[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    СДК е да бе, баш за НГ мислев да си опнам џиш кармин, ко тоа ружно изгледа на мене после Боки :(
    Не е фер, не, и од жените има поголеми жени :doh:
     
  2. rosebush

    rosebush Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    886
    Од каде да почнам,а каде да завршам? Како да се искажам а да не претерувам? Како да зборувам без страв и солзи во очите,без грутка во грлото,без да ми треперат рацете,да ми вцрвенува лицето и да ми се потат дланките,кога тоа веќе навлегло во сржта и не излегува по никоја цена? Како да се однесувам? Како да љубам без да губам? Како да мечтаам без да се каам? Како да се одлучам дали ми треба слобода или сигурност? Како,како да знам како?

    Крај,до бескрај. Страст,до бесознание.
    Ме опиваш.
     
    На Hipster, Moira, tweety26 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Со син ми ја анализитаме Тешкото. Тој негодува, не можел да ја разбере, но и не сака да се обиде.
    Јас цела унесена - Тешкото е една од најмоќните македонски песни, го симболизира нашето тешко минато..
    Се трудам да му ги објаснам симболите и метафорите. Па станувам да играм- Бавниот почеток го симболизира ропство. Следи забрзување, младите се вклучуваат -сокол во клетка, ридовите се тресат -симбол за востаније, борба за слобода. Веќе сум цела во транс, па дури и солзи ми навираат.
    Од телевизорот се слушаат пискотници, маж ми тоа гледа вести.

    Ех, убаво пишувал Конески, но ништо не спомнал за македонскиот синдром за самоуништување
     
    На marama, imelda, Annath и 32 други им се допаѓа ова.
  4. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Не знам дали ви имама кажано дека веќе 5 години по ред се разболувам баш за Нова Година.

    Еве оваа е шеста година... неколку дека пред 'фамозната' вечер јас од весела, насмеана преку ноќ легнувам болна во кревет.

    Па нели секогаш пред да ве фати грип или било каква настинка, прво грлото почнува да се боли, носот ви се затнува и слично...а кај мене нема така. Нема симптоми. Јас директно температура и крајници кои си 'плачат' по антибиотик.

    Па не изгубив ниту минута и си голтнав едно Цефалекцинче. На своја рака! Знам не е добро...ама знам докторката утре пак ова ќе го препише е сега дали ќе биде од 250мг или од 500мг тоа е разликата.

    Е така, со чајче во рака дремам дома цел ден. А колку имав испланирано кафенце со едни драги личности. Абе јбг, нема шанси нешто да испланирам и да се оствари.

    Туку...да не паднав болна јас поради РАЗОЧАРАНОСТ!
    Многу се разочарав од ситуацијата во нашата држава. Какви луѓе? Каков менатлитет?
    Нешто толку ниско, ниско...најниско.
    Имам многу коментари во врска со темата ама ќе се воздржам. П-Р-Е-КО-М-Е-Н-Т-И-Р-А-Н-А е темата.
    :x :x :x
     
