[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    11.286
    Пол:
    Женски
    И го честитам Божик на сите католици :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. linguaragazza

    linguaragazza Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Не,не планирам гламурозен новогодишен дочек.Не,тоа не е најлудата ноќ во годината.Всушност,ако ме прашате мене нема ништо лудо во оваа ноќ.А-а,чекајте грешка сум.Има суперултралуди фустани и фризури.Да,да тоа е лудото.
    Мене искрено ми се оди на некое место со одбрано друштво и убава музика.Не прегласна,токму онака колку што е доволно и да играш и да разговараш.Ако имам малку среќа,ќе го остварам ова и со малку трошак ќе поминам.
    Мене всушност не ме допира оваа вечер,ама ич.Моето срце го разигрува оваа некоја празнична атмосфера.
    Детската радост која ја доживувам кога ќе добијам пакетче од дедо и моите.Да,да имам 19 години,па што :$
    Ме мачи тоа што моите се нервираат иако не покажуваат.За да ги поминеш празниците убаво треба пари.А пари претпоставувате НЕМА.Незнам како да помогнам... Еве се трудам штедам,освен 500 денари,ништо друго немам побарано за нг.Се од парите од роденденот си финансирам.Фала му на Бога,ќе имам за поклон за брат ми.Знам дека тоа го радува секоја година. :)
    Е така,си ја кажав маката,немаше на кој.Секој си ги гледа проблемите,а и јас не сакам да зборувам за ова.Ова си се домашни проблеми,нема потреба некој друг да мешам.
     
    На Adi888, Miss.Ricci, L-enna и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Знаете, ден пред колоквиум се тие моменти кога всушност си добар математичар. Можеш да пресметаш точно колку саати ти требаат за да научиш 100тина страници, плус да имаш време за спиење. :D
     
    На Monna.Monna, kravce, anuskaNESTLE и 8 други им се допаѓа ова.
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Присуствувам на протести- цена поволна, гратис мавам со јајца. :wasntme:

    М-И-З-Е-Р-И-Ј-А! Сите се фати го едниот тресни го од другиот. А што ми е доста да ја гледам само едната страна од приказната, пошто само Шител се “веродостојни“ :angel: тоа е веќе друга прича. Доказ дека ама баш НИКОЈ не вреди ни 5 пари, од нашата политичка сцена.
    Туку, дај да бегаме од тука додека е време, ама факт е дека никаде не не сакат, прво и основно бидејќи ниту сами не се сакаме. :wasntme:
     
    На Filiposka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Не, немам појма каде ќе ја поминам најлудата ноќ во мојот живот. :?: 8) Ни со кој , ни што ќе треба да облечам абе врска си немам. Има време.
    Не ми се седи дома ,оти мојте ќе се . Не ми се седи ни со дечко сами ,бидејќи ми треба некаква галама. А не ми се оди ни во кафиќи ни дискотеки, нема шански толкави пари да има давам за глупости.

    Најдов нешто шо ме исполнува ,а тоа е играње со кутрето. Му оздраве ножето па сега си ја трчам :D Не баш сега во овој момент, но пред малку си играв ме извала цела но ме исполни нејзината несмасност.

    Е толку нешто друго шо би сакала да кажам е дека си имам нова машинка за Нес-кафе , па бујрум. :)

    Е и да.... Нека им е Среќен Божикот на сите што денес го слават, ви посакувам здравје,љубов,среќа,пари и надминување на сите проблеми во животот.
    Ај сеа чао... :hai: (ви мафтам со темно лилавите ноктиња и новиот прстен) :inlove:
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Се истепаа овие луѓево за политика .. so sad :D


    Ја прашуваат владата: – Како поминавте на буџет?- Онака, интимно, со најблиските :D :D :D :D
     
    На cveke123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Е добро де,можевте само да го преместите мислењето не мораше да го избришите :^) Не видов дека тие се само производи за лице. А имаше и слична тема општо за сите производи.
     
  8. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    [​IMG]
    !!!!!
     
    На crazylady, Adi888 и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  9. Foreveryoungiwannabe

    Foreveryoungiwannabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    309
    Допаѓања:
    685
    „Кој сака да направи нешто, бара начин, а кој не сака ништо да направи, бара оправдување.“ (Пикасо)
     
    На Adi888, srcekrsacka и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Денес ми се поремети се што планирав. Дел е и моја вина, па сега си барам некоја утеха дека така требало, дека немаше да биде ништо посебно, дека ќе ми беше мака итн.
    Ме фаќа некоја возбуда, расеана сум, не знам кај терам, па решив да се смирам со едно кафе (as always) и веќе почнувам да се враќам во нормала. :sun:

    Ми фали уште да почнам да медитирам како тоа кучето што си повторуваше дека понеделниците не постојат, само јас ќе си повторувам дека немам еден куп садови за миење, садовите не постојат :D

    Гледам и ноктиве додека пишувам вриштат за средување, е тоа ќе мора да го направам, едно од нештата што не можам да поднесам е несредени и нелакирани нокти. :emo:

