[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    ^ Ама ако они ти честитаат, не можеш ти да не им честиташ.
    А во секој случај, не се лигавам, како што напоменав горе, дека прават некои.
    Сакав да кажам, дека многу глупаво ми изгледа тоа лигавење, кога во себе чувстуваш нешто сосем трето. Една Среќна Нова, и чаопријатно... :)
     
  2. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Срцето ми се полни со радост кога некој намерно ми оди контра, и испаѓа како неписмена будала ]:)
     
  3. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    [​IMG]
    Кога си и прв :P
     
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Како бубачиња се луѓево. Во 11 сите на улица, го шпартаат центарот, ѕиркаат по штандови, шетаат дотерани кучиња и недотерани деца. И во 1 ги снемува. Како сурија бубашваби си се прибираат во дувлата за тој фамозен нивни ручек. Само по некој дедо што си зборува сам со себе заглавува на улица.

    Се мислам што да готвам за нашата несудена вечера, не ми се даваат многу пари а ми се твори нешто добро. Си мислам и за ручекот денес, дилема меѓу компир и тестенини. Се нервирам затоа што се нервира мајка ми, за оној глупак глупосан. Сонував како паднал од зграда и толку беше од спиеењето. 6 саати се сосем доволни нели |(
    Деновиве бубамара слушам, иако во Скопје ме нервираат. Кили тера емисијата негова денес, а јас не ги знам рекламите. Слушам заради јазикот и некако доста ми е.

    Почна комшијата со проба, а пред некој ден му го запознав кучето. Со име и презиме го претстави. Среќа не го облекува.. Прееска видов пудла во црна јакна, зимска, за скијање. :x
     
    На Sexybaby86 и Doozy им се допаѓа ова.
  5. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Уште една недела и распуст. Толку многу никогаш не сум посакувала да дојде зимскиот распуст. Бројам како поминуваат минутите.
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.615
    ... тато ја скокоткаше мама до пред 5 минути и ѝ вриштеше - ќе земам ќе те заколам со ноже, тупо и никакво, и нема да те снема од колење, туку од сепса, од `рѓата на ножето мое!!! :devil:
    :^)
    Оваа се смее вљубено, мислиш серенада под прозорец ѝ пее, чиниш ѝ подарил букет од 47 рози или директорс кат на Лисјата или Величествениот или што да е.

    И после - зошто чувството за романтика ти е испревртено?
    Хммм... чекај да помислам, па ќе ти јавам.

    Свинско, праз и црвени пиперки - д ултимејт македонски момент, и кисело зелче со буковец: Зелката уште малку и во мафини ќе почнам да ја ставам, или барем за моментот наречен - декорација, само гледаш - сарма, подварок, свежа како салата. Ви велам - и во Васина торта не е лош додаток, вие не, па не.

    Роденден во игротека , :^: и ова е едно мило, мало, слатко суштество и одам нормално само за нејзин атер, другите културно ги одбивам, зашто роденден во игротека лично мене ми е еквивалентно забавно на чистење вц.
    :D
     
    На Monna.Monna, la-chicka, tweety26 и 20 други им се допаѓа ова.
  7. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Дома сум, на само еден ден и тој веќе почна да ми недостасува...

    Сестра ми од нејзината соба ги пуштила гласно песните на Frank Sinatra и не сте свесни какво уживање ми приушти.
    Нема уште долго да се задржам тука.
    Ќе си легнам на својот кревет во оваа студена соба, убаво ќе се покријам и слушајќи музика ќе му се препуштам на трансот кој се обидува да ме обземе.

    Одамна не сум си го направила тоа задоволство, одамна така не сум си ја наградила душата.
    Добрите песни се како опивка.. Опивка од која секогаш се чувствувам прекрасно.

