Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    ^ токму таквите теми полека полека го "уништуваат" форумчево ...(кое задоволство се крие позади like-от ? )трупање,лицкање една со друга си правиме, и знам многу ова ќе го негирате а во себе знаете дека е така....
    Борба не за награда туку испрчено носче над останатите ...Кој ме сфати,сфати кој не здравје :)



    Сдк отидов на шопинг си дојдов со празни рачиња.
    Градов нуди се` и се е како copy- paste во секој бутик се е исто.
    Младинава наша сите во исто облечени жални сме за гледање ...


    Вечер со моите на вечера надвор по којзнае колку долго време...
    Мило ми е :)
     
    На crazylady, Hiii и blond им се допаѓа ова.
  2. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Најдобрите нешта се случуваат кога најмалку ги очекуваш :)
     
    На BeYourself, Hopeful, Serafima и 5 други им се допаѓа ова.
  3. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски

    Тоа се вика сакамдасоберамповекелајковиидасикачамрејтинг :rofl:

    Да не сум офтопик, во четврток е големиот ден, закажав за тетоважа конечно. Ке ја сликнам и ке ви ја покажам, ветувам :angel: ИИииИИИии, роденденската торта ми е готоваааа, мајка ми ја направи денес, многу е убава чоколадна со урми. Ке ве частам по едно парче, и тоа го ветувам :!: Кажав што имам за сега, имајте убав ден сите. :)
     
    На tigerlady и Hiii им се допаѓа ова.
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    СДК ми се расипа кафеавиот саат...абе,судбина :rofl:
     
    На Miss-Independent, Mistery, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    ^
    Шо ти е гајле си имаш нов :rofl:
     
  6. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.481
    Допаѓања:
    4.391
    Пол:
    Женски
    Се разочарав уште еднаш,по не знам ни јас кој пат,после ова валда ке ми влезе во главава дека треба да се борам за тоа што го сакам а не да се откажувам одма... епа ете ми !!! :fubar: :fubar:
     
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Слушам чао... Немо возвраќам.
    Слушам здраво и се ѕверам во човекот. Само кимнувам.
    Се уште не знам кој беше тој.
    Ама радо би дознала. ;)
    Тато и неговото чадење на главата.
    Цел живот му чади, никако да дочади.
    Се спремам за утре. Психички.
    Којзнае што ќе биде.
    Веројатно лудница во судницата.
    Цела куќа мириса на колбавчиња.
    А јас јадев туна.
    Гајле ми е. Јас здраво се хранам. :P :D
     
  8. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    СДК дека направив многу важен чекор денеска.Завршив дефинитивно со оние кои ме повредија а ги сакам се уште ама очигледно не ме заслужуваат.Не знам дали некогаш ке имам шанса да зборувам со нив повторно и да ги прашам:Зошто баш мене ме одбравте да ме повредите?Ви згрешив нешто?Да бидам искрена...да,сакам да ги сретнам тие луге повторно макар и виртуелно мегу кои се наога и личноста која ја највеке сакавв и почитував ама изгледа тој мене не ме ценел.Можеби сум тупаџика по неколку членови овде ама никој не знае како е да се наога во моја кожа и да не добивав корисен совет од мајка ми која иронично се смееше или од другарки кои ми велеа дека не треба да се замарам кога почна сево ова.Не е ни малку лесно.Сама бев во овој проблем.Сама и одлучив да го решам.Без ничија подршка а ми беше многу потребна отколку критиките од сите страни дека претерувам.Можеби,но во прашање се карактер и чуства.Не можеме сите да бидеме цврсти пред нешто кое ни било до вчера се во животот и би ставиле рака во оган за таа личност.Подршка,тоа ми треба(ше).Додека за сите бев секогаш достапна сите ме бараа да им решам проблемот или да им дадам корисен совет а на крај кога мене ми беа потребни никој немаше.Само критика добив а не подршка.Секоја чест на исклучоците кои ги има ама мене ми беше потребна мајчинска прегратка и зборови :Се ке биде во ред.
    Да бидам искрена пак жал ми е што завршив со нив зошто на еден начин тие секогаш ме правеа да се чуствувам подобро без разлика на минатото.Тој ме учеше:Заборави на се,нема потреба да се вракаш на нешто што се случило и дека треба да бидам спремна за понатамошните искушениа.До сега се водев по тоа но нешто во мене пукна.
    Ke почнам да плачам секојдневно и ке наликувам на Малечката невеста,но дури отпосле,кога ке бидам сама зошто пред моите најсакани родители не смеам ни да пуштам една солза.Веднаш ке ме прекоруваат :|
    Се прашував зошто не постои инекција за да ја примам и да заборавам на сите лоши спомени.Знам дека некој ке рече дека тие се за да учиме од грешките но некогаш не се издржува.Се прашував зошто не постојат гуми за бришење на чуства како оние кога пишуваме нешто па сме згрешиле па сме морале да бришаме.? :o Така некои личности ке живеат подобро.
    Во неколку работи не сум била победник и најдобра:Љубовта,хемијата физиката и математиката но затоа имав срека на спортска прогноза.Но материјалните средства не ме прават ни помалку задоволна.Се плашам на крај да не почнам да наликувам на оние кои ги обожаваат материјалните средства,кои се ладни како камен и немаат чуства.Моја братучетка се претвори во тоа.

