Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.932
    Само ВИП се способни да ти испратат порака во 5 наутро. :fubar:
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.838
    Носотечие и Фервексизам. Добро утро. |(

    Баш се испофалив пред некоја недела дела од цела година, само еднаш настинав, и тоа беше во Париз, ради јадењето секакви бифтеци и мешање храна, ете сега неколку дена пред Нова Година, два родендена, една забава и бранење дипломска, јас сум како истепано еже со клоци.
    Набавив Прополки, еден чај со слез и мирта, главава ми гледа точки и квадрати, чудни суштества и не се концентрира на ништо.
    Патем, сонував како пливам во ептен длабока вода, без воздух да земам, и ако ви се верува, две морски коњчиња ми даваа наизменично кислород. Будала работа.
    Слушам Sade со Jezebel, косава конечно ми доби форма, изглед на човечко битие, алијас Женка. Си нарачав крема од црн орев од Орифлејм, и сфаќам дека такви мали ситни тривијалности ме радуваат. Како на пример, завчерашното читање во Гем, топлото вино, и тоа што Дубравка Угрешиќ ми е сестра по бранова должина, Југословенка во сетоста на своето постоење, мудрец и илегалец кој знае да ти донесе болка во срцето и солзи на очите со едноставни мали описи во Министерство на Болката.

    После Н. Г ќе одиме за Маврово, ние четири. Ќе играме јамб, ќе спиеме ко сардини меѓу јамболии. Немаме идеја за вечерта на 31ви, ама имаме за наредниот викенд после неа. Сеедно некако ни е. Можно е да се собереме кај една од нас, да си купиме алкохолче и малку храна, и тоа да биде тоа. Мојот омилен хедонизам, по чорапи. Зарем е важно ако седам во локал што ќе ме изшиба со три илјадарки за едно водено коњаче и кикирики? Е нема. Си ги ценам парите што со неспиење и грди смени ги заработувам и вечерта сакам раат. Онаков пензионерски. Со сите салтанати.
    Тој ми купил мачкести наочари. Ми ги покажа на скајп. Мјаукаме. Срце ни се кине и превива, ама тоа е реалноста. Штом дојде јануари, со чкртки ко во затвор, ќе си ги бројам деновите.
    Тоа ми преостанува.
    Сега ќе си наточам литро чај од слез и ќе цуцам витамин Ц. Мислам дека телово ми кажува - олабави се, жено, доаѓа нова година, остави ме да проплачам и јас малку. Толку нешта се случија, толку емотивни удари ко во компресор издржав, толку административни патеки, лицемерија на работа и надвор од неа, толку и добри луѓе ми влегоа во светот, се случија одлични соработки, се патуваше со стрела Аморова во срцето.

    Капак на се’, добив утрово.
    Животот, може да биде совршен. :D

    Ама не е. И затоа го туркаме ко Сизиф каменот за да стигне некаде угоре, па сам да се стркала надолу.
    Важно е да не е тажно.
    Моево е само мрсулаво. :drunk: :rock:
     
    На Ognenija, MaxyMax, anabel-a и 5 други им се допаѓа ова.
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    105.072
    Пол:
    Женски
    Аман бе луѓе некој од Пробиштип? Било каква информација, познати во Пробиштип или било што, многу ми е важно :(
     
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Еееееееенд ај ем хоум!
    8)

    Во градов нови само плакатите се, се друго исто па исто. Гледам некои ламбички и фенери закачиле, подарок за граѓаните. :rofl:

    Три пати го отворам и го затворам испрати одговор |-) , оти некако сум во така пасивно-апатично расположение, што само ми се лежи, ми се гледаат филмови и ми се гнете. Распустот од една недела почна за мене, од наредната ќе му ја мислиме што и како, моментално сакам да бидам амеба. ]:)

    Сакав нешто да ви кажувам, ама стварно ич не можам да мислам, веројатно после завчера мозокот си го ставив на ОФ режим до даљнега. :devil:

    Неделава ќе биде максимално исполнета, со шетање, уживање, пиење и дружење... Кафенца, топли даскички, винца, сармички, чајчиња, филмови, малку обнова на гардероба, позитивни вибрации и ако имав пари, на сите ќе им купев поклончиња. Бидејќи немам, им реков да си одберат што сакаат, ќе им донесам од Германија со камата. :rofl:
     
