднаков поим со конфузија,не знаеш каде се става голема буква - имаш добри предиспозиции за светла иднина.

    Кога ќе пораснеш и ќе имаш сила и моќ бидејќи си образован,можеш сосема комотно Хипократ да го замениш со Хипокрит,а на Ајнштајн да му ја препишеш познатата фраза на Макијавели.
    Образованието е сила..за моќта да не зборуваме.
     
    На Hipster, Buttterfly, tweety26 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    12.329
    Не можам да учам пред 31ви, не можам да учам по 31ви. Лани се жалев како е многу лошо да полагаш ден по Божиќ и колку е подобро колоквиумска да ти е пред Нова Година, за потоа на раат да ги тераш празниците, годинава полагам два колоквиуми сега, четири во јануари, и пак не ми е погодено :| Разгалено детиште во ПМС, тоа е.

    Конечно резервиравме за Нова Година! Сепак се одлучив за опцијата неограничено јадење и пиење, тивки ноќи со кифлички и мајонезна и филмчиња ќе минам кога ќе имам дечко и слободен стан. But this 31st, I'm getting groovy :dance: (and drunk)

    Патем преживеав вчера, не знам за вас :rofl:
    [​IMG]
     
    На Miss.Ricci, Doozy и Libera им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.170
    Допаѓања:
    166.702
    Јас не мислам да бидам претенциозна,ама фактите говорат така... Се молат твитерџики да не ми крадат муабети од тука и да мислат дека ако помине време дека нема да си ги препознаам речениците или некој друг што ме чита тука,а чита таму нема да ми каже. Однапред фала. Ми инпонира тоа шо ве инспирирам,ама го претерувате. Да не кажам шо за малце моја реченица ќе била твит на годината, ме мрзи да ја барам по постовиве,а дека ја има,ја има... Мислам,она не е севте да фаќате дечковци по твитер на мој рачун! Ко шо ви твитна една, слободно заебавајте се на моја сметка,блокирана ми е, јас ви викам дека ќе ви ја блокирам сметкава за ловење на шетачи,ќе дојдам ќе се раствитам и шо ќе праите после?! Арни сте си дур ги ловите на оној начин,ако ме разумеш мачко.Мислам не она сите,ама има неколку што коооонстантно оп,оп,ќе осамнам у твит,а не ни твитам! |(
    Знаете која е тајната на тресење глупости?! Едноставно тресете ги... и не ги тресете за да некој ве потапша или легне у кревет. Ама што знам, и јас да тресам за пажња у курац ко вас,можда ќе имам трема да кажам нешто ултра забавно...

    Инаку,само вие шетајте. Кај муки си имам,па и работа ми дадоа. Ете така,фино, кафето до мене, кокаколче, ред булче,нема грешка. Све си можам јас.СВЕ! Абе твоите не те жалат,не па некој таму надвор... Ако ми докурчи ќе извадам виното,што му ебам матер! Не,јас реков,дома си реков! Идниот викенд ако останам у земјава ќе ми биде како нова година на средношколец,јас ви кажувам! И ноут ту мајселф,дај си го телефонот на некој, зошто пред два месеци ти дојде огромна сметка...овај,да. |(

    Родители бе... абе она отиде у Банско, ние ќе одиме на гости, држ... купче,50 листа, ааа па добро... доброоооо... *отвара прозор и ги џитка* Немаш ти Лилит право да бидеш лабава,НИКАД!
     
    На tweety26, thelittle17, anuskaNESTLE и 2 други им се допаѓа ова.
  8. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.882
    Пол:
    Женски
    Eве си лежам во креветчево и си плачам и плачам и плачам.
    E веке не се може трпи трпи трпи ама и џелезо да е ке се распадне и тоа еден ден.
    Zарем ова мојов живот бре не може да биде живот на човек или што е??..
    Mа ми се смачи веке неможам :@ све прави за еднас и јас да добијам ама веке неможам..
    па и јас сум млада сакам да живеам како што треба е ајде де не реков дека ке идам по лоши патишта ама пак и како робот нее работа ова :!:

    ME POLUDEFTE BREееее
     
  9. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Љубовта никогаш не лаже,лажат луѓето.Љубовта никогаш не си оди,си одат луѓето.Љубовта никогаш нема да те повреди,луѓето...да...
    Ако не ме познаваш,не ми суди.Никој не кажа,дека мораш да ме сакаш...
    Тоа што го може жената од инает...не може ни ѓаволот со намера да го направи...
    Луѓето те ценат толку колку што имаат корист од тебе..!!
    Патот до врвот е најтежок, но погледот од таму е најдобар!
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    17.822
    Која љубомора луѓе. ццц..
    Мојата школска беше во друштво со девојчиња една годиа постари од неа, а они сите учат во СК а таа е тука. Значи ја исфрлија од друштвото, сега пред Н.Г. ради тоа шо као демек не биле иста генерација и кажувала на некои дека не и фалеле. Хах. А реалноста е што и љубоморат оти она игра за Вардар и сега на 1-ви јануари ќе оди за Чешка. Не дека ја бранам неа, туку и пред тоа и викале да не оди за Чешка, да чекале у втора вечер Нова Година. Стварно е глупаво од нивна страна. И викале ти штом толку ставаш слики со Памела (со мене) со неа испаѓај и биди у друштво. Стварно незнам на шо личе. |(
     
