[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.524
    Си почнаа најфино и најуникатно, АМА откако си набија слава, таа убаво ги удри во глава. Фала за се‘, ама не сакам веќе да ги читам вашите коментари, мисли, изуми и сл. На Здраво Боби (бетмен велит) одамна му реков чао на фб, а истото сега се случи и со Митко Гогов. Еве вака јавно да си кажам бидејќи иритираат. Не знам дали некоја од вас ги чита(ла), па има сличен впечаток како мојот.
     
    На AmericanWoman, Katerinceee и zhap4e им се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.885
    Допаѓања:
    102.096
    Пол:
    Женски
    Добив порака од другарка ми на фб.Пораката сум ја сретнала и порано некаде низ виртуелниов свет,ама сега некако ме допре.
    -Јас имам диплома и работа ,а ти две деца.Побогата си од мене за два живота.
    Добро е се.И ако не е,ќе биде.[​IMG]
     
    На Unique.chick, Serafima, teddybear и 19 други им се допаѓа ова.
  3. Ana.Jones

    Ana.Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    1.124
    По напорниот викенд (читај предновогодишни прослави, проследени со пиење алкохол, цигари во неумерени количини, површни бош-муабети и турбо-фолк на кило), од денес до Нова година сум на рехабилитација. Станав сабајлево безволна, со единствена надеж дека денес нема никој да ми го наруши спокојот и дека ќе уживам пред кварцнава со лап-топот в скут и три турски пред да сфатам дека ништо не сум јадела и дека сум заборавила да и се јавам на мајка ми.

    Соу фар, соу гуд, го утепав цел ден така ко што планирав, а на сета таа, го пратив дечко ми до продавница по се што ми треба, плус и го натерав да направи појадок/ручек. Срцка е.

    И сега со полна пепелара, празна кутија, испразнето пакетче со медени срца и смоки и празно шише од кока кола, се чувствувам поисполнето, за разлика од вчера. Или сабајле. Денес имам мир, спокој и ме оставија на мира. Си се изолирав максимално и ја добив битката со моите демони.

    Сакаше да прошетаме, ама мене некако не ми се напушта станчево, толку ми е убаво, што му ветив дека ќе му зготвам прекрасна вечеричка и со чаша вино ќе гледаме филм. Го симнав Serendipity и ќе се давам во романтика вечерва. Впрочем и не сум за џабе на одмор до 2ри јануари. И не планирам ништо овие неколку дена. Единствен палн што го имам е да си појдам дома на 3-4 дена, да си ги видам моите и да ги почестам со моето присуство (а и со нови џемперчиња). ;)

    Бев меланхолична и депресивна. И ми требаше само ден сама со себе за да се вратам во нормала. Плус, земајќи предвид дека празници се ближат, некако ме полни со позитивна енергија, со топлина и ме тера да се насмевнувам без причина. :) :) :)

    И сакам барем малку да можев да ви пренесам од топлинава денеска што ја чувствувам и да ви поделам по некоја од насмевкиве што несвесно се раѓаат. За прв пат ми е некако лесно.

    Е ваква сум, ко на сликава цел ден. И мачката ми е иста ко оваа. Само уште да имав камин. Ма да, и греалкава врши работа.

    Имајте убава неделна вечер и прекрасна последна работна недела во 2012.
    Поздрави од Џоунс.
     

    Прикачени фајлови:

    На teddybear, tweety26, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  4. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Абе шема било тоа, знаеш таа работа :rofl:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  5. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.266
    Пол:
    Женски
    Ме немаше долго време. М? :)
    Сепак ми фалеше темавва ногу. Од гужва никако на ред да дојде Фемина. И еве некако и` дојде. :D
    Немам ногу инспирација за пишување, само дојдов да ве поздравам и да ви кажам дека сум тука. :hai:
     
