[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Тешко ми е да си признаам некои работи, уште потешко да се помирам со стварите такви какви што се.
    Тежок и сив е денов. Некако својствен за понеделник ми е.

    Не сум во ред периодов, ништо не ми е смирено и подмирено, од ниту една обврска се немам целосно ослободено, а сеедно ми е баш за се. Ветувам и прекршувам, и повторно се враќам на почетокот. Се прашувам само до кога ќе терам вака? Амбициозноста кај мене избледе..

    Денеска видов и бездомник со кученце во двокатна 22-ка.
    Се колнеше дека без него животот му нема смисла.
    Tолку многу сакав да направам, а истовремено бев и толку многу немоќна.
    Ми рече: ,,Животот мене одамна ми заврши, ама со него повторно оживеав''.
    Ми падна тешко.


    Надвор не ми мириса убаво. Не е до чадот ...


    п,с

    http://grid.mk/read/news/131069243/1382 ... d-sobranie
    Срцекршачке, добро си? Жива, здрава?
    Да не те мислиме шкртни нешто. :geek:
     
    На bittersweet, Elennaa, Doozy и 25 други им се допаѓа ова.
  2. senjorita.lombardi

    senjorita.lombardi Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2011
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    755
    кетрин зета џонс и мајкал даглас се разлика 25 години, анѓелина џоли и брет пит се разлика 12 години, селин дион и мажот се 26години разлика, а јас и мажето сме 11 години разлика, кој холивудски пар сме значи :D :D :D
     
    На kravce, srcekrsacka, CIA и 5 други им се допаѓа ова.
  3. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    3.650
    Пол:
    Женски
    Постојат два начини кои помагаат да се држи главата исправено. Кој како сака... :)
     

    Прикачени фајлови:

    • _.jpg
      _.jpg
      Големина на фајлот:
      27,2 KB
      Прегледи:
      488
    На Mishela, crazylady, Neytiri и 9 други им се допаѓа ова.
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Еден гооолем тост со многу мајонез и целулит директ во задник. :sun: .... Постачу дебелаааа и среќна ^_^

    Од денес конечно почнува за мене еуфоријата за дочек на НГ. До денеска имав колоквиуми ама сега више не. :wasntme: Денов како и секој друг, ќе го поминам во гледање серии оти немам ништо друго паметно и продуктивно да правам. Бајдвеј прееска испив едно многу убаво кафе уз муабет со сестра ми. Ме изненади кога ме викна на кафе, не очекував искрено, зафатена е на работа, деца ова она, јас скоро и да не и се јавувам за кафе во град, ама денес не и се работело ич па си одвои време за мене. :wasntme:
    Каде за НГ, да ви кажам искрено и не се замарам баш баш, најмногу ме радува фактот само дека ќе се опијам како ѓубре, оти така тоа јас од Нова Година на Нова Година пијам. Ќе ми се смеете ако ви кажам дека од 3 мартини ме прифаќа? :wasntme: Економичност јбг. :sun:

    Оној твитер календар, ова они сериозно? :rofl: Абе ајде немој да ме јебеш... за добротворни цели било, они се соблекле како од мајка родени, продаваат пуфки. :tmi:
     
    На bittersweet, Elennaa, Doozy и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Maya3112

    Maya3112 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    480
    Мислам дека веќе немам што да кажам.Ми даваат надеж од ден на ден.Па преку ... ми е веќе.Зошто е до толку народов дволичен,прост и никој не си го почитува дадениот збор.Скрстени ми се рацете... :?: .Од утре нема повеќе да се двојам од другите,ќе бидам како сите нив.
    Одете по ѓаволите :!: ЧАО :hai:
     
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Срцекршака не само што добро има и нови очила, што се боите вие не даје се она бре тако лако.
    Дали да ги жалам или да им се исмеавам на сите што дремеа денес пред собрание, незнам.
    Стресен, дебилен и глуп ден.
    И на ваков ден најдов да донесувам животни одлуки, упм.
    А да, прво па машко, успешно отворив сесија со највисока оцена, нека ми се множат.
    И во брзање, заборавив да си ја оставам желбата на елката, знаете што ми беше?
    Мир и среќа-спокојство, ништо повеќе не барам од тоа моментално.
    Ни пари ни љубов ни здравје ни успех,само спокојство, заслужувам.
    Одамна не сум се почувствала спокојна и мирна, и тоа ми е новогодишна желба.
    Другото, се само по себе ќе си дојде.
     
