1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    :( Рендани тиквички со лукче во плескавица со кисело млеко :( Моментот кога стануваш свесен дека си во последен стаидум од пмс :D
    Ми недостасуваат летните јадења. Кој што сака нека каже, ама оваа краставица сабајлево што ја јадев нема никаква врска со летната краставица. Носталгии за мешани комбинации на зеленчуци имам утрово.
    Размислувам за празничната трпеза. Сакам некое сосче од печурки да направам (кои патем не ги јадам) и рецепт да побарам за посочни кременадли печени, со куп вкусови одозгора. Остајте кромидот, каков вкус на јадењата дава лукот тоа му нема замена :!: Ај да не се лигавам :wasntme:
    Зората е најсовршениот дел од деноноќието. Токму пред да изгрее сонцето, има некоја посебна боја, бледа праска, неверојатен мир. Утрово дури розеникава. Потполно ме обзема, се изгубив некако во тишината. А потоа...сите некаде брзаат, намрштени или насмеани, турканици од различни емоции. Изгубено време во трчање. Како вчера да беше јануари. А сега еве го повторно.
    Сакам да пешачам. Непрекинато многу. На долго. Во чекорот да откривам нови работи. Да го зграбам животов и да не се плашам. Стравот е тивко умирање на духот.
    Даваш рака, некој ти плука во неа.
    Секој со различен одбранбен систем. Мојот...наивен можеби. Биди добра и молчи кога треба. Учам од неа.

    И да знаете, јас кога ќе дојдам на власт... :D
    [​IMG]
     
    На DeMelo, bittersweet, Doozy и 18 други им се допаѓа ова.
  2. CuteEva

    CuteEva Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2012
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    131
    имајте убав исполнет прекрасен ден! Добро утро феминки :* не дозволувајте никој да ја тргне вашата насмевка од усните!
     
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Штотуку ја гледав приказната на сител и Ѓорѓи Колозов толку многу ме потсети на дедо ми :(
    Тој имаше бела коса, на главата постојано имаше сино капче, носеше бела кошула, сино работничко палто и панталони, постојано насмеан, постојано спремен се да направи за своите внуци :)
    Ми недостасува, да бар можам да го прегрнам уште еднаш :(
     
    На Monna.Monna, Chocoholic, Lepaaa и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Излезе најновото годишно издание од македонскиот бестселер „Како да си го уништите утрото во еден потег?“ со печат од сите македонски партии. За да ве поштедам од „читање“ на книгата, ќе ви го кажам потегот:

    1. Следете политика!

    И да не сакате, џабе е, зашто нашиве квази-медиуми за забава, литература, информации и што ли уште не буквално спамираат на ФБ со иста вест, но во различна верзија.
    ОДВРАТНО!!! :puke:
     
    На Monna.Monna, Hipica и teddybear им се допаѓа ова.
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Другар батали политика додека тие си ги полнат џеповите ние меѓу себе се расправаме,затоа уживај и кулирај.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.951
    Допаѓања:
    164.182
    Дали ќе може овчарите да си ги соберат овците и да престанат да се караат за стрништето?! Зошто и онака волната и млекото ќе ни го собере некој друг.
    Мислам ние другиве сакаме да си живееме нормално и непречајно.
    Дали сте вие нормални?! Мене не ми е јасно бре!!! Со сила собрание ќе си зимале?! Кој ви рекол?! Јас, Петко, Станко?! Ми чу глас дека ти реков да одиш да го смениш собранието?! Народот треба да оди да си седне у него,а не вие копитари едни белосветски!
    Марш и двете страни со се ноктето на Дулиќ и дај више да живееме! Видоа у Америка као се караат за буџет,фатија и овие. А што ми се смешни овие штелуваниве земјоделци,пензионери, глумци... леле,леле без пари ќе останеле. Као може без пари да останат бе?! Као?! Мислам... Смешки!
    Ај соберете се и одете си и за промена зберете се ко у кафана шо се збирате на куп и договорете се мушки, не ми глумете две различни страни, зошто сте едно та исто, ама полесно ви е народот да го поделите и да го мотате.Простаци!
     