    Ке бидам добро,ама не денес. :hug: Не утре...ни ден потоа,но по извесно време нема да се секавам на ништо.Барем така мислам.
     
    На crazylady и Hiii им се допаѓа ова.
  9. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Чуството кога осеќаш како ти...блика, блика и блика......и нејќе да престане...
    Проследено со црвен печат кој го видел половина фамилија :@ :devil:
    УПМ!

    -.-’
     
  10. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    СДК Исто и најлошите... ;)
     
    На Hopeful, Serafima и Pelikuna им се допаѓа ова.
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    СДК бидејќи се пронајдов во мислењето на Пеликуна, поштено ќе реплицирам...

    Да, оставаш впечаток на таква, поради тоа што цело време се самосожалуваш, поради тоа што милион пати побара совети, сите ние ти ги дадовме исто толку пати, и ти исто толку пати не не послуша. Може си давам премногу за право, некое време ме снема од форумов, кога се вратив гледам дека ти си повторно на истото место, со истите проблеми.
    Прекини да мислиш дека тебе ти се случуваат најтрагичните работи, затоа што не е така! Има многу потрагични судбини од тоа некој мрсулко да се подигрува со тебе, а ти упорно ко кученце да трчкаш по него.
    Ете затоа те ставив во тие категории. Сите ти пруживме рака за да ти помогнеме, а ти ги отфрлаше тие раце. Стварно незнам, ако во иднина пак побараш совет со кое лице ќе го направиш тоа. Јас да сум, не би се осмелила, затоа што еве лично од мене ќе тргнам, се нервирав и ми идеше да ти акнам шамарници за да се освестиш. Само јас ти дадов 4-5 пати совети, и да од лично искуство (за да не помислиш дека само тебе трагични работи ти се случуваат), а тек сите други форумџии кои сочувствуваа со тебе и сакаа да ти помогнат.
    Значи плесни си шамар сама на себе и освести се девојко!

    Ветив дека повеќе нема да се замарам на форумов, ама неможам. Се фрустрирам кога се случуваат вакви работи!
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Nastjaaa4

    Nastjaaa4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    81
    сдк време е за новогодишна еуфоријаааа...може малку пред време ме фаќа мене ама ајде бе луѓе бар така за некое време ќе заборавиме на проблемите што сите ги имамееее..... ;) :*
     
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Не гледам место за толку голема фрустрација. Не секој знае да се изразува и да се однесува спрема одредена ситуација исто. Мислам дека на Пеликуна и се случува прв пат нешто затоа се губи самата во целата ситуација. Ама сепак Офи нема потреби од такви реченци срамови ќе било да праша или не знам што. Јас тврдам дека Пеликуна малку ги драматизира работите, ама самата таа така ги доживува, а јас и ти не сме достојни да ја осудуваме. Свесна си е, голема е. Ако знаеш да и укажеш помош помогни и, ако таа знае да ја примени ок, ако не нејзин избор е, нема потреба од правење толку меѓусебна драма.. мене ме прави човек да пружам рака, ако некој сака да ја прифати во ред, ако не нека се носи сам со проблемите.
     
    На Divinebutterfly, Lepaaa, Cynthia и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Се е во ред,јас немам ништо против нејзиното мислење.Можеби до некаде е во право бидејки можев оддамна да го решам тоа но човечки е да се греши и да се простува.Се е до карактер и чуства,а мене околностите ме натераа до овој степен.Не е лесно да се заборави преку нок и да се бришат чуства но не е и лесно да гледаш додека некои личности кои до вчера биле во твојот живот наеднаш се решат да направат други чекори а тебе да те избришат онака зошто ке им се текне.Не е лесно да гледаш додека мајката наместо да те подржи таа се смее иронично.Не е...
    Се сметам за зрела личност и знам дека можев да поминам и без да барам совет и да правам како сакав ама не можев да издржам..Не е само во прашање тој,и многу други личности се исто така.

