1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Мнозинството размислува како мене?!
    Извини сестро, ако твоите се богати, и имаат доволно пари да платат сметки, да ти дадат се што ќе посакаш, блазе тебе.
    Да не треба да умираат луѓето од глад зошто паметните како тебе велат дека тие што молат се прости, глупави и затоа ни е ваква државата? Што па вие неопределените не направите нешто што да се смени, м? Него знаете само да тропате глупости на форум и да навредувате и да солите памет, а зошто некој се зачленил во партија не е битно, од љубов е се тоа.
    Чим такво време дошло, ќе мора да се прилагодиш ако сакаш да преживееш.
    Ај поздрав.
     
    На EleMental, moonlight-girl.55, bitter-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    И покрај мојава досадна забоболка од која ќе збудалев денес си бев доста издржлива и креативна.
    Толку многу идеи ми текнаа и сите на лист си ги запишав за да ги реализирам овие денови.
    Направив прекрасен специјалитет денес и сите го пофалија.
    Обожавам кога сама готвам нешто,се внесувам со чувства во готвењето. :)
    Туку си се мислам јас...една идеја ми дојде да пратам на некого порака да честитам празникот...демек.
    Арно ама имам уште само еден ден а немам смислено дали да го направам тоа...немам што да изгубам,може само да добијам. :D Сепак помина година ипол од тогаш,човекот ќе се изненади.Незнам како ќе реагира на тоа. :?:
    А планирам да изненадам и уште еден другар,кој не ме смета баш само за другарка. :D
    Некое така мини изненадување,знам дека воопшто нема да очекува, многу го ценам тој човек. :)
    И така си се изнапишав,имам еден куп измешани мисли во мојава глава,а појма немам што сакам да кажам... :D
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Кога тинејџерка прв пат ќе се нашминка.
    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, Lepaaa, anabel-a и 11 други им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.085
    Маца, да баш истите како тебе кои стално се вадат на тоа дека немаат друг избор, па единствено решение е да бидат партиски послушници |( .
    Излитено и клише е, па ве молам смислете нешто друго.
    Опции секогаш има, како на пример да се стави крај на партиското вработување. А знаете како?
    Кога ќе престанете да ги слушате овие од партија, кога ќе се спротиставете, ама не, подобро е вака, немаме опција, децата ни се гладни.
    Еве моиве се борат со сите сили да не образуваат и нахранат, а не се партиски војничиња. Јас, драга моја, немам пари секој ден да одам на кафе како оние од штабовите, ама барем не лепам плакати и не правам будала од себе на такозваните протести.
     
    На Waka-waka, Sephora, Hipster и 5 други им се допаѓа ова.
  5. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.233
    Допаѓања:
    70.714
    Колку е само лошо кога никој нема чувства за тоа како се чувствуваш...

    никој да не верува дека те боли стомак
    да замолиш за да добиеш јадење зашто неможеш сама од што боли и да ти речат:еее,не си мала можеш и сама...
    ПА ДА МОЖЕВ НЕ ЌЕ ТЕ ЗАМОЛЕВ!! :fubar: :fubar:
    и за филингот да е подобар,чиниите ме чекаат,зошто на сестра ми и било мака...А МЕНЕ НЕ МИ Е ОД СТОМАКОВ А?????????????? :@ :@ :swear: :swear: :swear:
     
  6. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    ^^ Значи у реду е, сите сме свесни дека сте за СДСМ, и немој да ми кажеш не, зошто истите што се карате во темата Актуелни политички настани на фејсбук имате лајкнато Бранко повеќе од Грујо и слични срања.
    Се правдате дека не сте за ниедна партија, а всушност сте, ама ајде.