    На Nymeria, JuLleE, Sephora и 8 други им се допаѓа ова.
  7. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Повеќето се мешаат во туѓите животи,лагата ја претвораат во вистина а вистината ја убиваат,повеќето сакаат да бидат судии за нечиј живот,а нив не даваат да им се суди....
    Колку брзо помина крајов на светот...па дури и не го видов :D :D :D
    Многу пати сум ги пропуштила Божјите подароци само затоа што не биле спакувани на начин на кој сум очекувала.
    И јас си го добив мојот новогодишен подарок...
    [​IMG]
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  8. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.211
    Допаѓања:
    111.415
    Пол:
    Женски
    Ја да ви кажам пројде мојата веридба и сеа си имам оклугло на прстот што светка :rofl:
    Многу сум среќна, си те што ми честитавте да ви се враќа стоструко, и да си дочекате и вие ваква радост де ;) И ич не е тешко, поготово ако имате дечко неостварен поет во душа па да ги расплака сите и да си поминете со помалку церемонии :D Шала на страна дечко ми изнанеди со говорот, беше предобар, не остави сите со солзи во очите си со насмевки на лицето, затоа го сакам бескрајно. А сите што мислевте може ли да се смени човек заради љубов, може итекако. Мојот живот продолжува со нови улоги, нови комедии и се надевам помалку трагедии, нив да ги оставиме за некои други денови, кога ќе бидеме стари и кога ќе поминеме во животот се што треба и сакаме пред се. Мојата нова фамилија е закон, сите се кој од кој подобри и посреќни за вонреднава состојба во нивниот дом, кој сега е и мој дом. Си имаме со милиот мој одајче кое ни е љубовно гнездо сега засега за во иднина да добиеме дом кој ќе биде само наш и кој ќе го градиме со полни сили. Преубаво е да си невеста бе еј :D
     
    На bittersweet, Monna.Monna, mal.ecka и 37 други им се допаѓа ова.
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Јас отидов да ја барам Срцекршачка пред собрание да и се пуштам оно камен во главата ќе добиев :worried:


    До кај стигна нашава држава :x
     
    На Foreveryoungiwannabe, bittersweet, Monna.Monna и 33 други им се допаѓа ова.
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Чекај анализира кој и се пушта од нив кој не, туку ојде државава у курац, собраниски амеби се до еден таму... не сум видела досега држава да штети на народот ко кај нас..
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lilliana

    Lilliana Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    57
    Ќе ти ги дадам моите чевли на заем, на само еден ден.
    Пробај, оди со нив. Па, потоа... суди ми за моите постапки...
     
    На Moira, Hipica, mariatim и 2 други им се допаѓа ова.
  12. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    За сите фејкери еве дедо Мраз што треба да им подари (види сликичка)! И точно, дури и на ФБ рапидно ми се појавија статии што се случува во Ск, кај Градска. Дали тоа се нашите интелектуалци, дали тоа се нашите Дами? Дали е се само една добра режија дека тие чувствуваат болка дека некој ги удрил случајно? Ама важно е што тие имаат барем прекрасна новогодишна елка. Дали им ја приметивте?! Нема врска што истата е лажна. Само што е преубава! Ма бог да чува.

    Отидов и јас на депилација - да станам Дама, со горко сожалување за нивните деца.

    http://www.youtube.com/watch?v=1ZGBhf2kmgU
     

    Прикачени фајлови:

  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Не знаев дека постојат луѓе кои животов мој ги интересира повеќе од мене...
    Значи јас толку не се замарам што ќе правам со животов, а види мајката околу мене некои луѓе не спијат та се думаат за мене :^)

    Не, нема да се мажам за брзо! НЕ, нема да идам кај "Свекрва ми" за слави уште од сега да и спремам по дома и да ги пречекувам гостите. Добро луѓе нормални ли сте? Да сум одела кај него од рано наутро па да спремам по дома, да местам маси, да пречекувам гости? Мислам сериозно? Да не се мачела свекрвата која само Бог знае дали воопшто ќе ми биде свекрва?
    На 20 години да изигравам домаќинка во туѓа куќа?
    Мене тоа ми е просто, глупаво...
    И зошто не сум била прва за славата? Зошто не сум пристигнала прва на настанот? Затоа што имам и РОДНИНИ И ПРИЈАТЕЛИ кои слават, треба да ги одјебам нив?
    Точно е, нема да дојдам последна, но зарем треба како негова жена да се претставувам?
    Боже Господе...
     
