[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Кој ли му гризе образи? Или усни? Која ли го милува додека сме разделени? Дали таа е неговата тајна отровна?

    Кажи,кажи,верно либе,која љубиш освен мене? Ако воопшто ме љубиш.

    Упс,ова повеќе би одело во општи прашања.
     
    На Biskvita и kravce им се допаѓа ова.
  2. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кој е ко мене-се вракам од медитација, позитивна енергија во мене и ми стигнува порака од претседателката на кимот утре од 8 наутро пред Собрание на протест :doh:
    и опозицијата ке биде таму во исто време :!: не се нормални жими се
    сакам не сакам морам да одам кој ме прашува :worried:
    сега дури го свакам коментарот на потпретседателот-добар сум ама ми треба некоја дрога :D сакав да му пишам ако набавиш дај ми малку и мене :rofl:
     
  3. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Ох,срцекршачке,кога ти ги гледам мислењава срцево ми се крши. Се мислам,ти да не си била и со моево либе..

    без навреда.
     
    На Lepaaa, julie77 и Biskvita им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.951
    Допаѓања:
    164.182
    Абе да те прашам одамна сакам нешто... На што се надаш ти што така ревносно се ангажираш у ВМРО? На работа?! Мислам гледам и на лепота и нерви ти влијае... мора да имаш јаки причини...
    Мислам за девојка шо нејќе да голта, многу ниско се даваш за партија. Многу ми е иронија самото по себе... Пошто цело време некои јаки принципи ми пропагираш и згаденост од мажи, манијаци и луѓе, што мислиш,ние обичните не се гадиме од таквите ко вас *протестирачи*? Еве ми оди пјук да ти направам тука на фроумов... :puke: :puke: :puke:
     
    На tessie, Monna.Monna, la-chicka и 17 други им се допаѓа ова.
  5. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    СДК едвај чекам да дојде Нова Година, да ставам крај на старава, одлучив многу работи да ги сменам,знам ќе речете, сите така викаат, ама јас ке си останам позитивна,весела,насмеана,духовита,само нема да бидам толку наивна, нема,нема да дозволам некој да ме користи и да ми го усерува (извинете за израз) во секој поглед животот.Едноставно нема да постојат кучки кои ке ми ги копаат живците.Ќе почнам да се понашам , толку покварено како и моите “другарки’’ кон мене, ќе почнам да ги отфрлам,и знам со кој ке се дружам, зашто едино она во нешто ме поддржува,другиве се толку дигнати, толку сељачко понашање имаат што неможам да ги смислам.И зависи, сега ме читаат, дека разбраа за фемина, па некои и тука се,туку знам кои се,не се од тие покварените и надуваните што сакаат да им оди секој по гзот.Нека одат нека се сликаат во ВЦ не ме интересираат.За некои ке останам истата,непроменета,а за некои ке свртам друга страна, ќе ми го видат и другото лице,кое постојано го криев.На Феминава нема да има промени во мојов карактер,па колку сакаат нека ме хејтаат.Ќе си останам така,кога ке ми кејфне, ке земам ке си свртам на смеа,кој ме прифати таква,ок,кој не , нека не ме чита.Ама не,што сака нека се деси.Знам кој ме чита,знам, нека ми јадат трици во школо,кај беа они кога бев на фемина?Сега , ке се однесувам поинаку, како да не сум на феминава.Само едно фем у школо главите во вц ке им ги набутам.Зашто тука сум сосема непозната за нив,тука сум ЛитлФејри,и ги предупредив,несмеат да ми го кажат моето име,зашто едната во лп ми се дуваше,па со моето име , ми се закануваше демек,ке си видат и двете во школо,едноставно една мини-лекција ке им одржам, на феминава да ги ставам во ред,зашто не е ова фб па да ми откриваат лични податоци.Не ми е гајле,не ми е гајле едноставно ако кажат колку години имам, и онака пола форум знае,ко да ке ме исплашат.Ма доста,со нив ке се замарам,е ова ке го сменам, нема да се замарам без потреба за глупости и нема да тупам мозок за некои глупачи.Зашто ок се овие 2,ама ако уште ми се начукаат тука нема да можам да се воздржам,незнам што ќе се деси,ке им кажам на овие да ќутат за фемина,зашто фемина мене ми е место за релаксација,каде што можам да си ги кажам проблемите.Едната дозна што сум лајкала на фб,а и од мобилниот,што бев уклучена на феминава,и нели одма на другата и кажа.И ете,пак си тупам мозок со глупости,гајле ми е.Крај. Крај и к-р-а-ј.
     