    Па отидов јас убаво да се опијам од музиката, а вас ве поздравувам со чашка песна..
    Дупла доза ако барате - а ќе побарате, ви оставив на шанк - (Youtube) Послужете се!

    http://www.youtube.com/watch?v=sPUBg9Mx-W4
     
    На tweety26, kravce, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  8. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Би прифатила да живеам со свекор само доколку имам свекор како Изет од луд,збуњен,нормалан. :D :D
    Се напушил па каже „ Отвори прозор,да деда полети “ :lol: :lol:
    Денес , недела јас место на спремање на два колоквиуми го посветувам денот на Изетче.

    Ах бе Скај , кој ќе сака тебе да те земи за жена, појма немаш од работа во кујна,а тоа се бара или.... :^) Не е за смеење , не е ! :wasntme:
     
    На JuLleE, sadangel и Hipster им се допаѓа ова.
  9. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.635
    Story of my life.. [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    На Tenkai, kravce, MandyLane и 4 други им се допаѓа ова.
  10. sm1zla

    sm1zla Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Незнам шо толку им сметаат ваквите врски на луѓето?? :^) Ако се сакаат, нека бидат заедно.. :) Јас немам ништо против овие врски.. :)
     

    Прикачени фајлови:

  11. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Внимание : Документарниот програм содржи материјали кој не се претпорачуваат за деца помали од 15 год , или пак се претпорачува присуство на родител.



    The battle for Femina II : "Shadows Awaken"
    Битките со троловите стануваа се поисцрпувачки и потешки, нивната добра поставеност низ целата земја не дозволуваа сојузниците ни да се приближат кон главниот град СКД.
    Иако лидерот на троловите Триксон беше убиен , сепак ни тоа не успеа да ги спречи да се борат против сојузниците..

    Тука се истакнува новиот лидер на троловите , познат по името Палестинец. Со брзи напади и тешка артилерија успева да го уништи фронтот Секс и Љубов каде што сојузниците и Јипман мораа да се повлечат дури до регионот Кариера .. каде што ќе ја постават својата тврдина и ќе продолжат со своите тактики и планови да се спротистават на троловите.
    [​IMG]

    Гледајќи ги овие тешки битки каде што Троловите и Палестинец од една страна и Јипман и Сојузниците (Vladata na Raibow) се борат и уништуваат , решаваат да ја искористат оваа ситуација за свои цели.
    Тука се појавува новата сила наречена Лајкувачи&Фејкери на чело со капетанот Betty Boop. Успеваат да го заземат новото пристаниште СП каде што ќе добиваат ресурси и оружје потребно да напредуваат кон победата.

    По зафаќањето на СП , нивната следна цел се белите дробови на фемина , т.е градот Модни Критики. Градот на МК иако бил рушен на неколку наврати , сепак добрите планови на Генералот Марама успеаа да го вратат на првобитната состојба. Бранејќи го од троловите кој не успеаа повторно да го освојат.
    Нажалост Лајк&Фејк организацијата ќе успее да се пробие и да го заземе градот.
    [​IMG]
    Поради борбите со троловите , Сојузниците и Јипман неможат да пратат ресурси и засилување што ќе доведе до заробување на Марама.

    Троловите веќе напредуваа во градот Политика каде што ќе успеа после тешки часови војување да го освојат.Тука е и последната трага од генералот Офспринг дека го бранела со сите сили . Нејзината судбина не е позната и до ден денес.
    [​IMG]

    -"Пристигнуваа извештаи од генерали кој исчезнуваат , од генерали кој се заробени или пак нивните души земени во троловските војни , пристигнуваа извештаи како еден по еден фронт паѓаа во рацете на троловите, Јипман веќе незнаеше каде да се брани а каде да напаѓа." Изјавува еден од Капетаните

    Гледајќи ја немоќноста и неможноста да се извојуваат нови победи,
    соседните држави решаваат да испратат нов генерал , кој ќе му асистира на Јипман во битката со троловите . Нејзиното име е Генерал ААА*** Трендафилка. Нејзиното пристигнување дојде со голема војска од 250 илјади луѓе, голем број на тенкови и артилерија.