    Втора работа, биди среќна што твоите имаат среќа да не молат.И мајка ми со сите сили се трудеше да не образува и храни без да моли, се дур не оболе од работа кај приватњаци што даваат едвај 8 000, па истите тие мораше да ги дава за лекови.
    Ако случајно пробаш да се спротивставиш на тие од штаб мила моја, добиваш отказ инстантно, а од воздух не се живее.
    И јас не зборам за оние лигави што се лупаат у гради за партијата, зборам за тие што морале да одат да молат.
    Дојдете до таа точка да немате за леб што се вика, тогаш ќе ве видам дали ќе се трескате вака од земја и дали толку ќе бидете горди и паметни.
    И слободно можете да јадете го*на дека е се ова е клише, тој што си има мака знае како е.
    И доволно е, знам што ќе зборите, а мислам не е фер луѓево во СДК да го читаат ова.

    П.С јас не идам на кафе секој ден, зошто имам пари само за основни работи во животов.
     
    На creshicka, moonlight-girl.55, eli25 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Не треба некој да е којзнае колку мудар, за да научи да си ги штеди живците. Да не влегува во дијалог со луѓе кои не прифаќаат туѓо освен своето мислење, зашто колку и да им ја докажуваш својата теорија, толку ќе те уверуваат во исправноста на своите ставови.
    Кога гледам дека некој се држи како слеп за стап, се откажувам од обидот да ја осветлам вистината. Јас за мене си ја знам, а ако некој сака да живее во илузии и ако е среќен во таква состојба, слободно ќе му се тргнам од патот.

    Созревам изгледа. Некогаш се трудев по секоја цена да го докажам моето.
    И кога гледам дека некој се обидува на надуван да му даде памет си велам само - Боже, фала ти што си го сочував разумот. Јас сум многу среќна што во овој луд свет, успеав да останам колку - толку нормална. И убаво велеше дечко ми - Штеди си ги живците за периодот кога ќе имаш деца. Зашто тогаш ќе посакуваш да ги имаш и ќе си се лутиш што си ги изгубила на глупости.

    И ако се откажеш, не значи дека не си победник. Не е битно како изгледаш во туѓите очи.
     
    На EleMental, bittersweet, Peppermint и 18 други им се допаѓа ова.
  8. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Уфф значи премногу сакам деца,посебно додека се малечки бебуши слатки. :inlove: Се стопив додека го гледав видеово и посакав да го земам вака од монитор во моите прегратки,да го држам така лесно и да му се восхитувам и да имам непрекината насмевка на лицето,да посакам да го изедам. Аиии душиче малечко. Тешко на детето кога ќе имам еден ден,само ќе го гнавам нема да го испуштам. :$ :$ :inlove:
    Видете и сами колку е слатко и колку разнежнува. :l: :hug: http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... rAOlLVYMM#
     
    На thelittle17 и Jagoda123 им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.951
    Допаѓања:
    164.182
    Од кај знаеш пак ти како живеам јас или било кој?! Ти дур студираш подработнуваш по нешто? Не?! Епа јас си подработував,ваму-онаму,ама не ко келнерка у кафич. Еве сеа неам своја работа,ама допринесувам на свој начин за парите шо капат у домот. Така што... не знам како да ти објаснам дека проактивноста е мајка на успехот,ама ради таквите ко вас шо мислат дека од небо паѓа све и се протињате кај се не, нас не гледате како ненормални што ни се допаѓа да работиме и да се бориме за нешто поинакво.
    Од кај знаеш ти колку пати одам јас на ден на кафе и дали имам пари и време за истото?
    И не,моите никад не биле директори,ни па се шитнале за партија. Ќе ти кажам,татко ми имал шанса да работи за најголемиот увозник на сувомеснати производи баш во периодот на приватизација во земјава и да биде заменик директор на истото, ама никад не прифатил. Да беше овака ко шо кажуваш ти, сеа ќе живеев на Ница како и некогашниот директор и неговиот заменик на таа фирма и немаше да ми чуе.
    Туку вас што ве воспитуваат во духот дека партија е светиња и једина опција,тоа е, не можам да ве разубедам во спротивното,зошто мене така не ме воспитувале по дома.
    Факт е дека мнозинството во државава кои имаат пари некако се имаат обогатено, ама ти мене да ми судиш пошо сакам да си седнам на кафе и да ми речеш,АХА за СДСМ си... мислам смешно ми е. Ако е за така, ако бев и имав ќар од истите, моите ваљда сеа ќе беа без основни примања. Чукни си ја главата и размисли.