  11. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Сабота како сабота..
    Ден за психички одмор, помош низ дома, шетање со кучето, гледање со мили луѓенца и тук-негде по некоја нервоза. Стандард шема.
    Некогаш и да сакам да не е вака - пак е. Денес сакав да е.. и нормално - не беше.
    Психички одмор и помагање низ дома? ✓
    Шетање со снежното ми топче и дружби? х
    Нервоза? ✓✓✓

    Таман, после тооолку недели планирање, решив да си изгледам филмче. Пророшкав во темата за последен гледан филм и со неизмерна радост си го спуштив и почнав да го гледам The perks of being a wallflower. Ама нели, не е фер се‘ да ми биде погодено, па после 20 минути тато реши да си легне. Во онаа соба до мојата. А јас не можам да гледам, овај слушам филм со низок тон, не се разбира ништо.
    Изнервирана до немајкаде си седнав на фб, ги изедов пуканките и испив 2 чаши чајче. Главава ќе ми пукне.. не е фер. Еднаш решив и ете. Малер. |(

    Ух.. а баш сакав да ви пишам како сум среќна. Со него..
    Ама што фајде.. баш кога најмногу сакам и ми треба да сум со него - не можам. Едвај чекам да потпораснам тро, да не ми прават проблем за излегувања па да можам кога сакам да се видам со луѓенцата што ми значат. Ама.. it's going to be a long run.

    Е.. и зимата ме прави патетична многу. И жедна за љубов, многу љубов!
    И прегратки .. силни.
    Коскокрцкачки! :mm:

    Сега зашто ни прегратка ни љубов можам да добијам, ќе се стуткам в креветче, со ладен чај од брусница и Мураками. Да си ја отпочнам мојата сезона на убавини.
    Cheers. :d:
     
    На Hayley, bittersweet, kravce и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Rna

    Rna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    63
    СДК дека многууу ми се спие , а јас упорно дремам на форумов.. :D :D
     
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.817
    Допаѓања:
    17.822
    На Divinebutterfly, Moschino, Glossy-girl и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ова го прочитав пред извесно време Биди човек каков што твоето куче мисли дека си!
    И кога секој би чувал по едно кученце дома (добро не сака секој животни ама....) светот би бил поубаво место за живеење... Колку радост може да ти донесе тоа животинче, ни самата не можам да ви опишам.
    Абе секогаш кога не ми е добро ( а и кога ми е), ќе го фатам го гушкам силно силно, а тоа стои ли стои, се мази. Знае дека го сакам, знае дека не е само, и јас знам дека не сум сама.

    Сакајте ги животниве, човек што не поднесува животинче не е човек!
    Вреѓајте се колку сакате, јас така мислам! Сум видела свашта..
     
    На kravce, moonlight-girl.55, Divinebutterfly и 12 други им се допаѓа ова.
  15. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    69
    Сабота вечер, сите излезени во град, јас си седам до елката и си гледам Gossip Girl.
    Баш ми е убаво. :)
     
  16. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    Многу ме радува ова предновогодишно расположение...Не е нешто посебно...Но гледам некоја голема светлина пред мене,одмор,расположение,живина... Едвај чекам да се заврши, уште само малку остана..уште 3 месеци. И не, нема да сакам да се вратам. Во минатото што некогаш ми било непожелно несакам да се вратам...ве убедувам... Мислам дека тоа што ми е пред прагот е тоа што цел живот го чекам..СРЕЌАТА! Иако изгледам многу затворена личност...всушност сум многу мека на луѓе кои ги сакам... а исто има и такви што не ги сакам... И цел живот нема да ги сакам. И во тоа ве убедувам.. Се надевам дека ке си стојам на зборот. :*
     
  17. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    618
    Допаѓања:
    2.033
    Кога двајца ќе се затрескаат и нели, постојат само они двајца на овој свет.. Да се држат за раце и да си трепкаат милно, игнорирајќи ги сите околу нив затоа што нели... ОНИ си се најбитни на целиот свет... И се понашаат како недозреани тинејџери.. И таа цело време го пика упорно и него у друштвото, и се лути што и тој не е поканет никаде, за било што и за било кај и да се оди.. И тој ќе ти се јавува и ќе ти вришти на телефон како она веќе не е сама, како они од неодамна биле НИЕ и кај и да е повикана таа требало и он да биде со неа.. затоа што таа била нејзината мила личност и он сакал да е со неа.. И у друштво не знаат ни муабет да направат, онака седат у ќош а он ја фатил за половина и само си трепкаат. И недај боже да сакаш нешто да ги прашаш, тоа едниот ги ококорил четири за да види дали ќе го погледнеш накриво другиот и одма и рипа у одбрана..