    -"Нови војници и тенкови пристигнаа, знаев дека нема да ја изгубиме оваа војна, бев радосен , но најмногу се радував на храната и водата која пристигна, не сум јадел веќе 2 дена , бев толку гладен што мислев дали да ги изедам куршумите и пушката." Изјавува еден од војниците на 7мата бригада
    [​IMG]


    Новите сили и тактики успеаа да ги пробијат троловските фронтови и буткајќи ги се до портите на СКД,
    Голем број на градови беа уништени.
    [​IMG]
    [​IMG]

    *Операција Vacum Cleaner II *
    -"Операцијата требаше да донесе резултати , беше едноставна , да го нападнеме СКД и улица по улица да го освоиме. Нажалост тоа не беше сигурно, голем број градови и територии како Љубов и Секс, МК па и Пристаништето СП сеуште беа под троловска контрола како и под новите Фејк сили, Заслепен од омрзата кон троловите Јипман не ги послуша советите на Трендафилка да ги пробијат другите територии па на крај да се концентрираат на главниот град. Но и го разбирам , веќе еднаш пробавме така да ги освоиме сите територии и да идеме на главниот град и на крај завршивме со counter-attack На троловите" - Изјава на еден од главните оперативци за војни тактики.

    02.09.2012 Беше денот кога илјадници војници го нападнаа градот , цел ден се слушаа куршуми и експлозии , но тактиката која беше поставена се покажа како успешна тактика.
    [​IMG]
    Дел по дел , зграда по зграда се бореа до последниот здив
    [​IMG]
    После 3 дена градот беше речиси цел под контрола на сојузниците и војските на соседните држави.
    Лидерот на троловите Палестинец беше принуден да се повлече во падините на регионот Љубов и Секс
    Кој што ќе остане под контрола на троловите се до крајот на војната.

    Неколку дена подоцна беше ослободен и градот МК , каде што Бети Буп ќе биде принудена да се повлече во пештерите и бункерите на СП каде што ќе се регрупира за нови напади нешто подоцна во војната.

    Победите донесоа голем број насмевки и задоволства насекаде низ териториите и државите.

    -"Се чинеше дека се ближи крајот на војната, но отпосле дознавме дека не сме ни до средината дојдени" Изјава на еден од командирите.

    Ослободување на СКД ја донесе Rainbow повторно на власт и контрола врз повеќето Фемина територии. Нажалост оваа ситуација подоцна ќе доведе до нови војни и создавање на нови сили.

    To be continued .......
    [​IMG]
     
    На calliope, monni.t, Ognenija и 38 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.951
    Допаѓања:
    164.182
    Он ми ѕвони, мајка ми просскува, ако е он, не кревај,слушаш,не кревај!!! Татко ми под цвик ме гледа и коментира, ха шутраче, цела ноќ ти го слушав мобилниот дека ти ѕвонеше...А јас им пеам, ииии ти си растела мамааааааааа, желбииииии си ималааааааааа, си плачелааааааааааааааааааааа!!! Ииииииии ти си молелааааааа мамааааааааааааааааааааааа! Ме чека друштво време е,мамо пушти ме!!! Ми велииииш ќе ми помине, се уште мали смеееее за незнамшто рано ееее......
    И си отидов, ги оставив да се прскаат од смеење! :D
    Колку се ненормални бе. Зарем би кренала на шутрак,реално? Не! |(
     
    На tweety26, bittersweet, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Внимание : Документарниот програм содржи материјали кој не се претпорачуваат за деца помали од 15 год , или пак се претпорачува присуство на родител.


    The battle for Femina III : "Rise of the Revolution"
    Голем дел од територијата беше слободна, но сепак имаше незадоволство, имаше побуни и палења на згради и тенкови во внатрешноста.
    Тука се истакнува лидерот на отпорот Сесилија, која зема голем замав против Rainbow и нејзините сили.