    На bittersweet, Hopeful, LilBaby и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Сакам да кажам се чувствувам :@ , толку ли ми се чита на лицето, а сакам да сокријам не сакам со никој да ја поделам маката, сакам да сум си сама со мојата мака, зошто не ме оставаат туку летаат без број прашања, а толку е едноставно имам потреба да сум сама без никој да ме прашува зошто?
    Исцрпена сум од работата, исцрпена сум од сите прашања што секој ден ми ги поставуваат налетот на луѓе, имам и јас свој живот, свои потреби како да се посветам на себе кога не ми останува време, целото време им го посветувам ним и на крај пак не се задоволни.
    Сето ова неможам да го кажам на глас па еве овде си напишав.
     
  6. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    СДК дека многу спиев. Потечена и изобличена сум во фацата. Од некаде подочњаците потекле, косата е .....неможе да се коментира, по вратот и рацете имам линиии од постелата. :| :rock:

    Уфф.... е после ова не сакам ништо да кажам само ке си зевам на секои 20 секунди :yawn:
     
  7. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека го превземам ризикот да звучам како 70 годишна баба, ама здравјето пред се`!
    Ми се оди во школо, ми се рика, ама не можам. :(
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Не сум некој голем префекционист во животов,но се гушам кога околу мене има расфрлани работи,кога е не средено.Не ни сакам се да биде под конец,ама се знае,се стои каде што му е местото.Често за ова се расравам со оние со кои живеам.Па така мајка ми знае да ми дофрли "Де бре,иста си како татко ти,и нему му сметаа ваките работи".
    Верувале или не,од сите работи кои сум ги наследила од него,жими оваа што ја сметам за ајде да кажеме позитивна.Се друго што имам од него...боже помогни ми.Тоа се толку негативности,тоа се толку работи кои работам за да ги искоренам што понекогаш се нервирам што во дадени ситуации се понашам како него.
    Најмногу од се на свет се радувам кога некој така случјано ќе ми каже "Еј колку личиш на мајка ти",можеби затоа што многу ретко го слушам тоа.
    Вистината е тоа што јас луѓе ама воопшто не личам на неа,и знаете што сум наседила од неа? Најлошото! Емотивноста и големата грижа кон луѓето за да им помогнам.
    И тоа е таа комбинација во мојот случај со моите особини.
    И се нервирам поради тоа,многу се нервирам.
    Немам ни никаква допирна точка со моите браќа,ама баш никаква.Толку спротивни карактери на едно место па тоа дури и не е за верување.

    Колоквиумите поминаа.Резултатите и не ми се баш задоволувачки.Но тоа е што е.Ќе се дружам и во јануари со книгите и ќе ги средам.
    Не за џабе рекле,сесии има многу ама животот е еден!
    Повелете на кафенце.
     
    На Moira и kravce им се допаѓа ова.
  9. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    И јас и љубениот добитници сме на наградна игра.
    4 дена во Банско-Бугарија за 89 евра со доручек. Не успеав да разгледам колку всушност чини понудата без наградата. Демек попуст ни дадоа или што?!
    Ни се јавија од агенцијата Јупитер утрово и се прашувам:
    Која е веројатноста по случаен избор и двајцата да сме добитници? :?:
    Не знам зошто, но страшно многу ми мириса на лоша измама? :?:
     
    На anabel-a, Hipster и kravce им се допаѓа ова.
  10. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    100.722
    Пол:
    Женски
    Почнуваат месеците на Сармагедон во мојов дом.Значи сарма како деликатес со ребра одозгора и неколку ливчиња пушена сланина .Како промена може подварок исто со ребра и суви пиперки зацрвенети одозгора,или прочуеното вариво ,со некоја коска на кое има малку мевце,кое се јаде дури е изгор топло со сува лута пиперка :D .За освежување може салата од кисела зелка со зејтин и црвен пипер...а може и пита од зелка а??Па како, мора да се троши зелката инаку џабе сме ја ставале :lol:

    Опиена од мирисот на зелката,почнав да си правам список на желби на новава година.Иако велат дека Универзумот,во овој случај дедо Мраз ,ги исполнува желбите кога ќе процени дека е вистински момент.Напишав список во мислите ,и го искинав .Зашто веќе ми е преку глава од фантазирање и очекување.Оваа година слепо ќе зачекорам во неа.Без големи планови.Единствено сакам секој ден да го зграпчам како да е единствен,секој човек што ќе влезе во животов како посебен,секој настан како неповторлив.Зашто уморна сум од неостварени амбиции и постојан грч во неможност истите да ги дофатам.Нека оди само полека,сигурно...и без таги...
     