  5. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    17.711
    Како по обичај, се успав за на школо, само ова на вотра смена |(
    Екстерното физика помина, нешто точно било-нешто не. Географија мислев да не одговарам, ама даде наставни ливчиња на заокружување, па си пробав среќата, ќе видам во четврток што сум направила.
    Инаку си купаив многу слатки хулахопки, целите со точки :inlove: ептен ми се како пуни со љубов :wasntme: Си собирав пари за најпрекрасното перниче и си го купив. Ептен си го сакам. :)
    Туку, ептен мразам деца форсирани од наставници. Значи она ако се умилкува и има послаби оценки у тефтер од мене може да одговара за 5, а ја шо барам секогаш правда не може. Значи колку и да ги сакам тие деца, за ова ми се иде да ги утепам, најозбилно.
    Мразам и наставници шо ми јадат гомна. Вчера оваа по италијански ми вика дека сум била лоша како свекрва, дека ги жалела поколенијата што ќе ги воспитувам јас. Не сакав да се расправам, а ќе и речев дека неа треба мајка и да ја жали. Главата ме боли ненормално многу од неа, секој час после нејзиниот никој не смее да ми пријде, оти кога сум нервозна се околу мене можам да покршам. Затоа толку книги имам ја испокинато. Ја истурам нервозата, а до сега не сум била толку нервозна откако не ми стана таа наставничка. Се‘ најлошо и посакувам!
    Утре прва смена, смрт ми е! Музичко претходниот час земавме 5 лекции, а утре повторување. Ама како што тргнало, ќе се успијам утре прв час, па нема потреба ни да учам :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    • 121225-1922.jpg
      121225-1922.jpg
      Големина на фајлот:
      166,3 KB
      Прегледи:
      357
    • 121225-1957.jpg
      121225-1957.jpg
      Големина на фајлот:
      207,8 KB
      Прегледи:
      357
    На marama, Elichka и Chica.Loca им се допаѓа ова.
  6. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Оу мај гад, каков ден беше ова :x Да не се фалам, ама денес сум завршила работа што други ја вршат во текот на една недела :nod: Не знам кај сум, кај се наоѓам. Збрлавев, како дезориентирана сум. Не знам ни како си дојдов до дома. Возев, а бела мачка не гледав пред мене. Се` матно - од пуст умор.

    Сепак, сега после топлата бања малку се опуштив. За прв пат денес сега ќе јадам ( :worried: ), па потоа му се токмам на еден филм што одамна ми е симнат од нет, а никогаш немам време да го изгледам.

    А ко за белја - утре пак турбо. А па вечерта уште и прослава од работа ме чека. Не знам како ќе издржам, само се надевам дека утрешниот ден нема да е толку тежок како денешниов.

    Вака изгледав денес, само во женска верзија :lol:
    [​IMG]

    Мајка ми па сабајле кога ме испраќаше на работа, ми го тупна цедениот сок во рака и ми рече: Убав ден мама, имај лесен ден. Кој лесен ден бре, мислам дека ни октопод не ми е рамен! Бев на 100 страни истовремено и правев 100 работи. Мултитаскинг из а пис оф кејк. Туф! :swear:

    Значи, како по некое непишано правило, кога и да ми посака мајка ми убав ден, денот ми е г`з преку глава. Најсериозно! Знам дека жената не ми мисли лошо :D ама не знам што е ова. И` викам: ај почни да ми посакуваш тежок работен ден, може убаво и лабаво ќе си поминам на работа :rofl:

    Ќе ја предизвикам судбината, ама ако се зафркнам, ќе го јадам :rofl:

    Туку, да одам да си голтнам од домашното винце на дедо ми и да не му ја мислам многу? Ќе одам.

    Ајт со здравје :hai:
     
    На Trendafilka, kravce, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  7. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека се секирам што ќе добијам музичко и физичко :tmi:
    Дека наставниците си ги преценуваат тие два премети.Значи под физичко подразбирам разонада мислам дека оценките така треба да се ставаат за просек.Не дека не сум многу по спортот али ми студи да се пресоблечам :lol: А музичко ама ич не ми е интересно за тие инструменитите бре незнам како ќе се справам со тоа :doh:
     
  8. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    До вчера си бев супер. Си бев насмеана, расположена, полна со изненадувања. А денес сум нешто чак-чак. Како да имам еден темен облак над главата.
    Кога сме веќе кај изненадувањатаа, и направивме изненадување на другарками. Ама роденденско.
    Торта и направивме. Лесна, што не се пече. Па и снимивме видеа, како течеа подготовките околу тортата.
    Па потоа со торта и отидовме дома.
    Ах прекрасни доживувања. :)
     
  9. FemmeFatale

    FemmeFatale Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Некој не знае што сака во неговиот живот и неговите фрустрации ми ги пренесува на мене.
    Дај бе човече одлучи се веќе еднаш што сакаш во твојот живот.Биди еднаш вистински маж и дај ми конкретен одговор,ДА или НЕ. Никој нема да те стави на бесилка ако ми кажеш што чувствуваш вистински и што мислиш да правиш понатаму.Вака само стоиме во место и нема никаква придобивка од ова.Ме кочиш само и мене и на мене не ми даваш да продолжам со мојот живот. :@
     
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.485
    Ми се гади од самата помисла на шлаг, но од некоја за мене непозната причина татко ми не го запамтил тоа.