    -"Незнаевме зашто се борат против нас, ние ги ослободивме од троловите и вака ни враќаат?, Тогаш Јипман реши малце да се образува околу ситуацијата и зашто всушност се бунат сите." -Изјавува еден од блиските капетани на Јипи.

    29.11.2012 Пристигнаа резултатите

    -"Бевме сите со отворени усти, неможевме да веруваме. Rainbow вршела масовни бришења на мислења, уништување на докази и затварање на голем број градови т.е уништувајќи ги комплетно.
    Веќе не бевме сојузници , војските веќе не ја бранеа, Јипман објави војна и на владата, сега веќе немавме 2 сили туку 4 , стигнавме до точка каде што незнаевме кој ни е пријател а кој непријател"- Изјавува генералот Растин.
    [​IMG]

    Сепак Силите на Јипи беа поделени на две страни , силата која сепак остана со сојузниците и силата која ќе застане против нив.

    05.12.2012
    Денот кога фејк&Лајк силите ја искористуваат повторно зафатеноста на Јипи и Rainbow и битките во главниот град да го заземат повторно МК , но овој пат Марама со помошта на новиот командир Sephora успеваат да ги одбијат и тотално уништат нивните сили.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Лидерот на лајк&фејк Бети трагично го банираат оставајќи ги останатите војски да се повлечат и кријат низ градот СП и неговата околина

    Нажалост Војските на Rainbow нешто подоцна ќе успеат да го заземат градот да ги заробат генералите и да го стави под контрола градот. Дел по дел , територија по територија Rainbow ја зазимаше фемина и никој неможеше да ја сопре.
    Гледајќи дека неможе да извојува победа против владата Јипман решава на состанок со лидерот на отпорот Сесилија каде што ќе се соберат сите генерали да ја дискутираат сегашната ситуација.
    [​IMG]
    [​IMG]

    -"Се водеа расправии и дискусии цели 9 часа, неуморни да создадат тактика која би ја симнала Rainbow, неможеа да го заземат градот , неможеа да се прошират , седеа и тупкаа на едно место со својата војска чекајќи за следната тактика" - Изјави еден од полковниците кој присуствуваше на средбата.

    После долгата дискусија беше решено , 21.12.2012 ќе биде денот кога ќе ја нападнат МК , денот кој ќе биде запишан во историјата на фемина. Едиствениот град кој го има најголемиот аеродром и кој ќе може да носи засилувања насекаде низ териториите.


    *Operation RS-05 21.12.2012*

    -"Неможев да спијам цела ноќ, знаев дека утредента ќе ме очекуваат долги часови борби против злото" Изјава на еден од војниците.

    Рано наутро Јипман и Сесилија покренаа огромна офанзива врз МК против сојузниците
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]

    Долги часови пробивање успеаа да стигнат до центарот на градот каде што беа пречекани како херои.

    -"Лугето околу нас се радуваа и викаа Viva la Revolution, никогаш не сум видел таква радост во мојот живот" Изјавува еден од војниците
    [​IMG]

    Во рок од 6 часа и голем број жртви Јипи и Сеси успеаа да го освојат и стават под контрола градот. Но загубите беа тешки , голем број тенкови и артилерија беше оштетена , неможеа брзо да дејствуваат и нападнат другите градови . Мораа да чекаат подршка , ресурси и засилувања
    Во ослободениот град на главниот разрушен плоштад се собраа преку 400 илјади луѓе , војници и остало. Дојдоа да го прослават ослободувањето на градот и почетокот на револуцијата .
    Тука е и познатиот говор на Сесилија:

    -" I have a dream. A dream that when i wake up i live in a free contry !.
    A contry where i, where WE can walk , talk and sleep without worring that we will be trolled, banned or killed.
    A contry where the people decide whats best for them,
    A contry where we wont hear the bombs and guns,
    A contry where we wont be used as tools for war.
    A FREE CONTRY !
    So i call upon all the nations, all the people , every living thing. FIGHT , FIGHT FOR YOUR FREEDOM.
    FIGHT FOR THOSE WHO YOU CARE AND LOVE.
    FIGHT FOR BETTER TOMOROW

    VIVA LA REVOLUTION "
    [​IMG]


    Нажалост сон кој сеуште нема да се оствари бидејќи силите на сојузниците беа во однос 4:1со отпорот.
    Со што Rainbow ја искористува таа предност и подготвува масовен counter-attack
    [​IMG]

    Масовен напад кој беше подржуван од голем број авиони и тенкови
    [​IMG]
    [​IMG]

    Тешки борби низ улиците и зградите , полека ги избришаа војските на отпорот.