    На anuskaNESTLE, Doozy, crazylady и 10 други им се допаѓа ова.
  14. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.475
    Допаѓања:
    48.869
    Пол:
    Женски
    Сезона на Руска салата Open !
    Има да се напраам 200 кила и ич мука немам ! :D
     
    На Glossy-girl, tweety26, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Мајка ми ми вика, е многу ти се штосни кифличките.

    Штосни бе?!

    Симпатични ако не па :D Онака со нејзиниот мешан јазик, малку мајчин малку македонски, абе...како да не ја сакаш?! :D

    Хоу хоу хоу! That's the Xmas spirit!
     
    На la-chicka, ilipili и Lilliana им се допаѓа ова.
  16. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека сакам.

    Го сакам мјаукањето на мачката, која доаѓа по мене штом ја напуштам собата.
    Ја сакам и грижата на постарите сестрички мачиња кон помалите, кои ги прифатија како свои, откако останаа без мајката, иако се несвесни дека се во роднинска врска.
    Сакам да ги гледам како си играат со врвките, исто така несвесни за својата возраст.
    Го сакам Берово во лето, бидејќи ги имам најубавите спомени, а се надевам дека сега ќе успеам да создадам нови сеќавања и во зима.
    Ги сакам моите родители, за сите смеи кои ги приредуваат на ручек.
    Го сакам него, бидејќи е извонреден пред се` човек, пријател, партнер.
    Го сакам погледот од прозорецот на мојата соба, кој благодарение на отсуството на завесите кои нема кој да ги закачи, е појасен и ми дава смирувачко чувство. Поглед на црква, далечини, светилки кои ме потсетуваат на одмор на лето, на пријатна самотија и тишина.
    Го сакам мирисот на новите свеќи на ванила, кој отсекогаш ми бил неподнослив.
    Сакам да гледам убаво украсени домови.
    Го сакам вкусот на какао, во комбинација со добра книга.
    Сакам да љубам, содавам, да се грижам за другите, да се усовршувам, да градам самодоверба, да простувам, да наоѓам разбирање за туѓите грешки, да се смеам без причина.

    Го сакам животот, со сите негови убавини, радости и тешкотии. На третиве се` повеќе им се смешкам како на предзивик и благодарение што Некој ми верува толку за да ми ги создаде. Не знам дали атеизмот е во мода, не знам дали некој наоѓа повеќе вистини во науката, ниту пак превртувам очи и осудувам нечии верувања. Јас го сакам Бог за сето добро и лошо кое ми го подари, за силата која ми ја даде да издржам, за услишаните молитви, за губитоците, за осознавање на нови вистини, за неоткажувањето од мене.

    Боже, ти благодарам за се` она што сум денес.
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Doozy, ilipili и 10 други им се допаѓа ова.
  17. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Додека многумина си го перат мозокот со политика, а ова се случува на велико периодов, јас решив мозоков да си го пошетдам и воопшто да не навлегувам во такви дискусии и ситуации.
    Може некој мисли дека сум себична, глупава, незаинтересирана, ама после толку долга, напорна година, сакам барем овие денови да ја искористам среќава што ја дочепив. Па може и ќе ми се ублажи сликата за оваа година, колку толку.
    И така, баш кога ќе решиш да не се оптоваруваш со се и сешто, почнуваат да се случуваат убави работи. А можеби е тоа и мојот мозок, што почна да ги препознава убавите работи и да ги игнорира неубавите. Да не се урочам, има уште ситно до крајот на годинава, да не направам беља. :D
    Кога некој ќе ми каже зошто гледам така на работиве, дека промена во календарот не значи и промена во животот, јас само се смешкам. Не ги гледам деновите како време што ми поминува, како уште еден ден до староста, туку во себе си верувам дека новата година дава шанса за нови почетоци. И секако тоа зависи само од мене.
    Исто како што има лоши денови, има и лоши години.