    На bittersweet, Moira, Doozy и 9 други им се допаѓа ова.
  7. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    За Нова Година некој сака скапи подароци а пак ова дете сака....
     

    Прикачени фајлови:

    На Elennaa, crazylady, Katerinceee и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Епаааааааааа конечно одмор дададада со нетрпение го чекав, ми фалеше! Повратак у цивилизацију. А уште не знам кај за Нова година и го мразам тоа прашање. Ма кај и да е, иам алтернативи само да помине и така е една обична вечер за трошење пари која веќе не предизвикува никакво посебно чувство. Аууу доста ќе ми треба да се опраам, да се обновам одново зошто со последните сили и го пишувам постов... see you soon :*
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    Сајтот обавезно да се забрани за малолетни... Сите циркузи тие ги прат... Дечишта еј!
     
  10. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Понекогаш не сакам луѓето да ми ги кажуваат маките, причината не е дека сум себична туку помислата дека не можам да помогнам,неможам да утешам, да ветам дека се ќе биде подобро затоа што и јас се сомневам тоа. А ги мразам лажните ветувања сум ги осетила на своја кожа влеваат надеж а потоа порано или подоцна те треснуваат на земја.. И ништо не преостанува освен онаа желба која сака да вети ама не може
    *******************
    ни С од спиење денес, одамна ја бев затрупала омразата за понеделниците некаде, денеска за малку ќе ја разбудев ама ми текна дека е предпоследен и нема смисла да му се лутам. Како што е редот со убаво да се испратиме :)
     
    На kravce и Lov3 им се допаѓа ова.
  11. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Мајка ми се гази од смеење на вестите, трагедии. Поминувам низ дневна, и го гледам Бајрам, иде сам - газда walk, покажува среден прст на СДСМ. После имаше снимки од буткање во собрание, па и надвор. До каде стигнавме, до кадее?
     
    На lolita97 и Katerinceee им се допаѓа ова.
  12. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Хел јеа ! Неможам да верувам дека конечно си го гушнав мојот смена lomo. Има една врска меѓу нас, нераскинлива, наречена љубов. Се осеќам како детенце од 3 години што му подариле лижавка во времиња на криза. Одвај чекам да купам нов филм и да чкрапам. Многу сакам антиквитети. А вие сакајте технологија.
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК Човек незнае каква сила има во себе си, се до оној момент кога навистина ќе му биде потребна, а дури и тогаш кога мисли дека ја нема.
    Исто така, човек не треба многу да се прави паметен, бидејки сигурно ќе се најде некој попаметен од него.А дека истиот не го нашол, бидејки едноставно не е време за да го пронајде.Него интересно е кога луѓето мислат дека нема да им врзе една воспитна животот, ако тие нели метафорички врзат една воспитна некому, ама забораваат дека таа воспитна која ја доделува животот е всушност наместо оној кој сакал тоа да го направи, но се откажал пред време бидејки знаел дека за истото не вреди.И после се чудат е како тоа сега вака? Дека ништо не направиле, аха да ништо...ништо не е случајно, се е намерно...изгледа како случајно.Да, таков е животот, игра, само сериозна :D а како човек ќе ја одигра, тоа од него зависи, иако може да згреши,а може и не, но оние луѓе кои им ги отвараат очите на другите, се само асистенти од школото наречено живот.„ Којзнае колку време му требало на некој да стигне онаму каде што сакал, па дури и сопствениот успех го смета како некое си врвно достигнување, ама тој толку појма нема, што дури ни самиот не е свесен, колку е само смешен“ Што пак толку некој се замара со некого? Не ми е јасно? Ако некој човек се смета себе си како најдобар, бујрум, нека се истакне.Туку упорно се занимаваат луѓето со туѓи животи, чиниш Оскар ќе добијат за тоа, уште малце и наместо нив да јадат, како тоа...Добро, битно имаат занимација и не им е досадно.
    Арно велам јас, пазете што мислите, се се слуша :D :rofl: :wasntme: Морам тоа вака да го објаснам, бидејки морам да бидам добро разбрана, иначе ќе треба да најдам некој да ме преведе :D Ах, луѓе, луѓе, бидете луѓе :!: не заборавајте која е суштината на животот, оти и онака после ќе ве нема, па џабе било се работава.
    Мислам општо, морам да пишам иначе како што реков ќе морам преведувач да си најдам :D :!:
     