    -"Беа насекаде и во големи броеви , од горе паѓаа бомби а доле фрчеа куршуми , беше све загубено , немавме никаков избор туку да се повлечеме, све беше загубено" Изјавува Растин.

    По загубата на градот и територијата Отпорот се повлече све до форумски игри каде што ќе се регрупира и ќе го чека моментот кога ќе нападнат пак
    [​IMG]

    Спасувајќи се едвај , Сеси и Јипи решаваат да ги повлечат сите сили за регрупација , оставајќи ги Троловите да уништуваат во Љубов и Секс , оставајќи ги Лајкувачите да демнат низ СП и МК и оставајќи ја владата да немилосрдно брише и уништува мислењата на народот
    [​IMG]


    Војната продолжува на сите фронтови , до последниот човек
    Кој ќе победи останува да се види во 2013 година
     
    На monni.t, Monna.Monna, Antolinaa и 27 други им се допаѓа ова.
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Решив да си залепам две прстенчиња.
    Резултатот? Вдишан секундарен лепак и залепени прсти.
    Ете за прв пат вдишав/дував лепак.
    Напредувам.
    Само што не гледав во змејови туку во некои прави агли со испишани триста глупости внатре. Додуша не се глупости,ама немам корист од нив, освен ако животот на една земја не зависи од мене.
    Решив и да се вклучам во некоја дискусија тука.
    Барам,барам,барам ништо нема. Ни со кого ни како ни што.
    Ништо ќе си зборувам сама како будала и онака форумов стана поле за културен напредок на сопствената личност. Онака некој прашува општо прашање, ти одговараш. Што повеќе одговараш на теми, то повеќе се пронаоѓаш себе си. Ќе сфатиш што точно сакаш, како сакаш.. ехеее
    Добро е.
     
    На rosebush му/ѝ се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    е ова само мене може да ми се случи :x
    жена што ја запознав на Италијански да ми мести нејзин сосед ко божем не видел да ме запознае со него-најверојатно изгубен случај е типов а мајка му демек правник да ми држи лекции на мобилен да сме се запознаеле а после ке сме виделе што ке било па што сум во хороскоп, па имал лошо искуство со мојот знак, а тој сакал да го прошири своето друштво за Нова година |( -мегу редови бараме жртва да го жениме него, ти убаво си ни прикажана-само уште да те испечиме :worried: :D ама јас не се давам така лесно па кој чека-ке дочека :rofl: кутричка јас на што не ке налетам и што нема да ми се случи во животот :worried:

    а на моја другарка со која се дружевме како помали нејзин другар што ја зачленил во партијата-а ме загледуваше мене, неколку пати го имам сретнато се на игнор го ставам му е другар на потпретседателот-дел од исто друштво се која случајност колку е светот мал :x
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    И јааааас :inlove: :l: :l: :l: најмногууууууу :inlove:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.401
    Допаѓања:
    17.636
    Пол:
    Женски
    Ти наместо да спиеш тоа време, ти по форуми идеш, те знаат ли мајка ти и татко ти што читаш? :lol:
    Секогаш има решение, занимавај се, даунлаудирај си, симни си ги пауер ренџерс, покемон и трактор том:

    http://www.kids.rs/
    http://www.crtani.net/

    p.s. А со какво мислење си соочен? Бацување те збуни и се посрами?