    И за на крај ќе ја оставам носталгијата. Често размислувам за изминатото време, колку си беше убаво, а сега гледам се се менува, се менувам јас, се менуваат луѓето и нештата околу мене, а јас сакам да си останам дете. Велат секој период си носи своја убавина, па се надевам дека е така. И се надевам дека и размислувањето може толку многу да се смени :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Понекогаш, ние поетите зборуваме сами со себе повеќе одошто можете да замислите.
    Понекогаш и сами во себе, а најчесто тоа е пцовка и молитва во едно.
    Се радуваме на капките живот,
    по огледалата
    по затскриените пајаци во мрежите што ги ткаат позади бојлерот во купатило
    на прсканиците од пена за бричење по плочките
    на сеќавањата заробени во кутијата за накит во која има се’,
    а само накит не.
    На патот што го изодуваме, зошто сам не се запишува
    Па дланките ни помодруваат од студ,
    речениците ни се свиваат во блуд
    и гротеска,
    во несмасна пиеска.
    Умираме пиејќи Фервекс и несоница.
    Ние, поетите некогаш, не знаеме што зборуваме
    блаботиме само за да забошотиме
    некои емоции што не заплиснале
    како бран бол, бран сол, бран дол.
    Како Рембо,
    спиеме за да кажеме што сме виделе во сонот.
    И јас, и ти, и Ти и Јас
    и некои крпеници од сеќавања што почиваат низ Скопје
    магла што ги јаде ѕвездите
    сака да ми каже нешто.
    Понекогаш, ние поетите никаде не сме...
     
    На Lilliana, Trendafilka, anabel-a и 8 други им се допаѓа ова.
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Сите дома имаме навика да ги забораваме работите во џебови, а мајка ми има уште пострашна навика - да не ги проверува џебовите пред да ги стави алиштата во машина за перење.
    Досега сме испрале многу пари, клучеви, новчаници, лабела, usb- стикови, а еднаш залута и мобилниот на мајка ми и тоа на центрифуга. Пред извесно време си седиме дома во опуштено расположение, кога одеднаш слушаме силно тропање на машината. Трчаме на видиме што се случува, а во машината врти еден огромен штрафцигер!
    И тогаш решив дека редно време е да залепам една белешка на машината на која пишува: Дали ги проверивте џебовите? - и сега засега, одлично функционира!

    Денес имав китење елка vol. 3, овојпат една малечка, за да ми донесе убава атмосфера во собава. Си ја накитив и си ја ставив на биро, па сега ми трепкаат сијаличкиве додека одмарам и си пијам кафе.
    Имам еден комшија што секоја година се натпреварува со татко ми кој поубаво ќе ја украси терасата и дворот, па денес ме среќава додека го шетав кутрето и ми вика: Комшике, јас годинава изгледа порано од вас ќе накитам, а?
    Е арно де комшија, јас си китам за мене да ми биде убаво, не за некој друг.

    Патем, до детето што цел ден ми пука петарди под прозор: Знам кој си, ќе те кажам на мајка ти! :devil:
     
    На Crixus, Stoimenovska, Monna.Monna и 19 други им се допаѓа ова.
  13. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    4.803
    Како што очекував, осамено пак.
    Чувствувам грутка празнина, ми фали проклето многу!
    Но секое делче од моето тело ми вика дека треба да се откажам од тоа јас да бидам иницијатор на нештата, да попуштам секогаш..
    Јас го навикнав така, да го барам кога ќе згреши. Така си е навикнат, јас сум крива за тоа ;)
    Има околу мене луѓе кои несакаат да ме гледаат ваква, како "тажна врба".
    Заради семејството и мојата најдобра другарка што се обидуваат да ме расположат иако не ја знаат причината зошто сум тажна ( а заради тоа ми е најтешко, неможам да побарам од никаде совет или да ме ислуша некој ) ќе ставам на себе лажна насмевка, ќе кажувам глупавки вицови со црн хумор и ќе гнетам обланди по цели денови до Нова Година. А таму ќе биде тој.. и знам дека нозете ќе ми се пресечат кога ќе го видам, знам дека ќе сакам да му се џитнам во прегратка, знам дека ќе сакам да го бубнам точно во 00:00... но такво нешто не заслужил, па ќе ми се врткаат само тие работи во моите замисли, скришно никој да не примети.
    Од овој момент сум среќна! Вештачки среќна!
    Вистински ќе бидам кога ќе ми се излечат раните, не целосно, ама доволно. Уште ми е рано.
    Секогаш ќе ми биде рано.
    :|
     
    На Adi888 и anichka94 им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.950
    Допаѓања:
    164.176
    Ќе се направиш кукла и тамам ќе ставиш маскара и ќе кивнеш... толку.
     