    На tweety26, Moira, lunicka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Е ова е нашата земја МАКЕДОНИЈА!!!Немам коментар за случките денес :clap: :rofl: ,иако сум многу мала и јас пратам политика :!: .И ајде де сега ако можете влезете во ЕВРОПА после овој скандал мајмуни едни.Ако беше така ајде кој ќе се сретнеме на улица да се тепаме така?-Да ве лечат десет психијатри неможат да ве излечат бре алооо освестете се!!!Си ја страмите земјата,а после за нас Грците сме биле такви или онакви.Ние сме чесни и не правиме такви скандали,не дека имам потекло од Грција и дека не ја сакам Македонија,но свестете се бре веќе еднаш!Како зајци да го виделе последниот морков на земјината топка и ајде тепачки.Цела Македонија ве исмева бре!Ама брво од мене имате десетка а не петка.Продолжете така далику ќе стигнете.Тепајте се па и очите извадете си ѓи,јас си седам си уживкам,пред мене е ТВ ве гледам и ве исмевам до бескрај.БРАВО СЕКОЈА ВИ ЧЕСТ!!!
     
  15. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Утре имам екстерно физика и географија треба да одговарам. Пуштете ми среќа, стварно ми е многу потребна :angel:
     
    На Greeen му/ѝ се допаѓа ова.
  16. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    ммм толку си уживам во новиов парфем,абе ми доаѓа да се излапам :inlove: :P
     
    На Greeen му/ѝ се допаѓа ова.
  17. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.583
    Допаѓања:
    3.432
    Добро, секој втор пост за Собрание и за Грујо, за Бранко ... Мислам дотолку немате нешто повесело да кажете, да си напишете што ве насмеа денес, па и јас да се насмеам? :^)
    Да не треба сега и јас да чекам вести, па да видам кој, што, како се тепал?
    А не, фала.
    Ич не ме тангира мене што прават, како прават, и така за студентите не даваат слободен ден да се возам во бус, па ми е гајле. Очи дај Боже нека си извадат. Срамотилоци.


    Иначе, јас денес го поминав и вториов колоквиум. (најтешкиот од семестаров) ^_^
    Првиот беше супер, овој ќе видиме по оценката колку ќе биде супер, се надевам на повисоката оценка. :wasntme:
    Го читам (учам, вежбам) и третиов воедно деновиве, оти полагам пред Новата ни Годинка.
    Си се качувам горе кај брат ми во соба да учам, носам едно шише вода со мене од едно литро, и едни колачиња, кои мама секој божји ден ми ги купува од Кам маркетот. За два саати маф ги правам. :D
    Повеќе гнетам одошто учам.
    Си се тешам дека ова нема да ми се залепи на гзот, оти кога си се вратив дома пред некој ден, видов оти сум намалила килце и нешто плус, веројатно од стресот, нервозата и другите живчани работи периодов. :^)

    За Новата ни Годинка, ќе си се почастам нова долна облека, ќе се мувам со дечко ми, а веројатно и ќе си честитаме после 12 Нова Година како што е редот де, нели. :D
    Ништо чудно и пред 12.
    Веројатно ќе погледаме и некое филмче, и така.
    Нема да се кинџурам, китам и лицкам, оти како што увидовте, ќе си бидам дома и тоа за 0 денари! :D
    Добро, не е баш 0, им плаќам кирија на газдиве ...
     