    На Ana.Jones му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Biskvita

    Biskvita Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    97

    Епа девојче,извини вака,прочитав дека имаш дванаесет години,и речникот ти е многу убав. :clap: |(
     
  7. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Епа девојче намбр 2 мое мило , 13 имам,и не си поголема,жалам,а за речникот каков сакам ке ми биде. Зашто си кажав,уште кога се зачленив,што сакам ке зборам,а за тоа 12 незнам од кај го ископа.Чао пријатно,не се замарам.
    Редактирам,ако несакаш,слободно во непријатели стај ме,не ме читај,таа сум,прифати ја вистината,ти викам , никој нека не ме чита.
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  8. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    70.714
    сдк дека сител тв и владата на нашава мила мала и напатена држава сакаат да постигнат нешто,ни тие незнаат што на славата на нашиот најмил еден и единствен Тоше...дали ја видовте само рекламата??МАКЕДОНИЈА МОЖЕ!!! Може да се задолжи само...Остајте го човекот нека почива на мир...Од вашите гревови неможе!!!!!!! :@ :@
     
    На CuteEva и LittleFairy им се допаѓа ова.
  9. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    ^ И после коа ќе речат спонтан собир, не поврзан со никоја владеачка гарнитура, како да не им се изнасмееш во фаца, м?
    Виц на годината, ма на столетието бре...
     
    На mims-89, ljubam, JuLleE и 4 други им се допаѓа ова.
  10. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    ^ Работава - сам себе го убил. :lol:

    Абе, срцекршачка. :rofl:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Плановите за Нова година некако не продуктивно ми изгледаат..
    Премногу различни карактери на едно место збрани, таратур ќе биде знам...
    Но велат кога не очекуваш ништо баш тогаш ќе се изненадиш...
    :)
     
    На tweety26 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.951
    Допаѓања:
    164.182
    Све,све на форумов уште Хитлер ме немаа наречено и тоа бидна. Се смеам,најсериозно! :D Па и вие прости што ме следите (следите бе :D ), јас не знам као не гледате дека следна мисија ми е после шеќерната паста (која патем не ви испаѓаше пошо мојата беше правена од Бамби,реално), планирав сапун на младоста и лепотата да направам од сите вас... :lol:
    Хитлер бе... абе наречи ме гомце, наречи ме мрчатор, наречи ме буцкало, ене и дрска ме нарекуваат и све нешто,ич не му чуе,ама ХИТЛЕР? Рили?! |( И дека мразам... не мразам... не знам да мразам зошто заборавам и не сум човек што се лути долго освен ако сериозно не ме повреди некој и тогаш ќе простам,ама ќе прости и тој што ќе си се почувам од него понатака. Ама да мразам?! Не, навистина не мразам. Се гадам,гневна сум, тажна почесто, ама мразење... цк!
     