    Ја сакатите државата. И за промена сфатете дека природна селекција е природна селекција, ако сте неспособни да преживувате, тоа е тоа. Посилниот го јаде послабиот,условно кажано,ама пошто сме луѓе, секој според способноста,ама поспособниот има морална должност да се погрижи и за тие послабите со добра социјална помош и здравство достапно до сите. Ама сите сакаат да го клапнат газот во канцеларија,макар за 8000 играле карти на компјутер.
    Само лаици по економија паѓаат на вакви евтини финтици. У превод, радувајте се дур имате и за основни потреби, пошо ако се смени власта, ќе останете и без нив,а знаете зошто е тоа така? Зошто тоа што ви го нуди партијата е краткорочно решение за проблемите. А ако си ја работи работата како што треба пред или после избори, вие ќе си имате дури и за кафе у денот еднаш до два пати со било која партија на власт.


    Туку да,демократија,најперфидна форма на диктатура,особено пак во Македонија.

    И немој да се дрзнуваш да зборуваш глупости и да покажуваш со прст према луѓе кои поштено си работеле цел живот,а кармата е кучка,билив ми. Сум имала шанси да се шлепам на секаква основа и да црпам пари од кај си сакам, ама никад не сум си ги остварила тие права,иако по логика на нештата ми следеле.

    Ич не ми е гајле и да не веруваш,ама јас леб од партија немам јадено,ни па ќе јадам. А уште помалку ќе веднам глава.
    Партија у оваа држава е изговор на неспособните и мрзливите под еден,а под два на оние безнадежните за кои државата те актуелните не нашле форма да ги преквалификуваат соодветно или да ги згрижат со помош бар до пензија,одма во очи ми оди сликата од чичето на протест и жал ми е. Ама затоа вас све ви е убаво, со се кичот по Скопје, до лажните бројки за вработеноста... Пред две години не е битно како имав прилика да се најдам на обука во која учествуваше и една од советничките на владата во Грција,само тогаш и беше завршен мандатот на таа функција и си кажа отворено као си креирале самите бројчиња на ручек ко шо нив им одговара. А тоа е толку просто и лесно, да се чудите...и го видовме билансот уште тогаш,а сега па ептен... Ама не,вие се што лета мислите се јаде.
    Ме заболе мене за Бранко и рибата која смрди од главата и солзите на Макрадули и сите тие циркузи.
    Муабетот е што вашава партија не разедини нас ко народ,а за другото да не зборувам... се делиме на едните и на другите без да ви е верно дека навистина некој е неопределен и смета дека тонеме во говна кој и да го преземе тронот наредно. И да го имаме системот на поддршка ко шо го имате вие партиските војничиња, без разлика за која партија е некој, ко нација ќе бевме далеку посилни. Да не ви објаснувам како се одржуваат најсилните нации во светот за тебе Маца тоа би било метафизичко срање...

    Ајт поздрав и на здравје нека ти е се што ти е од партија. За утеха,не пијам кафе секој ден,зошто се трудам да се вложам себе си во битни нешта,а и мене ко тебе ми пречат пребогатите разгалени деца на директори и деца кои ќе наследат стари богатства, ама си велам, ќе ги потрошат не ќе се способни да се нахранат после. Ти велам,карма из а бич.

    Ах да,ќе мрзнев пред собрание сеа и ќе глумев болен мајмун и агресија а ла хистерична жена,пошто више немаат начин,а не си го тргнат шефот шо им ја јебе партијата. А тој пустиот ко маж кој за прв пат ќе дознае дека повеќе не е способен у кревет,па се труди ли се труди да се врати на власт,за инает... |(
     