    На Elennaa, Doozy и simoncelicius им се допаѓа ова.
  18. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.485
    Ќе извадам и овој пат десетка.
    Bing Crosby и математика се совршена комбинација.
    Како не го разбрав ова порано, растур ќе правев во средно.
     
    На JuLleE и Hipster им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    уште од 8 часот станата сум-како се освестив незнам-после плискање со ладна вода ке се освестиш и ако треба и оро ке играш :D за што за да одам на протест |( а во 20 до 1 си легнав грлото ме болеше и уште малку ме боли, ама ПРОПОЛИС помогна-фала ти Господе што постои и така набрзина се облеков, се спремив и стигнав пред Собрание-и звонам на претседателката на кимот-нели таа ми пиша вчера, прво зафатено после недостапна, му звонам на претседателот на УМС не се јавува после толку обиди се јави-ко да му е под чест бог да чува и сретнав еден сопартиец абе здраво да каже не дај боже побегна од мене,го сретнав другарот на другарка ми-барем се поздрави фино култирно, се видов и со поранешниот претседател ко сонце да го огреало беше-ме изненади искрено и навака-натака сите се разотидоа,си купив за јадење и со дојдов дома да се средам и освестам да отидам на разговор за работа-ко за беља налетав на еден со кој се гледавме на ф.б, муабети, муабети и времето летна а во мегу време претседателот ми пишал порака дека главното е во 12 часот па ај вракај се таму и запознав госпога симпатизер кој сака да се зачлени ^_^ и кажав каде може да го стори тоа, и нели ај да си ги земам очилата-не биле готови, врати се за 1 час , си помислив кој се врака наназад и отидов за разговорот за срека брзо дојде автобусот-едно девојче додека чекав Албанка инаку, ама фино, културно зборуваше Македонски ме праша во кое школо учам :rofl: ме насмеа пред да влезам на разговорот , мајка ми-каде си ти, да не си отишла на протест има жртви, повредени :talk: мамо АМАН не сум јас мала знам да се чувам :fubar:
    поразговарав со едната од вработените-сопственикот не бил тука и кога ми рече 3та смена јас :o како ке си дојдам дома нема автобуси и таа почна да ме теши-сакав да и речам не се мачи да ме тешиш нема шанси :shake: и демек сопственикот ке ми се јавел аха да да сигурно и отидов да чекам автобус да си ги земам очилата од оптиката па да си одам накај дома-размислував како се обидувам да се мрднам од мртва точка ама никако не ми успева ни работа да најдам да се вратам на студии но не успевам љубов(веке неколку месеци се дистанцирам од тоа и се обидувам да не мислам) и се концентрирам на барањето работа ама нема некои резултати, ама животот не се состои само од работа нели ама ова е ко намерно да и вртам грб на среката ама на која срека до сега се било катастрофа па затоа и сега сум на пауза -сретнав девојка која дели флаери-ја прашав нели како дошла до контакт со лугето од фирмата и кога ми рече дека му е девојка на некој си тип -еден од сопствениците на бренд за часовници си викам леле до каде дојдовме како држава :x бог да чува останав без текст
    си ги земав очилата и си дојдов домче па се обидувам уште од прееска да се навикнам со нив-можни се главоболки, вртоглавици-не е шега сепак очи се во прашање :!:
    и за сето ова време рацете ми измрзнаа-зима, ладно,го мразам времево
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.232
    Пол:
    Женски
    Дванаесет пријавени испити. Пуштајте среќа, ќе ми треба. :worried:
    Дневната ја распослав со книги, скрипти, пенкала...


    Омилената чаша, купена пред 15 години, уште тогаш знаела што ќе ме прави и денес среќна.
    И штрудла, од мене правена :wasntme: :lol:
    [​IMG]
     
    На eli25, tweety26, bittersweet и 25 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.