    На LilBaby, Peppermint, Lov3 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.468
    Допаѓања:
    48.657
    Пол:
    Женски
    кратко и јасно :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Glossy-girl, linguaragazza, anichka94 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.708
    Допаѓања:
    23.145
    Пол:
    Женски
    „За туѓи бели дворови,
    копај си црни гробови“, ја би додала „и на тебе и на братот твој.“

    Жално. После лесно ни' е да обвинуваме други за нашата мизерија, за реката во која сами сакаме да се удавиме еден со друг.
     
  13. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    2 физика на тестот.4 на полугодие...Добро е.Реков ќе ми бидат сите 5-ки на полугодие,ама ете.

    А хемија 5 на тестот и ваљда 5 за полугодие....

    Е,тоа ти е.

    Денес треба да се изнавежбам математика ! После ручек тоа.Сега ќе одам на 'забава' во школо,да ги слушам моите соученици како свират/пеат :rofl:

    И така.Еве ви една песничка за убав ден :l:
    http://www.youtube.com/watch?v=2rxK2eggo2g

    Гушкам :hug:
     
  14. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Смешно е некому да даваш (искрен) совет за да помогнеш а потоа да видиш дека ти е прикажана само пола вистина која ја дознаваш откога веќе си го напишал постот, после или треба да бришеш или заличуваш на идиот :devil: .

    Целиов систем на делење совети станува несериозен, да не знаеш веќе кој има реален проблем а кој „убива“ време со собирање одговори на фиктивен проблем.

    Очигледно ја потценувам човечката особина за лажење и менување на фактите, изгледа треба финално да прифатам дека на форум вистината е често малку закривена :D
     
    На Cacy, Libera, sesilija и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.484
    Се осеќам како дебил.
    На толку учење не прифаќам да не положам. :fubar:
    Биваше ли да сум толку смотана. Уф. :swear:
     
  16. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Многу ми е криво, што не сакајќи навредив феминка што ја обожавам. Се надевам нема да го земе при срце, и комуникацијата ќе ни продолжи. :(

    Денов го почнав како некој мрзливец. Замајана од соништа се оставив до 12 да спијам. Машала :D
    Денес 26, уште 27, и на 28.. :party: ^_^
    Ајде уште два дена.
    И уште нешто. Кога ми тргна со мањаци периодов.. :D Феминки драги пазете кој го земате за љубовник. :!: Лоши луѓе се накотија.
     
    На Serafima и pamelche им се допаѓа ова.
  17. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.880
    Пол:
    Женски
    сакам да кажам дека сум си домааааааааааааааааааааа :D :D преубаво е Чуството кога си си дома се е твое се си знаес сто и како :D :D си ја сакам ова моја земја и ова моје домЧееееее :D :D :D
     
    На danniela5 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.543
    Допаѓања:
    17.277
    Кога си на прослава, каде што ти е досадно и ти речат да станеш да играш.
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, EleMental, Glossy-girl и 12 други им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.769
    Допаѓања:
    105.072
    Пол:
    Женски
    Ќе те пронајдам па до таму да биде, ќе те најдам и ќе те натерам да се покаеш што воопшто си размислувал на таа тема, украдените работи ќе ти доаѓаат на памет секогаш кога ќе посакаш да си надвор на воздух додека трулиш во затворска келија. Никогаш повеќе никому нема да му верувам поради тебе бе ненормален еден, со која цел правеше муабети со нас кога си планирал да не испокрадеш, и што по ѓаволите чекаше досега. Зарем мислиш ќе се скриеш, не Банско, кај сакаш избегај, ќе те најдам и ќе си го добиеш своето. Јас сум три пати поинаетлива од тоа што си ти лопов. Идиоте, за еден монитор, апарат и ланче ќе скапеш во затвор а репутацијата никогаш нема да ти се врати, така да си знаеш, твојот град е мал и ќе те дознаат сите каков си, никогаш повеќе нема да можеш да прошеташ со крената глава.
     
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    На Ilusionist, Umbrella22, Peppermint и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.