    На linguaragazza, Monna.Monna, mims-89 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Тешко е како дури и од најблиските твои кои што очекуваш се најдобро да мислат за тебе по толку години сфаќаш дека не било така.За жал денеска јас се најдов во таква ситуација кога како гром од ведро небо ме удрија зборовите кои што ги слушнав.Да не слушнев со свои уши никогаш немаше да поверувам во тоа.Нејсе,ова ми е ука и поука дека не треба да се верува денес никому,дури ни на најблискиот твој.Знаев дека луѓето се себични,не внимаваат дали ќе повредат некого со своите зборови и како ќе се чувствува тој некој,но дека тоа ќе го доживеам од некој кој што цел живот е до мене и животот би го дала за него,онај за кој што се сум правела за него така да ми врати. Од овај момент очигледно треба јас да се сменам драстично заради себе,од овај момент да не сум повеќе старата јас која што за сите би направила се,само за мене не.Морам да го направам тоа заради себе,едноставно морам да преминам и преку ова.Сила ќе ми даде тој,знам Бог кој што од секогаш бил со мене и е единствениот кој што знам дека никогаш нема да ме напушти и изневери.А покрај него тука е и тој единствениот кој што секогаш се обидувал да не ме повреди,да ме направи среќна-мојат единствена вечна љубов.Со Бог и тој крај мене не ми треба ништо повеќе.
     
    На anabel-a, Katerinceee, Libera и 6 други им се допаѓа ова.
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Да кажам и јас 2-3 збора во склоп на тоа за срцекршачка.

    Прво, 90% од тие што се декларираат на форумов како *партиски неопределени* се итекако определени и крај, точка.
    Второ, кога немаш работа, кога не ни можеш да најдеш заради врскаџии и слично, а ти требаат пари зошто нели имаш семејство да прехраниш, деца кои мора да се облечат и нахранат, кога има сметки за плаќање, е итекако ќе си ја голтнеш гордоста и ќе си земеш пристапница за во некој штаб и ќе одиш на собиранки и на слични вакви срања, зошто нели, нема секој мајка и татко директори или што ти ја знам па да го бутне негде.
    Затоа, ве молам не зборете за гордост и за тоа како ви се грози од ваквите како срцекршачка, зошто кога ќе ви дојде јајцето под газ и вие ќе мора да молите со цел да земете некој денар.

    И не, не ги оправдувам овие работи фала Богу, ама ми прекурчи на секој втор да му се грози од т.н *партиски војничиња* зошто секој имал причина да стане еден таков.
     
    На EleMental, creshicka, moonlight-girl.55 и 14 други им се допаѓа ова.
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    СДи‘К на Кума Лиска да си го спушти носето, да ги посере од под опашка сите работи што ги криела досега и да ги фрли вилинските крилја во првиот контејнер зашто од авион се гледа дека површниот ништа-не-ме-диризам е навлака на личност која ЕКСТРЕМНО се замара што тие околу неа мислат.
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.444
    Допаѓања:
    143.621
    Од време на време ќе сретнеш некој кој живее со полни гради, не се откажува.
    Го живее твојот сон, она што си сакал да бидеш, ама под некои животни околности излегло нешто друго и ти си рекол - ок, па ова и не е така лошо, баш напротив, а тој не, продолжил понатаму и сега е таму некаде каде што јас би била најсреќна. Којзнае дали прилагодливоста е добра или лоша особина.

    Таквите луѓе ме тераат да се обидам да сум подобра, поуспешна и да го следам мојот сон, да дадам отказ, и да се посветам на тоа што знам дека целосно би ме исполнило.

    Луѓе кои се секаде, и се' постигнуваат. Многу над просекот, кој е беден.
    А колку такви под просек сретнав деновиве, ми доаѓаше да врескам. Без идеја, без визија, без концепт за сопствениот живот.

    Од време на време ќе сретнеш некој со кој нема да можеш да престанеш да разговараш со часови, и ќе ти го измести тежиштето, баш тогаш кога хармонијата ќе ти го достигне врвот.
     
    На EleMental, Hopeful, Peppermint и 17 други им се допаѓа ова.
  17. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Другарка ми сакала да ме извади од калта, да ме вразуми, да не грешам повеќе, да тргнам по прав пат и затоа ми се скара. :fubar: Таа беше на која и кажував буквално СЕ што ми се случува, се што правам би било лошо или добро. Неа и верував... а и сеуште и верувам само што нема да мозам да и се отворам повеќе.
    Да, грешам, свесна сум за тоа, но го правам тоа што ме прави среќна. Во ред е тоа што ми дава совети, ја разбирам, добра другарка го прави тоа.. ама неможе да ме натера ако несакам да ги практикувам, битно неа не и грешам туку на друг.
     