    На green.eyes, Monna.Monna, Lilliana и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.539
    Допаѓања:
    184.400
    Пол:
    Женски

    Мааа ова поштувам... не викам не :D љубав си е љубав во секој случај :)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  16. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    24.323
    Пол:
    Женски
    Толку! Готово за овој семестар! Биднаа и колоквиумите 8)
    Луѓе, ако ви се верува најмрзлива бев овие 3 месеци во животот мој. Ниту ми се одеше на предавања и вежби, ниту пак одев :D Сега ко мало дете се радувам на распустот...

    А воопшто не размислувам за толку озборуваната новогодишна ноќ. Овие денови стандард прашање е тоа "Каде за НГ?!" Откако ми пропаднаа плановите за во Крушево, сеедно ми е каде ќе бидам. Само знам дека нема да трошам пари ко луда во дискотека за уште една обична вечер.
    Баба ми вчера ми вели "Како може уште на 21 година да ти е изживеана Новата Година?" Епа така лесно. Немам намера да се туркам во гужвата, да ме газат по штиклите, нозете да ми отекуваат од истите. Повеќе сум за домашна атмосфера. Руска салата, кифлички, винце, бајадерки. Поубаво здравје!

    Успат, Среќен Божик на католиците! Многу здравје, љубов, среќа и успех и оваа година.
     
    На anabel-a, Doozy и kravce им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК луѓето не се секогаш спремни за отворен и директен разговор, велат дека тоа го можат, но кога ќе дојде време, никаде ги нема.Од што се плашат? Се удираат во гради дека можат да се соочат со се, силни на муабет, а на дело никаде ги нема.Кога веќе се толку сигурни во себе си, нема од што да се плашат и ќе можат да застанат на својот став.Арно ама, изгледа лесно е да се избега од проблемот, ама тешко е да се соочиш со него.Полесно е да нападне човек некого на своја територија и да се прави газда, ама на туѓа тешко изгледа? Па да, може бидејки свое си е свое, ама туѓо, не е баш лесно.И зошто? Заради својот егоизам до небо, до толку што нештата се гледаат од птичја перспектива, ама не, не, тој човек нема его, не е таков, аха не е, секој има его, не може да го нема било кој човек.Разбирам, некогаш човек ќе се доведе во таква ситуација каде мора да се спаси себе си, но треба да знае како најдобро тоа да го направи.Ама тешко е? Не е, многу е едноставно, кратко и јасно.Ама морало да се живее така уништувајки ги сите околу себе...ништо не мора, мора само да се умре, бидејки порано или подоцна ќе се деси тоа што мора. Обожавам да правам сопки на туѓи ега, фантастично, која чест.Само некогаш се откажувам, бидејки не вреди, а некогаш би можела три недели да зборам и нема доста да ми биде, бидејки од некој работи ми е смачено, а верувам дека тоа што би го зборувала е само сечи - пресечи до срж.Па да се види како ќе поминат на мојот експеримент, ќе преживеат или не, или магла ќе фатат.Секој го може тоа, особено ако му е смачено.Туку, полесно е некому да живее во илузија, во нешто што нема.Се извинувам, ама јас не можам да се правам дека Обама не постои, кога нонстоп го даваат на телевизија, по нет и весници.Зарем некој би си дозволил да прави нешто што не сака или со сила би правел тоа што не сака? Ама нели човекот има право на избор, но што има врска, имал, немал, битно прави тоа што не сака.Тешко е да се живее алтруистички, тешко е, знам зошто многумина го одбрале спротивното.Само да беше животов лесен, тогаш не би морале ништо тешко да доживуваме, правиме итн.Својата храброст, остроумност и сл., подобро е да бидат олицетворение за оној кој истите ги поседува, отколку да бидат реклама за него, а од рекламата, ништо бизнисот работава.Но, некако подобро е да се забележи се што се случува во туѓите животи, никако во својот, оти дедо Боже гледа, иако за истите го нема, ама гледа, одеднаш прогледува.Да се чудиш.Оставете го Господ, нека одмори малце.Ех што се не ќе доживее човек, дури и тоа што не очекува.А која сум јас да зборам? Имам право да зборам и тоа со тапија, на нотар заверена :!: .
    Инаку, новогодишна еуфорија ме фати, ама уште немам накитено :D битно ме фатила еуфоријата, а за китење, може и после нова година :D :wasntme:
    Туку, јас да ги налакирам ноткиве со бордо црвен лак :emo: и онака е таман новогодишен :D :wasntme:
     
    На tweety26, Someonespecial, ilipili и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Bлагам на официјалната страна на Bмро, претседател на Bмро, грујо и кликам ...

    ми мава
    malware ahead :D Oноа човечено :bandit: :bandit: Aбе грујо бе грујо :D
     
    На Trendafilka, DzingrlakaDzikica, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    653
    Толку. Ова е тоа кое чекав да го видам. Шели, секоја ти чест! Колку само се пронајдов во постот, тоа е неможно.
    Имало слични на мене. И ти благодарам што ми ја разубави вечерта! :hug: :hug:
     
    На Shelea му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Ако неможеш да трчиш, оди ... Ако неможеш да одиш, ползи... Направи се само да продолжиш напред ... :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.