    Туку, не сакав да испадне ужален постов. Уствари сакав да кажам, дека кога се насочиш себе и мислите кон позитивно, така и ќе тераш.
    И сега ми е многу убаво. Опкружена со фамилијата, патем мојата фамилија и не е стандардно голема, срцево ми се полни со топлина и радост што секогаш знам каде да ја најдам наискрената подршка, кога ми е потребна. На чуден начин се менува и љубовта, предпразнично веројатно. За малку ќе заборавев како е да шеташ со фатени раце, да се радуваш на секој средба и пак да чувствуваш по некој гуштер во стомакот од возбуда.
    За да биде уште повесело, наеднаш се обновуваат пријателства што била запрашинети долго време. И се оди на места на кои не се одело уште подогло време. И додека да трепнеш прошол месецот, што всушност испадна дека е најубавиот од сите.
    Магичен е Декември луѓе, верувајте ми. Не за џабе во толку многу песни го опеале. Ако не ми верувате, гуглајте! :D

    Уште се чудам како во период од 3 месеци може да се смени нешто за 180 степени.
    Ама ете, доказ дека се што се сака, се може.
    Ве оставам во убаво раположение, со желба што помалку да се нервирате и да си го оптоварувате мозокот со се и сешто.
    :f:
     
    На Lilliana, anabel-a, tweety26 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Heleny

    Heleny Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2012
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    876
    Пол:
    Женски
    Многу души на лицитација ставија политичариве!
    Не друго, греота е бре!!

    А, што мислите тие што отидоа на контра-протест, отидоа оти многу го сакаат Груевски, или во душа ги носат идеалите на Внатрешна македонска револуционерна организација?
    Не, луѓе.
    Тоа се оние, кои секој месец оставаат непокриени дупки од нивниот домашен буџет(доколку воопшто го имаат), оние кои тријат очи скришум од децата свои, а толку сакаат да им овозможат се' во животот. Земјоделски и социјални семејства оставени на цедило.
    Оние кои се слика и прилика на општеството ни!
    И, што дека ние овде ќе дискутираме и контрираме гневни на реалноста?

    Земјава се брука пред великаните, уште еднаш докажувајќи ја сопствената малодушност.
    Земја, прастара, колевка на безбројни знаменитости, а ''академските граѓани'' во законодавството се служат со безобразни пцовки, кревање раце, ниски закани!!!
    Политичарките се урнек, како НЕ треба да се однесува возрасна жена, дама. Браво.

    Е, не ме здоболеа мене солзите на Макрадули. Ќе не здоболи сите, ако ги земе конците в раце!
    Дури тогаш и име и јазик ни отиде јабана!

    А, што е народ без идентитет?
     
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК
    [​IMG]
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.401
    Допаѓања:
    17.632
    Пол:
    Женски
    Не можам да бидам шпиун, не дека не ме бива да исшпиунирам некој, не сакам бе и точка, а таа упорно врти, мобилен, фиксен и обратно. Добро е што сфаќа дека кога ќутам и спуштам слушалка, дека и е залудно. И во момент кога неможам да дишам, цела сум затната, до гуша со нервози, не може некој мене дополнителни тешкотии да ми создава.
    И се грозам, ми се гади до каде е способна да оди една жена, до каде ја води љубомората или кога ќе размислам подобро, можеби не се работи за љубомора туку за алчност, користољубие, односно со еден универзален збор кажано-спонзоруша. Понижување до бесвест. Таквите ги означувам со една голема нула, бидејќи најдобро ги отсликува.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.