    Ватевр,добро е што добив храброст да пресечам.
     
  15. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    СДК дека ситниците ми го прават денот и животот совршен. Ужасно е добро чувството кога си спокоен и покрај животните маки и пречки на патот, ужасно е добро кога ја наоѓаш причината за живот во светлите страни, а не да ја наоѓаш причината за престанок на својот живот поради негативните страни.
    Волите се, љубите се, живот је тако леп ... :*


    СДК 2 Не знам зошто луѓето толку многу сакаат да влезат во конфликт со некој друг, и притоа да не избавуваат од нашите ставови, упорно да ги наметнуваат своите како да се тие вистинските, како да се тоа единствените. Кукате дека нема демократија, а впрочем вие ја гушите со вашите ставови како вие да сте месии и дојдени на свет да ни го покажуваат Божјиот пат. Ова го има сегде и секаде. Каде и одам, де некој се прави најпаметен, ќе ме убедува дека нешто е така, кога сум го видела со свои очи или знам факти зошто така размислувам.



    НЕ, нема секој ист став на размислување.
    НЕ, не се облекува секој исто.
    НЕ, не сме сите симпатизери на една пол. партија.
    НЕ, не сме сите глупи.
    НЕ, не сме совршени.
    НЕ, не сме најпаметни.


    Но, ДА секој засебно е единка, и секој се однесува, облекува, размислува, говори, твори, онака како што самиот тој се чувствува.
    Не знам зошто ужасно ве храни мрчењето, не знам.
     
    На Cynthia, marama и MandyLane им се допаѓа ова.
  16. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Дожд. :rain: Совршена прилика да се опнат на социјалните мрежи сите песни на тема дожд. :clap: Нејсе, инаку не е дожд во точна смисла. |(

    И секој сака само да се исплаче заедно со дождот, додека мене ми се пее од се срце, ми се тропка со чевличките по мокрите улици како капките дожд по лимената површина, ми се пафта чадорче во случајна кореографија, ми се продаваат насмевки, но првата гратис, а втората чини една ваша... ми се чекори во правец познат само на среќата.
    Сакам да го допрам темното небо и да го штипнам така мило, можеби и да го тупнам по рамо.
    - Ех алтан, алал да ти е, исплачи се и се ќе биде полесно.

    Нека биде љубов. Олеснување. Бериќет.
     
    На la-chicka, Divinebutterfly, Lepaaa и 16 други им се допаѓа ова.
  17. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Амбиции,сите ги имаме. Некој сонува за блескава кариера,некој за материјално богатство а некој за слава и внимание. Но,сите имаат нешто заедничко-се стремат кон успехот.
    Да,сите сонуваат за успех и душевен мир,но некои поседуваат повеќе амбиции од другите. Тоа ги прави навистина посебни. Но,таа посебност има и свои негативни страни. Зошто? Бидејќи се подготвени за се и сешто само за да ја достигнат посакуваната цел. Би преминале преку трње и камења само за да го остварат зацртаното. Но,најкритично е кога парите и престижот им се опсесија. Можеби звучам како хипокрит бидејќи и јас самиот имам голем број амбиции,но никогаш нема да ги сфатам тие луѓе....
     
    На manja666 и Ann.94 им се допаѓа ова.
  18. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Колку се нервирам со луѓево, им бараш еднаш услуга и ти викаат:"Ама не можам да лажам јааас..." |(
    А у суштина добро ги познаваш, и знаеш дека а отвори уста, лаже суши!
    И шо ви е сеа поентата? |( :clap:
     
    На angel92 и JoxyTheFreak им се допаѓа ова.
  19. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    СДК паа овие два дена поминаа подобро отколку што очекував ќе видиме и следните како ќе се одвиваат се надевам се ќе помине во најдобар ред . + и настинкава при крај е и утре ќе можам да си спијам убаво без марамчиња :lol: И со тебе ми е добро само така нека ми продолжат уште 2 недели и среќна ќе сум и задоволна .
     
  20. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Деновиве, спремајќи презентација за комуникација, наидов на мислава од Џорџ Бернар Шо -

    “Ако ти имаш јаболко и јас имам јаболко и ние си ги размениме јаболката, тогаш и ти и јас пак ќе имаме по едно јаболко. Но ако ти имаш идеја, и јас имам идеја, и си ги размениме идеите, тогаш секој од нас ќе има по две идеи“

    Па да ги разменуваме идеите...
     
    На Hopeful и Serafima им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.