    На creshicka, mims-89, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  10. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    Ненормално не сфаќаме дека сите имаме различни проблеми кои не се смешка. Аман, како може некој да се смета за добар човек, а се што прави е оцрнување на сите луѓе. Ми се гади од самопрогласени паметнаковци кои се што знаат е да вреѓаат и не знаат како е да не ти е се подарено со златна лажичка. Ваквите најчесто се опсипувани со претерана доза на љубов, ама од онаа задушувачката љубов која не те пушта. Погрешна тактика родители.
    Мене пример, моментално, љубовта ми го исполнува животот. Задоволна сум од досегашниот мој успех. А кој е тој успех - епа покрај мене е човекот кој го има најмилото срце, најтрпеливите живци и најслаткото огромно чело. И се стремам да дофатам барем приближно толкав успех и во мојата идна кариера.
    Да ви се пофалам дека дечко ми е вљубен во моите стапала кои носат бројче 36. Мали се ама уффф, фетиш бе братче. :rofl:
     
    На thelittle17, Libera и Christina.A им се допаѓа ова.
  11. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337

    Пошто очигледо некаде не се разбираме, ќе кажам пак.
    Ниту јас не се согласувам со тоа, ниту пак мајка ми.Партијата на неа не и даде директорска позиција, ниту пак канцеларија.Отсекогаш работела се што ќе и дадат, и тоа за мизерна плата.Никој не чека да му падне од небо нешто, ниту пак мене ме воспитувале да бидам во партија.НЕ сум во партија, ниту пак планирам да бидам зошто еве мајка ми се заложува за тоа, јас да се образувам доволно за да не молам како таа што молела.
    Не се треска у груди ниту пак се гордее со тоа што станала партиски војник.
    Што требаше, болна да работи по продавници, на ладно за 7-8 000? Е извини, ама и ти би ја бранела мајка си да се деси ова.
    Не сум мрза, туку напорно учам за еден ден ЈАС да стигнам на висока функција без членска книшка.Да го оправдам сето она што мајка ми го прави за мене.
    Напнавте за тоа како може да се најде и без партија работа, ама ајде кажете КАКО да се најде нормална работа за макар 8 000 ама да се РЕДОВНИ, и да има НОРМАЛНИ услови за работа, а не да не смее греење да се пушти, и платата да касни 3 месеци? Ваљда никој не е дефектен одма да побара книшка, а не друго решение.Книшката е резултат на долга потрага по нормална работа, со нормална плата неоходна за живот и услови за работа.
    Него, вие другите сте си зацртале во главата дека баш сите што имаат книшки се мрзи, не им се работи секаква работа и едвај чекаат да се клапнат у фотеља.

    Оние што крадат од народот, алал нека им е, се се враќа се се плаќа, и впрочем и другите да дојдат на власт би било исто, сигурна сум.Јас ги бранам оние другите, што чесно си ја работат работата што им е дадена, на ваков или онаков начин.
     
    На eli25 и vendiii им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Добро, луѓево нели можат да смислат нешто оригинално, ами и јас да се загледам во облацине на небото, сигурно ќе видам фигура :fubar: Не ми се верува, за какви измислици се пишуваат книги |( Уште да потврдат дека Обама е кинез! |( Господе...незнаат шо прават, па ни логика не користат |( И после како демек иновативни, биле, аха да, ако се лажат, може, ама други не можат баш да излажат.Па и уште поради своите измислици, па и успеси редат, оф диос мио...некогаш од такт ме вадат вака.Та и други луѓе лажат, лажат со тапија, ама арно велат, да ти го дадам моиве очи, па види...Ко јас сега да тврдам дека папата не постои, згора на тоа и да ги убедувам другите “ не , не постои папата, го нема, она што го гледате ви се чини“ |( Ми иди сите книги да му ги запалам на оној шо пишуват нешто што нема врска :@ |(
    Не дека незнам, јасно ми е, ама ме вадат од такт...
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  13. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    На сите ни се гади од политика и од политичари и од тоа какви мизерии ни ја воделе , водат и ќе ни ја водат државава . Никој не сака да се замара со курва ( политика ) Но времето е такво ко што е никакво . И јас сум горда и јас сакам да се праам заебана за среќа бар моментално не зависам од партија ни од книшка . Но работно место , ни плата ни сметките , ни стомакот нема да ми го наполнат гордоста и суетата .Секој тврдам СЕКОЈ е во партија ради одредена КОРИСТ . Така да не се расправајте муабетов не води никаде , секој е со различен став не ви посакувам маката да ве натера да си го смениот ставот . Тој што бил на мака си знае . Моја другарка беше на раб на сиромаштија во ужасна финасиска состојба , благодарение на политичка партија сега има пристојно да се облече , нахрани , плати сметки , образува и излезе. Таа сега очи ќе ти ископа за партија ... Поштувам нејзе баш книшката ја спаси од мизерија со нејзиното семејство . Има право да збори само тој што поминал низ ова !
     