    Досадни, досадни парови.. Зошто не си останете сами дома.. Искрено не сакам да мрчам, и многу ми е гајле како се однесувате во друштво, и тоа што од утре натака никој веќе нема ни да ве покани.. Ама незгодно е бее, незгодно за другите, да не сакате муабет да направите, да се понашате како сами да сте. Гет а лаајф, после два месеца врска готовоо животот им е испланиран.. Ние ова, ние она.. Дее цел живот ќе бидете заедно, ќе си здосадите еден на друг. Зошто двајцата не размислувате со ладна глава, да бидете свои личности , да имате свои ставови.. Ние.. Кај ви се амбициите ? Кај се лудувањата со друштво, искачања, Нови години, одмори.. Одма ќе се земате нема деца кога да чувате.

    И јас имам дечко и долго време сум со него. Ама никогаш не сум дозволила нашата врска да влијае на моите одлуки, или јас да се откажам од моите амбиции ради него.. Си терам по свој пат, се трудам да си ги остварам моите соништа, тој своите.. Прифатив шанса да заминам во друга држава, и не се ни двоумев дали да ја прифатам, да се мислам дали он тука ќе ме заборави или друга ќе си најде.
    Наоѓам време и за моите обврски и хобија, и за него, и излегувам со мое друштво, и не грицкам нокти и да кубам коси кога тој излегол со другари.. Или се собрале за пиење, недај боже да се побунам за тоа, па најголема кригла од екскурзија му донесов да пие многу, многу ПИВО :D

    Обично не одлепувам за вакви луѓе, ама во овој случај.. скренав !! Се работи за моја многу блиска личност.. Моја крв.. Која ја знам како дише, какви желби има и што сака да постигне во животот..Откако се заедно скроз се промени, неможам да ја гледам како тапка у исто место и заборави која е и што сака да постигне. Сакам да се вразуми пред да биде предоцна ..
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sw3et.Ang3l

    Sw3et.Ang3l Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    2.096
    Пол:
    Женски
    СДК дека се згазив од смеа кога ја видов сликава [​IMG] .. Не сум го забележала ова на форумов, а сега го глеам на странава на фејзбук на овие тавчињава :D си викам чекај јас на фемина сум или на фб :rofl: :rofl: Трендафилка ни е најпопуларна дефинитивно :*
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.828
    Сабота е дефинитивно најубитачна за телевизиските програми. Особено навечер. Абе овие телевизииве ич не мислат на нас што не планираме да излеземе! Затоа, ќе си се уклучите на Скајп со цимерката, иако сте во иста соба, ќе си пржите јајца и колбаси, и ќе се смеете на англискиот на еден Колумбиец.
    Што да се прави. Ова е само уште една саботна вечер. Очигледно сабота одамна го изгубила значењето што го имаше за мене кога бев средношколка. Сега се поместувам кон средината на седмицата :)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.170
    Допаѓања:
    166.702
    Замислете да завршам како личност на која најголемата возбуда и достигнување у живот и било лајфгард у Америка. Има,има такви...гледам,гледам...
    Па дооообро,не е толку лошо...има и такви што пржеле компири на пример.

    Си велам,јас за него реков серко, он за мене кучка...и после си викам, а што ако и обајцата сме у право? Па нииишто, јас на пример нејќам лејдис мен типови... и пак паѓа у вода. А башка нејќум да ги искомплексирам сите тие жени... :D Добро,се зезам. Зениците ми се стеснети,него вечерва раширени,иф ју ноу уат ај мин.

    Си доаѓам дома (пред некој ден,не вечерва,вечерва универзумот реши да неам живот |( неам нервоза јас у животов,онака...леле фрустрирана сум,мда. :D ),татко ми кажува, на пријателите ќерка им се испофалила дека сакала класици, па како купувала у тврд повез,колекција правела,све тоа на 20 и некоја и текнало у животов... Му викам,ти тато не си отворил социјални мрежи да видиш шо е тоа, а шо не и рече бич плиз (или по нашки,лажеш курво), си ги прочитала сите 40 тома од Ленин?! Не?! Епа ќути?! Ми се изнасмеа човекот...па ни јас до душа,ама коа учев статистика, знаев дека таа едната аритметичка средина уствари е ленинов систем и коа му го реков тоа на аситентот на консултација ме гледаше чудно,па после му испратив мејл со факти!!! Пукни машка кучко! :D И тогаш уствари му тврдев дека мене ми е пологичен и сеа испадна дека сум у право со вицот шо е актуелен деновиве,со Мери што била курва и Оле што не била,ама ако направиш просек,испаѓа дека се девете...
    Оф колку се чувствував гордо во тие моменти,ама што,пак немав 10ка...пф... Ама тоа е зошто коа му улетав у канцеларија го исплашив,иако чукнав и онака нон шалантно фраерски се потпре на биро и нешо ми вика,ај бе спремна си и ми поставува прашање и нешто го штрапа пенкалото,ама од оние евтините и .... се отвори од врвот и му летна мината накај мене... се збрка целиот почна да го собира! :D

    Стварно бе, лажеш курво е македонскиот пандан за бич плиз... хм...

    Требаше бе... е да сеа ми текна,после 9 саати... |(

    И зошто сите и се смеат на Мелита што има сто профили кога и Кацар има два?! ;( :D
     
    На bittersweet, Springy, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.