    Сонувал дека прави овошна салата и решил да направи уште еднаш, затоа што претходниот пат сум ја бендисала. :rofl: Да ме најадел пред колоквиум.
    Салата од шлаг, со допир на овошје. :D
    Ми иде да се самозапалам, а само испуштам мммм, вкусно.
    Идам да го гушнам. :wasntme:
    Абе Сид...
     
    На Buttterfly, marama, Moira и 12 други им се допаѓа ова.
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.141
    Допаѓања:
    43.713
    Пол:
    Женски
    ... И такаа од кај да почнам .. Си истеравме Божиќ ,убаво фамилијарно собрани, масата полна , под елката поолно поклони.
    Јас сум човек кој се радува на ситници ,било што да добијам се радувам :) Скромна сум си !
    Со мм се договориве да не си купуваме ништо ...повеќе работи да му купиме на малото тоа нека се радува .. :) ама ете он пак купил нешто и за мене , да ме изненади (кај ке најдам подобар од него , од се е нај нај грижлив татко , предобар сопруг ) :$
    Вечерта се поделија поклоните , се најадовме.... малово заспа најрано и решивме да останеме таму да преспиеме кај родителиве на мм
    ... утрото ме пречека прекрасна гледка ,мм со малово заиграни заедно , појадок на маса кафе :P
    Милина

    и така ајде пак ручек пак сите на куп...
    него друго што ме подзамисли денес , а и те како ме растажи ... некој толку да биде ладен спрема мало дете да не му се радува, јас разбирам и сваќам дека е тешко да се гледаат туѓи деца како растат , а самата посакуваш свои ...
    ама па од друга страна тоа детенце не ти е криво ...
    Многу ми падна тешко , и кога си одевме накај дома солзите едноставно не можев да ги додржам ..
    Се расплакав ;( Можеби и јас претерувам ама такви работи ме погодуваат и те како :|
    Некој се радува на нова ташна Louis Vuitton,а мене среќна ме прави кога сите околу мене се среќни
    Ето тоа е
    Ви посакувам Среќни , весели празници поминати со вашите најмили
    [​IMG]
     
    На AIT, NoellePage, Neytiri и 27 други им се допаѓа ова.
  12. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Денеска решивме да шетаме, да го разгледаме накитениот град и да го посетиме новогодишниот саем.
    Ако и вие планирате да го посетите саемот, веднаш направете промена на планот!
    Оваа година саемот го достигна дното. По очаен не бил никогаш.
    Работи само една хала, која можете да ја прошетате за помалку од 5 минути и истата е полу празна.

    Традиција ми е секоја година да одам на саем и да купам, ако ништо друго барем неколку лампиони за елката.
    Оваа година сум толку разочарана од она што го видов што не ни помислив да потрошам еден единствен денар таму.
    И да сакав, немаше на што.
    На мојата традиција свечено и ставам крај, не вреди веќе да си го губам времето и да си ги трошам парите за нешто што личи на се, освен на новогодишен саем/панаѓур.

    Ноќта не заврши, од таму отидовме во Веро, од Џамбо љубениот ми купи новогодишен подарок - кугла (всушност три кугли поврзани како вовче) :inlove: Го прошетавме градот и си тргнавме накај дома.
    Знае дека ОБОЖАВАМ кугли, колекционер сум на кугли и ептен, ептен, ме израдува со подарокот!

    Штотуку вечеравме, па за кратко ќе го почестам средно, вкусно кафенце и безброј сочни бакнежи.
    Па, заслужи нели? :)

    Вас ви посакувам прекрасна ноќ!
     