  18. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Сум станала во ниедно време ноќеска како лопов ама место да крадам јас го товарев автомобилот со подароци, тоа демек да го избегнам син ми да не плачи, и не плачи како нормално дете по подароци туку по украсната хартија :lol:
    Ги носам последните подароци таман си мислев мисијата успешна ми е, кога ете го нудистов мој окорен во тоа очињата, накривил главчето, пружа рачињата....for me?.....no........waaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaa :D
    Мене па ми е многу смешен кога плаче за џабе и уште посилно плаче од инает дека јас се смејам, стана и мм не гледа се чуди, малиов плаче, јас се смејам сигурно си помислил дека се разбудил во лудница :D му тутна на малиов украсна хартија во раце и го стави во креветче, успат мене ме прострела со еден поглед кој убива и си легна :)
    Луда куќа :lol:

    Сега се спремам за кај in-laws, традиционално Божиќно собирање сите под еден покрив, и да си признам многу ми е убаво кога некој ме тинтра па макар и еден ден, кога не морам ништо да правам освен да уживам, свекорот и свекрвата се одлични домаќини се им е беспрекорно организирано, од украсувањето, забавата до храната а најважно се е направено со многу љубов.
    Подароците за внуците на мм се спремни, се надевам дека добро сме одбрале, ќе видиме реакција сабајле кога ќе ги отвараат ако ги остави моево дете завиткани такви :lol: за возрасните не купуваме со 8 деца ако треба и за возрасните да купуваме ќе банкротираме :lol:
    Само ме потсетуваат да не заборавам од моето вино (најдов една продавница со вина на Бовин) сите го обожаваат, купив 6 флаши се надевам дека ќе стигне.

    Утре е на внук ми роденден, на училиште му рекле дека е роден на ист ден како Исус а овој им рекол:
    А неееее мојот Исус е роден во Јануари :rofl:

    На сите што го слават сега - Нека ви е честит Божиќ :*
     
    На Chica.Loca, Adi888, Monna.Monna и 38 други им се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.951
    Допаѓања:
    164.182
    Сакав да и пишам на Маца лав,ама милиов пост на Битер ме обесхрабри, бесцелно и глупо е,па го избришав.
    Не си свесна колку не си во право. Ниту пак гласам зошто сметам дека немаме опции, ниту пак пристрастно влашко лоби ќе го бркам за да ме напика во Народна банка како и повеќето што си ги напикаа своите. Наречи ме проста,прифаќам

    Биди поздравена и не треси глупости. Се дур мнозинството размислува вака како тебе, трпете што да ви кажам и заслужувате да молите у партија. И веќе кога ја голтаат гордоста, нека не тврдат дека се деца на Александар Македонски,зошто е оксиморон.
     
    На Katerinceee и ljubam им се допаѓа ова.
  20. MissDior

    MissDior Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2011
    Пораки:
    1.214
    Допаѓања:
    10.130
    Добро ги знам сите мои недостатоци и квалитети, секој ден работам на себе да бидам подобра личност за себе и за околината. Животот е краток за да губам време мислејќи на недостатоците, зошто не сум 500г. послаба, 7 см повисока, поплава или поцицлеста. Нема време луѓе, го слушам секое проклето зрно во песочниот часовник како се рони. И си викам како овој миг да ги искористам на најдобар можен начин, да има смисла. Немам фејсбук па што! Тоа не е најневеројатното нешто на светот , за луѓето така да се исчудуваат. И не ми требаат 345687514694 пријатели, комшики, соченици, колеги, сопартијци, роднини, мрчатори, оговарачи, бивши... да ми пукаат сеир за родендени, љубови, кавги, одмори, свадби, журки, дипломски и крштевки. Не е се во квантитетот, имај еден ама вреден.
     
    На anabel-a, Miss.Ricci, Katerinceee и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.