    Прикачени фајлови:

    • images.jpg
      images.jpg
      Големина на фајлот:
      6,8 KB
      Прегледи:
      327
    На MacaLove и eli25 им се допаѓа ова.
  14. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакав да си ја кажам маката, ама зедов да чистам и ми помина :|
     
    На crazylady, anabel-a, tweety26 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Се ближи Нова Година а тоа е последното нешто на кое размислувам.
    Не ми се оствари желбата да ја славам во барем малку помирна варијанта, вака не знам стварно дали убаво ќе си поминам или не. Дали ќе се каам што сум лупнала толкава пара за ништо или барем малку ќе испадне како што треба. Но една вечер е, каква и да е, ќе помине и од утрото почнува се по старо, иако е нели Нова Година.

    Нов лист или целата книга во оган :). Ќе видеме што ќе донесе, ме плашат промени ама знам дека и мора да се случат!
     
  16. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
  17. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Напочеток беше интересно, ама не мислите дека е доста од пропаганда, реклами и вести за политика, па и форумов ни го труете.
    Кој како сака нека мисли.
    Секој се снаоѓа денес како што знае.
    И од ширење морал на форумов ни е стврано доста.

    Бтв, држете среќа последното предметче ќе го полагам денес. :party:
    После ќе ја пеам Фридом кога ќе излегувам од факс. :D
     
    На anabel-a, Hipica, Katerinceee и 5 други им се допаѓа ова.
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.211
    Допаѓања:
    124.922
    И ете ги деновите кога не се иде на шопинг,ма што и да ти треба |( Ај што има цени до плафон,освен шљокици,сатени и слично,ретко да се наиде на некое убаво парче(кое толку ми треба за утре !)
    Господ нека ми е напомош денес,пошто некако мора да го најдам.
    Убавината е во едноставноста ,толку ли не разбравте :wasntme:

    Инаку,конечно мирен понеделник.Ма да толку мирно,се ми се чини ќе има нешто до после :?:
     
    На tweety26, marama, Cacy и 7 други им се допаѓа ова.
  19. COollLady

    COollLady Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.337
    Да пишам побрзо зошто Бланко може да го рокне компјутерот. :D И покрај сите проблеми Еднооки вчера слатко ме насмеаа. :rofl: Мирен,мирно...не мрдај. Каква политичка каша. На таа ноктот и го скршиле. Како мали деца. Додека луѓето гладуваат тие си играат,си се силат онака. Се сметаат за најпрестижните луѓе во земјата. Зборувам за сите партии.

    П.С. Имам многу желби за Новата година,ќе почнам да пишувам нова книга,не ми помага нов лист. :)
     
  20. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.752
    Пол:
    Женски
    Последниве две недели не се препознавам самата себе.Сеуште не можам да откријам што ми е ,а упорно се трудам.Се чувствувам безвољна за било што ,а реално немам вистинска причина за тоа.Изгледа целиот труд ,работа ,неспиење кон крајов на годината си го земаат својот данок.Мислам дека би ми помогнал еден ден лежење во кревет и спиење ,но не можам да си го дозволам тоа.Имам премногу работи да ги завршам кои се натрупаа,треба да испланирам и организирам за дечињата нешто за НГ ,а мене ме нема,ми ги нема идеите,ми го нема духот,ми ја нема силата .А и него го нема ,цело време е наваму -натаму и не може да се приклучи или барем да земе половина од товарот.Не знам како ќе се исправам и уште колку тоа сила има во мене ,но од петни жили ќе запнам,не за друго да не ја дочекам новата со товар од предходната :(
     
    На bittersweet, anabel-a, tweety26 и 7 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.