    На Monna.Monna, Elennaa, teddybear и 12 други им се допаѓа ова.
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    барајки работа, трчајки наваму-натаму со обврски заборавив една многу важно нешто кое би можело да ми помогне многу а тоа е волонтирање ^_^ прееска додека триев и чистев ми светна-значи вежба за рацете и за мозокот :D па не би било лошо да се обидам, само што таму каде што сакам да се активирам никогаш нема кој да ти објасни ама јас упорна не се откажувам :!: само дај боже да не се разболам оти така некако ми мириса работава :worried:оф Боже дај ми сила да издржам те молам(смалји што се моли)
     
  14. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Хитлер врати се среди не многу се опуштивме!!!
    Wake up the happiness..Љубов до вас и уште многу живот што не чека. :)
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Љубовта боли, и кога не е возвратена, но понекогаш и кога е взаемна!

    Имајте убава вечер! :)
     
    На srcekrsacka и julie77 им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.211
    Допаѓања:
    111.413
    Пол:
    Женски
    Ги замолувам сите Феминки од Пробиштип да ми пишат лична порака, доколку можат да ми помогнат да најдам една личност од Пробиштип, се работи лично за мене и многу ми е битно да го најдам што е можно побргу. Се надевам ќе ми помогнете!
     
  17. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    :emo:
     

    Прикачени фајлови:

    • date.png
      date.png
      Големина на фајлот:
      493,5 KB
      Прегледи:
      357
  18. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Почеток на мојата сеанса..
    Кучето почна да се пали на мене како лудо. :|
    А се колнам немам ништо посебно на мене.
    Тренерки од памтивек.
    Секси тегет чарапа од татко ми, оти у дефицит сум, на прање ми се сите.
    Скината гаќа ѕира од тенерките. Растената стара блуза и мојот „бачило“ џемпер (како што милувам да го викам оти е дебел и многу топли)
    И кога ме грабна од надвор како што доаѓав, кога ми скокна и со предните нозе ме фати за бутот. И потоа ме погледна во сред очи, и без грам срам почна да ме туцка. :| И додека пробував да избегам да влезам надвор, ме гризна за газО.

    Више пукнав, немам кај да се обратам..
    Се се помањачило.
    Да му биде страв на човек да излезе од дома. Кога сопственото куче нема грам осет, што за останатите?

    Бев на фризер и една жена кажуваше како некој во 3 саат поручек (како да се изразам покултурно) :?: си го „острел буздоганот“ на кола бе..
    На кола..
    Да ти е страв и кола да купиш.
    После зашто не полагам за кола? Ете зашто..

    :|

    Туку поентава ми беше, утре 26ти е ? :?:
     

    Прикачени фајлови:

    На Sanniii, Elennaa, eli25 и 10 други им се допаѓа ова.
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Моментот кога те пука ептен трема, а треба да збориш пред публика и гласот автоматски ти звучи како да пееш песна од Шабан Шаулич.
    БедовиИииИИ, бедовиИиИИи...
     
    На anabel-a и pamelche им се допаѓа ова.
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    101.731
    Пол:
    Женски
    Минато.Ќе те искине на делчиња и ќе те остави.
    Снајди се.Тоа што можеби едвај дишеш само е твој проблем.Носи се со него.
    Тежок е животов,и сите треба да бидеме борци.Друго не ни преостанува.

    Мисли кои ме гушеа,дури ја правев тортата за роденденот на ќерка ми.И стегнато срце дали ќе успее.И сто пати и кажав да не експериментираме со нови рецепти,ама тврдоглава е како коза.Таа и никоја друга .Е сега останува уште да ја пробаме задутре.А ако не пишувам да знаете,сигурно од тортата е.

    И да ви кажам секој ден има свое лице и опачина.Фразите се дека е неповторлив и преубав,ама едноставно може да носи чуда во себе.
    Добра ви ноќ :hai:
     
    На anngelique, Elennaa, marama и 9 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.