    На Katerinceee, nesa, sonce777 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Зошто кога ќе кажам дека дома ќе бидам за Нова Година,дека не одам во ресторан/кафана/дискотека/кафич,добивам сожалувачки погледи? :^) До толку ли е чудно ако никаде не ти се оди за Нова година,ако сакаш да ја преспиеш или па да си седиш со другарки дома,наместо да се буткаш како и секој викенд во дискотека,ама сега влезот наместо 100 ден ќе ти биде 1000 денари? А пак ќе биде истиот бенд што го носат често,истите фаци,исто се...не дека имам нешто против оние кои одат во дискотеки за Нова Година,убаво да си поминете,ама па не сакам да ги добивам тие погледи,или сожалување поради тоа што ќе останам дома...Не го сакам целиот тој урнебес за дочекот на Новата Година,нервирање за штикли,фустани,шминка,и одење на свадби без невеста и младоженец (оти така е по рестораните,права свадба,само што избегале младоженциве)...сум си одлучила дека ќе седам дома,дека нема да фрлам 2000 за една вечер,дека можам да најдам подобар начин да ги потрошам тие пари и ќе ми биде мило ако прекинете да го поставувате прашањето Какооооо бе домааа ќе седиш,па Нова Година ее???..е нека биде де,сеа оро да не треба да играм |(
     
    На Juicy03, mims-89, teddybear и 18 други им се допаѓа ова.
  7. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    До пред 7-8 години, за празниците дома секогаш имавме голема, природна елка.
    Татко ми ќе исечеше некоја елка од планина, ќе ја донесеше дома, а јас и сестра ми ќе ја накитевме. Од неа целата куќа мирисаше на зимзелена шума :)
    Една година испадна да не можеме да отидеме на планина заради снегот, па моравме да купиме вештачка елка (која ни малку не ми се допаѓаше како природната). И од тогаш, некако се навикнавме само да ја извадиме од шпајз за празниците и да ја накитиме.

    Ако сè оди според планот, новава 2013 би требало да ја дочекам на планина. Па веќе си испланиравме со љубениов да исечеме една елка од двор, да ја ставиме во викендичката и да ја накитиме со украси што ќе ги земам од дома.
    Притоа татко ми ме предупредува: Немој да сечеш некоја од сребрените елки :!: Тие се украсни, ние сме ги саделе. Зелени има колку сакаш.

    А јас можам само да замислам колку ќе бидеме смешни кога ќе ја влечеме елката, особено ако е некоја голема. Вакви ќе бидеме :lol:
    [​IMG]
     
    На Crixus, Hopeful, Cacy и 22 други им се допаѓа ова.
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Sdk sto napravi ovoj Aleksandar Malenko po 4pat se zeni.
    Kako vikat stom tri pati zeni go ostavaat mora da e Malenko.Bravo be Malenko
     
  9. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Концерт на Џенифер Лопез,на Мадона,на Шакира...абе ајде,гледајте ги "нашите" како се забавувале на времето :rofl: :rofl:
    http://www.youtube.com/watch?v=EuJPJvCtjQU
     
  10. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
  11. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Леле физика утре.Ми останаа уште 2 неодоучени лекции,има време утре до 3 час.Ај нека ми е со среќа ...
     
    На simpaticnaa, CharmedGirl и pamelche им се допаѓа ова.
  12. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    :emo:
     

    Прикачени фајлови:

    На Cacy и Princess.S им се допаѓа ова.
  13. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.192
    Допаѓања:
    109.682
    Пол:
    Женски
    Уффф..утре е најважниот ден за мене...морам да успеам... :D тоа ке биде моето прво работно искуство , рекламирање на производите на Сисејдо :)
     
    На kate21, AIT, ludoto19 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Rna

    Rna Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    63
    Ај нека ти е со среќа.. :)
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.927
    Пол:
    Женски
    Ако ме прашате што сакам за Нова Година, без размислување би ви кажала дека сакам полица. Да, полица... каде што ќе си ги ставам книгите кои ги имам во изобилство.
    Секогаш сум имала љубов кон книгите иако не сум ја искажувала, ама последниов период некако многу ме фаќа желба за читање.
    Постојано си добивам една-две од вујна ми :wasntme: навистина ќе има што да читам распустов. :angel:
    Книга. Те носи далеку од реалноста, те води во еден свет и те тера да се нурнеш во длабочината на некоја друга реалност. Реалност која изобилува со поучна животна приказна.
    Сакам книги, бидејќи никогаш нема да те остават без поздрав за „Добра ноќ“, тие се најдобрите пријатели на човекот.
    [​IMG]
     