    [​IMG]

    Let's talk about sex, baby...
    [​IMG]

    http://www.youtube.com/watch?v=qzfo4txaQJA
     
  18. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Со него сме заедно нешто повеќе од 9 години. Тие 9 години како да се 9 месеци, не сум ни свесна кога поминаа. Убаво ни е, се сакаме бескрајно, си веруваме бескрајно, искрени сме еден кон друг и сосема сме сигурни и двајцата дека сакаме еден ден да се земеме и да основаме семејство. Тој е човекот на мојот живот, а јас жената на неговиот.

    Така стојат работите. Туку, мене ме мачи едно нешто:

    Зошто, побогу, сите форсираат свадба што поскоро? Зошто секој втор збор е тоа? Зошто неговата слава мене ми ја честитаат? НЕГОВА Е, не е моја! :^) Зошто неговиот роденден на двајцата ни го честитаат? Зошто мора да се земеме сега/одма/веднаш? Што е толку итно? Зошто сите се преокупирани со мажачки/женачки? Можеби ќе решиме на 68 да се земеме (ако сме живи :lol: ), кој вели дека тоа мора да биде сега или во некоја си блиска иднина?

    Сериозно почнав да се напнувам веќе, значи усул да се немало и само тоа да се труби како расипана лента |( Камо среќа тој што најмногу форсира и јаде бурек да запознае некоја крвопијка која ќе му влезе под кожа и за неполн месец да ја ожени! Ха! Тогаш ќе биде in your face, bitch! :rock:

    Ме фрустрира веќе зборот „свадба“. Се ежам кога го слушам. А врвот беше кога девојка на мој другар ме праша пред некој ден:
    Абе тебе каква ќе ти биде свадбата?
    Јас: Како мислиш?
    Таа: Па така, каков фустан ќе носиш, како ќе ти биде декорирана салата, со која песна ќе ја отворите свадбата, што музика ќе ви свири? :o

    OMFG! Ми идеше да си припукнам. Притоа до детал ми ја раскажа нејзината замисла за идеална свадба, и тоа пред другар ми, со кого се заедно нецели 4 месеци :x

    Сум кажала безброј пати, и пак ќе кажам - на сиот глас *смајли што урла*:
    Јас не сум од оние девојки што како мали си ја замислувале идеалната свадба, со идеалниот сопруг и најубавиот фустан! Никогаш не ме интересирало тоа и немам ниту најмала претстава како би ми изгледала свадбата. Всушност, ако се прашувам јас, никогаш не би ни правела свадба. Знам, да, еднаш во животот е (барем за повеќето :wasntme: ), спомени, бла, бла, ама јас би радо тие пари наместо за свадба да ги искористам за некое екстра патување од кое исто така ќе имам убави спомени. Во Тајланд, на пример. Или во Индија. Па што?! Може да ми забрани некој? :^)

    А па тек па кога ќе ги праша некој брат ми и снаа ми зошто уште немаат деца, а се во брак 7 години, ми иде да го фатам за гуша и да го задавам сместа. Што к** те боли тебе зошто немаат деца? Сигурно не е зошто не сакаат! Зошто ти мораш да знаеш дека не можат да имаат? Не те засега тебе тоа! Одјеби!

    Ах! Тука ќе прекратам зошто озбилно се напнав и се изнервирав. Со проста раја не можеш да се разбереш. За некого животна амбиција е само да се омажи, да биде домаќинка и да чува деца. Толку.

    Олабавете, 25 години имате, ало!!!
     
    На Miss.Ricci, Trnche, Trendafilka и 13 други им се допаѓа ова.
  19. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Од обичен разговор, понекогаш болката испливува на површина. Те руши како ураган и повторно и повторно те треснува на земјата. Безмилосно те крши на парчиња, а раните повторно прокрваруваат.
    Колку сме кревки ние луѓето. Како лист, кој се вее на безмилосниот ветер кој посакува да го откине.
    Само храброста и трпението е спасот на се.
    Само како да ги стекнеме...
     
    На Miss.Ricci, tweety26, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.