    На tea4e, tweety26, bittersweet и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Ја накитивме и нашата елка.Оваа година ја китевме фамилијарно.Само што ја отпакуваме од кутијата дојде и брат ми со неговите две ангелчиња и жена му.Потоа дојдоа чичко ми и стринами,двете баби,вујко ми,тетка ми и чичко ми.Незнам како така сите наеднаш се насобраа,одамна се немаме така насобрано цело семејство на едно место.Кога почнавме да ги ставаме гранчињата на стеблото сите почнаа да ги разгрануваат.А јас отидов да го земам лап топот и на скајп да им се јавам на сестра ми и на братучедите за да ѓи споделиме пред Новогодишните припреми.Сестрами крена а исто така и братучедите.Лап топот го оставив на столот за да можат и тие да гледаат како ја китиме новогодишната елка.Сите наеднаш почнаа да зборуваат а куќата беше полна со луѓе.Кој на каде,сите се фатија за некоја работа.Еден ги редеше Дедо Мразите,еден ги расплеткуваше сијаличките,еден ги ставаше украсите на прозорец,неколкумина ги ставаа златните лампиони на елката.А,јас седев и ги разгледував честитките кои сум ги добивала како мала.Чувството беше преубаво,досега не сме имале таков ден во семејството.Овој ден засекогаш ќе го запаметам.А пак сестра ми и братучедите од страна само даваа критики кај да стават друѓите лампиони ,а јас се смеев како мало дете.Кога ја накитивме елката сите бевме среќни со насмевка на лицата,а татко ми ѓи ставаше разнобојните сијалички врз елката.За вчас ѓи стави и ѓи запали во штекот.Тие светнаа,а глетката беше неопишлива.Малата сестра како секогаш така и сега,одкачекна си е (во позитивна смисла го кажувам ова) екна музика што помисливме дека цела куќа ќе ни се сруши врз глава.Почна да игра најлудо да игра,и сите не одвлечка со неа.Поигравме сите и на крај уморни седнавме да се одмориме.Сите беа среќни со насмевка на лицата,и јас имав насмевка на лицето но тага во душата.Знам дека секое дете заслужува да биде многу среќно како што така бев и предмалку јас.Знам дека оваа среќа многу ретко ја има во светов,но на сите им посаквам да се многу среќни.Многу сакам во Светот сите деца да се со насмевка на лицето и да уживаат во животот.
     
    На Rna, kate21, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Секогаш бегав од чувствата, вешто ги прикривав во себе, се маскирав во ладна и воздржана кучка..
    Се',само да не бидам повторно повредена.
    А ме повреди една личност во која верував,
    за која мислев дека никогаш нема да може да ме повреди - тоа бев јас.
     
  18. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Често зборуваше,но сакаше да молчи. Случајно и потајно ја обожуваше тишината.
    Тивко,нежно и таинствено,ја откачи дебелата и комотна јакна од мајка си,и се искраде по скалите,чувствувајќи се како младо и незаштитено девојченце од нејзиното минато.
    Носталгијата и беше како навика,која постојано се обидуваше да ја оттргне од себе,но љубовта кон спомените беше посилна од сите нејзини напори. А,не беше девојка која се откажуваше лесно,баш напротив,остана борец. Токму како роза,нежна,убава и заносна додека не се боцнеш на еден од нејзините трња.
    Ја поттурна старата и тешка врата,и го вклучи светлото,кое беше толку слабо што не се забележуваше дека воопшто гореше. Беше толку студено,па нејзината единствена желба беше да се врати во топлата,голема постела,но продолжи со чекорење.
    Под неколку пакети,ја здогледа нејзината стара тетратка по хемија,а под нејзе,уште постар лексикон. Се разочара и се изначуди,не била секогаш толку уредна.
     
    На Lilliana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.305
    Пол:
    Женски
    Сдк душава ми е исполнета како никогаш порано. :wasntme: :wasntme:
    Некои постапки покажуваат многу повеќе отколку зборовите.





    А вие пракајте ми среќа утре два колоквиума ме чекаат а ништо не ми влегува во глава :|
     
    На AnaKarenina, teddybear, tweety26 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    687
    Со среќа срцка :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.